Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ

media-libraryt6351tqbamgk4xpWE8Q

Николоски: Авиокомпаниите веќе ја таргетираат Македонија како атрактивна дестинација, политиките на Владата дадода резултати, годинава планираме над 3,5 милиони патници

Политиките што ги работиме во ависообраќајот носат сериозни резултати. Воведовме 24 нови авиолини кон европските центри, забележивме преку 3,3 милиони патници, за годинава планираме бројка над 3, 5 милиони патници и тоа што за мене е важно е тоа што авиокомпаниите воведуваат летови без да бараат субвенции што значи дека ја препознаа Македонија како атрактивна дестинација, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на започнувањето со реконстркуција и надградбата на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид.“Имаме експанзијата на летови која со поддршка на претседателот на Владата, Мицкоски, успеавме да воведиме нова политика на привлекување на нови дестинации преку една политика на субвенционирање која што беше прилагодена на новите потреби на новото време и резултатите ги имаме во две насоки. Првата насока е дека имаме 24 нови дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром откако е избрана оваа влада и втората, за мене исто толку значајно е дека веќе почнуваат да се отварат дестинации без субвенции, што значи дека политиката на не носи во ситуација да авиокомпаниите отворат дестинации и без да бараат субвенција. Така што многу зборува за развојот на авиособраќајот, а најдобар доказ за тоа е дека минатата година помина само скопскиот аеродром со 3 милиони патници, вкупно некаде над 3 милиони и 350 илјади. Оваа година очекувам над 3,5 милиони на двата аеродроми, а веќе следната година ќе таргетираме над 4 милиони патници на двата аеродроми” – изјави  вицепремиерот Николоски.

Македонија | пред 1 ден

media-libraryc0259ossq4c51yizE9s

Николоски: Започнуваме со реконструкција, модернизација и надградба на охридскиот аеродром, прва од неговата изградба

Започнуваме со сериозен проект за реконструкција, надградба и модернизација на охрискиот аеродорм Св. Апостол Павле, што треба да донесе 4.500 метри квадратни функционален простор што е за 2.500 квадратни повеќе од постојниот простор. Ова е прва реконструкција и надградба од овој обем по изградбата на овој аеродром, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и директорот на ТАВ, Неџат Курт го означија почетокот на градежните работи.Вицепремиерот во својот говор истакна дека ова е значајна инвестиција во време кога Владата со своите политики сериозно го развива авиосообраќајот преку воведување на 24 нови авиолинии, превезени преку 3, 3 милиони патници и крупни инфраструктурни проекти околу аеродромот.“Ова е навистина еден посебен ден, затоа што можете сите да видите дека започнуваме so сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле. Ова практично се случува во оваа големина и на овој начин прв пат откако аеродромот е изграден. После добивањето на концесијата со ТАВ се прошири и се модернизираше аеродромската писта, а сега еве прв пат имаме сериозно проширување, надградување и реконструкција на аеродромот што треба да донесе 4.500 метри квадратни функционален простор, што е некаде зголемување за 2.500 квадратни од постојниот простор.Тоа ќе значи можност за многу повеќе патници, за патници кои што пријатно ќе се чувствуваат кога се летуваат и полетуваат од охридскиот аеродром. Ќе значи многу повеќе можност за туризам, за бизнис и за поврзаност. Инвестицијата е во повеќе фази. Едната е оваа што се гледа и што се работи, но постојат и многу споредни инвестиции кои што сакам да ги спомнам.Прво, тука се активностите на М-НАВ, поврзани со сигурноста на небото и со контролата на летање, каде што еден модерен радарски систем веќе е интегриран и работи тука. Веќе интензивно се работи на Скопскиот аеродром. Понатаму изградбата на автопатот Охрид-Кичево, кој што е дел од Kоридорот 8, можете да видите дека овој дел е веќе завршен и дека од Охрид буквално за пет минути се стига до аеродромот, а од Струга некаде за десетина минути. Големата клучка која што се изгради тука позади нас, која што ќе значи брз пристап кон аеродромот, што дополнително ќе значи многу, затоа што најчесто патниците кои патуваат гледат колку се аеродромите оддалечени од местата до коишто треба да стигнат.  Секако, тука е експанзијата на летови која со поддршка на претседателот на Владата, Мицкоски успеавме да воведиме нова политика на привлекување на нови дестинации преку една политика на субвенционирање која што беше прилагодена на новите потреби на новото време и резултатите ги имаме во две насоки. Првата насока е дека имаме 24 нови дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром откако е избрана оваа влада и втората, за мене исто толку значајно е дека веќе почнуваат да се отварат дестинации без субвенции, што значи дека политиката на не носи во ситуација да авиокомпаниите отворат дестинации и без да бараат субвенција. Така што многу зборува за развојот на авиособраќајот, а најдобар доказ за тоа е дека минатата година помина само скопскиот аеродром со 3 милиони патници, вкупно некаде над 3 милиони и 350 илјади. Оваа година очекувам над 3,5 милиони на двата аеродроми, а веќе следната година ќе таргетираме над 4 милиони патници на двата аеродроми, што многу, многу ќе значи за целата држава, имајќи предвид дека ние сме држава од милион и осумстотини жители и дека, секако, ова бројка која што е далеку над таа можност, држава која што нема излез на море, така што во вакви услови навистина двата аеродроми имаат одличен перформанс” – се обрати вицепремиерот Николоски.

Македонија | пред 1 ден

media-library0s73q91qbcm11CJwwaO

Министерството за транспорт предлага измени за побрза урбанизација и нови инвестиции

Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање.„Предложените измени во Правилникот за урбанистичко планирање имаат за цел да ги поттикнат инвестициите, да ја зголемат конкуретноста преку побрзи и поефикасни постапки за урбанизација на просторот, отворање на нови работни места и побрз економски развој.Имено, со измените во Правилникот се предвидува постапките за урбанизација за изградба на супермаркети и хипермаркети со површини над 5000 m2, да се одвиваат преку  Министерството за транспорт.Од причина, а имајќи предвид дека урбанизацијата за овој тип на градби на локално ниво се одвива со забавена динамика,  државата со оваа измена обезбедува помош на инвеститорите преку поефикасна и побрза реализација на инвестиционите планови.  Исто така со предвидените измени се намалуваат и административните постапки кои влијаат на брзата реализација на инвестициите.Оваа подзаконска измена има за цел да ја поттикне конкуренцијата и да ги намали инфлаторните движења во услови на силни предизвици во делот на снабдување во ланците на исхрана. Забрзаните постапки не се само административни измени, тоа е мерка која ќе обезбеди посилна конкуренција и динамичен развој на државата.  Сметаме дека преку овој пристап инвеститорите добиваат поголема сигурност и предвидливост во постапките.Со цел да се обезбеди целосна транспаретност и вклученост на стручната јавност во процесот на носење на измените, одржувањето на денешната стручна јавна расправа е чекор понапред во отвореноста на Министерството за транспорт за унапредување на регулативата и вклучување на сите засегнати страни.Министерството за транспорт со своите политики останува посветено на создавање на решенија кои создаваат брз економски развој и поквалитетни услови за живот за граѓаните“, информираат од Министерството за транспорт

Македонија | пред 6 дена

media-library6hfm7kh239b52qDgz9j

Николоски: Инвестициите во модерни автопати и железница ќе го забрзаат развојот на Македонија

Целосната изградба на Коридорот 10 е определба на Владата со цел Македонија да ја задржи стратешката позиција во Европа. Истовремено вложуваме стотици милиони во изградба на железничката и патната инфраструктура на Коридорот 8. Само така ќе спречиме државата да не стане слепо црево, а превозниците и бизнисот да избираат алтернативни коридори, истакна во гостувањето во емисијата "Стадион на Канал 77" заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.Главната опасност е Македонија од држава во која што се сечат два Паневропски коридорида, да остане слепо црево. Во моментов Коридорот 10 во Европа е економски најисплатлив и на него има најмногу бизнис. Точно е дека Коридорот 4 е конкуренција, но се'уште Коридорот 10 има предност доколку се заврши целосно до 2031-32 година како што е планот. Зошто го велам ова? Пред некое време имаше протест на превозниците, се затворија границите. Едни од најпогодените држави беа Бугарија и Грција, а исто така многу погодена беше и Хрватска. Превозниците почнаа да транзитираат по Коридорот 4 и сфатија дека многу им е поскап превозот, затоа што патот е подолг за повеќе од 600 км, споредено со Коридорот 10. Но, ако не се изгради Коридорот 10 целосно, ќе возат и 600 км плус затоа што ќе немаат избор. Ние мора да го искористиме моментот и таа предност која што ја имаме како локација, рече Николоски.Николоски зборуваше и за предноста која што Македонија во моментов ја има во однос на соседите, во изградбата и развивањето на Коридорот 8.Ја завршивме првата фаза од пругата кон Бугарија. Делницата Куманово - Бељаковце е во функција од минатиот јануари. Бељаковце - Крива Паланка се работи веќе со добра динамика. Работиме со Европската инвестициска банка на објавување на повикот за изградба на третата делница. Веќе повикот за надзор очекувам следната недела да е објавен, а во следните две до три недели и повикот за градба, и веќе од доцна лето, рана есен да видиме активности на терен.Вицепремиерот за прв пат откри конкретни чекори за развој и на западното крило од железничкиот Коридорот 8, проекти кои ќе бидат од огромно значење за развојот на економијата и бизнисот во западниот дел од државата.Во однос на западното крило на Коридорот 8, на 22 април ќе имаме состанок со ЕУ кои што доаѓаат во Скопје, затоа што овој дел го ставивме во проектите од делот за раст. Првата фаза е целосна рехабилитација на правецот Скопје-Јегуновце-Тетово-Гостивар-Кичево, а втората фаза е изградба на железница која што ќе оди Кичево-Охрид-Струга-граница со Албанија, истакна заменик претседателот на Владата.

Македонија | пред 1 седмица

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023-1

Николоски: Во Вашингтон ги потврдивме добрите политички и економски врски меѓу Македонија и САД

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во емисијата „Стадион“ на Канал 77 говореше за посетата на Вашингтон и средбите во Светска банка и Стејт Департментот на САД. Вицепремиерот Николоски истакна дека учествувал на годишната конференција на Светската банка, каде имаше обраќање заедно со еврокомесарот за транспорт, како и на министерски состанок со претставници од најголемите држави во светот, каде во фокусот на средбите беше мобилноста и транспортот.Taму бев поканет на годишната конференција на Светска банка каде што имав обраќање заедно со комесарот за транспорт на ЕУ. Имаше претставници од цел свет. Бев дел од министерски состанок со најголемите држави во светот, во делот на мобилност и транспорт, и уште бројни состаноци во рамки на Светска Банка, истакна Николоски.Покрај економските теми, посетата на Вашингтон ја искористив и за низа политички средби во Стејт Департментот и Советот за безбедност, објасни вицепремиерот.Имав состаноци и во Стејт Департментот, каде се видов со помошникот државен секретар за Европа на САД, како и други бројни средби во рамки на Советот за безбедност. Така што тоа беше една сериозна комбинација на економски и политички средби, додаде Николоски.За прв пат на политички состанок, на високо ниво, не е тема број еден Европската Унија, што мислам дека е резултат на односите кои што во моментов постојат и не е никако поврзано со Македонија, туку со нивните меѓусебни односи. А тема беше билатералната соработка, каде што оваа Влада е пофалена, за поддршката која што ја дава. Имаше одредени гласања во ООН, каде што Македонија беше една од ретките држави која што ги поддржа САД. Така што САД се наш стратешки партнер број еден, ние имаме со нив договор за стратешко партнерство и мислам дека тоа треба да е приоритет во надворешната политика, како што скоро потпишавме таков договор и со Обединетото Кралство. Така што тоа се центрите надвор од Брисел, кон кои што ние го вртиме нашиот поглед, заклучи вицепремиерот Николоски.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryqmn6ctaavh8jflx3beW

Николоски: Автопатот Прилеп - Битола се гради со силна динамика, започнуваме постапка за изградба на автопат и од Фариш до Прилеп и нова обиколница околу градот

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Прилеп најави три крупни инфраструктурни проекти за долгорочен развој за општината.Интенизивно се гради автопатот Прилеп - Битола, се започнува постапка за изградба и на нов автопат од Фариш до Прилеп, а во соработка со општината веќе се работи на план за изградба на обиколница, истакна вицепремиерот Николоски."Автопатот Прилеп - Битола се гради со засилена динамика и очекувам годинава да бидат поставени и првите километри асфалт.Второ, градоначалникот амбициозно работи на проектна програма, со цел да се направи обиколница на градот, за тешките возила да не влегуваат во градот, нешто што е ветувано децении наназад. Тој е прв што е решен да прави ваква програма и еве да дадам ветување дека ние како Влада ќе го финансираме целокупно овој проект и овој проект ќе биде реализиран во рамки на неговиот мандат.И трето, во интензивни преговори сме, мислам дека во следните месец до месец и пол ќе видите и активности во Собранието, за она што го ветив, а тоа е од Фариш до Прилеп исто така да одиме со автопатско решение, како Прилеп од двете страни би бил поврзан со автопат", изјави заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.На одбележувањето на настанот 100 дена локална власт во Прилеп, вицепремиерот истака дека Владата овозможува сериозна подршка за општината и градоначалникот Проданоски, во насока на економски и инфраструктурен развој на градот."Сакам да му честитам на градоначалникот за успешната работа во овие 100 дена. Таа работа се гледа во сите делови од градот, 100 дена е навистина краток период но може да се види каде ќе се развива општината во следниве четири години и убeден сум дека ова ќе е исклучително успешен мандат. Ние како Влада ќе продолжиме со подршката која што ја дававме во изминатиот период, дали се работи за средства кои директно се префрлаат од буџетот кон општината за да може да реализира инфраструктурни проекти, дали се работи за подршка на стопанството или земјоделието, сето она што сме го ветиле на најдобар можен начин ќе се обидеме да го реализираме" изјави вицепремиерот Николоски.

Македонија | пред 1 месец

media-librarymsk8rnlg0m7udlkdND6

Министерството за транспорт работи со ЕК на трајно решение за престојот на превозниците во Шенген зоната: Да не се потпаѓа на шпекулации

Во врска со престојот на превозниците во Шенген зоната би сакале да информираме дека во координација со Европската Комосија се работи на трајно решение. Ресорните министерства изминатиот период се во интензивна комуникација со ЕК со цел да се изнајде трајно решение, велат од Министерство за транспорт.„Министерството за транспорт е во постојана комуникација со превозниците, како и со Европската комисија со цел изнаоѓање решение во рамки на новата визна стратегија која ја промовираше Европската Унија каде што се отвора можноста возачите да бидат третирани како професионалци како и можностите за друг вид визи.Би сакале да потенцираме дека е најавено одложување на примената на ЕЕС системот и дека активно сите чинители работат на решавање на овој проблем.Дијалогот со Европската Комисија е активен и сите можности се разгледуваат од страна на техничка работна група составена од сите ресорни министерства и претставници на Европската Комисија. Во следниот период разговорите продолжуваат со засилена динамика со цел наоѓање трајно решение кое е прифатливо за сите страни.Како Министерство апелираме да не се потпаѓа на шпекулации и секаков вид непроверени информации кои може да наштетат на дијалогот. Особено не на шпекулации од соседните држави. Секоја држава одлучува за себе. Македонија продолжува со дијалог за трајно решение“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

media-library0j0rimdeo8383mlg4u1

Николоски: Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец

На својот фејсбук профил, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави дека министерството во координација со повеќе надлежни институции ќе започне постапка за конфискација на нелегално изграден објект на аеродорм Стенковец.„Министерството за транспорт како институција која е надлежна за објекти од прва категорија како што се аеродроми, болници кои третираат терциерна здравствена заштита, градби за високо образование, спортски сали, стадиони и други државни инфраструктурни објекти во изминатиот период сериозно пристапи кон решавање на проблемот со нелегалните објекти кои спаѓаат во оваа категорија.Во координација на повеќе институции – Министерството за транспорт, Агенцијата за цивилно воздухопловство, Државниот градежен инспекторат, како и Аероклубот на спортскиот Аеродромот Стенковец Скопје – ќе се започне постапка за КОНФИСКАЦИЈА на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец.Имајќи предвид дека објектот е целосно нелегално изграден на државно земјиште, надлежните органи одлучија да се обратат до Обвинителството и Судот и да побараат целиот објект да се конфискува во корист на државата со цел истиот да може го користи Агенцијата за цивилно воздухопловство за тренинг на пилоти и други потреби.Ова е јасна порака дека нема да се толерира изградба на нелегални објекти на места каде Министерството за транспорт и Државниот градежен инспекторат имаат надлежност" - објави вицепрмиерот Николоски.

Македонија | пред 1 месец

media-librarybhh8c91k30f39P9emXC

(ФОТО) Сите државни патишта проодни, надлежните служби во целосна подготвеност поради снежните врнежи

Ве информираме дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење, велат од Министерство за транспорт.„Екипите на  ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот.  Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема,  почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат  и во текот на наредниот перидод,  со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 месеци

nikoloski

Николоски: Македонски експерти работат на стабилизација на свлечиштата и косините на автопатот Охрид-Кичево, вистински инженерски потфат

Преку изградба на така наречени градежни галерии, целосно ќе го стабилизираме земјиштето на клучните сегменти од изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Станува збор за голем градежен и иновативен зафат од 14 галерии, нешто што го нема во целиот регион, истакна во интервју за ТВ Алфа, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, зборувајќи за еден од клучните инфраструктурни проекти во државата.“Станува збор за најтешкиот дел од автопатот. Се работи во планина, со земјиште кое што за жал се движи цело време и тешко се стабилизира бидејќи е хетерогено и има многу вода. Вториот проблем е што станува збор за височини од 900 до 1.200 метри надморска висина и единствениот начин тоа да се реши се со овој иновативен метод кој што го воведовме со изградба на галерии за стабилизација на земјиштето. Станува збор за два вида на проекти, едниот е со видливи галерии, а вториот кај селото Ботун со внатрешна стабилизација на земјиштето или ќе се влегува внатре од 12 до 16 метри во земјата, нешто што е направено и дизајнирано од македонски експерти и ќе биде изведено од македонски компании”-рече Николоски.Како причина што доведе ова автопатско решение да се гради толку долго, Николоски го наведе лошото планирање во минатото, потенцирајќи дека тоа и дополнителното стопирање на проектот од претходните власти.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryieo3aaf5fg127Sj0fII

Средба на Николоски и Димитриеска Кочоска со Тим Рид: Го потврдуваме стратешкото партнерство, следат конкретни чекори за реализација на проектите од Договорот Влада со Влада

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, остварија работна средба со Тим Рид, извршен директор на Националната агенција за надворешно финансирање на Обединетото Кралство -УКЕФ.На средбата се разговараше за деталите околу соработката и подршката што ја овозможува оваа Агенција во рамки на Договорот за соработка меѓу двете земји.На Македонија се ставени 6 милијарди евра на располагање преку УКЕФ за реализација на капитални проекти кои треба да го подржат севкупниот развој на државата и треба да донесат додадена вредност во делот на транспортот, здравството, образованието, енергетиката и животната средина.Како што потеницираше вицепремиерот Николоски, покрај финансискиот дел, исклучителна е подршката на Велика Британија во насока на пренесување на експертски знаења и искуства и технологии во реализација на крупните проекти предвидени со партнерскиот договор Влада со Влада.Притоа вицепремиерот Николоски ја истакна огромната посветеност на Владата во реализација на инфраструктурните проекти кои се опфатени во првата фаза со Договорот, со посебен фокус на брзата пруга и инвестициите во изградба на нови болници.На средбата се прецизираа идните активности во однос на соработката меѓу двете земји, користење на финансиските средства и подршката во реализација на проектите.Вицепремиерот Николоски го потврди стратешкото партнерство истакнувајки дека Велика Британија е силен подржувач на Македонија во нејзиниот развој, со добри политички и трговски односи и можност за нови партнерства преку нови инвестиции.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања