Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВЕНЕЦУЕЛА

media-librarysgico3dcdnpvabcTvWd

(Видео) Мачадо ја пофали акцијата, но Трамп е јасен: „Таа нема да ја води Венецуела, народот не ја сака“

Венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо, која минатата година со месеци се криеше, изјави дека е благодарна за акцијата на Доналд Трамп во Венецуела, нарекувајќи ја „огромен чекор за човештвото, за слободата“.Таа го пофали американскиот претседател Доналд Трамп поради апсењето на авторитарниот лидер Николас Мадуро. „Трети јануари ќе влезе во историјата како ден кога правдата ја победи тиранијата“, изјави Мачадо синоќа за Фокс њус.„Ова е пресвртна точка“, рече таа во видео-клип од интервјуто што го сподели на платформата Икс, додавајќи дека настанот е значаен не само за венецуелскиот народ, туку „и за човештвото, за слободата и човечкото достоинство“.Трамп: Таа нема поддршка ниту почитувањеТрамп неодамна стави до знаење дека Мачадо нема да има водечка улога во Венецуела. „Нејзе би ѝ било многу тешко да биде лидер. Таа нема поддршка во земјата, а не ужива ниту почитување во земјата“, изјави американскиот претседател.Во меѓувреме, верната заменичка на Мадуро, Делси Родригез, положи заклетва како вршителка на должноста. Нејзината влада и понатаму го смета Мадуро за легитимен шеф на државата.Добитничката на Нобеловата награда за мир Марија Корина Мачадо за Фокс њуз изјави дека на Делси Родригез „не може да ѝ се верува“.

Свет | пред 2 месеци

media-library56ijk1ms0g8aa7EMewh

Украина не е воодушевена: Дали апсењето на Мадуро е руско-американски договор кој ја комплицира глобалната политичка сцена?

По апсењето на венецуелскиот лидер Николас Мадуро, светската јавност интензивно го анализира настанот и неговите можни последици врз регионалната и глобалната политика.По неколку дена, јасно е дека станувало збор за прецизно испланирана операција чија главна цел била приведување на Мадуро и неговата сопруга. Операцијата беше спроведена без класична копнена инвазија и без нанесување сериозна воена штета на Венецуела.Руски–американски договор?Паралелно со шпекулациите дека Мадуро бил „предаден“, се појави и тезата за можен глобален договор меѓу САД и Руската Федерација – според кој Москва наводно му ја препушта Венецуела на Вашингтон, во замена за поголемо влијание врз Украина. Иако за ова нема никаква официјална потврда, анализите упатуваат на тоа дека операцијата негативно се одрази врз односите меѓу САД и Русија.Венецуела со години беше еден од најважните сојузници на Москва во Латинска Америка, со милијарди долари вложени во енергетски и воени проекти. Кремљ ја осуди американската интервенција како „акт на агресија“ и побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН.Киев нема причина за задоволствоИстовремено, оваа акција дополнително ги усложни глобалните односи и им даде аргументи на државите кои ја гледаат Русија – а сè повеќе и Кина – како противтежа на американското влијание. Можно е настанот дополнително да ја охрабри Москва да остане цврста во својата политика кон Украина.Од украинска перспектива, Киев тешко може да биде задоволен од потегот на Вашингтон. Повторно станува збор за нарушување на меѓународното право – аргумент на кој токму Украина и западните земји постојано се повикуваат. Иако ситуациите во Венецуела и Украина не се споредливи, сликата што се испраќа во светот ја прави борбата на Киев за почитување на меѓународниот поредок уште покомплицирана.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryjoq4o1us0tg458Hc2iP

Сопругата на Мадуро има повреди во пределот на ребрата: Пред судот во Њујорк рече - „Не сум виновна, тие дела не се мои“

Силија Флорес, сопруга на поранешниот претседател на Венецуела Николас Мадуро, во своето прво појавување пред федералниот суд во Њујорк изјави дека не е виновна за обвиненијата што ѝ ги припишуваат американските власти. Таа беше уапсена заедно со Мадуро по операцијата на САД во Венецуела и моментално се соочува со низа сериозни обвиненија.На рочиштето, нејзиниот адвокат соопшти дека Флорес претрпела телесни повреди при апсењето и дека има модринки во пределот на ребрата. Тој додаде дека таа ќе добие соодветна медицинска грижа и нагласи дека клиентката е во стабилна психичка состојба и подготвена за долг судски процес.Флорес тврдеше дека обвиненијата против неа се неосновани и дека САД неправедно ја поврзуваат со делата што ѝ се ставаат на товар на нејзиниот сопруг. Николас Мадуро е обвинет од страна на американските власти за заговор за нарко-тероризам, шверц на кокаин, поседување автоматско оружје и експлозивни направи, како и за нелегално здружување со цел извршување кривични дела.Следното судско рочиште е закажано за 17 март, а одбраната најави дека ќе бара целосен увид во постапката и доказниот материјал.Во САД внимателно се следи случајот, кој претставува преседан – сопружниците на поранешни државни лидери ретко се наоѓаат во позиција да одговараат пред американските судови за ваков тип обвиненија. Од друга страна, поддржувачите на Мадуро и натаму тврдат дека станува збор за политички мотивирана акција.Судењето на Флорес и Мадуро ќе биде еден од најзначајните меѓународни правни процеси во наредниот период, со оглед на политичката тежина и обвиненијата што ја вклучуваат трговијата со дрога и безбедносни закани на американска територија.

Свет | пред 2 месеци

grenland

Сè би можело да започне со објава на Truth Social: Едно ценарио како Трамп би можел да го анектира Гренланд и да го доведе НАТО во криза

Во безбедносните кругови во Копенхаген веќе постои детално разработено сценарио за тоа како Доналд Трамп би можел да се обиде да го преземе Гренланд – територија што формално е дел од Кралството Данска. Според проценките, сè би можело да започне со објава на Truth Social, во која американскиот претседател би прогласил дека островот станува „протекторат“ на САД. Со ваков потег би се довела во апсурдна ситуација алијансата НАТО – затоа што една нејзина водечка членка би тврдела дека има суверено право врз територија на друга.Европските земји, како и Данска, немаат воена сила за реално да го спречат Вашингтон да воспостави контрола врз Гренланд. А доколку Трамп ја наметне тезата дека „поседувањето е девет десетини од законот“, практично би го прогласил островот за американски. Овој можен развој на настаните, за кој подолго време предупредуваат данските функционери и аналитичари, звучеше како далечна хипотеза сè до последните денови – особено по соборувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и изјавата на Трамп дека САД „управуваат“ со Венецуела.Растечка загриженост во ДанскаДанските власти со месеци алармираат дека администрацијата на Трамп може да се обиде да го анектира Гренланд – било со притисок, било со економски ветувања, особено околу идните рударски проекти. Стравовите се засилија кога поранешната советничка во Белата куќа, Кејти Милер, на X објави карта на Гренланд прекриена со американско знаме и натпис „НАСКОРО“.Веднаш потоа, Трамп за The Atlantic изјави:„Апсолутно ни треба Гренланд.“Европските лидери, кои досега честопати ги игнорираа неговите експанзионистички пораки, сега отворено предупредуваат. Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека ваквите закани веќе не можат да се потценуваат.НАТО во ќор-сокакСпоред дипломатски извори, доколку американските сили навлезат на територијата на Гренланд, НАТО практично ќе се распадне – затоа што Членот 5 предвидува дека напад врз една членка е напад врз сите.Фредериксен јасно порача:„Ако САД нападнат друга членка на НАТО – сè запира.“Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул потсети дека Гренланд е под заштита на колективната одбрана. Но, некои европски функционери приватно признаваат дека реална можност за воена одбрана – нема.Поддржувачи и отпор на островотИако не постои широка поддршка меѓу населението за преминување под американско знаме, постојат и локални гласови во полза на Трамп. Јерген Боасен – познат како жесток приврзаник на поранешниот американски претседател – смета дека тоа би било „нова шанса“ за островот, иако анкетите покажуваат спротивно.Остра реакција од европските лидериБританскиот премиер Кир Стармер истакна дека за иднината на Гренланд можат да решаваат само Гренланд и Данска.Францускиот министер Жан-Ноел Баро порача:„Гренланд не е на продажба – ниту за грабнување.“Поранешниот американски амбасадор во Данска, Руфус Гифорд, смета дека Трамп можеби ја користи американската воена поддршка за Украина како механизам за притисок врз европските сојузници.Позадина на кризатаПаниката започнала уште пред една година, кога Доналд Трамп помладиот го посетил главниот град Нук – настан што кај многумина оставил впечаток на колонијално однесување. Подоцна, Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд и формираше Комисија за истражување на Арктикот – чекори што Копенхаген ги толкува како сигнал за подлабока стратегија.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryluvqeq3767d25hroIP9

Апсењето на Мадуро ја потресе светската политика: страв од опасен преседан за Кина да го преземе Тајван

Апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и на неговата сопруга Силија Флорес од страна на Соединетите Американски Држави, под обвиненија за тероризам и трговија со дрога, предизвика остри реакции и длабоки поделби во меѓународната јавност.Додека сојузниците на американскиот претседател Доналд Трамп го поздравуваат соборувањето на венецуелскиот лидер како чекор без преседан во современата историја, критичарите предупредуваат дека ваквиот потег сериозно го нарушува меѓународното право. Воедно, се отвора и клучно геополитичко прашање – дали Вашингтон воспоставува опасен преседан што би можел да биде искористен од кинескиот претседател Си Џинпинг во евентуален обид за преземање на Тајван, пишува CNBC.Аналитичарите се поделени околу можните последици. Дел од нив стравуваат дека американската интервенција може да охрабри други големи сили да преземат слични чекори. „Ако Доналд Трамп може да влезе во друга земја и да ја преземе власта, зошто тогаш Владимир Путин би бил во криво за Украина и зошто Кина не би имала право да го преземе Тајван?“, изјави за CNBC Дејвид Рош од „Квантум Стратеџи“.Од друга страна, дел од експертите повикуваат на воздржаност во проценките. Поранешниот американски министер за трговија Карлос Гутиерез смета дека односите меѓу Кина и Венецуела се повеќе „тактичка погодност“ отколку основа за поширока воена ескалација. Според него, иако Пекинг веројатно ќе реагира со остри и агресивни изјави, не се очекуваат конкретни и значајни потези на терен.Загриженост изрази и генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, кој оцени дека е „длабоко вознемирен поради непочитувањето на правилата на меѓународното право“. Тој развојот на настаните во Венецуела го опиша како „опасен преседан“, предупредувајќи дека ваквите постапки можат да имаат далекусежни последици врз глобалната стабилност.Случајот со апсењето на Мадуро, според аналитичарите, ја отвори дебатата за границите на државниот суверенитет, примената на меѓународното право и ризикот од нови глобални тензии во свет веќе оптоварен со конфликти.

Свет | пред 2 месеци

media-library4t785b7ibsru8dPnv3B

Американскиот претседател по рочиштето на Мадуро: „Ова е историски момент“

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по денешното појавување на Николас Мадуро пред суд во Њујорк, оценувајќи го настанот како „извонреден момент во историјата“, јавува NBC News.На новинарско прашање дали Соединетите Американски Држави се во војна со Венецуела, Трамп одговори дека такво нешто не постои. „Не, не сме. Во војна сме со луѓето кои продаваат дрога“, изјави американскиот претседател.Со оваа изјава, Трамп уште еднаш нагласи дека, според позицијата на неговата администрација, акциите на САД не се насочени против венецуелската држава, туку против, како што ги нарекува, криминалните структури поврзани со трговијата со дрога.

Свет | пред 2 месеци

media-library56ijk1ms0g8aa7EMewh

Судска драма во Њујорк: Мадуро тврди дека бил киднапиран од Каракас, негира вина

На првото судско појавување во Њујорк, соборениот венецуелски лидер Николас Мадуро стана од клупата за обвинети кога од него беше побарано да го потврди својот идентитет, додека судот му го читаше резимето од обвинението. Во своето прво јавно обраќање по екстрадицијата во Соединетите Американски Држави, Мадуро изјави дека е претседател на Венецуела и дека бил киднапиран од својот дом во Каракас.„Не сум виновен, јас сум чесен човек и сè уште сум претседател на мојата држава“, изјави Мадуро пред судот, по што повторно седна. Тој се изјасни за невин по сите точки од обвинението.Потоа вниманието во судницата се насочи кон неговата сопруга, Силија Флорес, од која исто така беше побарано да го потврди својот идентитет. „Да, јас сум Силија Флорес Мадуро, прва дама на Венецуела“, изјави таа, додавајќи дека е целосно невина по процесните точки. И таа, како и Мадуро, инсистираше на својот официјален статус.Судијата ги информираше двајцата за нивното право на консултација со конзуларни претставници и праша дали ја разбираат таа можност.„Да, разбираме и би сакале да ни се овозможи посета од конзул“, одговори Мадуро, по што судијата потврди дека таква посета ќе биде организирана.По изјаснувањето за невин, Мадуро беше забележан како се врти на столчето и се наведнува кон документите пред својот адвокат, додека со сопругата разговараше на шпански јазик, а нивните зборови беа преведувани во судницата.Како што јавува CNN, Мадуро на рочиштето зборувал со помош на преведувач, што, според правните аналитичари, му отежнува на судијата целосно да го контролира текот на неговите изјави. Главниот правен аналитичар на CNN, Ели Хониг, оцени дека Мадуро одговарал пошироко од она што судот го барал, нагласувајќи дека во случаи со превод судијата мора да чека целосен превод пред да интервенира.Судот наложи Мадуро повторно да се појави на следното рочиште, закажано за 17 март. Во меѓувреме, неговиот адвокат отвори прашања поврзани со, како што рече, „законитоста на воената киднапирање“, како и со здравствената состојба на обвинетиот, барајќи соодветна медицинска грижа за време на притворот.Адвокатот на Силија Флорес, Марк Донели, изјави дека и таа има здравствени проблеми, наведувајќи дека има сериозни модринки на ребрата и дека ќе ѝ биде потребна соодветна медицинска нега.Судењето против Мадуро и Флорес продолжува во контекст на зголемено меѓународно внимание, додека судот ќе треба да се справи и со правните, но и со политичките импликации на овој високопрофилен случај.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryd6o1pd0eioc38UHPWW1

Венецуела доби привремена претседателка

Потпретседателката на Венецуела, Делси Родригес, официјално положи заклетва и ја презеде функцијата привремена претседателка на државата, соопштија венецуелските власти.Заклетвата Родригес ја даде пред својот брат Хорхе Родригес, кој претходно истиот ден положи заклетва како претседател на Народното собрание.Во своето обраќање, Родригес ги повика Соединетите Американски Држави на соработка со Венецуела, истовремено нагласувајќи дека земјата ќе го зачува правото на „мир, развој, суверенитет и сопствена иднина“.Претходно, пред пратениците се обрати и Николас Мадуро Гера, син на соборениот венецуелски лидер Николас Мадуро. Тој го ослови својот татко како „претседателот Мадуро“ и побара негово итно ослободување.Политичката состојба во Венецуела и понатаму останува неизвесна, а меѓународната заедница внимателно ги следи настаните во земјата.

Свет | пред 2 месеци

media-librarye7d7ego8ndp72vwfxR1

„Пица индексот“ не лаже: Како Иван Ивановски предвиде напад на Венецуела уште во октомври?

Ескалацијата на настаните во Венецуела, која кулминираше на првиот ден од новата 2026 година, го здрма геополитичкиот свет. Но, за еден македонски инвеститор, ова сценарио не е изненадување, туку математички прецизна прогноза најавена уште пред три месеци.Додека светот ги следи официјалните соопштенија од Вашингтон, податоците од теренот – поточно од пицериите околу Пентагон – укажуваат дека воената акција се подготвувала интензивно во ноќните часови.Што е „Пица индекс“ и што покажуваат бројките?Феноменот познат како „Pizza Meter“ е неофицијален, но историски докажан индикатор за големи кризи. Логиката е едноставна: кога во Пентагон, Белата куќа или ЦИА се планираат итни воени операции, вработените остануваат до доцна во ноќта, состаноците траат со часови, а кантините се затворени. Резултатот? Масовно нарачување на пица.Фотографиите покажуваат енормен скок на нарачките токму пред ескалацијата.Во „Papa John’s Pizza“ близу владините објекти, регистриран е неверојатен скок од 769% над вообичаеното, со статус „Многу погужва од вообичаено“.Во „Domino’s Pizza“, која е на само 2.2 километри од Пентагон, забележан е скок од 400%, a графиконите покажуваат константна активност длабоко во ноќта, кога овие објекти обично се празни.Ивановски: „Ваљда нешто се работи штом се јаде толку пица“Уште на 9-ти октомври 2025 година, финансискиот експерт и инвеститор Иван Ивановски, во лајв сесија со студентите на Prime Class токму на оваа корелација, посочувајќи ја Венецуела како следна точка на конфликт.„Можно е Америка да ја нападне Венецуела. Интересен податок, интересен факт е да знаете кога е подигната продажбата на Доминос пиците околу Пентагон. Во таква ситуација, после два до три месеци, Америка секогаш настапувала во војна. Ваљда нешто се работи – повеќе луѓе, работат до доцни саати и се нарачуваат поголем број на пици“, изјави тогаш Ивановски.На 1-ви јануари 2026, неговите зборови добиваат тежина на факт. Временската рамка од „два до три месеци“ што ја спомена Ивановски, се поклопува речиси во ден со почетокот на новата година и новите воени дејствија.Читање меѓу редовите на пазаротОвој случај е само уште еден доказ дека во модерното време, информациите не се кријат само во тајни документи, туку и во јавно достапни податоци – од берзански движења до нарачки на храна. Способноста да се поврзат овие точки е она што ги разликува успешните аналитичари од просечните набљудувачи.Токму ваквиот тип на длабинска анализа и предвидување на пазарните и геополитичките движења се изучува и на Prime Class, каде Ивановски и неговиот тим ги едуцираат идните инвеститори како да ги препознаат сигналите.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryktj6c8tkpvmnfIGQ5LP

Цените на нафтата пораснаа по нападите врз Венецуела и апсењето на Мадуро

Меѓународните пазари на нафта реагираа на американските воени напади во Венецуела, при што цената на барелот на Лондонската берза порасна на 62 долари, односно за 93 центи во однос на затворањето минатата недела. На американскиот пазар барелот поскапе за 95 центи, достигнувајќи 58.27 долари.Нападите, изведени од американските сили во ноќта меѓу петок и сабота, беа насочени кон неколку локации во Венецуела и резултираа со апсењето на претседателот Николас Мадуро. Вашингтон најави дека ќе го изведе пред американски суд под обвинение за „наркотероризам“. Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека САД планираат да „управуваат“ со Венецуела, со посебен фокус на нејзината нафтена индустрија.Венецуела располага со најголемите докажани нафтени резерви во светот – околу 303 милијарди барели, но долгогодишните санкции го ограничиле производството, кое минатата година изнесувало само 1,1 милион барели дневно. Chevron сега произведува околу четвртина од целата венецуелска нафта по продолжената дозвола од САД.Аналитичарите се поделени околу идната достапност на венецуелската нафта. Некои проценуваат дека можни се постепени олеснувања на американскиот ембарго, додека други сметаат дека значителни количини нафта нема да се појават на пазарот во наредниот период.Во меѓувреме, ОПЕК потврди пауза во зголемувањето на производството за првото тримесечје, откако главните производители – Саудиска Арабија, Русија, ОАЕ, Казахстан, Кувајт, Ирак, Алжир и Оман – решија дека побарувачката традиционално е пониска во зимските месеци.

Свет | пред 2 месеци

media-library9s2cs3tla49q45kdbkR

„Се поништува сè што човештвото го изгради“ – Најчевска повикува на одбрана на меѓународното право

Професорката по право Мирјана Најчевска со остра јавна порака реагираше на актуелните вооружени конфликти и геополитички кризи, истакнувајќи дека нема никакво оправдување за она што се случува во Венецуела, Украина, Палестина и со Тајван. Според неа, станува збор за директно рушење на цивилизациските достигнувања на човештвото.„Ова е цивилизациското достигнување на човештвото кое Доналд Трамп, Владимир Путин, Бенјамин Нетанјаху и Си Џинпинг во моментов го рушат“, наведува Најчевска, оценувајќи дека ваквите политики го враќаат светот наназад и ги поништуваат основните принципи врз кои е изграден современиот меѓународен поредок.Таа нагласува дека секој цивилизиран човек има обврска да застане во одбрана на веќе достигнатото ниво на развој на човештвото, потсетувајќи дека меѓународните договори не се формалност, туку резултат на болни историски искуства. Тие, според неа, се создадени со јасна цел – да не се повторат трагедиите од минатото и да се спречат нови масовни страдања.Во таа насока, Најчевска се повикува и на Меѓународниот пакт за граѓански и политички права, кој го гарантира правото на самоопределување на сите народи, нивната слобода сами да го уредуваат својот политички статус и да го обезбедуваат сопствениот економски, социјален и културен развој. Таа потсетува дека народите имаат право слободно да располагаат со своите природни богатства и извори и дека ниту еден народ не смее да биде лишен од средствата за живот.Според професорката, државите кои се потписнички на овие меѓународни договори, вклучително и оние што управуваат со несамостојни територии, имаат јасна обврска активно да го помагаат и да го почитуваат правото на самоопределување, во согласност со Повелбата на Обединетите нации. Секое отстапување од овие принципи, предупредува таа, претставува опасен чекор кон нормализирање на насилството и уривање на правниот и моралниот поредок во светот.

Коментари | пред 2 месеци

media-library0a099ea29r9kdQsDIXY

Мадуро го уапсија најелитните специјалци во светот: Кои се всушност Делта Форс?

Во драматичната американска операција „Операција апсолутна решителност“, која доведе до апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес, клучна улога одигра Делта Форс — најелитната единица на американската војска, специјализирана за високоризични специјални операции.Делта Форс е име за 1st Special Forces Operational Detachment–Delta (SFOD-D), специјална оперативна група на американската Копнена војска формирана за справување со најкритичните задачи, вклучувајќи антитерористички акции, ослободување заложници, прецизни директни напади и апсење високо-профилни цели.Единицата е создадена кон крајот на 1970-тите под влијание на идеите на полковникот Чарлс „Чарли“ Беквит, кој за време на својата служба во специјалните сили на САД и соработката со британскиот SAS се залагал за формирање елитна единица способна да реагира на глобални терористички закани и кризни ситуации надвор од можностите на конвенционалните сили.Делта Форс е препознатлива по екстремна тајност и строго контролирани информации. Јавноста многу ретко добива потврдени податоци за нејзините операции, обуки или структура. Многу детали доаѓаат од ретроспективни извештаи и анализи на ветерани, како и од неформални воени извори.Селекцијата и обуката за влез во Делта се сметаат за исклучително ригорозни. Кандидатите минуваат низ најстрог процес кој ја тестира физичката издржливост, менталната отпорност, тактичките вештини и способноста за делување во екстремни ситуации. Тајната обука ги подготвува за работа во непријателски средини, често изолирани и опасни, со минимална поддршка и ограничени информации.Најпознати операцииДелта Форс стекна светска репутација преку низа високо-профилни операции. Една од најпознатите е Битката за Могадишу во 1993 година, дел од мисијата во Сомалија во која учествуваа војници од Делта, а која подоцна стана тема на филмот „Black Hawk Down“.Единицата учествувала и во многу други мисии ширум светот, вклучувајќи ја потерата и апсењето на панамскиот диктатор Мануел Нориега, ловот на колумбискиот наркобос Пабло Ескобар и операциите против Исламската држава.Делта Форс беше вклучена и во операции како апсењето на лидерот на ИСИС Абу Бакр ал-Багдади во 2019 година, иако во такви случаи честопати соработува со други специјални единици како Navy SEALs.Делта Форс и операцијата во ВенецуелаСпоред американски извори што ги пренесе CBS News, токму Делта Форс ја извела акцијата за апсење на Мадуро и неговата сопруга и ги пренела од Венецуела, каде што сега се соочуваат со обвиненија пред сојузен суд во Њујорк.Операцијата е дел од поголема американска воена кампања во регионот и вклучувала прецизни воздушни напади, копнени и хеликоптерски елементи, како и долготрајно разузнавачко планирање што траело со месеци пред акцијата.Делта Форс и понатаму останува една од најпрестижните, но и најмалку транспарентни воени формации во американските вооружени сили, позната по својата способност да изведува исклучително сложени мисии во најтешки можни услови — често без каква било јавна потврда за своето делување сè додека резултатите не станат неоспорни.

Свет | пред 2 месеци

media-librarypndf7fsp0mnlc6I7uR2

Колумбискиот претседател повикува на масовни протести: „Целиот венецуелски, колумбиски и латиноамерикански народ мора да излезе на улица“

Колумбискиот претседател Густаво Петро реагираше на заканата од американскиот претседател Доналд Трамп за воена операција, откако Трамп го нарече „болен човек“ кој нема уште долго да остане на власт.Петро објави низа пораки на интернет, наведувајќи дека најпрво ќе „провери дали зборовите на Трамп на англиски навистина се пренесуваат така како што пишуваат националните медиуми“.Тој најави и дека „ќе одговори на тие изјави штом дознае што точно значи нелегитимната закана на Трамп“.Во друга објава упати и повик на протести. „Целиот венецуелски, колумбиски и латиноамерикански народ мора да излезе на улица“, порача тој.

Свет | пред 2 месеци

media-librarym4pgufe8t77q3zsD8c9

Шпиони, дронови и Делта форс: како САД го уапсија Мадуро

Американските разузнавачки служби со месеци го следеле секој чекор на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, бележејќи каде спие, што јаде, како се движи и со кого се среќава. Мал тим шпиони, со помош на извори од самиот врв на венецуелската власт, собирал и најситни детали за неговото секојдневие, вклучително и информации за неговите домашни миленици, објави BBC, повикувајќи се на високи американски воени претставници.На почетокот на декември била финализирана мисијата со кодно име „Операција апсолутна одлучност“, резултат на повеќемесечно прецизно и тајно планирање. Американските елитни специјални единици изработиле и реплика во природна големина на сигурната куќа на Мадуро во Каракас, во која детално го вежбале упадот. Планот, кој се смета за најзначајна американска воена интервенција во Латинска Америка уште од времето на Студената војна, бил чуван во строга тајност, без претходно известување на Конгресот.Целта била максимално да се искористи елементот на изненадување. Акцијата, според изворите, речиси започнала четири дена порано, по одобрение од претседателот Доналд Трамп, но била одложена поради лоши временски услови и густа облачност. Војската со недели била во состојба на целосна подготвеност, чекајќи ги сите неопходни услови и конечната наредба од Белата куќа, изјави началникот на Здружениот генералштаб, генералот Ден Кејн.Зеленото светло стигнало во петок во 22:46 часот по источновреме. Трамп подоцна изјави дека идеалниот момент одеднаш се отворил и дека наредбата била јасна: да се тргне во акција. Заповедта пристигнала во Каракас нешто пред полноќ, обезбедувајќи ѝ на војската неколку клучни часови темнина за изведување на операцијата.Следела координирана акција која траела два часа и дваесет минути, од воздух, копно и море, и која со својата прецизност и размери го шокираше светот. Реакциите не изостанаа, а меѓу првите кои остро ја осудија интервенцијата беше бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, кој оцени дека насилното апсење на венецуелскиот лидер претставува опасен преседан за меѓународната заедница.Трамп не ја следел операцијата од Ситуациската соба во Белата куќа, туку од својот клуб Мар-а-Лаго на Флорида, опкружен со најблиските советници, меѓу кои и директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, и државниот секретар Марко Рубио. „Го гледав буквално како телевизиско шоу“, изјави Трамп, опишувајќи ја брзината и силата на акцијата.Операцијата уследи по повеќемесечно засилување на американското воено присуство во регионот, со распоредување илјадници војници, носач на авиони и десетици воени бродови. Во текот на ноќта биле ангажирани повеќе од 150 летала, вклучувајќи бомбардери, ловци и извидувачки авиони, а првите знаци на операцијата се појавиле на небото над Каракас.Околу два часот по локално време, силни експлозии одекнале низ градот, по што густ чад го прекрил центарот. Сведоци за BBC изјавија дека авионите и хеликоптерите со часови го надлетувале градот, додека жителите, разбудени од детонациите, во паника се обидувале да разберат што се случува.Според анализата на BBC, нападнати биле најмалку пет клучни цели, меѓу кои воената база Генералисимо Франциско де Миранда, аеродромот Ла Карлота, пристаништето Ла Гваира и Фуерте Тиуна, најголемиот воен комплекс во Венецуела. Дел од ударите биле насочени кон системите за противвоздушна одбрана, а Трамп изјави дека пред почетокот на операцијата била прекината и електричната енергија во Каракас.Додека траеле воздушните напади, американските сили, меѓу кои и припадници на елитната единица Делта форс, навлегле на копно. При упадот бил погоден еден американски хеликоптер, но останал во лет. Генералот Кејн изјави дека силите за апсење дејствувале со исклучителна брзина и дисциплина, пробивајќи се низ комплексот во кој се наоѓал Мадуро.Според Трамп, венецуелскиот лидер се обидел да побегне во сигурна просторија, но не успеал да ги затвори вратите. Тој потврди дека имало погодени лица, но дека ниту еден американски војник не загинал. Од венецуелска страна, министерот за одбрана Владимир Падрино соопшти дека во акцијата бил убиен голем дел од обезбедувањето на Мадуро, како и војници и цивили.Во раните утрински часови, хеликоптери со Мадуро и неговата сопруга Цилија Флорес ја напуштиле Венецуела. Тие биле предадени на американското Министерство за правда и пренесени во Њујорк, каде што ги очекуваат кривични обвиненија, за кои САД претходно понудија награда од 50 милиони долари.Неколку часа подоцна, Трамп јавно ја објави веста: „Мадуро и неговата сопруга наскоро ќе се соочат со целосната сила на американската правда“.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryihaq269kfcdkbbaN0WI

Која е новата лидерка на Венецуела на која Трамп ѝ се закани дека ќе помине полошо од Мадуро

Откако претседателот Николас Мадуро беше заробен за време на американска воена операција, раководењето со Венецуела го презеде извршната потпретседателка Делси Родригез. Овој чекор е во согласност со венецуелскиот устав, кој во членовите 233 и 234 пропишува дека во случај на привремено или трајно отсуство на претседателот, неговите должности ги презема потпретседателот.Родригез, која ја извршува и функцијата министерка за финансии и за нафта, ја презеде новата улога во саботата попладне. Само неколку часа по веста за заробувањето на Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес, таа претседаваше со седница на Советот за национална одбрана. Окружена со министри и високи функционери, ја осуди американската воена операција и побара „итно ослободување“ на претседателскиот пар.Стоејќи пред венецуелското знаме, Родригез изјави дека операцијата претставува флагрантно кршење на меѓународното право и суверенитетот на Венецуела. Таа нагласи дека таквиот чин треба да го отфрлат сите Венецуелци, но и да го осудат владите ширум Латинска Америка.„Ги повикуваме народите на големата татковина да останат обединети, бидејќи она што му беше направено на венецуелскиот народ може да му се направи на секој. Оваа брутална употреба на сила за да се скрши волјата на народот може да се примени против која било земја“, порача таа во обраќање што го пренесуваше државната телевизија VTV.Функционерка со „полна доверба“ од МадуроДелси Родригез (56) е родена во Каракас. Таа и нејзиниот брат Хорхе Родригез се деца на Хорхе Антонио Родригез, левичарски герилец кој ја основал револуционерната Социјалистичка лига. Според агенцијата „Ројтерс“ (Reuters), тој бил уапсен во 1976 година поради наводна вмешаност во киднапирање на американски бизнисмен и починал во полициски притвор, при што семејството тврди дека бил измачуван. Се наведува и дека Николас Мадуро го величел како херој на венецуелската левица.Привремената наследничка на Мадуро дипломирала право на Централниот универзитет на Венецуела во Каракас, по што се специјализирала за работно право во Париз и продолжила со образование на Универзитетот Биркбек во Лондон, каде стекнала магистерска диплома по социјална политика. Повеќе од две децении таа е една од водечките фигури на чавизмот, политичкото движење основано од претседателот Хуго Чавес, кое по неговата смрт во 2013 година го води Мадуро.Заедно со својот брат, сегашниот претседател на Националното собрание Хорхе Родригез, таа извршувала низа влијателни функции уште од ерата на Чавес. Беше министерка за комуникации и информации (2013–2014), а потоа и министерка за надворешни работи (2014–2017). Во таа улога ја бранеше владата на Мадуро од меѓународните критики, вклучително и обвинувањата за уривање на демократијата и кршење на човековите права.Во 2017 година стана претседателка на Уставотворното национално собрание, тело што ги прошири овластувањата на владата откако опозицијата победи на парламентарните избори во 2015 година. Мадуро во 2018 година ја именуваше за потпретседателка, а таа функција ја задржа и за време на неговиот трет мандат, кој започна на 10 јануари 2025 година по контроверзните избори одржани на 28 јули 2024 година.Венецуелската опозиција тврди дека изборите во 2024 година биле наместени и дека Мадуро не бил легитимно избран. Тие инсистираат дека вистински победник бил поранешниот амбасадор Едмундо Гонзалес Урутија — став кој го поддржуваат и некои влади од регионот.Уставниот правник и политички аналитичар Хосе Мануел Романо за CNN изјави дека функциите што ги извршувала Родригез покажуваат дека таа е „многу истакната“ фигура во рамките на владата и личност која ужива „полна доверба“ од претседателот.„Извршната потпретседателка на републиката е многу ефикасна оперативка, жена со силни лидерски способности за управување со тимови“, рече Романо. „Многу е насочена кон резултати и има значително влијание врз целиот владеен апарат, вклучително и Министерството за одбрана. Тоа е многу важно да се истакне во сегашните околности“, додаде тој.На пат кон разбирање со САД?Неколку часа по заробувањето на Мадуро, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека државниот секретар Марко Рубио разговарал со Родригез и дека таа изгледала подготвена за соработка со Вашингтон.„Разговараше со Марко. Рече: ‘Ќе направиме сè што ви треба.’ Ми се чини дека беше прилично учтива. Ќе го направиме тоа како што треба“, изјави Трамп.Овие изјави ги изненадија некои аналитичари, кои сметаат дека е малку веројатно Родригез да прави отстапки кон Соединетите Држави. „Таа не е умерена алтернатива на Мадуро. Беше една од најмоќните и најтврди фигури во целиот систем“, изјави за CNN Имдат Онер, политички аналитичар и поранешен турски дипломат кој служел во Венецуела.„Нејзиниот подем на власт изгледа како резултат на некакво разбирање меѓу Соединетите Држави и клучни актери кои се подготвуваат за сценарио по Мадуро. Во тој контекст, таа во суштина би служела како привремена лидерка додека демократски избраниот претседател не ја преземе функцијата“, додаде тој.Во своите први пораки, Родригез не покажа знаци на попуштање. Рано наутро, во телефонско интервју за VTV, изјави дека локацијата на Мадуро и Флорес е непозната и побара доказ дека се живи. Подоцна, на седницата на Советот за национална одбрана, ја заостри реториката, ја осуди американската операција и, и покрај сè, инсистираше дека Мадуро останува на чело на државата.„Во оваа земја постои само еден претседател, а неговото име е Николас Мадуро Морос“, порача Родригез — сега, по сила на околностите, најистакнатото лице на венецуелската влада.

Свет | пред 2 месеци

media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

По Венецуела, дали и Колумбија е „следна“? Трамп не ја исклучува воената опција

Американскиот претседател Доналд Трамп испрати нова жестока порака до Богота, оставајќи отворена можност за воена интервенција против Колумбија.Зборувајќи пред новинари во авионот „Ер Форс Уан“, Трамп остро го нападна колумбискиот претседател Густаво Петро, велејќи дека земјата е „сериозно болна“ и дека ја води човек кој, според него, го поддржува производството и извозот на кокаин кон САД. „Тоа нема да трае уште долго“, додаде тој.На директно новинарско прашање дали Вашингтон би прибегнал и до воена операција против Колумбија, Трамп одговори: „Тоа ми звучи добро“. Во истиот контекст тој оцени и дека Куба, долгогодишен сојузник на режимот во Каракас, „изгледа како да е пред распаѓање“ и дека можеби ќе колабира и без американска интервенција.Изјавите доаѓаат во сенка на американската операција во Венецуела, по која Мадуро е притворен во Њујорк и се соочува со обвиненија за трговија со дрога. Трамп предупреди дека можни се нови удари врз венецуелски цели доколку преостанатите структури на власта не соработуваат со САД.Истовремено, тој даде сигнал дека наместо итно одржување избори во Венецуела, повеќе би поддржал преодна соработка со дел од системот на Мадуро – пред сѐ во борбата против наркокартелите и враќањето на стабилноста во нафтениот сектор.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryrn6bu33g13kv34UeU1b

Куба: Триесет и двајца наши државјани загинаа во американската акција за апсење на Мадуро

При вооружената акција и апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, Куба тврди дека 32 нејзини државјани загинале во американската воена операција изведена на територијата на Венецуела. Хавана соопшти дека поради настанот се прогласуваат два дена на жалост.Во изјавата на кубанските власти се наведува дека загинатите биле припадници на вооружените и разузнавачките структури на Куба, кои – како што беше нагласено – „херојски ја извршувале својата должност“. Според официјалната верзија на Хавана, дел од нив настрадале во директни борби со американските сили, а други за време на бомбардирање на објекти.Иако Куба со години има клучна улога во обезбедувањето на Мадуро, не е објавено колку кубански припадници биле присутни во моментот на интервенцијата во Каракас, ниту дали дел од жртвите загинале на други локации во земјата.Американските специјални сили го уапсија 63-годишниот Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес во саботата, по што тие беа префрлени во САД. Венецуелскиот лидер се наоѓа во притвор во Њујорк и, според најавите, во понеделник треба да се појави пред федерален суд.Мадуро веќе подолго време е обвинет во САД за „нарко-тероризам“, обвинувања што тој постојано ги отфрла.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryluvqeq3767d25hroIP9

Два дена по драматичното апсење, Мадуро денеска излегува пред федерален суд во Њујорк

Два дена по уапсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро во Каракас и по неговото носење во САД, 63-годишниот лидер денеска треба првпат да се појави пред федерален суд во Њујорк, објавија повеќе американски медиуми, меѓу кои „Ен-Би-Си њуз“ и „Њујорк тајмс“. Сослушувањето е закажано за пладне по локално време, односно во 17 часот по Гринич.Иако деталите за самиот тек на рочиштето засега не се прецизирани, познато е дека Мадуро во САД се соочува со серија тешки обвиненија, пред сè за таканаречен „наркотероризам“. Американските обвинители тврдат дека тој, користејќи политичка власт која Вашингтон ја смета за нелегитимна, овозможил транспорт на илјадници тони кокаин кон американската територија и притоа имал лична финансиска корист.Во обвинението, кое беше проширено по неговото апсење, се наведува и дека Мадуро соработувал со меѓународни наркокартели. Овие наводи ги повтори и американската државна обвинителка Пам Бонди на платформата X. Негови кообвинети се неговата сопруга Силија Флорес, неговиот син, како и актуелниот и поранешниот министер за внатрешни работи на Венецуела. Обвиненијата ги опфаќаат и раководни структури поврзани со криминалната организација „Трен де Арагуа“.Мадуро веќе беше инкриминиран во САД во 2020 година за трговија со дрога, а американските власти тогаш понудија и награда за информации што ќе доведат до негово апсење. Со најновите настани, предметот добива нова правна димензија.Уапсени се и неговата сопруга и дел од најблискиот круг, откако специјални единици дејствуваа во саботата наутро во венецуелската престолнина. Што точно ќе се случува на денешното судење, американските медиуми оценуваат дека останува да се види.

Свет | пред 2 месеци

grenlan

Страв во Данска дека Трамп сака американска контрола и врз Гренланд

По „киднапирањето“ на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кое Вашингтон го оправдува со безбедносни причини, во Данска сè погласни стануваат стравувањата дека американската администрација може да направи сличен потег и кон Гренланд. Загриженоста расте поради повторените изјави на Доналд Трамп дека САД треба да воспостават контрола врз овој арктички остров од стратешко значење.Гренланд, кој има околу 57.000 жители и статус на полуавтономна територија во рамките на Данското кралство, формално има право на независност согласно договорот од 2009 година. Сепак, локалните власти не го користат тоа право бидејќи економијата е силно зависна од риболовот и данските субвенции. И Копенхаген и властите во Нуук категорично повторуваат дека островот „не е на продажба“ и нема да стане дел од Соединетите Американски Држави.Трамп, кој веќе неколку пати јавно го поврзува Гренланд со американската национална безбедност, тврди дека Русија и Кина веќе имаат присуство таму и дека Данска не е во состојба да се справи со геополитичкиот притисок. Зборувајќи во авионот „Ер Форс Уан“ за време на летот од Мар-а-Лаго кон Вашингтон, тој најави дека прашањето ќе биде повторно разгледано во наредните месеци, оценувајќи дека островот е клучен за одбранбениот ракетен штит и за обезбедување на ресурсите потребни за САД.Американскиот претседател тврдеше и дека Европската Унија е свесна за улогата на Вашингтон во Арктикот, истакнувајќи дека „на ЕУ ѝ е потребно САД да ја преземат таа одговорност“. Во јавноста овие пораки се толкуваат како сигнал дека Белата куќа не отстапува од идејата за проширување на своето влијание над островот.Стратешката положба на Гренланд меѓу Европа и Северна Америка веќе одамна го прави важна точка во безбедносните пресметки на НАТО-сојузниците. Но, повтореното спомнување на можноста за американска јурисдикција — дури и со потенцијална употреба на сила — предизвикува особена вознемиреност во Данска, која потсетува дека островот има сопствен политички статус и дека одлуките за неговата иднина не се предмет на трговија.

Свет | пред 2 месеци

media-librarys03fe4ht40enf8nKEJk

Руските интереси под закана: реализацијата на планот на Трамп за Венецуела со висока цена за Москва

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп САД да ја преземат контролата врз венецуеланската нафтена индустрија и да ги повикаат американските компании да учествуваат во нејзина обнова по апсењето на претседателот Николас Мадуро, најверојатно нема да има значително и непосредно влијание врз светските цени на нафтата, оценуваат аналитичари за Associated Press (AP).Венецуеланската нафтена индустрија е во исклучително лоша состојба поради долгогодишно запоставување, корупција и меѓународни санкции. Според експертите, ќе бидат потребни години и огромни инвестиции пред производството значително да се зголеми. Иако постојат проценки дека земјата релативно брзо би можела да ја удвои или дури утрои сегашната продукција од околу 1,1 милион барели дневно, враќањето на историските нивоа останува долгорочен процес.„Иако има извештаи дека американските воени акции не ја оштетиле нафтената инфраструктура, таа пропаѓа со години и ќе биде потребно време за да се обнови“, изјави Патрик Де Хан, главен нафтен аналитичар во GasBuddy.Политичката стабилност клучна за инвестицииАмериканските нафтени компании, сепак, не се подготвени за големи вложувања без јасна и стабилна политичка состојба. И покрај изјавите на Трамп дека САД ја преземаат контролата, ситуацијата во Венецуела останува неизвесна, со спротивставени ставови околу легитимитетот на новата власт.„Доколку се покаже дека САД успешно управуваат со земјата, може да се појави оптимизам дека американските енергетски компании релативно брзо ќе влезат и ќе ја ревитализираат индустријата“, вели Фил Флин, висок пазарен аналитичар во Price Futures Group. Според него, доколку Венецуела повторно стане голема нафтена сила, тоа долгорочно би можело да придонесе за пониски цени и да изврши дополнителен притисок врз Русија.Огромни резерви, но минимално производствоСпоред американската Управа за енергетски информации (EIA), Венецуела располага со најголеми докажани резерви на сурова нафта во светот – околу 303 милијарди барели, или 17 отсто од глобалните резерви. И покрај тоа, денес произведува помалку од еден процент од светската нафта.Chevron е единствената американска компанија со значајни операции во земјата, каде што произведува околу 250.000 барели дневно преку заеднички вложувања со државната PDVSA. Компанијата соопшти дека продолжува да работи во согласност со законите и дека приоритет ѝ е безбедноста на вработените.Историски товар и правни дилемиПроизводството во Венецуела драстично опадна од околу 3,5 милиони барели дневно во 1999 година, делумно поради национализацијата на индустријата во 2007 година, кога тогашниот претседател Уго Чавез ги истисна големите странски компании. Аналитичарите нагласуваат дека клучниот проблем не е наоѓањето нафта, туку довербата дека идната власт ќе ги почитува договорите.Дополнително, професорот по право на Универзитетот Колумбија, Метју Ваксман, предупредува дека преземањето контрола врз венецуелските ресурси отвора сериозни правни прашања за сопственоста на нафтата и почитувањето на меѓународното право.Потенцијално олеснување на притисокот врз РусијаВенецуелската тешка сурова нафта е клучна за производство на дизел, кој моментално недостига на светскиот пазар. Зголемувањето на производството би можело да им помогне на европските и американските рафинерии и да ја намали зависноста од руските енергенси. „Русија имаше корист од колапсот на венецуеланската нафтена индустрија, бидејќи Венецуела беше нејзин конкурент“, истакна Флин.Иако краткорочниот ефект врз цените се смета за минимален, аналитичарите предупредуваат дека долгорочните економски и геополитички последици од планот на Трамп би можеле значително да го променат глобалниот енергетски пазар.

Свет | пред 2 месеци

kamala-h

Камала Харис за акцијата: Не станува збор ниту за дрога, ниту за демократија – станува збор за нафта

Поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, преку својот профил на социјалната мрежа X остро ја критикуваше американската интервенција во Венецуела, оценувајќи ја како незаконска, нерозмислена и штетна за интересите на САД.„Фактот дека Мадуро е брутален и нелегитимен диктатор не ја менува реалноста дека оваа акција е незаконска и нерозмислена. Веќе сме го гледале овој филм – војни за промена на режими или за нафта се прикажуваат како сила, а завршуваат со хаос, при што цената ја плаќаат американските семејства. Американскиот народ не го сака тоа и е уморен од измами“, напиша Харис.Таа нагласи дека интервенцијата не е поврзана со борба против дрога или за демократија, туку со „нафта и желбата на Доналд Трамп да игра улога на регионален моќник“. Според неа, ако на Трамп навистина му било важно, „не би помилувал осуден наркоторговец ниту би ја маргинализирал легитимната опозиција додека преговара со послушници на Мадуро“.Харис потенцираше дека акцијата ја изложува американската војска на ризик, троши милијарди долари, дестабилизира регион и не нуди правна основа, излезен план или конкретна корист за граѓаните во САД.Ова е најостра реакција од поранешниот американски функционер за случувањата во Венецуела, кои предизвикаа меѓународни реакции и критики.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryvg3apg7ibvsj1d5GqU5

Мицкоски: Апсолутно стоиме зад потезите на САД за Венецуела, а тие што коментираат дека ова е преседан, молчеа за Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски прашан за позицијата на нашата држава во однос на приведувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на САД, рече:„Ние како Влада апсолутно стоиме до аргументите и потезите на нашиот стратешки партнер – Соединетите Американски Држави. Мене најмногу ме зaгрижува громогласната тишина на истите тие европски и светски земји во минатото кога меѓународното право се кршеше на грбот на Македонија и македонскиот народ.И како тогаш сите тие се оглувеа и никој од нив не го коментираше сето тоа. И како сега наеднаш, сите тие коментираат дали било тоа меѓународно право или не било меѓународно право итн., имајќи предвид дека познавам голем дел од тие што коментираат, а не се меѓународноправни експерти. Јас тоа би им го оставил на експертите по меѓународно право. Но, еднаш кога во животот ќе направите исклучок, тој потоа станува пракса и е прашање на време кога ќе се удри од вашиот грб”, рече Мицкоски.Мицкоски тврди дека преседанот бил направен уште кога се менуваше знамето на нашата држава за да биде земја членка на Обединетите нации, кога се менуваше Уставот, кога се менуваше уставното име, и кога се лажеа луѓето дека за рок од три-четири години ќе станеме земја членка на ЕУ.

Македонија | пред 2 месеци

1694251431-Tan2023-09-0908281555_9-2048x1350-1

Северна Кореја: САД со соборувањето на Мадуро ја покажуваат бунтовничката и брутална природа

Северна Кореја остро ги осуди американските напади врз Венецуела и соборувањето на поранешниот претседател Николас Мадуро, оценувајќи ги како „најтежок облик на кршење на суверенитетот“, објави во неделата државната новинска агенција КЦНА, а пренесе Ројтерс.Во соопштението на портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи се наведува дека овој настан е уште еден доказ за, како што се наведува, „одметничката и брутална природа на Соединетите Американски Држави“.Осудата доаѓа истиот ден кога Пјонгјанг лансираше нови балистички проектили, токму во периодот кога јужнокорејскиот претседател ја започна својата државна посета на Кина, еден од клучните сојузници на Северна Кореја.Од Пјонгјанг дополнително порачаа дека актуелната состојба во Венецуела „предизвикува катастрофални последици за зачувувањето на идентитетот и структурата на регионалните и меѓународните односи“.

Свет | пред 2 месеци

media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Плановите на Трамп за управување со Венецуела сè уште нејасни

Плановите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за идното управување со Венецуела и понатаму остануваат неразјаснети. Трамп во саботата изјави дека Соединетите Американски Држави ќе управуваат со земјата сè додека не се обезбеди „безбедна, исправна и разумна транзиција“.Сепак, сè уште не е познато на кој начин САД би ја воделе Венецуела, ниту кои лица или институции би биле вклучени во тој процес. Трамп нагласи дека станува збор за „тимски напор“.Тој додаде дека американскиот државен секретар Марко Рубио разговарал со венецуелската потпретседателка Делси Родригез, која во меѓувреме беше именувана за привремена претседателка од Врховниот суд на Венецуела. Според Трамп, Родригез изразила подготвеност да стори сè што ќе побараат САД.Набргу потоа, Родригез се појави на државната телевизија во Венецуела, каде побара ослободување на Николас Мадуро, нагласувајќи дека тој е „единствениот легитимен претседател“ на земјата.Трамп исто така изјави дека не разговарал со лидерот на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо, за која оцени дека нема ниту доволна поддршка, ниту почит во земјата за да стане нејзин лидер.Мачадо претходно повика власта да ја преземе Едмундо Гонзалез, кого таа го поддржа и мобилизираше за време на претседателските избори во 2024 година. Резултатите од гласањето што ги објави нејзината партија сугерираат дека Гонзалез остварил убедлива победа.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryuf71nlh27k0cbFifNuw

Мадуро во понеделник првпат пред федерален суд во Менхетен, а жители на Венецуела сведочат: Нашата земја е во хаос

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро во понеделник првпат ќе се појави пред федерален суд во Менхетен, соопшти претставник на американското Министерство за правда. Тој е обвинет по повеќе федерални точки, меѓу кои и заговор за нарко-тероризам.Во обвинението се наведува дека Мадуро и неговите сојузници со години ги претвориле венецуелските државни институции во центар на корупција поттикната од трговијата со дрога, дејствувајќи исклучиво во сопствен интерес. Според Министерство за правда на САД, највисокиот државен врв на Венецуела со децении бил вклучен во масовен шверц на наркотични средства.„Повеќе од 25 години, лидерите на Венецуела ги злоупотребувале позициите на јавна доверба и ги корумпирале некогаш легитимните институции за да внесат тони кокаин во Соединетите Американски Држави“, се наведува во обвинението, при што како главен организатор е посочен токму Мадуро.Сликите од Мадуро со лисици на рацете на американско тло предизвикаа силни реакции меѓу Венецуелците во дијаспората. Ниурка Мелендес, коосновачка на организацијата „Venezuelans and Immigrants Aid“ од Њујорк, изјави за CNN дека сцените кај неа разбудиле силни и спротивставени емоции.„Тоа е како возење на воз на смртта – толку многу чувства во исто време“, рече таа, додавајќи дека и покрај трауматичното минато, гледа „светло на крајот од тунелот“.Мелендес нагласи дека во Венецуела и натаму има политички затвореници и луѓе кои живеат во страв, но оцени дека апсењето на Мадуро претставува чекор кон правда.„Нашата земја е во хаос. Ја изгубивме државата и сега повторно се обидуваме да ги составиме парчињата. Знам дека тоа ќе биде исклучително сложен и тежок процес“, изјави таа, изразувајќи надеж дека судскиот процес ќе биде почеток на обновата на земјата.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања