Во дел од пекарниците низ Македонија се најавува ново зголемување на цената на лебот. Според информациите, белиот леб од 450 грама, кој досега се продаваше за околу 35 денари, во наредниот период може да достигне цена од 40 денари.
Пекари од повеќе градови – меѓу кои Штип, Кочани, Прилеп и Битола – најавуваат корекција на цените, додека граѓаните веќе пријавуваат дека во некои продажни места сецканиот бел леб се продава по повисока цена.
Ова зголемување е дел од поширок тренд на поскапувања на основните прехранбени производи, што повторно отвора прашања за растот на трошоците за живот и притисокот врз домашниот буџет на граѓаните.