Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

„Од лошо – полошо“: СДСМ со остри критики за економските политики

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-library4qm31b5r4falfNrLvzI

Опозициската СДСМ обвинува дека македонската економија бележи сериозен пад, посочувајќи на најновите податоци за индустриското производство и странските инвестиции.

— реклама —

Според партијата, индустриското производство во јануари годинава е намалено за 9,4% во однос на истиот период лани, додека на месечно ниво падот изнесува 13,9%.

— реклама —

СДСМ наведува дека негативните трендови се забележуваат и кај странските директни инвестиции, кои, според податоците од Народната банка, се намалени за 61% во 2025 година, односно за 729 милиони евра помалку во споредба со претходната година.

— реклама —

„Овие бројки го покажуваат дебаклот на економските политики на Владата предводена од Христијан Мицкоски“, велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека веќе има затворање на погони, намалено производство и губење на работни места, како и пад на бројот на вработени во индустријата, што, според нив, директно влијае врз животниот стандард на граѓаните.

Воедно, посочуваат дека задолженоста на граѓаните и компаниите кон банките достигнала 9,1 милијарди евра.

СДСМ ја обвинува власта дека наместо конкретни економски мерки, прави „дефокус“ во јавноста и избегнува справување со реалните проблеми.

„Потребни се итни мерки за стабилизација на економијата, намалување на цените и поддршка на индустријата која тоне“, порачуваат од партијата, повикувајќи на свикување вонредна владина седница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 8 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 12 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања