Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Најдено решение за две од терапиите кои се потрошија на Онкологија, за други две ќе се чека завршување на тендер - нема рок кога ќе има и тумор маркери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

Директорот на Онкологија, Игор Стојковски, најавува мерки за стабилизирање на снабдувањето и подобрување на услугите. За PHESGO е подготвен анекс за континуитет, а за тумор маркери се надградува лабораториски и ИТ систем за побрзи резултати; анализи засега може и во други установи со ФЗО. За Ribociclib и Palbociclib се очекува брза стабилизација преку нова јавна набавка. Тој посочува дека растот на пациенти и подобрените исходи ја зголемуваат потрошувачката, но состојбата е подобра од лани; приоритет е непречен и безбеден третман.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Директорот на Клиниката за онкологија, Игор Стојковски, во изјава за „Скопје1“ уверува дека се преземаат конкретни чекори за стабилизирање на снабдувањето со клучни терапии и подобрување на услугите за пациентите.

„Во однос на посочените терапии и услуги: За PHESGO (trastuzumab/pertuzumab) веќе е изготвен анекс на постоечката јавна набавка, со што ќе се обезбеди континуитет во снабдувањето. Во однос на тумор маркерите, во тек е надградба на лабораторискиот и информатичкиот систем на лабораторијата на УКРО, со цел да се овозможи поедноставен и побрз пристап до резултатите за пациентите. Во меѓувреме, пациентите имаат можност за извршување на овие анализи во повеќе институции во државата кои имаат договор со ФЗО. За Ribociclib и Palbociclib, станува збор за терапии кои се сегмент од сеопфатниот онколошки третман. Со новата јавна набавка, очекуваме во најскоро време стабилизација на снабдувањето со лекови и обезбедување континуиран третман на пациентите“, наведува Стојковски.

— реклама —

Тој посочува дека зголемениот број на пациенти со малигни заболувања, како и подобрените резултати од терапиите, директно влијаат врз растот на потрошувачката на лекови.

„Дополнително, потребно е да се нагласи дека поради континуираното зголемување на бројот на пациенти со малигни заболувања, како и подобрените исходи од терапијата, се зголемува и вкупната потрошувачка на лекови од година во година. Состојбата е значително подобрена во однос на минатата година, но секако останува простор за понатамошно унапредување. Свесни сме за сериозноста на ситуацијата и потенцијалното влијание врз пациентите, и затоа активно работиме на нејзино целосно надминување во координација со надлежните институции и добавувачите. Наш приоритет останува континуирана, навремена и безбедна грижа за пациентите“, додава директорот.

— реклама —

Од Клиниката потенцираат дека целта е обезбедување стабилен и непречен третман, како и побрз пристап до дијагностички услуги за пациентите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

onkologija-41

Онколошка пациентка прашува: Колкумина нема да ја дочекаат терапијата, која ја нема два месеци?

Коментари | пред 5 дена

— реклама —
onkologija-4142

Пациентка со рак на дојка алармира: „Нема терапија, нема тумор маркери – кој си игра со нашите животи?“

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryrgji68prph4ac9IZZES

Пропадна обидот со 350.000 евра да добијат слобода, онкологот Васев и директорот остануваат во притвор

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryvguvavm0h61idIMe95y

Докторот Нино Васев ја оспорува стручноста и документацијата на словенечката вештачка, таа пак не ја оправдуав терапијата која е давана

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања