Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

ЛЕБ

media-library23r9dnbrc36j0FjJr3n

Ако нема основ за поскапување на лебот – ќе следат казни

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата ќе ја анализира состојбата со цената на лебот и ќе преземе мерки доколку се утврди дека има неоправдано зголемување, посочувајќи дека во спротивно ќе следуваат санкции.„Ја анализираме состојбата и денеска во текот на денот ќе имам состанок на оваа тема. Ќе го видиме инпутот и да видиме дали врз основа на тој инпут којшто тие го декларираат навистина има потреба од такво зголемување. Доколку има потреба, тогаш ќе кажеме да има потреба и ќе преземеме мерки, а доколку нема потреба, тогаш тие коишто девијантно и непазарно се однесуваат ќе бидат изречени глоби“, изјави Мицкоски.Во однос на предлозите за намалување на данокот на додадена вредност за храна, премиерот оцени дека станува збор за мерки што Владата ќе ги разгледува согласно состојбите, а не за иницијативи на опозицијата.„Не се тоа опозициски предлози. Тоа се мерки коишто во зависност од состојбата ние ќе ги влечеме. И апсолутно некредибилна опозиција којашто кога беше влада седум години имаше можност да покаже што знае и што умее, а таа покажа само криминал, понижување и национален срам и предавства. Нема кредибилитет во моментот да зборува“, изјави Мицкоски.Тој упати и предупредување до јавноста да биде внимателна кон изјавите од опозицијата.„Јас ја предупредувам македонската јавност да внимава се она коешто доаѓа од, би рекол, реториката на дел од опозициските политичари, бидејќи тоа има многу мал кредибилитет, а многу невистина“, изјави Мицкоски.Во однос на најавите за раст на инфлацијата, премиерот рече дека ќе го разгледа извештајот, но оцени дека економските показатели се позитивни.„Јас не сум го видел овој извештај. Баш ќе го погледам во текот на денот. Но, она коешто е факт е дека ако во 2024-та година по економскиот раст бевме во горната половина во Европа, а во 2025-та бевме во првите пет земји во Европа, јас очекувам тој континуитет да биде и оваа година“, изјави Мицкоски.Тој посочи дека според досегашните податоци, економијата бележи раст во повеќе сектори.„Имаме раст по апсолутно сите параметри – по туризам, по земјоделски производи, по потрошувачка, по обемот на размена во трговијата, по реализација на капитални инвестиции и така натаму“, изјави Мицкоски.Во делот на инфлацијата, премиерот нагласи дека таа е во рамки на очекувањата.„Ние никогаш не рековме под два, туку рековме меѓу два и три проценти. Во јануари беше 3,1 процент, а во февруари падна на 2,9 и беше една од најниските стапки во Европа“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека за март ќе се почекаат официјалните податоци.„Дали сега ќе имаме во март? Ќе видиме“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 14 часа

leb

Нов удар по џебот на граѓаните: поскапува лебот

Во дел од пекарниците низ Македонија се најавува ново зголемување на цената на лебот. Според информациите, белиот леб од 450 грама, кој досега се продаваше за околу 35 денари, во наредниот период може да достигне цена од 40 денари.Пекари од повеќе градови – меѓу кои Штип, Кочани, Прилеп и Битола – најавуваат корекција на цените, додека граѓаните веќе пријавуваат дека во некои продажни места сецканиот бел леб се продава по повисока цена.Ова зголемување е дел од поширок тренд на поскапувања на основните прехранбени производи, што повторно отвора прашања за растот на трошоците за живот и притисокот врз домашниот буџет на граѓаните.

Македонија | пред 1 ден

331559838_197786509513736_8601066703514233132_n

Леб има и се продава по 33 денари, тврди директорот на Пазарниот инспекторат

Директорот на пазарниот инспекторат, Горан Трајковски, на својот Фејсбук профил напиша дека леб има и се продава по 33 денари. Тој нагласи дека инспекторите се на терен и додаде дека дополнително ќе се замрзнуваат цени и на други производи.Вчера тој исто така објави дека ако се утврди прекршување на Одлуките ќе следат казни во согласност со Законот за трговија.- Казните се високи и изнесуваат од 800 до 10.000 евра, затоа апелирам да се почитуваат Одлуките, а ние како институција и понатаму сме на терен да ја следиме состојбата и да постапиме при евентуални прекршувања на законските одредби! Граѓаните не смеат да трпат заради туѓи лични интереси! Мерките се насочени кон тоа да им се олесни состојбата на граѓаните во ваков кризен период и нивната злоупотреба е апсолутно недозволива. Кризата не е време за мислење само на себе и на профит, туку потребно е да имаме разбирање едни кон други, да помагаме и да бидеме солидарни, објави вчера Трајковски.

Македонија | пред 3 години

kupi-leb-naslovna_majkatiitatkoti

„И сега што да пипкаат од сабајле пензионерите кога нема леб“, "Леб и сол" го промени името во "Јуфки и сол", коментари на граѓаните откако рафтовите останаа празни

Пекарите не испорачуваат леб согласно нивната одлука од понеделникот со која се договорија дека ако се замрзнат цените леб нема да произведуваат.Според нив, засега промена на одлуката нема.Во врска со оваа се пошегуваа твитерџиите кои велат дека можеби Вучиќ ќе ни прати леб.https://twitter.com/gorge_kocev/status/1631037716572917761?s=20https://twitter.com/Vujkoto_Vane/status/1631026187739754496?s=20https://twitter.com/Grdo_pajce/status/1631020761459699712?s=20https://twitter.com/petnaesetdotri/status/1631026259936395267?s=20https://twitter.com/Vesna221091663/status/1631037562201489411?s=20https://twitter.com/istoricarizsk1/status/1631036972671148032?s=20https://twitter.com/PrinceWhite1989/status/1631035762639511552?s=20https://twitter.com/NikolaFreeman/status/1631029825887514626?s=20https://twitter.com/botanicharot/status/1631027897208111105?s=20https://twitter.com/StoleNaLetka/status/1631026314277789697?s=20https://twitter.com/tesko_nas/status/1631017086284693506?s=20https://twitter.com/SmetaloLevo/status/1631016584910196752?s=20https://twitter.com/JasTheGreaTTT/status/1631008948911329295?s=20

Коментари | пред 3 години

leb

Се замрзнува маржата на лебот, шеќерот и зејтинот на 5 отсто

Владата на денешната седница на предлог на Министерството за економија донесе Одлука за определување на највисока трговска маржа на основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало, информира министерот за економија Крешник Бектеши.– Во консултација со бизнис заедницата и по координација со надлежните институции донесовме Одлука според која започнувајќи од утре, заклучно со 30 септември 2022 година за леб бел – сечен на парчиња или цел, шеќер бел како и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло се утврдува трговска маржа во висина до 5 отсто во трговијата на големо и на мало. За брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто и јајца од кокошка за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец, се утврдува трговска маржа во висина до 10 проценти во трговијата на големо и на мало, информира министерот Бектеши на денешната прес-конференција пред Владата.Тој додаде дека според Одлуката за овие производи нема да се пресметуваат оперативни трошоци и не се одобрува рабат и надоместоци кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо и тоа за рекламирање и за изложување на стоките на рафтови односно полици.– Со оваа Одлука се ограничува растот на цените во наредниот период преку утврдување на висината на трговската маржа која треба да влијание на растот на цените на мало на основните прехранбени производи. На овој начин, евентуалниот раст на цените во трговијата на големо и трговијата мало ќе биде предизвикан од растот на увозните и берзанските цени, како и растот на производствените трошоци, додаде Бектеши.Според Одлуката, како што нагласи министерот, се предлага рабатот и надоместоците да не се одобруваат до 31 декември 2022 година.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања