Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Од утре попладне до петок на повеќе места низ Македонија врнежи и грмежи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Од утре попладне до петок, нашата територија ќе биде под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот. Токму ова ќе услови поголемо дестабилизирање на Атмосферата, па така на повеќе места низ Македонија во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

— реклама —

Оваа циклонска активност ќе предизвика локално процесите да бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град. Токму поради очекуваната појава на електрични празнења, препорачуваме крајна внимателност, односно граѓаните да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.

— реклама —

За време на оваа циклонска активност локално се очекува да наврне позначително количество на воден талог (над 25 л/м2).

— реклама —

И во Скопје и околината од утре попладне, до петок ќе има појава на повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме, проследено со силен ветер и со појава на град.

Температурите во четврток и во петок позначително ќе опаднат и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени. Пониски температури ќе имаме и за време на викендот, но нестабилноста ќе се намалу, а утрата ќе бидат значително посвежи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

vreme

Променливо облачно време со сончеви периоди

Македонија | пред 17 часа

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Облаци и врнежи низ земјава, во Скопје до 13 степени

Македонија | пред 3 дена

vreme

Променливо облачно со дожд и силен јужен ветер – температурите до 21°C

Македонија | пред 4 дена

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Утре силен јужен ветер над 60km/h, а во петок врнежи и услови за грмежи

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања