Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Објавено обвинение против Мадуро и неговото семејство: „Испратил илјадници тони кокаин во САД“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryfi9ck3q6mna1avIKWBh

Американското Министерство за правда објави нова, опсежна оптужница против претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, а сега обвинети се и неговата сопруга Силија Флорес и синот Николас Мадуро Герра. Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека Мадуро е на пат кон Њујорк, каде ќе се соочи со тешки обвиненија за „нарко-тероризам“.

— реклама —

Според оптужницата, Мадуро и неговите сојузници го претвориле врвот на државата во жариште на корупција која се движи од трговија со дрога, користејќи ги институциите за лична корист. Американското правосудство тврди дека венецуелските власти со децении биле вклучени во масовен шверц на кокаин, што „ги полни џебовите на државните службеници и нивните семејства, додека истовремено помага на насилни нарко-терористи да дејствуваат без казна и да учествуваат во производство, заштита и транспорт на тони кокаин кон САД“.

— реклама —

Оптужницата ја опишува улогата на Мадуро како главен организатор на системот, кој од почетокот на својата политичка кариера, прво како пратеник, потоа како министер за надворешни работи и на крај како претседател, овозможувал транспорт на дрога под заштита на државата, издавал дипломатски пасоши на нарко-дилери и овозможувал непречен проток на авиони и бродови со дрога.

— реклама —

Според американските власти, Венецуела години наназад била клучна точка за трговија со кокаин, со годишен проток од 200 до 250 тони. Дрогата се пренесувала кон САД преку морски рути низ Карибите и воздушен пат од тајни и официјални аеродроми под контрола на корумпирани државни и воени службеници.

Оптужницата посочува дека режимот на Мадуро соработувал со низа нарко-терористички групи, вклучувајќи колумбиски герилски единици FARC и ELN, мексикански картели како Синалоа и Зетас, како и венецуелската криминална мрежа Tren de Aragua. Во замена за финансиска, оружена и политичка поддршка, овие групи имале слобода на дејствување на територијата на Венецуела.

Неговата сопруга Силија Флорес се товари дека примала мито и учествувала во организирањето на шверцот, додека синот Николас Мадуро Герра бил директно вклучен во испраќање пошиљки кокаин, вклучувајќи планови за транспорт во Њујорк и Мајами. Американското правосудство ги товари за нарко-тероризам, заговор за увоз на кокаин во САД и поседување тешко оружје, вклучувајќи автоматски пушки и експлозивни направи. Во оптужницата се бара и заплена на имотот стекнат преку трговија со дрога и оружје.

САД веќе не го признаваат Мадуро како легитимен претседател на Венецуела, а оваа оптужница ја продлабочува меѓународната изолација на неговиот режим. Американските власти најавуваат дека ќе продолжат со прогон на сите одговорни, без разлика на нивната политичка позиција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library74la3l8bli74dd4xMKJ

Млад Американец загина во Либан откако се приклучи на израелската војска

Свет | пред 22 часа

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.26

(Видео) Инцидент на аеродром во САД: Дрон го прекина сообраќајот во Палм Бич додека полетуваше авионот на Трамп

Свет | пред 1 ден

media-libraryfii3gflg0hd06a4wz4j

Невина жена пет месеци во затвор поради грешка на вештачка интелигенција

Свет | пред 1 ден

media-libraryrc64hvf23c6je3TUFe9

Една третина Американци веруваат дека ќе го доживеат крајот на светот

Магазин | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања