Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Ново вознемирувачко видео од пукањето во Минеполис каде е убиена жена од имиграциската служба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryh9fasdj0f0n9bD9hX1y

Објавена е снимка од мобилен телефон на агентот на Службата за имиграција и царина на САД (ICE), Џонатан Рос, кој во Минеполис ја убил 37-годишната Рене Гуд. Снимката ја направил самиот агент Рос, потврди Министерството за внатрешна безбедност на САД, а ја објавија медиумите Alpha News и CNN.

На видеото се гледа како Рене Гуд застанува со својот темноцрвен SUV на улица, а агентот Рос приоѓа кон возилото. Преку прозорецот на автомобилот се гледа како Гуд го гледа агентот и зборува со него. Снимката го прикажува и моментот кога автомобилот се движи наназад и потоа нагло напред, по што следат три истрели. Не е јасно дали SUV-то го допрело агентот, но се слушаат звуци од судир и извици во позадина.

— реклама —

Градоначалникот на Минеполис, Џејкоб Фреј, го критикуваше однесувањето на федералните власти и побара вклучување на државни истражители во случајот, истакнувајќи дека жртвата веднаш била прогласена за „домаќински терорист“ од високите федерални функционери.

— реклама —

Случајот предизвика и политички реакции. Потпретседателот на САД, Џ.Д. Ванс, ја објави снимката на социјалната мрежа X тврдејќи дека покажува како животот на агентот бил загрозен. Локалните власти ја критикуваат истрагата на федералното истражно биро, кој го презеде случајот и им го оневозможи пристапот на државните истражители до доказите.

Градот е загрижен поради можноста за повторување на насилни протести слични на оние од 2020 година, по убиството на Џорџ Флојд, на само километар и половина од местото на трагедијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Пакистан се залага за траен договор меѓу САД и Иран

Свет | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Речиси милијарда долари иранска нафта ја заобиколила американската блокада

Свет | пред 18 часа

media-libraryotp04iork40b92aI4vG

САД трошат алармантно брзо ракети: Украина загрижена за одбраната

Свет | пред 19 часа

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски: Американците одат во Москва, а го заобиколуваат Киев – тоа е непочитување

Свет | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања