Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ПУКАЊЕ

Atina-policija

Пукање во кафуле во Атина: Ранети турски државјанин и полицаец

Во едно кафуле во Атина синоќа се случил вооружен инцидент во кој беа повредени две лица, турски државјанин и полицаец, пишува грчкиот весник „Катимерини“, а информацијата ја пренесе и агенцијата „Танјуг“.Според изјави на сведоци, маж кој престојувал во кафулето, турски државјанин, излегол за момент да разговара со некого, но набрзо се вратил во паника, како да е следен. Набргу потоа, непознато лице пукало кон него, при што го погодило во нозете, а во исто време бил ранет и полицаецот кој, според информациите на Катимерини, е сопруг на сопственичката на кафулето. Засега не е прецизирано дали полицаецот бил на должност во моментот на инцидентот.И двајцата повредени се префрлени во болница.Осомничениот напаѓач, кој пеш побегнал од местото на настанот, се верува дека исто така е турски државјанин. Полицијата интензивно трага по него.фото: Unsplash

Свет | пред 8 месеци

batinci

Во пукањето кај Батинци е убиен припадник на АРМ, имал прострелни рани во градниот кош, лекарите не можеле да го спасат

До денешното пукање на влезот во селото Батинци убен е припадник на АРМ.Денеска (11.07.2025) околу 10:15 часот во СВР Скопје , М.Е. пријавил дека на влезот на с.Батинци, скопско, М.Џ. пукал со огнено оружје кон патничко возило „Киа“ кое било во движење. А.М.(50) се здобил со прострелни рани во пределот на градниот кош и бил пренесен во ГОБ„Св Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, каде во 11.00 часот од страна на доктор била констатирана смрт, соопшти МВР.Сè уште не се познати околностите на настанот и причината за раните, додека надлежните органи започнаа истрага. Станува збор за Агим Мухареми од Батинци, припадник на Армијата на Северна Македонија.

Скопје | пред 8 месеци

policija-policaec-35-450x270-1

Пукање врз полиција во Битола – едно лице рането и хоспитализирано под надзор

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола врши увид на локација во битолскиот регион каде, според првични информации, лице по кое трагала полицијата отворило оган врз полициски службеници. Во престрелката, еден од полицајците возвратил, при што осомничениот бил повреден, а потоа приведен и задржан на болничко лекување под надзор.Обвинителството соопшти дека се издаваат наредби и насоки за целосно расчистување на настанот.

Македонија | пред 8 месеци

IMG_4872

(Видео) Уапсен е убиецот кој вчера пукаше во Штип

Уапсен е турскиот државјанин кој вчера извади пиштол и уби друго лице во Штип. За ова извести Обвинителството кои додаваат дека е најден и пиштолот.„Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент е лишено од слобода. Пронајдено е и оружјето. Во текот на денот ќе следи постапка“, велат од Обвинитлството.Детали тука:Снимки тука:

Македонија | пред 10 месеци

IMG_4872

(Видео) Снимка од пукањето во Штип, но и бркањето на пукачот по автопат

Лицето кое пукало и ранило едно лице во кафуле во Штип, по извршениот напад, се дало во бегство. Во меѓувреме, протекоа снимки од надзорните камери од објектот, каде се гледа како во еден момент, лицето пука од пиштол, а останатите гости панично бегаат. Сѐ се случува во неколку секудни. Потоа, лица кои случајно се нашле на местото, пробале да му дадат прва помош на повредениот кој бил во животна опасност.Брзо по пукањето, неколку полициски екипи, со најмалку десетина полицајци тргнале во потера по лицето кое пукаше, кое според неофицијалните информации, е турски државјанин. Неговиот автомобил бил забележан на патарината кај Миладиновци. Полицајците му дале знак да застане, но наместо тоа, тој, ја пробил патарината.„Стој, стој“ се слуша на снимката, покрај уклучените полициски сирени.Според неофицијалните информации, лицето кое пукало и бегало, возело возило марка „БМВ“.

Македонија | пред 10 месеци

klinika-brza-pomos

Повредениот малолетник е во стабилна состојба, вели д-р Срцева од КАРИЛ по пукањето во Волково

Повредениот малолетник од скопско Волково, е во стабилна состојба, соопшти директорката на КАРИЛ, Марија Срцева Јовановски. И тој е повреден од огнено оружје, во пукањето каде едно лице е убиено, а другото се самоубило веднаш по настанот.„Се прават иследувања, состојбата е релативно стабилна и пациентот потоа ќе продолжи со лекување веројатно на Клиниката за пластична хирургија“, одговори Марија Срцева Јовановски на новинарското прашање.Претходно, МВР соопшти детали.

Македонија | пред 1 година

policija-brza-pomos

Пукање во скопско Волково: Едно лице се бори за живот

Пукање имаше утрово во скопско Волково. Според првичните информации до кои дојде „Скопје1“, станува збор за расправија, по која имало пукање. Две лица се повредени, од кои едното е во потешка состојба и се бори за живот.„Од страна на едно лице било пукано од огнено оружје кон соседите, има повредени“, велат од МВР за „Скопје1“, посочувајќи дека станува збор за првичните информации.На лице место има десетици полицајци кои го обезбедуваат местото. Дојдена е и Брза помош.Детали за настанот засега не се познати. Повеќе детали се очекуваат за подоцна.

Скопје | пред 1 година

IMG_6897

Престрелка во Скопје, едно лице застрелано - имало и бркотница низ градот

Престрелка во Скопје, во село Моране се случи попладнево, дознава „Скопје1“. Според првичните информации, едно лице е погодено и е во болница. Повредениот е примен во болницата св. „Наум Охридски“, каде во моментов му се прават испитувања.„Пред пет минути е донесен, со прострелна рана, се прават испитувања“, вели директорот на болницата, д-р Небојша Настов за „Скопје1“, кој засега нема детали за тоа дали лицето е во животна опасност, со оглед дека се прават испитување.Пред или по пукањето, неофицијално, имало бркотница низ Скопје, со две од возилата марка „порше“ и „голф“, додека третото е непознато. Неофицијално, дел од лицата кои се бркале се од Батинци и имале нерасчистени односи од порано.Од МВР со детали:„Денеска во 15.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на влез во с. Моране, скопско било пукано со огнено оружје при што едно лице се здобило со повреди и било пренесено во ГОБ Св. Наум Охридски за укажување помош. Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот“, велат од МВР за „Скопје1“.

Скопје | пред 1 година

germanija-1

Полицијата го уби напаѓачот во Минхен кој утрово пукаше пред нацистичкиот центар за документација

Германската полиција го уби напаѓачот кој утрово отвори оган пред нацистичкиот центар за документација во центарот на Минхен.Како што претходно објави Зидојче цајтунг, истрелите се слушнале пред израелскиот генерален конзулат, кој се наоѓа на неколку метри.Министерот за внатрешни работи на Баварија Јоаким Херман соопшти дека напаѓачот испукал неколку истрели. Дури тогаш полицајците возвратиле и успеале да го спречат.Напаѓачот починал од тешките повреди.Според истражителите, засега нема индиции за други осомничени.Полицијата, како што претходно објави Билд, соопшти дека во тек е голема операција во реонот на улицата Бринер и Каролиненплац. Исто така, во воздух е и еден полициски хеликоптер. Инспекторите ги повикаа граѓаните да ја избегнуваат областа.„Во реонот на Каролиненплац дошло до пукање од полициски сили кон сомнително лице, кое притоа било погодено, соопшти полицијата нешто пред 10 часот.Според информациите на Билд, осомничениот дошол со пушка пред Центарот за документација на нацизмот. Тој наводно пукал во полицискиот чувар пред зградата, а полицајците возвратиле. Во инцидентот учествувале пет полицајци, изјави портпаролот на полицијата.Инцидентот се случи на годишнината од Олимпискиот напад во 1972 година, кога палестинските терористи убија единаесет израелски спортисти во Минхен. Дипломати и вработени во израелскиот конзулат, кој се наоѓа во близина, денеска главно отсуствуваа од нивните канцеларии за да ја одбележат годишнината од нападот. Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека нема повредени вработени во конзулатот.

Свет | пред 1 година

policija-germanija

Пукање пред нацистичкиот центар за документација во Минхен

Неколку истрели биле испукани пред нацистичкиот центар за документација во Минхен денес наутро. Претходно беше објавено дека престрелката се случила пред израелскиот конзулат, кој се наоѓа на само неколку метри.Полицијата соопшти дека во реонот во тек е голема операција, пренесува Билд.Инцидентот се случува на годишнината од нападот на Олимпијадата во 1972 година: во тоа време, палестинските терористи зеле 11 израелски спортисти како заложници во Минхен - и ги убиле.

Свет | пред 1 година

3768ee92-resize-820x0x100

ФБИ уште минатата година предупредувал за момчето кое пукаше во училиштето во Џорџија

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) соопшти дека напаѓачот во смртоносното пукање во средата во училиште во Џорџија, Колт Греј, бил испрашуван од полицијата минатата година за анонимни закани на Интернет, по дојава на ФБИ.Греј (14) во мај 2023 година ѝ негираше на полицијата дека стои зад објавите на Интернет кои содржеле слики од оружје, предупредувајќи за пукање во училиштата.Осомничениот Греј отвори оган во средата во средното училиште Апалачија во градот Виндер, убивајќи двајца наставници и двајца ученици, соопштија истражителите, пренесе Би-би-си.Во соопштението, ФБИ рече дека Националниот центар за операции за закани ги предупредил локалните органи за спроведување на законот во мај 2023 година, откако добил анонимни совети за „онлајн закани за пукање во училиште на неидентификувана локација и време“. Агенцијата соопшти дека во рок од 24 часа истражителите утврдиле дека заканите потекнуваат од Грузија.Замениците на шерифот потоа го интервјуирале Греј и неговиот татко, кои „изјавиле дека имале ловечко оружје во домот, но субјектот немал пристап до нив без надзор“, соопшти ФБИ. Осомничениот, кој тогаш имал 13 години, негираше дека ги упатувал заканите преку Интернет, а официјалните лица „ги алармирале локалните училишта да продолжат да ја следат темата“.„Во тоа време, немаше причина да се изврши апсење или да се преземе било каква дополнителна локална, државна или федерална акција за спроведување на законот“, се додава во соопштението на ФБИ.Во нападот во средата загинаа наставниците Кристина Ирми и Ричард Еспинвол, како и 14-годишните ученици Мејсон Шермерхорн и Кристијан Ангуло, а беа повредени и осум ученици и еден наставник. Греј бил уапсен во училиштето и ќе му се суди како возрасен, а локалната канцеларија на шерифот соопшти дека засега не е познат мотивот или конкретната цел за нападот.

Свет | пред 1 година

svedska

Застрелан ученик во училиште во Шведска

Во училиштето во Трангсунд, јужно од Стокхолм, е застрелан еден ученик, а осомничениот е уапсен, соопшти денеска шведската полиција.Повредениот ученик е свесен и може да зборува, а со возило на брза помош е пренесен во болница.Според информациите на шведскиот портал Афтонбладет, пукањето се случило во училишниот тоалет, а напаѓачот е уапсен под сомнение за обид за убиство.„Ние сме на лице место, во моментов не можам да кажам повеќе од тоа“, изјави портпаролката на полицијата Хелена Бостром Томас. Полицијата во моментов работи на обезбедување докази и сослушување сведоци, пишува шведскиот портал.

Свет | пред 1 година

amerika-policija5

(Видео) Пукање на парадата во Њујорк: Неколку ранети, се уште се трага по осомничениот

Шест лица се ранети во пукање на парадата на Денот на Западна Индија во Бруклин, Њујорк, каде се собрале голем број луѓе.Се уште се трага по осомничениот напаѓач.Во еден момент одекнале истрели, а присутните панично реагирале.Како што пренесува New York Post, познато е дека едно лице е рането во главата, друго во рамото, а едно во зглобот.Засега нема други детали за пукањето. Парадата на Денот на Западна Индија е карневалска прослава што се одржува секоја година во првиот понеделник во септември. Тоа е кулминација на еднонеделната прослава на карипската култура во САД.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Пукање во Приштина: Има убиени и ранети

Едно лице загина, а пет се ранети во престрелката што се случи синоќа во Приштина.Според медиумите, во престрелката учествувале семејствата Секирака и Чапај.Меѓу убиените е и Премтим Гаши од семејството Гаши, познато како Чапај.Еден од петмината повредени наводно е Салих Секирака.Повредените се во тешка состојба и се во болница, јавуваат медиумите.

Свет | пред 1 година

svedska

Драма во Шведска: Едно лице загина во престрелка

Едно лице е убиено во престрелка што се случи во Малме, Шведска.На местото на настанот се испратени повеќе полициски патроли, едно лице е пронајдено на теренот“, соопштија од полицијата.Полицијата го блокирала местото каде што се пукало, јавуваат шведските медиуми.Полицијата соопшти дека добила повик за пукањето, а нешто повеќе од 20 минути подоцна било соопштено дека едно лице загинало.„Лицето починало на лице место“, изјави портпаролката на полицијата Катарина Русин.Престрелката се случила во станбена зона и според полицијата на моменти имало „многу луѓе“ во движење.

Свет | пред 1 година

pukanje-bosna

Се огласи братот на чуварот кој уби три лица во училиштето во Сански Мост: Никому ништо лошо не направил до сега

Братот на чуварот кој вчера изврши тројно убиство во училиштето во Сански Мост изјави дека не знае што точно се случило и дека е во голем шок.Домарот Мехемед Вукалиќ вчера наутро со пиштол дошол во училиштето и ги убил директорот на Гимназијата Нијаз Халиловиќ, секретарката Нисвета Кљуниќ и професорката по англиски јазик Гордана Миџан.Ова е невидена трагедија за Сански Мост.„Да, точно е дека се работи за мојот брат. Не знам ништо за тоа. Појадував на балконот и го слушнав истото што го слушнавте. Јас сум згрозен. Во последно време не се дружиме, не знам што се случи со него. Не знам што се случило на училиште, прашајте ги нив или некој што работел со него. Нормално беше еден од подобрите, беше верник, никому ништо лошо не направил до сега. Не знам што да кажам. Јас сум во голем шок. Знам дека беше уреден, но не знам што се случи“, изјави за 24сата братот на чуварот кој го изврши тројното убиство.По делото што го извршил, Вукалиќ си пукал и во градниот кош, по што итно бил пренесен во Универзитетскиот клинички центар на Република Српска во Бања Лука, каде што бил примен во свесна состојба.

Свет | пред 1 година

pukanje-bosna1

Сторителот на убиството во гимназијата во Босна и Херцеговина бил помошен работник во училиштето, мотивот бил несогласувања со убиените

Во вооружен напад во Мешовитата гимназија во Сански Мост загинаа три лица.Според информациите убиени се директорот на оваа образовна институција Нијаз Халиловиќ, професорката по англиски јазик Гордана Миџан и секретарката на училиштето Нисвета Кљуниќ.Мотивот наводно се одредени несогласувања кои постоеле и претходно бидејќи убиените биле дел од комисијата која го суспендирала М.В., пишува Независне.Сторителот на убиството е помошен работник во училиштето, односно чувар. Откако го извршил убиството се обидел да се самоубие. Во таа прилика си нанел тешки телесни повреди и бил пренесен во Универзитетско-клиничкиот центар на Република Српска во Бања Лука.Според последните информации, здравствената состојба на сторителот на убиството е стабилна.Освен четворицата, не би требало да има други повреди.

Свет | пред 1 година

pukanje-bosna2

Позната состојбата на убиецот кој утрово пукаше во гимназија во Босна и Херцеговина: Има прострелна рана во градниот кош, планирана е операција

Страшното тројно убиство кое утрово се случи во гимназијата во Сански Мост ја шокираше цела Босна и Херцеговина и регионот, а полицијата ги истражува сите околности кои довеле до ова злосторство.Лицето што пукаше и кое по пукањето, при што беа убиени три лица, е пренесено во болница во има прострелна рана во градниот кош и се планира операција, рекоа на Срна во оваа здравствена установа.Според информации на Сански Мост, убиецот е чувар во училиштето М.В, а според првите информации од истрагата, убиецот имал одредени нерасчистени работни и правни односи со институцијата каде што работел, а наводно претходно разговарал со управата на училиштето за неговиот работен статус, односно дисциплинска постапка која според првите сознанија била спроведена против него.Полицијата ќе ги соопшти целосните мотиви на ова страшно злосторство по завршување на истрагата.Ги убил директорот на Гимназијата во Средниот училишен центар Н.Х., професорката по англиски јазик Г.М. и секретарот на училиштето Н.К.На местото на злосторството во моментов се наоѓаат голем број полициски службеници каде се спроведува истрагата.Убиецот се обидел да се самоубие и бил пренесен во Универзитетскиот клинички центар во Бања Лука, а според медиумите неговиот живот не е во животна опасност.

Свет | пред 1 година

pukanje-bosna

Вработен во гимназијата во Сански Мост пукал со автомаска пушка: Убиени се директорот, секретарката и една професорка

Три лица загинаа, а едно е тешко повредено во престрелката што утрово се случи во Гимназијата во Сански Мост.„Пукањето се случило во 10:15 часот. Мажот Н.Н. со автоматско огнено оружје уби тројца вработени во училиштето. После тоа најверојатно се обидел да се пресуди и се здобил со тешки повреди, полицијата е на терен“, изјави портпаролот на МУП на Унско-санскиот кантон.Вработениот влегол во гимназијата вооружен со автоматска пушка и почнал на пука.Вооружен вработен го убил директорот Нијаз Халиловиќ, професорката по англиски јазик Гордана Миџан и секретарката на училиштето Нисвета Кљуниќ.Телата на убиените се пренесени во Здравствениот дом Сански Мост, полицијата е на местото на злосторството. Убиецот неофицијално е вработен во училиштето М.В.

Свет | пред 1 година

Policija-bosna

Пукање во гимназија во Босна и Херцеговина: Има мртви и ранети

Три лица загинаа, а едно е тешко повредено во престрелката што утрово се случи во Гимназијата во Сански Мост, во БиХ.Оваа информација ја потврди Аднан Бегановиќ, портпарол на МУП на УСК.„Засега можам да потврдам дека во Гимназијата било употребено огнено оружје, а три лица загинале, а едно е тешко повредено. Сите други детали ќе бидат познати по истрагата“, изјави Бегановиќ.

Свет | пред 1 година

saraevo

Пукање во Сараево: Полицијата трага по сторителот

МУП на кантонот Сараево денеска соопшти дека трага по лице обвинето за обид за убиство на Пакистанците С.А. (34).Пакистанец е ранет синоќа во сараевската колонија Соколовиќ и му е укажана помош во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево.Полицијата добила дојава за пукање во кое околу 22:00 часот е повредено едно лице.За настанот бил информиран дежурниот обвинител.

Свет | пред 1 година

atina-ubistvo

(Видео) Масакр во Бразил: Изнеле 9 лица од кафуле, па ги застрелале

Маскирани напаѓачи убија седум млади луѓе на сред плоштад во град во североисточниот дел на Бразил.Локалниот телевизиски канал Verdes Mares емитуваше снимка на која се гледаат џелатите водат девет млади на плоштадот Кловис Бевилакуа во градот Викоза до Сеар со рацете на главите и наредени еден до друг.Две лица ги преживеале рафалите и биле префрлени во општинската болница Викоза.Жртвите биле гости на блиската кафеана кога напаѓачите дошле со неколку возила во четвртокот околу 3 часот по полноќ. Мотивот за масакрот засега не е јасен, додека Вердес Марез наведува дека еден од убиените носел нано кеса.Жртвите биле на возраст меѓу 16 и 29 години.Викоза до Сеара е град со околу 60.000 жители кој се наоѓа на 350 километри од главниот град Форталеза. Сеара е една од најсиромашните и најнасилните држави во Бразил со стапка на убиства од 35 на 100.000 жители.

Свет | пред 1 година

bomba

Позната состојбата на ранетите во експлозијата на бомба во Цетиње

Две лица загинаа, а шест се ранети во бомбашкиот напад што утрово се случи во Цетиње. Од болницата во Цетиње соопштија дека едно повредено лице се бори за живот, додека другите се живи„Во експлозија на автомобил-бомба утринава во Цетиње пред Спортскиот центар повредени се шест лица, од кои тројца се донесени на операција“, изјави докторот на болницата Данило Први, Предраг Милошевиќ.Тој во говорот пред болницата во Цетиње рече дека силината на експлозијата ја потресе целата здравствена установа.Како што истакнува, се обиделе да го реанимираат пациентот Драган Рогановиќ, кој во болница пристигнал без знаци на живот, со висок степен на крварење.Се обидовме да го вратиме во живот, но не успеавме“, изјави Милошевиќ.Зборувајќи за состојбата на другите двајца пациенти, еден од повредените е млад човек Борозан, на кого од експлозијата му биле повредени вратот, нозете и стомакот, но успеале да го спречат крварењето.Мислам дека го испративме во Подгорица во стабилна состојба“, изјави Милошевиќ.Според него, вториот пациент е баба на околу шеесет години, која случајно се нашла таму, погодена во главата и рамената.„Крварењето е запрено. Ја испративме во Подгорица, на преглед на главата, да видиме дека нема крварење под черепот“, изјави Милошевиќ.За потсетување, две лица загинаа, а три се повредени при активирање на експлозивна направа утрово во Цетиње во близина на Спортскиот центар.Како што претходно неофицијално потврдија од полициската управа, Петар Калуѓеровиќ загинал кога во 09:10 часот била активирана експлозивна направа, додека Драган Рогановиќ на пат кон болница им подлегнал на повредите.„Полициските службеници веднаш откако дознале за настанот излегле на обезбедениот терен. Со цел да се утврдат сите околности и факти и да се расветли овој настан, службеници на Полициската управа во координација со Вишото државно обвинителство во Подгорица преземаат интензивни истражни мерки и дејствија за чиј тек и исход ќе бидат известени. навремено до јавноста“, се вели во соопштението.Според информации, тоа е продолжение на судирот меѓу клановите. Убиените се евидентирани во безбедносните служби како членови на кланот Скалјар, пишува Побједа.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Седум лица се ранети во пукање во Филаделфија во САД: Меѓу ранетите има тројца тинејџери

Седум лица се ранети во пукотница во Филаделфија во американската сојузна држава Пенсилванија и се во стабилна состојба, соопшти полицијата.Полицијата соопшти дека пукањето се случило во средата вечерта и дека меѓу ранетите има тројца тинејџери на возраст од 16, 18 и 19 години.На местото на настанот не е пронајдено оружје и засега нема уапсени, информираат од полицијата.Истрагата за пукањето е во тек, пренесе АП.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Три лица се повредени во пукање во ресторан во Атланта, полицаец го застрелал напаѓачот

Три лица се ранети во пукање во ресторан во трговски центар во центарот на градот Атланта, главниот град на американската држава Џорџија, кога биле застрелани од вооружен маж кој потоа бил застрелан од полицаец, соопшти полицијата.Полицијата соопшти дека пукањето се случило во вторникот и дека четворицата ранети, меѓу кои и напаѓачот, не се во животна опасност, пренесе АП.Осомничениот вооружен напаѓач, 34-годишен маж од Мороу, јужно од Атланта, најпрвин имал кратка расправија со едно од лицата во кои пукал со пиштол, а потоа ранил уште две лица.Не е познато дали напаѓачот ги познавал луѓето во кои пукал.Полицаец од Атланта кој не бил на должност, кој работел на обезбедувањето во ресторанот го застрелал напаѓачот.Осомничениот бил повеќепати апсен и претходно и одлежал затвор за вооружен грабеж, а поради тоа претходно му било забрането да носи оружје, соопшти полицијата.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања