Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВЕНЕЦУЕЛА

media-librarynca45dqdtpkac3lL3hn

Нов хаос во Венецуела: Киднапиран лидерот на опозицијата

Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гванипа, поранешен пратеник во Националното собрание на Венецуела, е киднапиран во Каракас околу полноќ по локално време, само неколку часа откако бил пуштен од затвор, соопшти опозициската лидерка Марија Корина Мачадо.„Хуан Пабло Гванипа е киднапиран пред само неколку минути во квартот Лос Чорос во Каракас. Тешко вооружени лица, во цивилна облека, пристигнале со четири возила и со сила го одвеле. Бараме негово итно ослободување“, напиша Мачадо на социјалната мрежа Икс рано утрово.Рамон Гванипа, син на киднапираниот опозиционер, потврди дека неговиот татко е киднапиран и наведе дека го однеле десет неидентификувани лица. Партијата на Гванипа „Примеро Хустиција“ ја осуди киднапирањето на својот лидер, како што тврди, „од страна на репресивните сили на диктатурата“, пренесува БФМ.Неколку часа претходно, Гванипа (61) бил пуштен од затвор, во пресрет на најавеното гласање за историски закон за амнестија во Венецуела.Тој синоќа соопшти дека е ослободен по повеќе од осум месеци поминати во затвор.„Денеска сме пуштени на слобода. Има многу што да се разговара за сегашноста и иднината на Венецуела, секогаш со вистината во прв план“, изјави Гванипа синоќа во видеоснимка објавена на социјалната мрежа Икс, пренесе Ројтерс.Гванипа беше уапсен кон крајот на мај минатата година, а министерот за внатрешни работи Диосдадо Кабељо го обвини за учество во наводна „терористичка група“ која планирала бојкот на законодавните избори тој месец, потсетува агенцијата.Ослободувањето на Хуан Пабло Гванипа се случи во време на зголемен притисок врз владата на вршителката на должноста претседател Делси Родригез да ги ослободи сите лица чии притворања пред неколку месеци или години нивните семејства и невладини организации ги поврзуваа со нивните политички убедувања. Родригез положи заклетва како вршител на должноста претседател на Венецуела откако американската војска на почетокот на јануари го зароби и одведе тогашниот претседател Николас Мадуро.

Свет | пред 1 месец

nafta

Индија ќе купува нафта од Венецуела, Трамп вели: Договорот е веќе постигнат

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Индија ќе купува нафта од Венецуела наместо од Иран, наведувајќи дека веќе е постигнат „концепт на договор“.Ројтерс претходно објави дека САД соопштиле дека Индија наскоро би можела да продолжи со купување венецуеланска нафта за да се намали зависноста од руската нафта, повикувајќи се на извори запознаени со прашањето.Индија порано беше главен купувач на руска нафта по воведувањето на западните санкции по руската инвазија на Украина во 2022 година, додека увозот на иранска нафта беше ограничен поради американските санкции.Трамп во август минатата година ја удвои царината за индискиот увоз на 50 отсто за да го притисне Њу Делхи да престане со купување руска нафта.Порано овој месец предупреди дека царината повторно би можела да се зголеми доколку Индија не ги ограничи своите купувања.Меѓутоа, министерот за финансии на САД, Скот Бесент, во јануари сигнализираше дека дополнителната царина од 25 отсто би можела да се укине поради намалувањето на индискиот увоз на руска нафта.Американската администрација во март 2025 година воведе царина од 25 отсто за земјите кои купуваат венецуелска нафта, а минатата година се Трамп закани дека истата мерка ќе ја воведе и за Индија.Меѓутоа, САД оваа недела ги ублажија некои санкции за венецуелската нафтена индустрија за да им олеснат на американските компании продажба на сурова нафта.Трамп исто така изјави дека Кина би можела да постигне договор со САД за купување венецуелска нафта, нагласувајќи дека таков договор би бил „голем“, но не даде детали.

Свет | пред 1 месец

media-libraryub33bq4rtoa22tYMlPX

Америка го подготвува теренот за влез на нафтените компании во Венецуела

Американски претставници работат на брзо издавање општа дозвола со која би се укинале дел од санкциите врз енергетскиот сектор на Венецуела, што укажува на промена на досегашната практика на поединечни изземања. Соединетите Американски Држави со месеци го блокираа извозот на венецуелска нафта, распоредувајќи воени бродови во Карипскиот регион. На почетокот на јануари американските сили го приведоа венецуелскиот претседател Николас Мадуро, наведувајќи дека треба да биде изведен пред американски суд по обвиненија за, како што соопштија, „наркотероризам“.По настаните, претседателската должност привремено ја презеде заменичката на Мадуро, Делси Родригез, а Вашингтон соопшти дека со Каракас постигнал договор за испорака на нафта вреден две милијарди долари. Американските власти ги повикаа компаниите да инвестираат во Венецуела, со процени дека вкупниот обем на вложувања во следната деценија би можел да достигне 100 милијарди долари.Во меѓувреме, дозволи добија трговските куќи „Витол“ и „Трафигура“, а во изминатите недели бројни партнери и купувачи на државната нафтена компанија ПДВСА поднесоа барања за проширување на производството и извозот. Меѓу нив се „Шеврон“, „Репсол“ и „ЕНИ“, индиската рафинерија „Релајанс Индастрис“, како и група американски услужни компании. Според два извора, големиот број поединечни барања упатени до американската влада ја забавил реализацијата на плановите за проширување на извозот и за брзи инвестиции во земјата.Американското Министерство за финансии, Белата куќа и венецуелското Министерство за нафта не одговорија веднаш на барањето за коментар. Канцеларијата за контрола на странски средства при Министерството за финансии ги воведе санкциите врз целата венецуелска енергетска индустрија уште во 2019 година, по претседателските избори на кои Мадуро освои нов мандат, а Белата куќа тогаш тврдеше дека изборниот процес не бил легитимен.Санкцискиот режим се менуваше во изминатите седум години, во зависност од составот на американската администрација, преку низа уредби и дозволи со кои одредени производители и купувачи добиваа изземања. Раководители на нафтени компании оценуваат дека се потребни повеќе дозволи за да се забрза извозот и да се поттикне производството на полињата каде што опремата е достапна, како и да се зајакнат активностите за преработка. Тие укажуваат и на нужноста од обемни вложувања во поправка на застарената инфраструктура, особено поради нестабилното снабдување со електрична енергија.

Свет | пред 2 месеци

media-librarydua1l5424t1odRgRTvo

Родригез: Доста е диктат од Вашингтон врз венецуеланската политика

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, изјави дека венецуеланската политика не смее да се подвргнува на диктати од Вашингтон.„Доста е диктат од Вашингтон! Доста е странски влијанија врз венецуеланската политика“, рече Родригез за време на средба со повеќе од две илјади работници во рафинеријата Пуерто Ла Круз. Таа нагласи дека приоритет на владата е одбраната на домот и националниот суверенитет.„Ќе се соочиме со нив директно. Со владата на Соединетите Американски Држави ќе ги решиме нашите разлики, нашите историски контроверзии, преку боливарската дипломатија. Ќе влеземе во дипломатска битка лице во лице и рековме – не се плашиме!“, додаде привремената претседателка.Родригез истакна дека Венецуела е подготвена за дијалог во рамките на меѓусебно почитување, но дека „оние кои бараат штета и зло треба целосно да бидат одбиени и исклучени од националниот живот на земјата“. Таа додаде дека оние кои повикувале на блокади, инвазии и бомбардирања на венецуелската територија против нејзиниот територијален интегритет, „не заслужуваат признание од народот на Венецуела“.

Свет | пред 2 месеци

Нема фотографија

Трамп тврди дека во Венецуела било употребено тајно оружје „дискомбобулатор“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за таблоидот „Њујорк пост“ дека ново тајно оружје, наречено „дискомбобулатор“, одиграло пресудна улога во американската операција во која бил заробен венецуелскиот претседател Николас Мадуро.Според тврдењата на Трамп, мистериозното оружје ја онеспособило целата „непријателска опрема“ во моментот кога американските хеликоптери на 3 јануари слетале во Каракас за да го приведат Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес, поради сојузни обвиненија за трговија со дрога и оружје. Тој навел дека венецуелските сили располагале со руски и кинески ракети, но не успеале да испалат ниту една, бидејќи системите престанале да функционираат.Трамп го спомена оружјето коментирајќи ги медиумските извештаи дека администрацијата на Џо Бајден купила уред поврзан со серија мистериозни здравствени нарушувања, познати како Хавански синдром. За самото оружје, како што рече, не смеел да зборува во детали.Во меѓувреме, од Венецуела пристигнаа сведоштва според кои припадници на обезбедувањето на Мадуро биле неспособни за отпор, со симптоми како крварење од нос и повраќање крв. Еден член на безбедносниот тим изјавил дека одеднаш престанале да работат сите радарски системи, по што над нивните позиции се појавиле бројни дронови и хеликоптери со американски војници.Според неговото сведоштво, кон обезбедувањето бил насочен уред што создавал силен, насочен бран, кој го опишал како чувство дека главата „пука одвнатре“. По дејството, тие паднале на земја, неспособни да се движат.Експертите наведуваат дека звучните оружја користат моќни бранови за онеспособување на противникот, предизвикувајќи главоболки, нарушувања на рамнотежата, дезориентација и можно трајно оштетување на слухот.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryihaq269kfcdkbbaN0WI

„Венецуела ќе соработува со САД, Русија и Кина без туѓа диктатура“, прача Делси Родригез

Венецуела има суверено право да гради односи со сите држави во светот, вклучувајќи ги Соединетите Американски Држави, Русија и Кина, порача привремената претседателка Делси Родригез во годишното обраќање до нацијата.Таа нагласи дека надворешната политика на Каракас ќе се темели на заемно почитување и на принципите на меѓународното право, без прифаќање ограничувања што произлегуваат од внатрешните политички интереси на други земји.„Венецуела не прифаќа условувања кога станува збор за нејзините дипломатски и економски односи. Нашата соработка мора да се заснова на достоинство, независност и еднаквост“, изјави Родригез.Претседателката посочи дека енергетската и дипломатската соработка со Кина, Русија, Куба и Иран останува приоритет, но дека вратата е отворена и за конструктивни односи со Соединетите Држави.Родригез порача дека земјата ќе продолжи да бара партнерства со сите народи, без оглед на геополитичките разлики, и дека интересите на Венецуела ќе бидат водечки критериум во секоја идна соработка.

Свет | пред 2 месеци

media-library3k31prn2nm477Q4z21h

(Видео) Посмртните останки на телохранителите на Мадуро пристигнаа на Куба

Кубанската државна телевизија вчера наутро во живо го пренесуваше враќањето на посмртните останки на 32 кубански државјани кои загинаа во американските напади врз Венецуела за време на операцијата изведена во раните утрински часови на 3 јануари, чија цел беше заробување на соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро.Останките пристигнаа во кутии помали од ковчези, прекриени со кубанското знаме. Со години Куба испраќа илјадници свои граѓани во Венецуела, а за возврат добиваше испораки на нафта. Меѓу испратените Кубанци има наставници и лекари, но и разузнавачки агенти и припадници на обезбедувањето.Кубанскиот претседател изјави дека луѓето не стануваат големи поради материјалното богатство.Њујорк тајмс во декември објави дека, соочен со растечки американски воен притисок, Мадуро ја проширил улогата на кубанските телохранители во сопственото обезбедување и распоредил дополнителни кубански контраразузнавачи во венецуелските вооружени сили.Посмртните останки на меѓународниот аеродром во Хавана ги пречекаа кубанскиот претседател Мигел Дијас-Канел, министерот за внатрешни работи Ласаро Алберто Алварес Касас и други високи функционери на Комунистичката партија на Куба.„Непријателот еуфорично зборува за високопрецизни операции, за елитни сили, за надмоќ. Ние, од друга страна, зборуваме за семејства кои изгубија татко, син, сопруг, брат. Луѓето не стануваат големи поради материјалното богатство, туку поради способноста да го зачуваат споменот на своите херои“, изјави Алварес на аеродромот.Трамп: Венецуела повеќе не треба заштита од насилници и уценувачиСоборувањето на Мадуро претставува тежок удар за Куба, која во голема мера се потпираше на венецуелската нафта за одржување на економијата. Испораките на нафта од Венецуела практично престанаа. Економистите оценуваат дека кубанската економија е во слободен пад откако американската влада го прекина дотокот на венецуелска нафта.Во неделата американскиот претседател Доналд Трамп во објава на социјалните мрежи порача дека „повеќе нема да има ниту нафта ниту пари“ кои од Венецуела одат кон Куба. „Венецуела повеќе не треба заштита од насилници и уценувачи кои со години ја држеа како заложник. Венецуела сега ги има Соединетите Американски Држави, најмоќната војска во светот, да ја штитат – и ние ќе ја штитиме“, најави Трамп.Губењето на венецуелската нафта би било катастрофално за Куба, смета Хорхе Пињон, поранешен нафтен менаџер во Мексико и експерт за енергетика на Универзитетот во Тексас во Остин. Тој наведува дека Венецуела ѝ обезбедувала на Куба приближно една третина од нејзините дневни потреби за гориво.

Свет | пред 2 месеци

873x400-1-16

Почна финансиската експлоатација на венецуелските нафтени резерви: САД реализирале продажба вредна околу 500 милиони долари

Само неколку недели по драматичната промена на власта во Каракас, првите количини венецуелска сурова нафта веќе завршија на меѓународниот пазар. Според потврда од висок претставник на администрацијата, САД реализирале продажба вредна околу 500 милиони долари, со што практично започна финансиската експлоатација на венецуелските нафтени резерви, објави CNN.Од Вашингтон најавуваат дека ова е само почеток и дека во наредните денови и недели ќе следуваат нови трансакции, додека се расчистуваат логистичките и правните детали околу пласманот на нафтата.Овој развој доаѓа откако американските сили на почетокот на месецот извршија воена акција во Венецуела и го уапсија претседателот Николас Мадуро. Американскиот претседател Доналд Трамп веќе јавно порача дека САД имаат намера да ги стават под контрола и во функција најголемите докажани нафтени резерви во светот.Големи бројки, мал ентузијазамИако Трамп најави дека приватниот сектор ќе инвестира најмалку 100 милијарди долари во обнова на венецуелската енергетска инфраструктура, ваквите проекции засега остануваат без цврста поддршка од индустријата. На состанок во Белата куќа, раководители на водечки американски енергетски компании отворено ја довеле во прашање исплатливоста на таквите вложувања.Извршниот директор на ЕксонМобил, Дарен Вудс, предупредил дека Венецуела моментално нема стабилни правни и комерцијални рамки што би овозможиле сигурен поврат на инвестициите. Слични резерви изразиле и други директори, наведувајќи дека долготрајната институционална криза претставува сериозен ризик.По средбата, според извори блиски до разговорите, администрацијата не добила конкретни обврски за милијардски вложувања.Нафта со попуст за побрз пласманДеталите околу првата продажба, реализирана во средата, не се целосно објавени. Белата куќа соопшти дека се водат „интензивни и конструктивни разговори“ со компании подготвени да учествуваат во обновата на нафтениот сектор.Во исто време, Ројтерс објави дека венецуелската сурова нафта се нуди на трговците по пониски цени од конкурентните сорти на пазарот, вклучително и нафтата од Канада, што укажува на обид за брзо обезбедување приходи и ликвидност.Првата продажба од 500 милиони долари испраќа јасен сигнал: Вашингтон не чека долгорочни договори и стабилизација, туку веќе почна да ја претвора венецуелската нафта во готовина — додека политичките и економските последици допрва ќе се пресметуваат.

Свет | пред 2 месеци

nafta

Сомерс: Американските нафтени компании побрзо би влегле во Иран, отколку во нестабилната Венецуела

Американската нафтена индустрија прави јасна разлика меѓу Иран и Венецуела кога станува збор за можни идни инвестиции по евентуални политички промени. Според проценките на водечки претставници од секторот, Иран има далеку поголем потенцијал за брзо рестартирање на производството отколку Венецуела, каде што состојбата се смета за долгорочно ризична.Американските нафтени компании би реагирале многу побрзо во Иран отколку во Венецуела доколку дојде до политички пресврти, смета Мајк Сомерс, извршен директор на Американски институт за нафта.Според Сомерс, иранскиот енергетски сектор, и покрај долгогодишните санкции, останал во функција и не доживеал институционален распад. Тоа, како што вели, ѝ дава на индустријата реална можност за брзо зголемување на производството доколку се отворат политички и регулаторни услови.Тој нагласува дека ситуацијата во Венецуела е суштински поинаква. Освен безбедносните ризици, клучен проблем се слабите институции, правната несигурност и долгогодишното запоставување на нафтената инфраструктура, што значително го обесхрабрува странскиот капитал.Сомерс дополнително истакнува дека американската нафтена индустрија не поддржува сценарија во кои државата би имала сопственички удели во компании што би инвестирале во Венецуела, оценувајќи дека таквиот пристап би создал дополнителни ризици наместо стабилност.Неговите ставови беа изнесени во Вашингтон, во контекст на дискусиите за иднината на глобалното снабдување со енергија и можните последици од политичките турбуленции во земјите производители на нафта.

Свет | пред 2 месеци

677z381_tramp-donald

Трамп: „Планиравме втор бран напади врз Венецуела, го откажав“!

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го откажал претходно најавениот втор бран напади врз Венецуела, поради соработката со оваа јужноамериканска земја.Трамп рече дека Соединетите Американски Држави и Венецуела добро соработуваат, додавајќи дека „големи нафтени компании“ ќе инвестираат најмалку 100 милијарди долари во Венецуела. Сепак, тој нагласи дека сите танкери за нафта ќе „останат на своите позиции од безбедносни причини“.Претседателот изјави дека Венецуела ослободува голем број политички затвореници како знак на „барање мир“. „Ова е многу важен и мудар гест. САД и Венецуела добро соработуваат, особено кога станува збор за обнова, во многу поголема, подобра и помодерна форма, на нивната нафтена и гасна инфраструктура“, напиша Трамп на платформата Трут Соушал.„Поради оваа соработка го откажав претходно очекуваниот втор бран напади, кој очигледно нема да биде потребен, но сите бродови ќе останат на своите места од безбедносни причини“, се додава во неговата објава.Промена на ставот кон венецуелската опозицијаКоментарите на Трамп доаѓаат неколку часа откако во интервју за Фокс Њус навести дека венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо следната недела ќе дојде во Вашингтон, иако претходно ја отфрли идејата за соработка со неа, велејќи дека „нема поддршка ниту почит во Венецуела“.Сепак, републиканскиот претседател во средата изјави за „Њујорк тајмс“ дека САД „многу добро се согласуваат“ со венецуелската влада, која ја предводи вршителката на должноста, привремена претседателка Делси Родригез.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryihaq269kfcdkbbaN0WI

Од жесток противник до договор без проблеми: Родригез прифати нафтен аранжман по мерка на Трамп

Иако на почетокот бурно го осуди упадот и ја критикуваше операцијата на Доналд Трамп, в.д. претседателката на Венецуела Делси Родригез на крајот ја прифати економската рамка што ја наметна Вашингтон и се согласи средствата од нафта да се трошат на американски производи, јавија светските медиуми.Родригез, која ја презеде улогата в.д претседателка по апсењето на поранешниот претседател Николас Мадуро од страна на американските сили, најпрво ја осуди акцијата како „илегален напад“. Сепак, во следните денови нејзиниот тон се смени, а таа изрази подготвеност да соработува со САД околу енергетските и економските прашања.Американскиот претседател на социјалната мрежа Truth Social објави дека Венецуела, користејќи ги приходите од новиот договор за нафта со САД, ќе купува исклучиво производи произведени во Соединетите Американски Држави. Според Трамп, средствата од продажбата на венецуелската нафта ќе бидат наменети за набавка на американски земјоделски производи, лекови, медицинска опрема и опрема за модернизација на електричната мрежа. Трамп оцени дека овие мерки ја зајакнуваат улогата на САД како главен економски партнер на Венецуела и дека ова е „мудар потег“ со потенцијални бенефити за обете земји.Ова следува откако Трамп соопшти дека Венецуела се согласила да достави од 30 до 50 милиони барели нафта на американскиот пазар, а приходите од таа продажба ќе бидат под контрола на Вашингтон.Според правните одлуки на Врховниот суд на Венецуела, Родригез ја презела функцијата в.д. претседателка за да го гарантира административното продолжување на државата по заминувањето на Мадуро, а не како резултат на изборен мандат. Таа ја положи заклетвата на 5. јануари 2026 година пред Националното собрание.Аналитичари предупредуваат дека нејзиниот чекор да ги прифати условите од Трамп може да ја зголеми зависноста на Венецуела од американскиот пазар, додека некои ја гледаат оваа соработка како засилена контрола на САД врз венецуелските енергетски ресурси.

Свет | пред 2 месеци

media-librarydbuhdl1u01bsaNzXC24

Три фази за Венецуела

Американскиот државен секретар Марко Рубио го претстави планот на администрацијата на Доналд Трамп за Венецуела, кој е структуриран во три фази – стабилизација, опоравување и транзиција на власта. Тој порача дека со привремената влада на земјата ќе следуваат „уште договори“, јавува CNN.Говорејќи по затворениот брифинг одржан за сите американски сенатори, Рубио истакна дека првата и клучна фаза е стабилизацијата, со цел да се спречи Венецуела да западне во дополнителен хаос. Според него, администрацијата во Вашингтон има значително влијание врз привремената венецуеланска влада, предводена од Delcy Rodríguez.Како централен елемент на оваа почетна фаза, Рубио го посочи нафтниот договор, нагласувајќи дека САД очекуваат наскоро да започнат со продажба на милиони барели венецуеланска нафта. Приходите од продажбата, според него, би биле под контрола на Соединетите Американски Држави и би се распределувале „на начин што ќе биде од корист за венецуеланскиот народ“.„Веќе гледаме напредок со овој нов договор што беше најавен, а ќе следуваат и дополнителни договори“, изјави Рубио, без да открие конкретни детали за идните аранжмани.Втората фаза, опишана како период на опоравување и помирување, има за цел да овозможи американските, западните и другите странски компании да добијат „фер и отворен пристап“ до венецуеланскиот пазар. Истовремено, според Рубио, САД сакаат да го поттикнат процесот на национално помирување, кој би вклучувал амнестија за опозициските актери, ослободување на политичките затвореници или нивно враќање во земјата, како и постепена обнова на граѓанското општество.Последната фаза од планот е транзицијата на власта. Рубио нагласи дека конечната одговорност за трансформацијата на земјата останува кај самите граѓани на Венецуела. Тој додаде дека дел од фазите ќе се одвиваат паралелно, а не строго последователно.„Ова детално им го објаснив на сенаторите. Во наредните денови ќе има повеќе информации, но чувствуваме дека напредокот оди во позитивна насока“, заклучи Рубио.

Свет | пред 2 месеци

media-library2h7328lt783640HaCUr

Франција разработува план за одговор ако САД тргнат кон Гренланд

Франција заедно со своите партнери работи на план за реакција во случај САД да почнат со реализирање на заканата за преземање на Гренланд, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи, додека Европа се обидува да се соочи со амбициите на американскиот претседател Доналд Трамп во регионот.Американско воено преземање на Гренланд од долгогодишниот сојузник Данска би предизвикало сериозни потреси во односите преку Атлантикот, би предизвикало силни бранови во рамките на НАТО и дополнително би го продлабочило јазот меѓу Трамп и европските лидери. Министерот за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави дека ова прашање ќе биде покренато на денешната средба со министрите за надворешни работи на Германија и Полска.„Сакаме да преземеме чекори, но сакаме тоа да го направиме заедно со нашите европски партнери“, рече тој во изјава за „Франс Интер“. Лидерите на европските сили и Канада оваа недела застанаа зад Гренланд, нагласувајќи дека овој арктички остров ѝ припаѓа на неговата популација.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryuh3kggafh3aj9PQiTmj

Итен состанок во Данска за Гренланд: „Никој нема ни со прст да мрдне за да ни помогне“

Синоќа, на празникот Богојавление по католичкиот календар, под необично строги безбедносни и тајни мерки, во Копенхаген се состана државниот врв на Данска за да ја утврди стратегијата во кризата околу Гренланд. По околу два часа пред новинарите излезе министерот за надворешни работи Ларс Леке Расмусен и рече дека ќе побара средба со неговиот американски колега Марко Рубио за да се „разјасни недоразбирањето“.„Мораме да разјасниме одредени недоразбирања што настанаа. Веруваме дека ситуацијава е последица на погрешно толкување. На пример, неточно е дека руски и кинески бродови пловат во близина на Нуук, на Гренланд“, рече Расмусен, додавајќи дека заедно со министерската за надворешни работи на Гренланд, Вивиан Мотсфелд, ќе отпатуваат во Вашингтон, но дека засега не знае кога.Станува збор за очигледен обид да се смири тензијата и за многу поблага реторика од онаа на данската премиерка Метe Фредериксен последниве денови, која поради состанокот на Коалицијата на подготвени во Париз не присуствуваше на средбата во Копенхаген.Расмусен нагласи дека „САД не можат едноставно да го добијат Гренланд“, но веднаш додаде дека се согласува со американскиот претседател Доналд Трамп дека на Арктикот постојат одредени безбедносни предизвици.Соработка – да, предавање суверенитет – неТој изрази подготвеност за соработка и за зголемување на американското присуство на Гренланд, но не и за откажување од суверенитетот над најголемиот остров во светот. Не доаѓа предвид ниту продажба на Гренланд, за што изминативе 24 часа се зборува во Вашингтон, нагласи Расмусен.Но состанокот во Копенхаген не беше најдобро применет на самиот Гренланд. Пипалук Линге, претседателка на Комисијата за надворешна и безбедносна политика во парламентот на Гренланд, изрази незадоволство што ниту еден претставник од островот не бил поканет. Данските политичари веднаш одговорија дека поради чувствителноста на темата сите учесници морале физички да бидат присутни во Копенхаген.„Значи, тие одржуваат состанок за нас – историски состанок за нас – без нас. Тоа е неоколонијалистички пристап. Оваа фрустрација постои меѓу населението на Гренланд со години. Затоа сакаме независност, бидејќи немаме чувство дека сме рамноправни. Не сакаме да бидеме граѓани од втор ред“, изјави Линге за данската јавна телевизија ДР.И додека анкетите по улиците на данските градови покажуваат извесно незадоволство и разочараност од реакцијата на владата на американските претензии, данските експерти за меѓународни односи немаат никакви илузии што би се случило со Гренланд доколку Трамп истрае и стане поагресивен во своите намери.„Американската воена машина е пресилна“„Ако САД одлучат да го нападнат Гренланд, што засега е тешко замисливо, ќе останеме сами. Никој нема ни со прст да мрдне – во строго воена смисла. Никој нема да ни помогне“, изјави за ДР Петер Вигo Јакобсен, доцент на Институтот за стратегија и воени студии при Данската одбранбена академија.Според прописите, данската војска би морала да реагира во случај на напад без да чека наредба од Копенхаген, но Јакобсен смета дека секоја борба би била „целосно бесмислена“:„Гренланд е многу далеку, многу е студено и условите за борба се ужасни. Американската воена машина е едноставно преголема и пресилна за воопшто да може нешто да се направи.“На прашањето на ДР дали тогаш поддршката од европските сојузници се сведува само на убави зборови, Јакобсен заклучува:„Се разбира, никој нема да гине за Гренланд. Како што ни ние не планираме да гинеме за Украина. Даваме пари и оружје, но нема да гинеме. Ако Американците нападнат – играта е завршена. А Гренланѓаните ќе мора да се помират со тоа дека имаат нов газда.“„САД нема да го освојат Гренланд со воена сила“Со тоа се согласува и Јакоб Линет Шмид, докторанд во Данскиот институт за меѓународни студии и експерт за одбранбена политика, кој исто така не верува дека САД би го окупирале Гренланд воено, но доколку тоа се случи, не гледа никаква надеж за Данска.„Би било самоубиствено да се влезе во воен судир со САД на Гренланд. Дури и со помош на европските сојузници. Секако, Данска има поголеми воени капацитети отколку што Трамп признава кога се потсмева со коментарите за санки со кучиња – но тоа сепак не е доволно“, изјави Шмид за ДР.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryie9gigosmruh92pMbWy

И најрадикалната опција не ја исклучува Трамп - воено преземање на стратешкиот Гренланд

Трамп не ја исклучува можноста и воено да го преземе стратешкиот остров Гренланд, соопшти Белата куќа, иако тој формално е дел од Кралството Данска, а мнозинството жители не сакаат да станат дел од Соединетите Американски Држави. Европски дипломатски извори и безбедносни аналитичари предупредуваат дека во американските политички кругови се разгледуваат и многу порадикални сценарија околу идниот статус на островот.Според тие проценки, можно е новата администрација во Вашингтон да се обиде да влијае врз јавното мислење во Гренланд и да го охрабри локалниот стремеж кон поголема самостојност од Данска. Анкетите покажуваат дека значителен дел од населението би поддржало независност, што отвора простор за алтернативни модели на соработка со САД.Како потенцијален пример се наведуваат договорите што Вашингтон веќе ги има со Микронезија, Маршалските Острови и Палау — рамка што би овозможила американско безбедносно и економско присуство, без формално припојување кон САД. Истовремено, европски дипломати очекуваат силен отпор од Копенхаген, а можно е САД да ја користат својата улога во други меѓународни кризи како преговарачки адут.Најспорната и најрадикална опција, која експертите ја сметаат за правно неиздржана и политички крајно ризична, е можноста за директна воена интервенција доколку Гренланд или Данска одбијат соработка. Со оглед на тоа што островот нема сопствени вооружени сили, а данското воено присуство е ограничено, таков потег би можел брзо да доведе до преземање на контролата од страна на САД, со сериозни последици за НАТО и меѓународното право.Иако сценариото за окупација во овој момент се смета за малку веројатно, европските партнери внимателно ја следат состојбата — предупредувајќи дека новата геополитичка реалност може да ги помести и границите на прифатливото.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryr5o64aqavur7ba4AlpN

Познатата историчарка Ен Еплбаум за „Атлантик“: Ова е визијата за светот на Трамп, Си и Путин

Светот од дистопискиот роман „1984“ на Џорџ Орвел е поделен на три сфери на влијание – Океанија, Евроазија и Источна Азија – кои постојано водат војна. Понекогаш две држави склучуваат сојуз против третата, а понекогаш одеднаш ги менуваат страните без никакво објаснување. Наместо тоа, Партијата му порачува на народот: „Отсекогаш сме биле во војна со Источна Азија.“ Весниците и историјата веднаш се корегираат за тоа тврдење да изгледа вистинито, пишува историчарката Ен Еплбаум за „Атлантик“.Орвеловиот свет е фикција, но некои би сакале да го претворат во реалност. Многу пред вториот мандат на претседателот Доналд Трамп, идејата за свет со три сфери на влијание – Азија под доминација на Кина, Европа под доминација на Русија и Западната хемисфера под доминација на САД – повремено се појавуваше на интернет.Главно ја промовираа Руси кои сакаат контрола врз она што го нарекуваат „блиско соседство“, или едноставно оние што сакаат нивната земја, со слаба економија да се споменува во ист контекст со САД и Кина.„Ние вам Венецуела, вие нам Украина“Уште во 2019 година, Фиона Хил, тогашна функционерка во Советот за национална безбедност во првата администрација на Трамп, сведочеше пред Конгресот дека Русите, туркајќи ја идејата за сфери на влијание, нуделе некаква „размена“ – Венецуела, нивниот најблизок сојузник во Латинска Америка, за Украина.Оттогаш идејата дека меѓународните односи треба да ја промовираат доминацијата на големите сили, наместо универзалните вредности, се прошири од Москва до Вашингтон. Новата Стратегија за национална безбедност на администрацијата на Трамп ја опишува амбицијата за доминација над американскиот континент, потценувајќи ги заканите од Кина и Русија, а Трамп упати и закани кон сојузници како Данска, Панама и Канада, доведувајќи го нивниот суверенитет во прашање.Извитоперена Монроова доктринаВоената акција за апсење на венецуелскиот диктатор Николас Мадуро на некој начин потсетува на претходните американски интервенции, како соборувањето на панамскиот лидер Мануел Нориега во 1989 година. Но новиот наратив со кој се оправдува оваа акција ја менува целата слика. На прес-конференцијата во саботата, Трамп не го употреби зборот демократија.Не се повика на меѓународното право. Наместо тоа, претстави изопачена верзија на Монроовата доктрина од 1823 година, политика првично замислена да ги држи странските империи подалеку од Америка. „Според нашата нова Стратегија за национална безбедност“, рече читајќи подготвена изјава, „американската доминација во Западната хемисфера никогаш повеќе нема да биде доведена во прашање.“Во таа насока најави дека САД ќе ја „водат“ Венецуела, иако не објасни кој точно ќе биде на чело. Поткрал Марко Рубио? Генерален гувернер Пит Хегсет? На прашањето за Марија Корина Мачадо, лидер на венецуелската опозиција, Трамп одговори потценувачки: „Таа е многу мила жена, но нема почит во земјата.“Мачадо, која минатата година ја доби Нобеловата награда за мир, го предводи движењето чиј претседателски кандидат, Едмундо Гонзалес Урутија, освои две третини од гласовите на изборите во 2024 година.И покрај поддршката на државните медиуми за Мадуро и заплашувањето, апсењата и убиствата на нивните поддржувачи, Мачадо и Гонзалес не само што победија, туку и прибраа документација од избирачките места што го докажува тоа. Мадуро никогаш не приложи такви докази, но сепак се прогласи за победник.Силата како единствен аргументВо моментов Трамп не се занимава со тоа кој е легитимниот лидер на Венецуела. Неговата администрација наместо тоа сигнализира дека би можела да соработува со потпретседателката Делси Родригес, која веројатно би го задржала режимот непроменет – односно не промена на режим, туку само замена на диктаторот. Трамп, притоа, не се труди да им даде легитимитет ни на сопствените потези.Пред киднапирањето на Мадуро, тој не се консултирал со Конгресот, сојузниците или соседите на Венецуела. Иако акцијата се опишува како апсење оправдано со обвинение за трговија со дрога, тоа не е дел од доследна политика. Трамп, всушност, штотуку го помилува поранешниот претседател на Хондурас, кој пред шест години беше легитимно обвинет за трговија со дрога.Нема логика – но тоа не е ни целтаНишто од ова нема посебна логика, но тоа и не е поентата. Како Партијата во „1984“, така и потенцијалните доминатори на Западната хемисфера не чувствуваат потреба од доследност.Ако силата е право, ако САД можат да прават што сакаат во својата сфера, тогаш нема потреба од транспарентност, демократија или легитимитет. Грижите на луѓето од помалите држави стануваат небитни, бидејќи ним не им се признава право на глас. Нивните интереси не се важни за империјалните сили што ги сакаат нивните ресурси.Реакциите од Русија и Кина на чекорите на Трамп беа изненадувачки благи, иако тие вложија милијарди во Венецуела. Можеби затоа што наративот со кој Трамп го оправдува киднапирањето на Мадуро одговара на нивните сопствени наративи.„Украина припаѓа на руската сфера“ е главниот аргумент на Владимир Путин. „Тајван е дел од кинеската сфера“ ќе биде оправдувањето на Си Џинпинг ако реши да го нападне островот. Тоа не значи дека Москва реално ја контролира Европа, ниту дека Кина ја контролира Азија: вкупниот БДП на Европската унија е речиси десет пати поголем од рускиот, а ниту една земја не посакува да стане кинеска колонија.Илузија на контролаИ покрај самоуверените изјави на Трамп, ни Американците не ја контролираат „својата“ сфера на влијание. Два дена по апсењето на Мадуро, Трамп веќе ризикува да стане жртва на сопствената пропаганда, исто како и Путин. Венецуела, како што забележува еден поранешен американски амбасадор, е „пропадната држава преплавена со нелегални вооружени групи и странски терористички организации“.Режимот не е срушен. Армијата и паравоените формации и натаму се активни. Дали Американците ќе ја „водат“ Венецуела преку закани и повремени воени интервенции? Можеби администрацијата постигнала некаков договор со дел од режимот, но нема гаранција дека тоа ќе донесе корист каква што очекува Трамп. Нафтата не чека едноставно да биде собрана; потребни се долгорочни инвестиции, односи и договори – невозможно во нестабилна држава.Сериозна заблудаНо грешката на Трамп е уште подлабока. Поделбата на светот на сфери на влијание подразбира дека малите земји немаат влијание – а тоа е сериозна заблуда. Венецуелците сигурно ќе се обидат да влијаат. Многумина сакаа американска интервенција и се среќни што Мадуро замина. Но луѓето што со години се бореа за слобода и правда нема да сакаат нова диктатура поддржана од Трамп и сочинета од истите луѓе.Еден венецуелски емигрант, кој сакаше да остане анонимен, рече дека во саботата се чувствувал како на емоционално вртелешка: прво возбуда поради заминувањето на Мадуро, потоа шок поради прес-конференцијата на Трамп, а на крај горчливо сознание дека можеби ништо не се сменило.Се сомневам дека и Американците ќе бидат посреќни ако во Венецуела се инсталира нов авторитарен лидер. Повеќето сè уште сакаат нивната земја да се залага за нешто повеќе од гол интерес. Потрагата на Трамп по илузорна сфера на влијание веројатно нема да донесе мир или просперитет – исто како што ни инвазијата на Украина не им донесе на Русите – и тоа може да стане јасно многу побрзо отколку што очекуваме.Ако Америка стане само регионален насилник, нашите поранешни сојузници во Европа и Азија ќе ни ги затворат вратите и пазарите, пишува историчарката. Порано или подоцна, „нашата“ Западна хемисфера ќе се организира против нас. Наместо да нè направи помоќни, потрагата по доминација ќе нè ослаби – оставајќи нè на крајот без сфера и без влијание, заклучува Еплбаум.

Свет | пред 2 месеци

tankeri

Американците гонат танкер со руско знаме во Атлантикот, Русија испрати воени бродови

Русија распореди морнарички сили да го следат танкерот што американските сили го бркаат преку Атлантикот, во напната „игра на мачка и глушец“. Бродот во моментов е празен, но претходно превезувал венецуелска сурова нафта. Според пишувањето на Би-Би-Си, вчера се наоѓал помеѓу Шкотска и Исланд.Оваа ескалација следува по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец за „блокада“ на санкционирани танкери што влегуваат и излегуваат од Венецуела, што венецуелските власти го оценија како „кражба“. Во пресрет на саботното апсење на поранешниот венецуелски лидер Николас Мадуро, Трамп неколкупати ја обвини неговата влада дека користи бродови за шверц на дрога во САД.Минатиот месец американската крајбрежна стража се обиде да пристапи кон танкерот, тогаш познат како „Белa 1“, во Карибите, верувајќи дека плови кон Венецуела. Тие имаа судски налог за заплена на бродот поради прекршување на американските санкции и транспорт на иранска нафта.Потоа, бродот ненадејно ја смени насоката и името – сега се вика „Маринера“ – а наводно го сменил и знамето од гвајанско во руско. Неговото појавување во европските води се совпадна со пристигнувањето на десетина американски воени транспортни авиони и хеликоптери.Подготвеноста на САДДвајца американски функционери изјавиле за „Си-Би-Ес“ дека американските сили планираат да се качат на бродот и дека Вашингтон планира заплена наместо потопување. Јужната команда на американската војска на социјалните мрежи објави дека останува подготвена да ги поддржи партнерските државни агенции во спротивставувањето на санкционирани пловни објекти и актери во регионот.„Нашите поморски служби се будни, флексибилни и подготвени да ги следат бродовите кои се од интерес. Кога ќе стигне повикот, ќе бидеме таму“, соопштија оттаму. Се верува дека „Маринера“ во ноќта меѓу вторник и среда се наоѓала помеѓу Шкотска и Исланд, а големата оддалеченост и лошите временски услови го отежнуваат евентуалното качување на бродот.Одговорот на МоскваРусија соопшти дека „со загриженост ја следи“ ситуацијата.„Во моментов нашиот танкер плови во меѓународните води на северниот Атлантик под државното знаме на Руската Федерација и целосно ги почитува нормите на меѓународното поморско право“, наведува руското Министерство за надворешни работи.„Од за нас нејасни причини, на рускиот брод му се посветува засилено и очигледно несразмерно внимание од страна на американската и НАТО-воената флота, и покрај неговиот мирољубив статус“, се додава во соопштението. „Очекуваме западните земји, кои декларативно ја истакнуваат својата посветеност на слободата на пловидба на отворено море, конечно и самите да почнат да го почитуваат тој принцип.“Правен статус и експертска анализаСпоред меѓународното право, пловилата се под заштита на земјата чие знаме го носат. Сепак, Димитрис Ампацидис, повисок аналитичар во поморската разузнавачка компанија „Кплер“, изјави за Би-Би-Си дека промената на името и знамето можеби нема да значи многу.„Американската акција се води од основниот идентитет на пловилото (ИМО-бројот), од мрежите на сопствеништво и контрола и неговата историја поврзана со санкции — а не од бојата на ознаките или декларираната припадност“, објасни тој. Според него, преминувањето во рускиот регистар може да предизвика „дипломатски тензии“, но нема реално да ја спречи американската акција.Овој можен судир на море се случува само неколку дена откако САД го шокираа светот со апсењето на Мадуро во Каракас. За време на операцијата биле бомбардирани цели во градот со цел поранешниот претседател и неговата сопруга да бидат уапсени по обвинение за кривични дела поврзани со оружје и дрога.

Свет | пред 2 месеци

media-library139nh4j7vqa8edz3p0G

Америка ја презема венецуелската нафта: Трамп најави 50 милиони барели и милијарди инвестиции во Каракас

Америка ќе добие значителни количества венецуелска нафта по смената на власта во Каракас, откако привремената администрација во земјата се обврза да ѝ испорача на Вашингтон од 30 до 50 милиони барели. Ова го соопшти американскиот претседател Доналд Трамп, чија администрација ја предводеше операцијата за отстранување од власт на долгогодишниот лидер Николас Мадуро.Според Трамп, нафтата ќе биде продадена по пазарни услови, а средствата што ќе се прибираат од продажбата ќе бидат под негова директна контрола како претседател, со цел – како што наведе – да се осигура дека ќе бидат искористени во интерес на граѓаните и на Венецуела и на САД. Тој соопшти и дека на министерот за енергетика Крис Рајт му било наложено веднаш да започне со реализација на договорот, при што суровината ќе се транспортира со складишни танкери директно до пристаништата во Соединетите Американски Држави.Трамп нагласи дека се работи за висококвалитетна нафта, додавајќи дека испораките се „санкционирани“. Веднаш по објавата, фјучерсите на американската сурова нафта забележаа пад од 1,3 отсто, достигнувајќи цена од 56,39 долари за барел.Оваа најава следи по апсењето на Мадуро и неговата сопруга во Каракас пред три дена, по што тие беа пренесени во Њујорк и обвинети за заговор поврзан со трговија со дрога. На сослушувањето пред федерален суд во Менхетен, двајцата се изјаснија за невини, а Мадуро пред судот изјави дека бил „киднапиран“ и дека е „воен заробеник“.Паралелно со овие настани, „Волстрит журнал“ објави дека Трамп планира во петок во Белата куќа да одржи состанок со водечките американски нафтени компании – „Шеврон“, „КонокоФилипс“ и „Ексон Мобил“, како и со други производители – за можни големи инвестиции во обновување на нафтената индустрија на Венецуела.Трамп најави дека американските компании би можеле да вложат милијарди долари за модернизација на застарената инфраструктура во земјата. Во моментов, „Шеврон“ е единствената американска компанија што сè уште работи таму, додека средствата на „КонокоФилипс“ и „Ексон“ беа национализирани во времето на Уго Чавез.

Свет | пред 2 месеци

media-library7aj6gfok3i03fEFPEe5

Русија: Судбината на Венецуела треба да ја одлучат Венецуелците, не странските сили

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека го поздравува именувањето на Делси Родригез за привремена претседателка на Венецуела, истакнувајќи дека народот на Венецуела треба сам да ја одреди својата судбина, без надворешно мешање.Реакцијата на Москва доаѓа по апсењето на соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро, кој вчера во Њујорк се изјасни дека не е виновен по обвиненијата за трговија со наркотични дроги, откако американски специјални сили го уапсија во акција што предизвика силни политички потреси во Каракас. По операцијата, политичката сцена во Венецуела е во состојба на забрзано прегрупирање, а дел од институциите веќе најавија привремени решенија за стабилизирање на власта.Во официјалното соопштение, руското Министерство за надворешни работи наведува дека ги поздравува напорите на венецуелските власти за заштита на суверенитетот и националните интереси на земјата. Истовремено, Москва повторно го осуди дејствувањето на САД, оценувајќи дека нападот и апсењето на Мадуро претставуваат опасен чин што може дополнително да го дестабилизира регионот.Русија уште во саботата повика на итно спречување на ескалацијата и на изнаоѓање решение по дипломатски пат, нагласувајќи дека образложенијата за американската интервенција се „невтемелени“. Москва го поддржа и барањето на Венецуела, како и на повеќе латиноамерикански држави, за итно свикување седница на Советот за безбедност на Обединетите нации.„Во моменталната ситуација, најважно е да се спречи понатамошна ескалација и да се насочат напорите кон изнаоѓање излез преку дијалог“, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.Во меѓувреме, заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, оцени дека Латинска Америка традиционално се смета за „двор“ на Соединетите Американски Држави и дека постојат индикации оти американскиот претседател Доналд Трамп настојува да воспостави контрола врз нафтените резерви на Венецуела. Медведев го оцени американското дејствување како незаконско и спротивно на меѓународното право.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryve9n1ssonjjobp2cnUK

Русија со став: Венецуела да одлучува самостојно за својата иднина

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека го поздравува именувањето на Делси Родригез за привремена претседателка на Венецуела, истакнувајќи дека венецуелскиот народ треба сам да ја одредува својата судбина, без надворешно мешање.Соопштението доаѓа по драматичните настани поврзани со соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро, кој вчера пред федерален суд во Њујорк се изјасни дека не е виновен по обвиненијата за трговија со наркотици. Мадуро беше уапсен во специјална операција на американските сили, што предизвика силни политички тензии и брзо прегрупирање на политичките актери во Каракас.Москва порача дека е клучно да се спречи понатамошна ескалација на ситуацијата и нагласи дека ги поздравува напорите на венецуелските власти за заштита на суверенитетот и националните интереси на земјата.Русија во саботата остро го осуди американскиот напад врз Венецуела, оценувајќи дека изговорите за таа акција се „неутемелени“. Воедно, Москва повика на дипломатско решение на кризата и ја поддржа иницијативата на Венецуела и на неколку лидери од Латинска Америка за итно свикување на Советот за безбедност на Обединетите нации.„Во сегашната ситуација најважно е да се спречи понатамошна ескалација и да се фокусираме на изнаоѓање излез преку дијалог“, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.Во меѓувреме, заменик-претседателот на рускиот Совет за национална безбедност, Дмитриј Медведев, изјави дека Латинска Америка традиционално се смета за „двор“ на Соединетите Американски Држави и оцени дека американскиот претседател Доналд Трамп настојува да воспостави контрола врз нафтените резерви на Венецуела. Медведев го оцени американското дејствување во земјата како незаконско.

Свет | пред 2 месеци

media-librarysg32rpfbia6l0UWb02m

Пресврт: Американското обвинителство се откажа од тезата дека Мадуро водел „нарко-картел“

Американското Министерство за правда се откажа од една од најконтроверзните и најчесто повторувани тврдења што со години ја следеа политиката на администрацијата на Доналд Трамп кон Венецуела – дека претседателот Николас Мадуро бил водач на наводен нарко-картел познат како „Картел де лос Солес“ (Картел на сонцата).Оваа теза беше централна во обвинението поднесено во 2020 година и служеше како основа групата да биде прогласена за терористичка организација – најпрво од американското Министерство за финансии во 2025 година, а потоа и од Стејт департментот, под раководство на Марко Рубио, објави The New York Times.Сепак, експертите за Латинска Америка одамна предупредуваа дека „Картел де лос Солес“ никогаш не бил вистинска, формално организирана структура, туку колоквијален израз што венецуелските медиуми го користат уште од 1990-тите години за да опишат корумпирани државни и воени функционери вмешани во трговијата со дрога.Се чини дека и самото американско обвинителство сега ја прифатило таа интерпретација. По апсењето на Мадуро, Министерството за правда објави изменето обвинение, во кое тивко се коригираат претходните формулации и се напушта тврдењето дека станува збор за реална криминална организација со јасна хиерархија.Иако обвинителите и натаму го товарат Мадуро за учество во заговор за трговија со дрога, во новата верзија веќе не се наведува дека „Картел де лос Солес“ е формална структура. Наместо тоа, тој се опишува како „систем на покровителство“ и „култура на корупција“ што функционира благодарение на приходите од нарко-трговијата.Промената е јасно видлива и во самиот текст: додека во старото обвинение терминот „Картел де лос Солес“ се споменуваше дури 32 пати, со директно означување на Мадуро како негов водач, во ревидираната верзија тој се појавува само двапати. Во него се наведува дека Мадуро, како и неговиот претходник Хуго Чавез, учествувал во одржувањето и заштитата на ваков коруптивен систем.„Приходите од трговијата со дрога и од заштитата на партнерите во таа трговија се слеваат кон корумпирани цивилни, воени и разузнавачки функционери од понизок и среден ранг, кои дејствуваат во рамки на систем на покровителство управуван од оние на врвот – наречен ‘Картел де лос Солес’, односно Картел на сонцата, поради сончевите ознаки на униформите на високите венецуелски воени старешини“, се наведува во изменетото обвинение.Со оваа ревизија, американското обвинителство фактички признава дека една од клучните наративни основи за долгогодишниот притисок врз венецуелскиот режим била поедноставена и правно проблематична, иако обвиненијата за корупција и вмешаност во нарко-трговијата остануваат на сила.

Свет | пред 2 месеци

media-library4t785b7ibsru8dPnv3B

Од преговори до апсење: Како Трамп за шест месеци ја смени стратегијата кон Мадуро

Само шест месеци пред да испрати американски сили за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, американскиот претседател Доналд Трамп всушност настојувал да постигне договор со Каракас, а не насилно да го собори режимот. Како што објавува The Wall Street Journal, на состанок во Овалната соба во јули, Трамп им порачал на своите советници дека сака да продолжат преговорите со власта на Мадуро, со цел да се склучи спогодба која би им дала приоритет на американските нафтени компании.По серија неуспешни обиди Мадуро да биде убеден да се повлече од функцијата во замена за амнестија, Трамп кон крајот на декември ја донел одлуката за воена акција. Ноќната операција што заврши со приведување на венецуелскиот лидер и негово префрлање во Њујорк стана симбол на поостриот пристап во надворешната политика што Трамп најавува дека би можел да го примени и во други делови од светот.Во вториот мандат на Трамп, Венецуела неочекувано се најде во центарот на неколку клучни приоритети на администрацијата – масовните депортации, борбата против трговијата со дрога, пристапот до огромните нафтени и минерални резерви, како и долготрајниот притисок од сенаторот Марко Рубио и други тврдокорни кругови кои со години се залагаа за уривање на режимот во Каракас.Според поранешниот функционер Елиот Абрамс, Венецуела претставувала „совршена бура“ што ги обединува сите грижи на администрацијата на Трамп. Истовремено, фокусот на претседателот кон природните ресурси на земјата предизвикал внатрешни судири меѓу советниците и силно лобирање од енергетските компании. Трамп, според истите извори, бил повеќе заинтересиран за договор што би ѝ служел на агендата „Америка на прво место“ – вклучувајќи депортации и поволни нафтени зделки – отколку за демократизација на Венецуела.Во тој контекст, Трамп отворено признал дека Рубио се противел на какво било зближување со Мадуро, предупредувајќи дека станува збор за лидер вмешан во трговија со дрога и тероризам. Сепак, претседателот инсистирал на својот пристап, сѐ додека аргументите на Рубио и другите советници не надвладеале.Од другата страна, Мадуро американскиот притисок го доживувал како блеф. Според лица блиски до режимот, тој јавно настапувал опуштено и уверено, дури и исмејувајќи ги предупредувањата од Вашингтон. Токму тоа, според извештаите, дополнително ја зголемило фрустрацијата кај Трамп.По враќањето во Белата куќа, Трамп му ја доверил венецуелската задача на својот близок соработник Ричард Гренел, со јасни цели: ослободување американски државјани, отворање простор за американските нафтени компании и прифаќање на депортациските летови со венецуелски мигранти. Дел од тие цели биле реализирани, а санкциите делумно олеснети, меѓу другото и со дозволата Chevron повторно да експлоатира нафта во Венецуела.Сепак, откако Мадуро ги одбил и последните понуди за егзил, во администрацијата сѐ појасно се профилирала воената опција. Наградата за негово апсење била зголемена, Пентагон започнал засилени операции против наводни нарко-канали, а американските разузнавачки служби интензивно го следеле венецуелскиот лидер.Кулминацијата дошла кон крајот на декември, кога, наместо заминување во егзил, Мадуро и неговата сопруга беа извлечени од Каракас и ставени под американски притвор. Како што изјави Рубио, „му беа понудени повеќе исклучително дарежливи опции, но тој одбра поинаков пат“, со што, според американската администрација, ја запечатил својата судбина.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryuh3kggafh3aj9PQiTmj

Европските лидери директно до Трамп: „Гренланд им припаѓа на неговите жители, само Данска и Гренланд одлучуваат за неговата иднина“

Европските лидери штотуку објавија заедничка изјава во која порачуваат дека Гренланд им припаѓа на неговите жители и дека исклучиво Данска и Гренланд имаат право да одлучуваат за неговата иднина. Изјавата беше објавена откако американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот клучен советник Стивен Милер изминатите денови повторно го отворија прашањето за евентуално американско преземање на овој арктички териториј.Изјавата следува откако Трамп во интервјуа порача дека Соединетите Држави „имаат потреба од Гренланд“, додека Милер изјави дека Гренланд „треба да биде дел од САД“ и нагласи дека „никој нема да војува со Америка за иднината на Гренланд“, што предизвика силни реакции во Европа.Меѓу потписниците на заедничката изјава се и францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер.Заедничка изјава на европските лидери„Арктичката безбедност останува клучен приоритет за Европа и е од пресудно значење за меѓународната и трансатлантската безбедност. НАТО јасно стави до знаење дека арктичкиот регион е приоритет и дека европските сојузници го засилуваат своето делување.Ние и многу други сојузници ја зголемивме нашата присутност, активности и вложувања за Арктикот да остане безбеден и за да се одвратат противниците. Кралството Данска – вклучително и Гренланд – е дел од НАТО.Безбедноста на Арктикот затоа мора да се обезбедува заеднички, во соработка со сојузниците од НАТО, вклучително и Соединетите Држави, со почитување на начелата на Повелбата на ОН, меѓу кои суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите.Тоа се универзални начела и ние нема да престанеме да ги браниме. Соединетите Држави се клучен партнер во тие настојувања, како сојузник во НАТО и преку одбранбениот договор меѓу Кралството Данска и Соединетите Држави од 1951 година.Гренланд им припаѓа на неговите жители. Исклучиво Данска и Гренланд имаат право да одлучуваат за прашањата што се однесуваат на Данска и Гренланд“, стои во заедничката изјава.Трамп и Милер ја заострија реторикатаАмериканскиот претседател Доналд Трамп изминатите денови повеќепати повтори дека Соединетите Држави „апсолутно имаат потреба од Гренланд“, не исклучувајќи можност за еднострани потези. Неговиот клучен советник Стивен Милер за CNN изјави дека Гренланд „треба да биде дел од САД“ и нагласи дека „никој нема да војува против Америка“ поради ова прашање.Овие изјави дополнително ги вознемирија европските сојузници, особено по американската воена операција во Венецуела, која ги зајакна стравувањата дека Вашингтон повеќе не изрекува закани само на реторичко ниво.Данската премиерка Мете Фредериксен претходно предупреди дека изјавите на Трамп треба да се сфатат сериозно, додека бројни европски функционери порачаа дека секое задирање во суверенитетот на Данска и Гренланд би претставувало директно кршење на меѓународното право и на темелните начела на НАТО.Европските лидери во заедничката изјава јасно ставија до знаење дека нема да отстапат од одбраната на овие начела, нагласувајќи дека безбедноста на Арктикот мора да се темели на меѓународното право, сојузништвото и почитувањето на суверенитетот на државите.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryie9gigosmruh92pMbWy

„Данска ја зајакна безбедноста на Гренланд со уште една санка за кучиња“, рече Трамп, ЕК предупреди дека анексијата на островот ќе значи крај на НАТО

„Дали знаете што направи Данска неодамна за да ја зајакне безбедноста на Гренланд? Додадоа уште една санка за кучиња.“Со оваа подбивна изјава американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја разгоре дебатата околу идниот статус на Гренланд — автономна територија на Кралството Данска, која за Вашингтон има сериозно стратешко значење.Трамп отворено изјави дека САД „имаат потреба од Гренланд“ поради националната безбедност и дека островот е клучен за контрола на Арктикот, особено во услови кога, како што тврди, регионот е под зголемено руско и кинеско присуство. Според него, Данска не може да гарантира соодветна заштита на територијата.Но, токму тие пораки ја разбудија најголемата вознемиреност во Европа досега.Европската комисија: Безбедноста не смее да биде изговор за анексијаОд Брисел порачаа дека Гренланд е сојузничка територија — а не објект за политичка или воена трговија.Портпаролката на Комисијата Паула Пињо потсети дека Гренланд е дел од НАТО и дека е сојузник на САД, а не спротивставена страна.Нејзината колешка, портпаролката за надворешна политика Анита Хипер, беше уште поексплицитна:„ЕУ ќе продолжи да ги брани принципите на национален суверенитет, територијален интегритет и неповредливост на границите. Ова особено важи кога територијата на земја-членка е доведена во прашање.“Зошто Гренланд е толку важен?Островот е богат со суровини и има огромна геостратешка вредност. Неговата позиција на Арктикот го прави природна платформа за воено и разузнавачко присуство, нешто што веќе постои преку американските бази, но без промена на суверенитетот.

Свет | пред 2 месеци

Putin90099

Трамп за половина час направи тоа што Путин не може за четири години

Брзата американска операција во Венецуела, во која силите на САД го уапсија долгогодишниот лидер Николас Мадуро, нанесе сериозен политички и симболичен удар врз Русија на Владимир Путин и ги разоткри слабостите на Кремљ како сојузник, пишува „Политико“ (Politico) во опсежна анализа на глобалните последици од овој потег.Толку од Путиновиот концепт за меѓусебна заштита на авторитарните режимиКако што се наведува во анализата, американскиот претседател Доналд Трамп покажа дека Путиновиот концепт за „мултиполарен свет“, во кој авторитарните режими – од Каракас до Техеран – меѓусебно се штитат од Западот, во пракса е шуплив. Додека Москва со години се претставуваше како противтежа на американската моќ, случувањата во Венецуела покажаа дека Русија не е во состојба да ги заштити ни своите најблиски партнери.Понижувањето не е само во тоа што Путин не му притека на помош на Мадуро кога тоа му беше најпотребно. Дополнителен удар е и тоа што Трамп делува поефикасно и поодлучно во спроведувањето на токму такви еднострани интервенции какви што Кремљ би сакал да изведе, но не успева, истакнува „Политико“.Надигран во улогата на лидер кој не се обѕира на правилатаСо други зборови, Путин е надминат во улогата на лидер кој не се придржува до правилата. Додека рускиот претседател, како што се наведува, би сакал со брза и одлучна акција да го отстрани украинскиот претседател Володимир Зеленски, Русија веќе четири години е заглавена во брутална војна во Украина, со повеќе од милион загинати и ранети руски војници.„Путин мора да биде неподносливо љубоморен на Трамп“, изјави за „Политико“ политичкиот аналитичар и поранешен автор на Путинови говори, Абас Галјамов. „Она што Путин ветуваше дека ќе го направи во Украина, Трамп го направи за половина час во Венецуела.“Чувството на губење углед е една од ретките точки околу која се согласуваат и независни аналитичари и руски ултранационалисти. Националистичкиот блогер и поранешен разузнавач Игор Гиркин, кој моментно се наоѓа во казнена колонија, напиша на Телеграм: „Претрпевме уште еден удар врз нашиот имиџ. Уште една земја сметаше на помошта од Русија, а не ја доби.“Русија како недоверлив сојузникСо години Москва се обидуваше да се наметне како клучна сила на отпорот против западната хегемонија предводена од САД, собирајќи лабав сојуз на држави обединети во своето непријателство кон Вашингтон. Под Путин, Русија се претставуваше како носителка на „мултиполарниот свет“, која – како поранешниот Советски Сојуз – ги штити своите сојузници.По инвазијата врз Украина во 2022 година, Москва ги повика партнерите да застанат покрај неа. Многу од нив и го сторија тоа. Иран ѝ продаде дронови. Кина и Индија продолжија да купуваат руска нафта. Сојузниците во Латинска Америка и Африка, иако со ограничени економски и воени капацитети, обезбедуваа политичка и симболична поддршка, што ѝ овозможи на Москва да тврди дека не е меѓународно изолирана.Но, како што истакнува „Политико“, последните настани покажуваат дека станува збор за еднострани односи – во корист на Русија. Кога на сојузниците им е потребна помош, Москва изостанува.Почна со Ерменија, продолжи во Сирија, а потоа и во ИранПрви тоа го согледаа Ерменците. Заокупирана со војната во Украина, Русија не направи ништо за да го спречи Азербејџан во 2023 година, во кратка војна, да ја преземе контролата врз Нагорно Карабах. Руските мировници само набљудуваа.Година подоцна, Кремљ беше подеднакво немоќен додека се распаѓаше режимот на Башар ал-Асад во Сирија, кого Москва со години го одржуваше на власт. Русија притоа ја загуби и клучната пристанишна точка Тартус на Медитеранот.Слично се случи и со Иран. И покрај долгогодишното стратешко партнерство, Русија не можеше да му помогне на Техеран кога Израел и САД ги бомбардираа иранските нуклеарни постројки. Москва остана без одговор на демонстрацијата на западната воздушна моќ.Сега и Венецуела, уште еден долгогодишен сојузник на Кремљ, доживеа понижување, на кое Русија реагираше само со остри осуди, без било каква конкретна акција.Љубомора во КремљРуските енергетски и воени врски со Венецуела беа длабоки. Од 1999 година Москва му испорача на Каракас повеќе од 20 милијарди долари воена опрема, финансирана преку кредити и делумно обезбедена со контрола врз венецуелската нафтена индустрија. Тие вложувања сега, како што пишува „Политико“, практично се изгубени.Посебно болен момент за Москва е фактот што руски сојузници во минатото успеваа да избегаат во Русија. Виктор Јанукович и Башар ал-Асад добија засолниште во Русија, додека Мадуро сега се појави пред суд во Њујорк, облечен во затворска униформа.Руските власти очекувано ја осудија американската операција. Министерството за надворешни работи зборуваше за „неприфатливо прекршување на суверенитетот“, а сенаторот Алексеј Пушков порача дека Трамп го враќа „дивиот империјализам од 19 век“. Токму за такви прекршувања на суверенитетот Западот ја обвинува Русија во Украина.Имаше и вообичаено ѕвекење со оружје. Пратеникот Алексеј Журављов предложи Русија да ѝ понуди на Венецуела проектили „Орешник“, додека популарниот Телеграм-канал „Два мајора“ тврдеше дека потезите на Трамп ѝ дале на Москва „слободни раце“ за решавање на сопствените проблеми „со сите потребни средства“.Русите се надеваат дека Америка ќе остане на западната хемисфераНекои проруски коментатори тврдат дека постапките на Трамп потврдуваат дека меѓународното право веќе не важи, додека други претпоставуваат дека САД ќе останат фокусирани на западната хемисфера, оставајќи ѝ ја на Русија Европа и Централна Азија. Но, како што истакнува „Политико“, Путин со години ја следи логиката дека посилниот ги диктира правилата. Она што е понижувачко за Кремљ е фактот дека Трамп во тоа испаѓа поуспешен.Љубомората, се чини, е доминантно чувство меѓу руските националисти. Александар Дугин напиша дека „целата Русија се прашува зошто со непријателите не се постапува на ист начин“. Маргарита Симонјан отворено призна дека постои причина „за љубомора“.Америка нема да се соочи со санкции – за разлика од РусијаМногу коментатори забележуваат и дека, за разлика од Русија, САД веројатно нема да се соочат со сериозни последици во вид на санкции или меѓународна изолација.Како што заклучува Галјамов во разговор за „Политико“, потегот на Трамп веројатно нема да го промени рускиот поглед на светот, туку дополнително ќе го зацврсти. Иронијата, вели тој, е во тоа што Путин самиот создаде свет во кој важи само успехот. „А сега Американците покажаа како се прави тоа, додека Путиновото понижување е очигледно за сите.“

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања