Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Њујорк тајмс за Мојтаба Хамнеи: Жив е, но е ранет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-library09vpv6t0cvspdoLnTnE

Три дена по изборот за нов врховен водач на Иран, Мојтаба Хамнеи не се појавил јавно ниту испратил порака. Според „Њујорк тајмс“, причините може да се безбедносни, за да не се открие неговата локација. Ирански и израелски извори тврдат дека тој бил повреден во нападите на 28 февруари, со повреди на нозете, но е при свест и на многу безбедна локација со ограничена комуникација. Неизвесноста расте поради недостиг на официјални настапи, по смртта на Али Хамнеи во истиот напад.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Три дена откако беше прогласен за нов врховен водач на Иран, Мојтаба Хамнеи сè уште не се појавил во јавноста, ниту објавил каква било писмена или видео порака.

— реклама —

Причините за тоа би можеле да бидат безбедносни, но и здравствени.

— реклама —

Како што наведува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на три ирански официјални лица кои зборувале под услов на анонимност поради чувствителноста на темата, постои страв дека секоја јавна комуникација би можела да ја открие неговата локација и така да го доведе во опасност.

— реклама —

Но, според истите извори, постои и друга причина за неговото отсуство од јавноста.

Хамнеи (56) наводно бил повреден уште првиот ден од нападите што врз Иран ги извршија Израел и Соединетите Американски Држави.

Ирански официјални лица тврдат дека во текот на последните два дена од повисоки членови на власта добиле информации дека Моjтаба Хамнеи се здобил со повреди, вклучително и повреди на нозете.

Сепак, наводно е при свест и се наоѓа на многу безбедна локација, со ограничена комуникација со остатокот од светот.

Според пишувањето на њујоршкиот весник, и двајца израелски воени официјални лица изјавиле дека собраните разузнавачки информации го навеле израелскиот одбранбен систем на заклучок дека Хамнеи се здобил со повреди на нозете во нападот на 28 февруари.

До тој заклучок дошле дури и пред во неделата официјално да биде избран за нов врховен водач на Иран.

Целосните околности и тежината на неговите повреди не се познати.

Хамнеи дојде на чело на Иран по смртта на неговиот татко, Али Хамнеи, долгогодишниот врховен водач на земјата.

Тој загина на 28 февруари во израелски воздушен напад врз комплексот на државното раководство во центарот на Техеран.

Во истиот напад загинале и членови на неговото најтесно семејство, како и неколку високи ирански одбранбени официјални лица.

Поради недостигот од официјални изјави и јавни настапи на новиот врховен водач, во Иран и во меѓународната заедница расте неизвесноста.

Останува нејасно кога Моjтаба Хамнеи би можел првпат јавно да настапи и да го потврди своето водство во еден од најчувствителните моменти за земјата во последните децении.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Претседателот на Египет до Трамп: „Ве молам, запрете ја војната“

Свет | пред 12 часа

media-libraryoilhi33moenp3cStO1e

Стармер: Британија нема да испрати војници во Иран

Свет | пред 12 часа

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио со жестока порака до Иран: „Ова нема да се дозволи“

Македонија | пред 12 часа

media-libraryu2851kdd8n807FhzUcJ

Иран потврди смрт на важен командант

Свет | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања