Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ИГОР СТОЈКОВСКИ

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

Најдено решение за две од терапиите кои се потрошија на Онкологија, за други две ќе се чека завршување на тендер - нема рок кога ќе има и тумор маркери

Директорот на Клиниката за онкологија, Игор Стојковски, во изјава за „Скопје1“ уверува дека се преземаат конкретни чекори за стабилизирање на снабдувањето со клучни терапии и подобрување на услугите за пациентите.„Во однос на посочените терапии и услуги: За PHESGO (trastuzumab/pertuzumab) веќе е изготвен анекс на постоечката јавна набавка, со што ќе се обезбеди континуитет во снабдувањето. Во однос на тумор маркерите, во тек е надградба на лабораторискиот и информатичкиот систем на лабораторијата на УКРО, со цел да се овозможи поедноставен и побрз пристап до резултатите за пациентите. Во меѓувреме, пациентите имаат можност за извршување на овие анализи во повеќе институции во државата кои имаат договор со ФЗО. За Ribociclib и Palbociclib, станува збор за терапии кои се сегмент од сеопфатниот онколошки третман. Со новата јавна набавка, очекуваме во најскоро време стабилизација на снабдувањето со лекови и обезбедување континуиран третман на пациентите“, наведува Стојковски.Тој посочува дека зголемениот број на пациенти со малигни заболувања, како и подобрените резултати од терапиите, директно влијаат врз растот на потрошувачката на лекови.„Дополнително, потребно е да се нагласи дека поради континуираното зголемување на бројот на пациенти со малигни заболувања, како и подобрените исходи од терапијата, се зголемува и вкупната потрошувачка на лекови од година во година. Состојбата е значително подобрена во однос на минатата година, но секако останува простор за понатамошно унапредување. Свесни сме за сериозноста на ситуацијата и потенцијалното влијание врз пациентите, и затоа активно работиме на нејзино целосно надминување во координација со надлежните институции и добавувачите. Наш приоритет останува континуирана, навремена и безбедна грижа за пациентите“, додава директорот.Од Клиниката потенцираат дека целта е обезбедување стабилен и непречен третман, како и побрз пристап до дијагностички услуги за пациентите.

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања