Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Нов инцидент со Службата за имиграција во САД: Агент застрелал маж, откако бил нападнат со лопата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library753l9u9pj4g359nNunx

Федерален агент во Минеаполис пукал во ногата на маж откако бил нападнат со лопата за време на обид за апсење, соопшти Министерството за домашна безбедност на САД (DHS). Инцидентот дополнително ги зголеми тензиите во градот, кои се веќе високи по смртта на жена застрелана од агент на Службата за имиграција и царина (ICE) минатата недела, настан што предизвика протести низ целата земја, објави Би-Би-Си.

Според DHS, на пукањето му претходела автомобилска потера по државјанин на Венецуела кој нелегално престојувал во земјата. Потерата завршила со сообраќајна несреќа, по што на осомничениот му се придружиле уште две лица и заедно го нападнале службеникот. Повредениот маж бил пренесен во болница со повреди кои не се животозагрозувачки, додека медицинска помош добил и агентот на ICE.

— реклама —

Во соопштението се наведува дека за време на физичката пресметка на земја, од близок стан излегле уште две лица кои го нападнале службеникот со лопата за снег и со дршка од метла. Додека агентот бил нападнат од повеќе лица, првичниот осомничен успеал да се ослободи и повторно да го нападне. Стравувајќи за сопствениот живот, службеникот испукал одбранбени истрели. Двајца од напаѓачите биле приведени.

Според информации објавени од Си-Би-Ес њуз, ранетиот маж по пукањето се забарикадирал во куќа заедно со уште три лица. Специјализиран тим на ICE упаднал во објектот и ги привел сите затекнати лица. ФБИ отвори истрага за случајот, а дел од деталите сè уште не се независно потврдени.

— реклама —

По инцидентот избувнаа нови судири меѓу демонстрантите и полицијата во населбата Хоторн. Шефот на полицијата, Брајан О’Хара, изјави дека полицајците биле гаѓани со пиротехника, мраз и снежни грутки. Локалните медиуми јавија и за оштетени возила за кои се верува дека припаѓаат на федерални агенции.

Градските власти на Минеаполис повикаа на смирување на состојбата, истовремено повторувајќи го барањето ICE веднаш да го напушти градот и државата. Градоначалникот Џејкоб Фреј оцени дека состојбата е „неодржлива“ поради присуството на федерални агенти спротивно на волјата на локалните власти.

Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, се закани со повикување на Законот за побуна доколку локалните власти не преземат мерки за запирање на, како што ги нарече, „професионалните агитатори“. Од друга страна, гувернерот на Минесота, Тим Волц, побара прекин на, како што рече, „окупацијата“ од страна на ICE, нагласувајќи дека гневот во јавноста е оправдан.

Тензиите во Минеаполис траат од 7 јануари, кога агент на ICE ја уби 37-годишната Рене Никол Гуд. Случајот, како и најновиот инцидент, е предмет на истрага од страна на ФБИ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarygfrljf16g001ebrn2Y9

САД посегнува по украински систем за одбрана од дронови во близина на Иран

Свет | пред 28 минути

— реклама —
si-dziping2

Пекинг ја користи кризата за зајакнување на глобалното влијание

Свет | пред 1 час

media-librarypsr4cv6bes5ieZz6JSR

Пакистан и САД разговараат за нова рунда преговори меѓу Иран и Америка

Свет | пред 3 часа

media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Пакистан се залага за траен договор меѓу САД и Иран

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања