Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Од Скопје до Коњух: марихуана била „маскирана“ како перници за да помине граница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarybui1hucudp2i5z5u3tB

Наместо пратка со „лесни македонски перници“ за Манчестер, преку „Табановце“ од Македонија во Србија била пренесена голема количина марихуана. ОЈО ГОКК отвори истрага против шест лица за случајот со околу пет тони канабис пронајдени во Коњух; возачот Александар Ивановски е во притвор. Како првоосомничен се посочува Предраг Брковиќ, сопственик на „Алфафарм“, кој наводно организирал набавка и повеќекратен транспорт на 8.832 кг сув цвет од канабис (од „ЦБД Медплант“), спакуван во над 200 кутии. Кутиите биле пренесени до Свети Николе, камионот бил испразнет од перници и натоварен со дрогата, по што заминал кон Србија. Истрагата продолжува.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Наместо лесни перници, тони марихуана завршиле од Македонија во Србија, објави „Код“. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага против шест лица поврзани со околу петте тони марихуана пронајдени во Коњух, кои од земјава излегле преку граничниот премин „Табановце“.

Имено, според „Код“, марихуаната влегла во Србија во камион декларирана како „квалитетни лесни македонски перници од Прилеп“ кои „требало“ да патуваат за Манчестер, Англија. Перниците биле извадени од камионот и претоварени во друг, а првиот камион бил натоварен со кутиите марихуана. Возач на камионот бил Александар Ивановски кој е сега притворен.

— реклама —

Според соопштението на Обвинителството, првоосомничен е сопственикот на скопската фирма „Алфафарм“, Предраг Брковиќ, кој заедно со други засега неидентификувани лица организирал набавка на марихуана и нејзино повеќекратно транспортирање од Македонија до Србија со товарни возила, со цел натамошна продажба.

Брковиќ, како што наведуваат од ОЈО ГОКК, им дал насоки на своите вработени за пакување на сув цвет од канабис во вкупна количина од 8.832 килограми, претходно набавен од фирмата „ЦБД Медплант“ од струмичкиот регион.

— реклама —

Во период од околу две недели биле спакувани над 200 кутии, по што првоосомничениот им одобрил колективен одмор на вработените. На 13 јануари 2026 година, во пладневните часови, двајца ортаци, од кои едниот осомничен во Република Северна Македонија, а другиот во Република Србија, организирале пренесување на поголема количина сув цвет од канабис со товарни и патнички возила од објектот на правното лице во Скопје до локација во атарот на Свети Николе.

Од Обвинителството информираат дека првоосомничениот, заедно со други неидентификувани лица, организирал кутиите да бидат натоварени во возилата и во два наврата пренесени до наведената локација.

Клучниот момент, според истрагата, е што товарното возило, кое првично било наменето за превоз на лесни перници, било испразнето и наместо перници во него биле натоварени кутиите со сув цвет од канабис. Од Свети Николе возилото се упатило кон граничниот премин „Табановце“ и ја напуштило државата, носејќи ја пратката кон Србија.

Истрагата е во тек, а Обвинителството најавува натамошни активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорноста на сите инволвирани лица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2ro9vqk25vo01oQmliL

Вучиќ и фон дер Лајен разговараа за европскиот пат на Србија

Свет | пред 14 часа

— реклама —
media-library4pds9h0ctsn8cPwbI1B

(Видео) Опозициски критики кон претседателот Вучиќ за односот со Русија

Свет | пред 18 часа

media-libraryomve0170hsuh7Rurym6

Уапсен 20-годишник, осомничен за учество во војната во Украина

Балкан | пред 19 часа

media-libraryo3atpber2kltbOhFQP9

Малолетник фрлил бомба во Крагуевац за 1.000 евра

Свет | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања