Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ПУКАЊЕ

media-libraryab201v25qu9931sp6Jm

(Видео) Пукање во средно училиште во Русија: Ученик ранил соученик, па скокнал низ прозорец

Во средното училиште во Чељабинск ученик од деветто одделение ранил соученик од одделението, користејќи пластичен самострел и сигнален пиштол, соопшти прес-службата на регионалната влада.Напаѓачот пукал со сигнален пиштол, а потоа се обидел да избега низ прозорец и самиот се повредил, пренесува РИА Новости.Двата ученика се хоспитализирани, но нивниот живот и здравје не се загрозени.Наставата во училиштето е привремено прекината, а обвинителството ќе изврши инспекција на безбедносните мерки и контрола на пристапот во образовната институција.Покренати се кривични постапки за обид за убиство.

Свет | пред 4 дена

lovecka-puska

14-годишен тинејџер со воздушна пушка ранил 16-годишник во нога кај Нова Градишка

Во областа на Нова Градишка, 16-годишно момче се здобило со повреда во ногата откако, според утврденото, врз него пукал 14-годишен тинејџер со воздушна пушка. Повреденото момче добило лекарска помош во саботата, на 28 февруари, околу 10 часот во болницата во Нова Градишка, по што за случајот била известена полицијата, јавува ПУ Бродско-посавска.Иако полицијата ја добила пријавата во саботата, истрагата покажала дека самиот инцидент се случил два дена претходно. Според полицискиот извештај, 14-годишното дете, поради нестручно ракување со воздушната пушка, испукало куршум кој го погодил 16-годишникот во ногата. Повредите во болницата биле оценети како полесни.Полицијата ја одзела воздушната пушка од 57-годишниот татко на момчето кое пукало, кој го поседувал оружјето со соодветна пријава. Од полицијата соопштиле дека продолжува работата на утврдување на сите факти и околности поврзани со овој настан. По завршувањето на истрагата, ќе следува поднесување на соодветна пријава до надлежниот суд.

Свет | пред 4 седмици

media-libraryc48idtleuk55cYtkBTi

Масовно пукање во Америка: Најмалку тројца загинати

Најмалку три лица загинаа, а 14 беа повредени во масовната пука во еден бар во Остин, Тексас, рано утрово, соопшти полицијата. Сите повредени се пренесени во болница, при што тројца се во критична состојба, објави Reuters.Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во престрелка со полицајци. Идентитетот на напаѓачот и мотивот за нападот сè уште не се објавени од властите.

Свет | пред 4 седмици

media-library70onucsur0ttd8FL6NO

Деветмина убиени во пукање во училиште во Канада, најмалку 25 ранети

Девет лица се убиени, а најмалку 25 се ранети во вооружен напад што се случил во средно училиште и во еден дом во малиот канадски град Тамблер Риџ, соопштија локалните власти. Градот со околу 2.500 жители, сместен 667 километри североисточно од Ванкувер, со часови бил под полициска блокада додека траела интервенцијата.Градоначалникот Дарил Краковка изјави дека заедницата е скршена од трагедијата и дека речиси сите жртви ги познавал лично. „Овде не сме само жители, туку семејство“, рече тој, нагласувајќи дека станува збор за мала и тесно поврзана средина во која вакво нешто никогаш претходно не се случило.Советникот Крис Норбери, чија сопруга предава во училиштето, а ќерка му посетува основно училиште во близина, опиша часови страв и неизвесност додека чекал информации. Откако бил прогласен аларм за блокада, учениците и наставниците останале затворени во училниците, додека полицијата ја обезбедувала зградата. „Тешко е да се опише чувството кога знаете дека вашата најблиска личност е во опасност“, изјави тој.Родители сведочат дека дел од учениците биле барикадирани два до три часа, збиени во аглите на училниците. Некои паничеле и плачеле, додека други се обидувале да ги смират своите соученици. Матурентот Даријан Квист рече дека во еден момент станало јасно дека станува збор за сериозен инцидент, а излегувањето од училиштето по повеќечасовната блокада го опиша како „организиран хаос“, при што професионалноста на службите била клучна.Дури по неколку часа биле објавени првичните информации за бројот на жртвите, што дополнително ја потресло заедницата. Имињата на загинатите сѐ уште не се соопштени, но локалните власти најавија психолошка поддршка за учениците, наставниците и семејствата. „Ќе мора да се собереме како заедница и да си помогнеме еден на друг“, порача Норбери, предупредувајќи дека последиците од трагедијата ќе се чувствуваат долго време.

Свет | пред 1 месец

Rusija-ruska-policija-1-620x350

Малолетник пукаше со воздушна пушка во руска школа

Ученик од деветто одделение отвори оган со воздушна пушка во една гимназија во Уфа, најголемиот град на Република Башкортостан во Русија, потврди гувернерот на таа република, Радиј Хабиров.Според неговите зборови, во инцидентот немало повредени, а малолетниот напаѓач е приведен. Како што пренесува руската агенција ТАС, безбедносните служби веднаш интервенирале, а ситуацијата во училиштето е ставена под контрола.Хабиров наведе дека нема опасност за учениците и наставниот кадар, како и дека во моментов се утврдуваат сите околности на настанот.

Свет | пред 1 месец

policija-germanija

Убиен маж во пукање во Дортмунд: Полицијата пронајде над 20 чаури

Во пукање во Дортмунд загина маж, а полицијата спроведува истрага за инцидентот што се случил во градската населба Нордштат, каде што биле пронајдени повеќе од 20 чаури и траги од борба.Инцидентот се случил нешто пред полноќ, а повредениот маж бил пронајден со прострелни рани. Итните служби се обиделе да го реанимираат на самото место, по што бил пренесен во болница, каде што подоцна им подлегнал на повредите.На асфалтот биле пронајдени расфрлани парчиња искината облека, како и повеќе од 20 чаури од куршуми.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2021-09-18-at-16.32.03

Пукање во Австралија: Тројца загинати, едно лице тешко повредено

Три лица загинаа во пукотница во мало место во австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс, јави Би-Би-Си.Четврто лице е пренесено во болница во тешка, но стабилна состојба.Локалната полиција соопшти дека пукотницата се случила во градчето Лејк Карџелиго околу 16:40 часот по локално време и дека истрагата е во тек. Според медиумите, меѓу жртвите има две жени и еден маж.Полицијата упати апел до граѓаните да го избегнуваат подрачјето каде што се случил инцидентот и да останат во своите домови додека траат безбедносните мерки.Австралија и натаму се соочува со сериозни безбедносни предизвици, додека јавноста сè уште е потресена од неодамнешните насилни настани во земјата.

Свет | пред 2 месеци

media-librarymiat10n3515j8RXvOTY

Пукање сред бел ден во Арачиново: куршуми од „пасат“ завршија во ветробран на „голф“

Инцидент со огнено оружје бил пријавен вчера попладне во Арачиново. Како што информираат од полицијата, на 19.01.2026 година околу 20:00 часот во СВР Скопје, О.Ј.(33) од село Черкези, кумановско, пријавил дека околу 17:20 часот, додека се движел низ село Арачиново, од возило во движење „фолксваген пасат“ биле испукани неколку истрели.Притоа, било оштетено ветробранското стакло од патничкото возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал пријавителот. Во инцидентот нема пријавени повредени лица.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за утврдување на идентитетот на сторителите.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryh9fasdj0f0n9bD9hX1y

Ново вознемирувачко видео од пукањето во Минеполис каде е убиена жена од имиграциската служба

Објавена е снимка од мобилен телефон на агентот на Службата за имиграција и царина на САД (ICE), Џонатан Рос, кој во Минеполис ја убил 37-годишната Рене Гуд. Снимката ја направил самиот агент Рос, потврди Министерството за внатрешна безбедност на САД, а ја објавија медиумите Alpha News и CNN.На видеото се гледа како Рене Гуд застанува со својот темноцрвен SUV на улица, а агентот Рос приоѓа кон возилото. Преку прозорецот на автомобилот се гледа како Гуд го гледа агентот и зборува со него. Снимката го прикажува и моментот кога автомобилот се движи наназад и потоа нагло напред, по што следат три истрели. Не е јасно дали SUV-то го допрело агентот, но се слушаат звуци од судир и извици во позадина.Градоначалникот на Минеполис, Џејкоб Фреј, го критикуваше однесувањето на федералните власти и побара вклучување на државни истражители во случајот, истакнувајќи дека жртвата веднаш била прогласена за „домаќински терорист“ од високите федерални функционери.Случајот предизвика и политички реакции. Потпретседателот на САД, Џ.Д. Ванс, ја објави снимката на социјалната мрежа X тврдејќи дека покажува како животот на агентот бил загрозен. Локалните власти ја критикуваат истрагата на федералното истражно биро, кој го презеде случајот и им го оневозможи пристапот на државните истражители до доказите.Градот е загрижен поради можноста за повторување на насилни протести слични на оние од 2020 година, по убиството на Џорџ Флојд, на само километар и половина од местото на трагедијата.

Свет | пред 2 месеци

media-librarycuv8lbqa7nkefbq4mTm

Пукање во Сараево: Од автомобил пукале кон маж, полицијата откри оружје и дрога

Во Сараево синоќа, во полициска акција, беа уапсени двајца мажи, Ф.П. (1998) и А.Х. (2001), поради сомнение дека сториле обид за убиство во населбата Кобиља Глава. Се сомнева дека во ноќта кон недела, во 00:35 часот, од автомобил во движење пукале кон В.Д. од Сараево, кој исто така се наоѓал во возило, но за среќа не се здобил со повреди.Пронајдени оружје и дрогаОперативната акција ја спровеле службениците на Управата на полицијата на МВР на Кантонот Сараево, под надзор на надлежното обвинителство. При претрес на возилото и станбените простории што осомничените ги користат на подрачјето на Стари Град, пронајден е цел арсенал.„Со извршениот претрес на возилото и станбените простории кои осомничените ги користат на подрачјето на Стари Град, полициските службеници пронајдоа и одзедоа една автоматска пушка, еден пиштол, два детонатори, одредена количина муниција, повеќе ПВЦ пакувања во кои имало материи што асоцираат на опојни дроги хероин, кокаин и марихуана, дробилки, дигитална вага и други предмети од интерес за истрагата“, соопштија од МВР на Кантонот Сараево.За што се товарат осомниченитеПоради низа тешки кривични дела, Ф.П. (1998) од Сараево е уапсен поради сомнение за обид за убиство, оштетување на туѓа ствар, недозволено држење оружје и експлозивни материи, како и неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги. Вториот осомничен, А.Х. (2001) од Сараево, се товари за обид за убиство, оштетување на туѓа ствар и кривично дело по член 74 од Законот за набавување, држење и носење оружје и муниција на Кантонот Сараево.„Осомничените се наоѓаат на криминалистичка обработка во Управата на полицијата на МВР на Кантонот Сараево, по што ќе бидат предадени на надлежното Кантонално обвинителство на Кантонот Сараево“, се додава во соопштението.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryie2kqjlsi1ubebLkv8c

Сведок го опиша пукањето на плажата Бонди како „апсолутен колеж“

Сведок на пукањето на плажата Бонди во Сиднеј, со крваво лице и завој околу главата, го опиша инцидентот како „крвопролевање и апсолутен колеж“. Во изјава за австралиската телевизија 9News, тој раскажа дека во моментот на нападот се наоѓал на плажата со своето семејство, каде што се одржувала прослава на Ханука со присуство на стотици луѓе.Според неговите зборови, на настанот имало деца, постари лица и семејства кои мирно ја прославувале вечерта, кога одеднаш настанал целосен хаос.„Децата си играа, а потоа одеднаш се слушнаа истрели. Луѓето паѓаа на земја, сите се криеја – тоа беше целосен хаос“, изјави сведокот, додавајќи дека во првите моменти никој не знаел од каде доаѓа престрелката.Тој, кој побарал да остане анонимен, наведе дека последните 13 години живеел во Израел и дека ги преживеал нападите од 7 октомври 2023 година. Во Австралија пристигнал пред две недели со цел да работи со еврејската заедница во борбата против антисемитизмот.Сведокот изјави и дека за време на нападот видел најмалку еден напаѓач кој пукал „случајно, во сите правци“, додека луѓето околу него паѓале и се обидувале да се засолнат.

Свет | пред 3 месеци

media-library3ggn23nrove70a2CCvA

Пукање во Сарај: кон 28-годишен маж испукани неколку куршуми

На 17 ноември 2025 година, околу 19:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во село Сарај неколку лица испукале повеќе куршуми од огнено оружје кон 28-годишниот А.А. од истото село, но за среќа без повредени лица, информира Министерството за внатрешни работи.За инцидентот бил известен јавен обвинител, а увидна екипа од СВР Скопје извршила увид на местото на настанот. Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сторителите.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarytti8s1tr1gup5bgZbym

Пукање и тепачка на Бит Пазар, повреден е скопјанец со остар предмет

По расправија околу сообраќајна незгода, едно лице е рането со остар предмет а напаѓачот испукал неколку куршуми.-На 26.10.2025 во 17:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија во врска со сообраќајна несреќа, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Б.(21) и друго машко лице кое употребило остар предмет и му нанело повреда. Потоа, лицето се вратило на местото и испукало неколку истрели од огнено оружје, но никој не бил повреден. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-02-25-at-11.18.49

Уапсен скопјанецот кој пукаше во Чаир, бил затекнат со пиштолот

Околу 20 часот синоќа на улицата „Дижонска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 30-годишниот Р.Т. од Скопје.-Околу 19:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Чаир се слуша пукање, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и од слобода е лишен Р.Т., кој бил затекнат со пиштолот.По документирање на случајот, против Р.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава по чл.396 од КЗ.

Скопје | пред 5 месеци

policija-2457

Пукање од возило кон дом во Ѓорче Петров

Маж од Скопје пријавил дека бил испукан огнен оружје кон неговиот дом, но за среќа нема повредени.На 17.10.2025 во 03:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(39) од Скопје пријавил дека околу 02:50 часот, додека бил во неговиот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, слушнал возило како застанало и три истрели од огнено оружје, по што во дневната соба забележал скршено стакло од прозор, оштетување на ѕидот, а на подот пронашол две зрна од огнено оружје. Повредени лица нема, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryacao9b5pmte89Zc9phn

Доктор Шаини по нападот: Немојте да ја политизирате случката, немам политичко непријателство со никого

Доктор Зекерија Шаини, кој беше застрелан вчера во една од фреквентните зони на градот Куманово, е пуштен од болница и сега се наоѓа на домашно лекување.Тој беше хоспитализиран на одделот за Пластична хирургија во клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје.По отпуштањето од болница, Шаини првпат реагираше во врска со настанот, оценувајќи го како обид за убиство и кукавички напад од маскирани лица. Тој побара случајот да не се политизира и да не се поврзува со каков било политички судир, нагласувајќи дека нема непријателство со никого.„Вчера бев нападнат на кукавички начин од маскирани лица. Сакам да ве уверам дека немам непеијателство со никого, ниту пак сум ја допрел нечија чест или семејство – за тоа ми е сведок само Бог. Сме во изборна кампања, но не сакам оваа случка да добие политичка конотација. Немам политичко непријателство со никого. Ги молам органите на редот да го расветлат случајот што е можно побрзо“, изјави Шаини за Алмакос.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryoqfh3b8fio431gjXo4g

ДУИ им порачува на граѓаните да останат смирени: Бараат МВР да ги уапси напаѓачите на Шаини

„Загрижени сме од вооружениот напад врз нашиот кандидат и носител на листа во општина Липково, кој беше застрелан од маскирани лица и повреден. За среќа, неговиот живот е надвор од опасност и тој ја добива потребната медицинска помош“, соопштија од ДУИ за вчерашниот вооружен инцидент во центарот на Куманово.Остро го осудуваат, како што велат, овој варварски чин на насилство и бараат Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство веднаш да реагираат, со целосна транспарентност и решителност, за да ги идентификуваат, уапсат и изведат пред лицето на правдата сторителите на овој напад.-Ги повикуваме сите наши поддржувачи, симпатизери и граѓаните да останат смирени, да не потпаѓаат жртва на провокации и да ја покажат разумноста што отсекогаш го карактеризирала нашето движење. Во солидарност со повреденото лице и за да ја нагласиме сериозноста на настанот, нашата партија одлучува да ги прекине денешните активности, додека институциите преземат конкретни чекори за враќање на јавната доверба и безбедноста на терен, стои во партиското соопштение.Носителот на советничката листа на ДУИ во Општина Липково, Зекирија Шаини беше ранет во оружен инцидент којшто се случи вчера попладнето во центарот на Куманово. Д-р Шаини е надвор од животна опасност, но има прострелни рани на рацете и нозете.ОЈО информираше дека на расчистување на случајот работат двајца обвинители. Се прибираат траги и материјални докази, кои ќе бидат предмет на вештачење. По напаѓачот се трага. Според првичните индиции, според ОЈО не се работи за политички мотиви зад инцидент, но сите околности се проверуваат.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryss1ti5uvnqtndRvfcPR

(Видео) Објавена снимка од пукањето во Куманово – маскирано лице вперува пиштол во автомобилот управуван од докторот кој сега се бори за живот

На социјалните мрежи се појави снимка од безбедносни камери на која се гледа моментот од денешното пукање во Куманово, кога непознато маскирано лице со пиштол пукало кон автомобил „Фолксваген голф“ во движење.На видеото, снимено од надзорна камера поставена на околна зграда, се гледа како вооруженото лице стои покрај улицата, го забележува возилото кое се приближува и вперува пиштол директно кон него, испукувајќи неколку куршуми. По ова бега.Според првичните информации, три куршуми завршиле во шофершајбната на возилото. Возачот, 43-годишен доктор од село Слупчане, општина Липково, е тешко повреден и со итна медицинска помош бил пренесен во кумановската болница.Инцидентот се случи денеска околу 13:54 часот, на крстосницата меѓу улиците „Димитрие Туцовиќ“ и „11 Октомври“ во Куманово.Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека полициски екипи веднаш излегле на терен, обезбедено е местото на настанот и се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на напаѓачот и целосно расчистување на случајот.Од Основното јавно обвинителство Куманово потврдија дека двајца јавни обвинители излегле на лице место и се прибираат траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење.– „Во пукањето е повредено едно лице, а по напаѓачот се трага. Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви, но сите околности се проверуваат“, соопштија од Обвинителството.Случајот предизвика вознемиреност кај жителите на Куманово, особено бидејќи пукањето се случило среде бел ден и на фреквентна локација, во близина на продавници и кафулиња.Полициската истрага е во тек.

Настани | пред 5 месеци

media-library9grujkr347ecf29jwT9

Ранет е д-р Зекирија Шахини, носител на Листата за советници во Општина Липково

Попладнево имало пукање во Куманово.Според неофицијални информации, пуканo е кон д-р Зекирја Шахини од Слупчане, носител на Листата за советници во Општина Липково.Тој бил застрелан со два до три куршуми во близина на зградата на Фондот за пензиско осигурување, по што веднаш е пренесен на Клиниките во Скопје и, според првичните информации, е надвор од животна опасност, ранет е во ногата.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarycoqhqjb31gba4tzRfN7

Пукање во Вишничка Бања: Пет лица ранети во кафе-бар во Белград

Пет лица се ранети во пукање кое се случило нешто по 14 часот во кафе-бар во белградската населба Вишничка Бања.Непознати напаѓачи влегле во локалот „Локал бар“ и отвориле оган врз присутните гости.Досега е познато дека меѓу ранетите се маж на возраст од 59 години и жена од 42 години, соопштуваа од Министерството за внатрешни работи (МУП) на Србија.Денеска околу 14:23 часот во угостителски објект во Вишничка Бања, од страна на засега непознато лице, било употребено огнено оружје, при што се повредени пет лица – три мажи и две жени. Повредените се пренесени и згрижени во Ургентниот центар. Во тек е увид и полицијата интензивно работи на расветлување на случајот, стои во соопштението на МУП.Според првичните, неофицијални информации, повеќе вооружени лица излегле од возило, упаднале во локалот и почнале да пукаат. Сведоци велат дека кафулето во минатото било собиралиште на навивачи, но засега не е познато дали нападот има поврзаност со тоа.Одеднаш слушнав пукање. Прво не знаев што се случува, а потоа видов дека луѓето трчаат на сите страни. Се слушаа истрели од повеќе страни, а на улицата имаше минувачи и луѓе на автобуската постојка. Сите почнаа да бегаат, изјавил еден од очевидците за порталот nova.rsПолицијата е на местото на настанот и врши увид.

Свет | пред 6 месеци

tepacka

Струга: Расправија прераснала во пукање и физички напад – повредени граѓанин и полицаец

Основното јавно обвинителство Струга отвори истрага против 34-годишен жител на селото Велешта, осомничен за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи, предизвикување општа опасност и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.Инцидентот се случил пред три дена )16 септември), кога осомничениот, за време на расправија со тројца жители на Дебар со кои имал претходно нарушени односи, извадил пиштол кој незаконски го поседувал и испукал неколку куршуми кон едно лице, погодувајќи го во долниот дел од нозете. Оштетениот задобил две лесни телесни повреди.По пукањето, осомничениот се обидел да избега со возило. Иако полициски службеник му наредил да застане, тој не ја послушал наредбата и движејќи се наназад го удрил полицаецот, нанесувајќи му телесна повреда.При увидот, во возилото биле пронајдени и нож и метална шипка, поради што ќе се вршат дополнителни проверки за нивната можна употреба во настанот.Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Македонија | пред 6 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-38-8270PM

Тинејџер од Скопје ранет од лице на велосипед што пукало повеќепати

Осумнаесетгодишно момче од Скопје е донесено со прострелни рани во Ургентниот центар. Според пријавата, бил нападнат на ул. „Методија Митевски“ од лице на велосипед.На 15.09.2025 во 01:04 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје е донесен М.И.(18) од Скопје. Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар извршиле разговор со В.И.(28) од Скопје, кој со возило го донел повредениот, при што тој изјавил дека на ул.„Методија Митевски“ едно лице, кое било со велосипед, неколку пати од огнено оружје пукало кон М.И. и го напуштило местото. Увид е извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 месеци

policija-1313

Тројца браќа и нивниот татко од Чаир нападнале полицајци по обид за пукање врз скопјанец

Насилен инцидент и обид за вооружен напад завршил со апсење на четири лица, меѓу кои и малолетник, на подрачјето на скопската општина Чаир. Министерството за внатрешни работи информира дека по претходна физичка пресметка, приведените се спротивставиле и на полициски службеници, напаѓајќи ги при интервенцијата.На 05.08.2025 околу 23:30 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода К.Р.(54), Бе.Р.(24), Б.Р.(24) и 14-годишник, сите од Скопје. Според пријавеното, околу 22.50 часот на подрачјето на Чаир, Бе.Р. и Б.Р. физички го нападнале Б.С. од Скопје, при што Бе.Р. извадил пиштол со намера да пука по што заминале од лице место. Откако биле пронајдени, двајцата со нивниот татко К.Р. и 14-годишниот брат физички ги нападнале полициските службеници, по што сите биле лишени од слобода. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Скопје | пред 7 месеци

mirjana-najcevska

Најчевска против мерката на Тошковски: „Ќе се пука на сите веселби, во комшии, во роднини...“

По најавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за измените во Законот за оружје со кои се укинува обврската за претходно одобрение при набавка на муниција, на социјалните мрежи реагираше професорката Мирјана Најчевска. Таа остро ја критикува одлуката, оценувајќи дека со неа се зголемува ризикот од злоупотреба на оружје и се олеснува пристапот до муниција, особено за лица кои не би требало да располагаат со неа.-Со ова се олеснува пукањто на свадби, крштевки и други прослави, се зголемува достапот на оружје до малолетници, се обезбедува непречено пукање кон комшии, роднини со кои си се скарал, бизнис конкуренти и секако членови на противнички банди.Оваа власт се труди да го направи животот на луѓето максимално сигурен, пишува Најчевска.

Коментари | пред 8 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-43-3810PM

Повреден тинејџер од одбиени куршуми на семејна веселба во Кичево

Шеснаесетгодишно момче од селото Стрелци е повредено откако куршуми испукани од пиштол на семејна веселба се одбиле од подот и го погодиле. Настанот се случил на 22 јули околу 02:30 часот во селото Трапчин Дол, Кичево.Полицијата приведе двајца мажи, Ф.Ф. (36) и Ч.Ф. (52), а повреденото момче било пренесено во Општата болница во Кичево.Се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни пријави.

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања