Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Нова закана од Техеран: Ормускиот теснец ќе биде или пат на мир или на пораз

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-librarypm5jg8dn1q66fF8Z2Kj

Али Лариџани предупреди дека иднината на Ормускиот теснец ќе зависи од однесувањето на земјите кои „поттикнуваат војна“, по заканата на Доналд Трамп дека САД ќе одговорат „дваесет пати посилно“ ако Иран го блокира преминот. Иранската Револуционерна гарда порача дека арапски и европски држави што ќе ги протераат американските и израелските амбасадори би добиле неограничен премин. Ормускиот теснец е клучна рута за околу една петтина од светската нафта, а конфликтот придонесе за раст на цените.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Претседателот на иранскиот Национален совет за безбедност Али Лариџани упати ново предупредување поврзано со Ормускиот теснец, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со жесток одговор доколку Иран го блокира овој клучен поморски премин.

— реклама —

Во објава на социјалната мрежа Икс, Лариџани порача дека иднината на Ормускиот теснец ќе зависи од однесувањето на земјите кои, според него, поттикнуваат војна.

— реклама —

„Ормускиот теснец ќе биде или теснец на мир и просперитет за сите, или теснец на пораз и страдање за воените поттикнувачи“, напиша Лариџани, пренесува телевизијата Ен-Би-Си њуз.

— реклама —

Неговата изјава доаѓа откако Трамп претходно на социјалните мрежи предупреди дека Соединетите Американски Држави ќе го нападнат Иран „дваесет пати посилно“ доколку Техеран го запре поморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец.

Во меѓувреме, иранската Револуционерна гарда соопшти дека секоја арапска или европска држава која ќе ги протера израелските и американските амбасадори од својата територија би добила неограничен премин низ Ормускиот теснец.

Според иранската државна телевизија, тие земји би имале „целосно право и слобода“ да поминуваат низ овој стратешки морски премин доколку ги прекинат дипломатските односи со САД и Израел, пренесува Си-Ен-Ен.

Ормускиот теснец, широк околу 34 километри, претставува една од најважните светски поморски рути, бидејќи низ него минува речиси една петтина од глобалното снабдување со нафта.

Актуелниот конфликт меѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга доведе до значителен раст на цените на нафтата, главно поради речиси целосното затворање на Ормускиот теснец и забавувањето на производството на нафта на Блискиот Исток.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Претседателот на Египет до Трамп: „Ве молам, запрете ја војната“

Свет | пред 9 часа

media-libraryoilhi33moenp3cStO1e

Стармер: Британија нема да испрати војници во Иран

Свет | пред 9 часа

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио со жестока порака до Иран: „Ова нема да се дозволи“

Македонија | пред 9 часа

media-libraryu2851kdd8n807FhzUcJ

Иран потврди смрт на важен командант

Свет | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања