Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Николоски: Одлични вести од Брисел за огромниот проблем на превозниците во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryvpn1lqahtmul8poa3Iz

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски соопшти дека од Брисел пристигнале, како што ги оцени, „одлични вести“ во врска со долгогодишниот проблем на македонските превозници поврзан со престојот и работата во земјите од Шенген-зоната.

— реклама —

„Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како професионалци. Тоа е токму она што го баравме“, порача Николоски, наведувајќи дека по протестите и интензивната дипломатска активност во изминатиот период, Европска унија ќе донесе нова визна стратегија.

— реклама —

Според него, новата стратегија за визи ќе значи системско решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи од Македонија, кои досега беа третирани како туристи и ограничени со правилото за престој од 90 дена во период од 180 дена.

— реклама —

Николоски изрази благодарност до, како што рече, пријателите на Македонија кои помогнале во процесот за изнаоѓање решение, нагласувајќи дека станува збор за важен чекор за транспортниот сектор и за економијата во целина.

Очекувањата се дека новата визна стратегија ќе овозможи појасен и поправеден статус за професионалните возачи, со што ќе се олесни нивната работа и ќе се избегнат блокадите и штетите кои во изминатиот период ги трпеше целиот регион.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryous637tr24fl2NvzuEe

Нови блокади на граничните премини: ЕУ ги одби барањата на превозниците од Западен Балкан

Македонија | пред 1 месец

media-librarymsk8rnlg0m7udlkdND6

Македонските превозници се повлекуваат од блокадите

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryous637tr24fl2NvzuEe

Николоски: Правиме силен меѓународен притисок да се реши проблемот со превознциите, очекувам ЕК да излезе со решение

Македонија | пред 2 месеци

media-librarymsk8rnlg0m7udlkdND6

Црногорските превозници ги прекинуваат граничните блокади по преговорите со Владата

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања