Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

НСДП: Не прифаќаме историските прашања да влезат во преговарачката рамка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
IO1

НСДП на првиот одржан состанок на Извршниот одбор дискутираше за актуелната политичка состојба во државата, со посебно внимание за билатералниот спор со соседна Република Бугарија и јасно ги утврди ставовите на партијата во врска со билатералниот спор.

„За НСДП спорот со Република Бугарија може да се реши ако се почитуваат Договорот за пријателство, добрососедство, и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија потпишан на 1 август 2017 година и Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на бликадите на европските интеграции донесена на 29 јули 2021 година од Собранието на Република Северна Македонија.

— реклама —

Република Северна Македонија неправедно чека почеток на преговорите со Европската Унија и покрај одлуката на Европскиот совет во март 2020 година за безусловен старт на преговорите со нашата држава.

НСДП ги почитува напорите на француското претседателство за изнаоѓање решение за решавање на спорот, но францускиот предлог за решавање на спорот за НСДП е неприфатлив.

— реклама —

За НСДП единствено е прифатлива преговарачка рамка со јасна и чиста формулација за македонскиот јазик и јасна заштита на македонскиот идентитет, во слгласност со Декларацијата која ја донесе македонското собрание.

Не прифаќаме историските прашања да влезат во преговарачката рамка. За историјата сметаме дека треба да разговараат историчарите без политички притисоци.

Бараме дополнителни гаранции од Република Бугарија и Европската Унија дека нема да се испорачаат  нови барања, надвор од преговарачката рамка.

Исто така сметаме дека последниот Самит на Европската Унија за Западен Балкан претставува сериозен удар врз кредибилитетот на Европската Унија.

Неодржувањето на меѓувладината конференција Европска унија со Република Северна Македонија предизвикува дополнително намалување на подршката за процесот на интеграција во унијата кај граѓаните на Северна Македонија“, велат од НСДП

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybd6bmdtu70ns2WTH6zO

Полицијата со едукативни акции против насилство на спортски натпревари

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarydtsn33v95grbeFOmGQz

Мицкоски: Прва европска држава сме со вакво ниво на дијалог со САД

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryvouv9thcrv0q1KAQISu

Македонија поразена од Данска, ги загубивме шансите за пласман на Светското првенство

Спорт | пред 3 седмици

media-library17cmrulfmv80flLPSNQ

Уапсен Македонецот кој усмрти пешак во Србија и избега

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања