Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Обид за убиство во Кичево: двајца осомничени во 30-дневен притвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
policija-2457

Полициските службеници од Министерство за внатрешни работи, преку ОВР Кичево, поднесоа кривична пријава против Ј.Д. (37) и А.А. (46), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „обид за убиство“, казниво по член 123 од Кривичниот законик.

— реклама —

По поднесената пријава, осомничените биле спроведени во Казнено-поправна установа Затвор-Битола, откако судија на претходна постапка им определил мерка притвор во траење од 30 дена.

— реклама —

Според информациите од полицијата, на 4 јануари 2026 година околу 14:45 часот, пријавените биле лишени од слобода откако претходно, на земјен пат кај месноста „Сеферов бунар“, во близина на Кичево, со нож го нападнале Б.А. (39) од Кичево, по што побегнале од местото на настанот.

— реклама —

Повредениот бил пренесен во Општата болница во Кичево, каде му била укажана лекарска помош, а поради сериозноста на здобиените повреди бил префрлен на понатамошно лекување во Градска општа болница 8 Септември во Скопје.

Во рамки на истрагата, а по претходно обезбедена судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција извршиле претреси во домовите на осомничените, при што биле пронајдени ножеви кои се одземени и ќе бидат предмет на натамошна постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени 16 возачи, 12 од нив возеле без возачка

Македонија | пред 4 часа

puska

Вработени во ловечко друштво давале дозволи за лов на ловишта иако немале договор за концесија - поднесена кривична пријава

Македонија | пред 5 часа

puska

Бегал од полиција и од возилото фрлил ловечка пушка - полицијата ја пронајде и одзема

Македонија | пред 5 часа

petardi

Пред кафеана, на импровизирана тезга продавал пиротехника

Македонија | пред 5 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања