Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Нова етапа на жестоки судири во Србија, студенти и поддржувачи на власта излего на улиците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
protesti-srbija

Во Србиј синоќа протести и контрапортести: студентите и граѓаните кои пред РТС и низ повеќе градови излегоа со барања за правда и промени, и симпатизерите на владејачката СНС кои организираа контрамитинзи на над 200 локации. Во Белград, демонстрантите најавија масовен собир пред јавниот сервис и блокираа повеќе сообраќајници, обвинувајќи дека РТС е претворен во мегафон на власта.

Сликата на терен уште повеќе го нагласи впечатокот за селективно известување. Државните медиуми речиси и да не информираа за протестите, додека според Н1 полицијата насилно ги потиснувала граѓаните кои им даваа поддршка на студентите, ограничувајќи им го пристапот. Во исто време, учесниците на собирите на СНС слободно маршираа низ центарот. Пред зградата на јавниот сервис е приведено едно лице, а на дел од партиските митинзи се појавија и високи функционери.

— реклама —

Тензии имаше и надвор од главниот град. Во Богатиќ, двајца полицајци беа повредени при судир со присутни граѓани, а во Чачак, според извештаите, две лица завршија претепани од полицијата со пендреци. На повеќе локации органите на редот интервенираа за да ги раздвојат колоните и да спречат директни судири.

Овие паралелни собири отвораат нова нервозна изборна фаза во земјата. Студентските протести ја ставаат под лупа улогата на јавниот сервис и полициските постапки, а власта одговара со масовна мобилизација и демонстрација на партиска сила. Нови собири се веќе најавени, со неизвесен развој и сè погласни барања за еднакви услови и транспарентен медиумски простор.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2ro9vqk25vo01oQmliL

Вучиќ и фон дер Лајен разговараа за европскиот пат на Србија

Свет | пред 10 часа

— реклама —
media-library4pds9h0ctsn8cPwbI1B

(Видео) Опозициски критики кон претседателот Вучиќ за односот со Русија

Свет | пред 15 часа

media-libraryomve0170hsuh7Rurym6

Уапсен 20-годишник, осомничен за учество во војната во Украина

Балкан | пред 16 часа

media-libraryo3atpber2kltbOhFQP9

Малолетник фрлил бомба во Крагуевац за 1.000 евра

Свет | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања