Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Нов удар кон сојузниците: Трамп ги критикува Австралија и НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryu9p9eeh7m2kh2EUEYdg

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е изненаден од одлуката на Австралија да не испрати воени бродови за деблокада на Ормутскиот теснец, кој во моментов е клучна точка на глобалната енергетска криза.

„Бев многу изненаден. Треба да се вклучат. Ние секогаш им излегуваме во пресрет“, изјави Трамп во Вашингтон, коментирајќи ги позициите на Австралија, Јапонија и Јужна Кореја.

— реклама —

Тој не прецизираше на кое конкретно „одбивање“ се однесува, но претходно оваа недела остро ги критикуваше овие земји поради нивната одлука да не учествуваат во воените операции во Персискиот Залив, поврзани со конфликтот со Иран.

Во серија изјави, Трамп отиде чекор понатаму, критикувајќи ги и сојузниците од НАТО, кои ги нарече „кукавици“ затоа што не се вклучуваат во обезбедувањето на Ормутскиот теснец – една од најважните светски нафтени рути.

— реклама —

Во меѓувреме, од Канбера стигна одговор. Австралискиот премиер Ентони Албаниз изјави дека неговата земја обезбедила сè што било побарано од неа и дека не добиле директно барање од Трамп за испраќање воени бродови.

Затворањето на Ормутскиот теснец веќе има сериозни последици на глобалниот пазар, со нагло зголемување на цените на горивата и растечки притисок врз економиите ширум светот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Трамп поставува рок за Иран: Примирјето нема да трае бесконечно

Свет | пред 15 часа

— реклама —
media-libraryafufp70g9t2p9sVwhVk

Трамп најави дека САД разгледуваат валутна размена со ОАЕ и можен „финансиски потпор“ поради регионалната криза

Свет | пред 21 час

media-librarymq018hkepk163plbXCY

(Видео) Трамп чита Библија по судирот со папата, нови реакции во САД

Свет | пред 1 ден

media-libraryr05q2iu8g0lnaP5iM8w

Трамп предупредува за сложен процес на извлекување на иранските резерви ураниум

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања