Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Николоски: Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library0j0rimdeo8383mlg4u1

На својот фејсбук профил, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави дека министерството во координација со повеќе надлежни институции ќе започне постапка за конфискација на нелегално изграден објект на аеродорм Стенковец.

„Министерството за транспорт како институција која е надлежна за објекти од прва категорија како што се аеродроми, болници кои третираат терциерна здравствена заштита, градби за високо образование, спортски сали, стадиони и други државни инфраструктурни објекти во изминатиот период сериозно пристапи кон решавање на проблемот со нелегалните објекти кои спаѓаат во оваа категорија.

— реклама —

Во координација на повеќе институции – Министерството за транспорт, Агенцијата за цивилно воздухопловство, Државниот градежен инспекторат, како и Аероклубот на спортскиот Аеродромот Стенковец Скопје – ќе се започне постапка за КОНФИСКАЦИЈА на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец.

Имајќи предвид дека објектот е целосно нелегално изграден на државно земјиште, надлежните органи одлучија да се обратат до Обвинителството и Судот и да побараат целиот објект да се конфискува во корист на државата со цел истиот да може го користи Агенцијата за цивилно воздухопловство за тренинг на пилоти и други потреби.

— реклама —

Ова е јасна порака дека нема да се толерира изградба на нелегални објекти на места каде Министерството за транспорт и Државниот градежен инспекторат имаат надлежност" - објави вицепрмиерот Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5rjtmrhuk3t41S4TH39

Николовски: „Со реконструкција на обиколницата во Крива Паланка безбедуваме побрз транспорт и безбеден сообраќај“

Македонија | пред 5 месеци

— реклама —
media-libraryb06s6vgq1hh84gXUeff

Прилеп — Николоски ја стартува кампањата и најавува продолжување на инфраструктурните проекти

Македонија | пред 6 месеци

aleksandar-nikoloski

Николоски: Автопатот Скопје-Блаце очекувам да започне со градба до почетокот на следната година

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2024-04-13-at-10.09.17

Николоски: СДС преку тајните служби креираа мастер план во три чекори да се забрани политичкото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања