Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Докторот Нино Васев ја оспорува стручноста и документацијата на словенечката вештачка, таа пак не ја оправдуав терапијата која е давана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryvguvavm0h61idIMe95y
Скопје1.мк

Во Основниот кривичен суд продолжи доказната постапка за случајот „Онкологија“, при што првообвинетиот Нино Васев вкрстено ја испрашуваше словенечката вештачка Маја Равник, ангажирана од Обвинителството за анализа на медицинската документација на 51 пациент лекуван на Клиниката за радиотерапија и онкологија.

— реклама —

Одбраната настојуваше да покаже дека вештачењето е изработено врз нецелосна документација и без да се земат предвид националните протоколи и реалните услови во македонското здравство. Васев посочи дека кај дел од пациентите недостасуваат години од претходното лекување, како и информации за третмани во странство, операции и консултации со странски онколози.

— реклама —

Вештакот Равник остана на ставот дека стручното мислење го темели исклучиво врз доставената медицинска документација и европските и светските онколошки протоколи, нагласувајќи дека националните препораки не можат да оправдаат употреба на лекови без соодветна индикација. Таа посочи дека во одредени случаи биле применувани терапии без претходна молекуларна анализа, давани лекови без индикација за конкретниот карцином, како и хемотерапија во крајна фаза на болеста.

— реклама —

Во однос на достапноста на лековите, Равник изјави дека е свесна за финансиските и системските ограничувања, но дека тоа не ја оправдува употребата на несоодветна терапија. Таа подвлече дека палијативната нега значи ублажување на симптомите, а не продолжување на третман што не влијае на преживувањето и го нарушува квалитетот на живот.

Обвинението ги товари Васев и уште двајца онколози за продолжени тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување, со наводи дека кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии со отстапувања во дозирањето и без соодветна процена на состојбата. Против Васев е поднесено и посебно обвинение за злоупотреба на службената положба и проневера, со наводна штета од над 2,2 милијарди денари за државниот буџет.

Судењето го води судијката Снежана Марковска, а обвинението го застапува јавната обвинителка Ана Гоговска-Јакимовска. Во наредната фаза се очекува сослушување на вешти лица од Србија, кои исто така изработиле медицински вештачења за потребите на постапката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

Најдено решение за две од терапиите кои се потрошија на Онкологија, за други две ќе се чека завршување на тендер - нема рок кога ќе има и тумор маркери

Македонија | пред 5 дена

onkologija-4142

Пациентка со рак на дојка алармира: „Нема терапија, нема тумор маркери – кој си игра со нашите животи?“

Македонија | пред 6 дена

media-libraryrgji68prph4ac9IZZES

Пропадна обидот со 350.000 евра да добијат слобода, онкологот Васев и директорот остануваат во притвор

Македонија | пред 1 месец

nino-vasev

Осум часа испрашување на вештакот за „Онкологија“ – судир околу терапијата на пациентите со карцином на јајници

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања