Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Нова судска драма: Уапсен вработен во Основниот суд Гостивар под сомнение дека примил мито

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryh2m78745ueka3zsRAbb

Вработен во Основниот суд во Гостивар е лишен од слобода поради сомнение дека сторил кривично дело „примање поткуп“, информираа од Министерство за внатрешни работи.

— реклама —

Според информациите, на 20 јануари 2026 година во 20:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го уапсиле А.Ј. (49) од селото Присојница, Општина Маврово и Ростуше. Приведувањето следувало по пријава од Н.А. од селото Калиште, Општина Врапчиште, кој навел дека осомничениот, како вработен во Основниот суд во Гостивар, преку заеднички пријател му понудил за паричен надомест од 100 евра да избрише судска казна од 200 евра и изречена забрана за управување со моторно возило во траење од шест месеци.

— реклама —

Како што е пријавено, А.Ј. тврдел дека предметната документација пристигнала кај него на извршување и дека може да „заврши работа“. По договор, Н.А. стапил во контакт со осомничениот и средбата била закажана во угостителски објект во Гостивар. По нивната средба, пријавителот го информирал А.Ј. дека е новинар и дека разговорот се снима, по што осомничениот се обидел да се оправда дека се работи за шега и се обидел да побегне.

— реклама —

Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени 16 возачи, 12 од нив возеле без возачка

Македонија | пред 4 часа

puska

Вработени во ловечко друштво давале дозволи за лов на ловишта иако немале договор за концесија - поднесена кривична пријава

Македонија | пред 5 часа

puska

Бегал од полиција и од возилото фрлил ловечка пушка - полицијата ја пронајде и одзема

Македонија | пред 5 часа

petardi

Пред кафеана, на импровизирана тезга продавал пиротехника

Македонија | пред 5 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања