Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Нови 30 дена притвор за онкологот Нино Васев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
nino-vasev

Основниот кривичен суд одлучи да му го продолжи притворот на поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, за уште 30 дена.

— реклама —

Неговиот адвокат Боби Спирковски најави жалба до Апелациониот суд. Според него, притворот е неоправдан а обвинението се темели на „вештачки конструирани“ дела.

— реклама —

Спирковски нагласи дека одбраната приложила нови докази кои, според него, покажуваат дека нема штета ниту основ за тешки обвиненија, и дека Апелација треба да одлучи без притисоци, исклучиво според закон и факти.

— реклама —

Како што кажа Спирковски, Обвинителството во две реченици навело оти бара притвор затоа што се сомнева дека од куќен притвор Васев може да избега надвор од државата само со лична карта.

„Ве молам, фактот е дека може и без лична карта да избега преку некаков див граничен премин и дека, и ако тоа не го направи, дека може да се скрие некаде на територијата на Македонија. Па тоа не се правни аргументи, тоа се аргументи за лаици кои што не познаваат право. Тие аргументи претходно Апелација ги усвои и одреди притвор. Тие аргументи не се аргументи, се надевам дека пак се враќаме на тоа дека решаваа под огромен притисок и без да водат сметка за правните аргументи. Се надевам дека сега е време тоа да се поправи“, изјави Спирковски.

Инаку на денешното рочиште како сведоци на Обвинителството, искази дадоа поранешни членови на Управниот одбор на Клиниката за радиотерапија и онкологија кои на овие позиции биле додека обвинетите Васев и Нухи биле директори.

Тие одговараа на прашања поврзани со финансиското работење на Клиниката, а еден од нив не можеше да се сети на детали.

Друг сведок, член на Управниот одбор од 2018 до 2024 година, рече дека Васев на седниците на Управниот одбор во 2019 година, презентирал дека имаат дозволно средства и дека Клиниката успешно ќе ја заврши годината, но кога дошла директорката Виолета Клисаровска, на Управниот одбор му било кажано дека Клиниката има финансиски проблеми.

Управниот одбор одлуките ги носел со гласање на седниците, а за усвојувањето на годишните завршни сметки, кажа оти не се сеќава како гласала, но, дека биле донесени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

Најдено решение за две од терапиите кои се потрошија на Онкологија, за други две ќе се чека завршување на тендер - нема рок кога ќе има и тумор маркери

Македонија | пред 5 дена

onkologija-4142

Пациентка со рак на дојка алармира: „Нема терапија, нема тумор маркери – кој си игра со нашите животи?“

Македонија | пред 6 дена

media-libraryrgji68prph4ac9IZZES

Пропадна обидот со 350.000 евра да добијат слобода, онкологот Васев и директорот остануваат во притвор

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvguvavm0h61idIMe95y

Докторот Нино Васев ја оспорува стручноста и документацијата на словенечката вештачка, таа пак не ја оправдуав терапијата која е давана

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања