Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Одбележување 80 години слободно Драчево и формирање на 12-тата скопска ударна бригада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
465915054_1100718808348074_5234446635701737420_n

Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со Здружението на продолжувачи на борци од Кисела Вода ја открија спомен-плочата, подигната во чест на загинатите партизани кои учествувале во битките за ослободување на Драчево и Скопје.

— реклама —

— реклама —

„Најпрво дозволете ми да го честитам денешниот ден, 12 ноември – Денот на ослободувањето на Драчево и денот кога во 1944 година во селото Војница, велешко, се формирала дванаесеттата македонска-скопска ударна бригада. Пред 80 години на овој ден, храбрите партизани не ги штедеа своите животи за слободата на наше славно Драчево, а ден потоа – и за слободата на Скопје. На самиот почеток, 500 храбри борци со прилично малку оружје но со голема желба за слобода на Татковината, придружени од Четвртиот скопски партизански одред кој бил составен од полетни младинци, решиле да одат до крај колкава и да биде цената за слобода, ако треба тоа да биде и животот. Првата битка која ги одзела и првите јуначки животи се одвивала на неколку стотина метри од тука, ноќта помеѓу 29 и 30 септември на железничката станица во Драчево, каде при нападот паднале многу жени, дечиња и повозрасни лица кои пожртвувано јуришале.

— реклама —

На оваа битка и храброста на партизаните се препишува заслугата што хидроцентралата Матка останала неурната. Веднаш по ослободувањето на Драчево, хероите се упатиле во битка за ослободување на Скопје и на 13 ноември, во најтешката и најкрвавата битка, храбрите партизани од Дванаесеттата македонска-скопска ударна бригада ја донеле слободата на главниот град. Во борбите за ослободување на Драчево и Скопје паднале многу херои кои чии имиња се трајно врежани во колективната меморија на македонскиот народ. Чест ми е што денес тука, ја откриваме спомен-плочата која ќе остане да сведочи за храбрите македонски воини кои го положија животот пред олтарот за слободата на Македонија. Нивното херојство ќе остане наш аманет да го пренесеме на генерациите после нас.Нека им е вечна слава!“, истакна Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybpuqtoov1sgc3UFfXOw

Почината 43-годишна жена пронајдена во дом во Кисела Вода

Скопје | пред 1 ден

media-librarybt3dscm9d7kf6SjAb4I

Градоначалничката на Кисела Вода им даде рок од 10 дена на граѓаните да ги тргнат хаварисаните возила

Скопје | пред 1 седмица

media-library7v7ld4nvqcdgcKvUWQK

СДСМ Кисела Вода реагира: Се врши сеча на повеќегодишни дрвја за изградба на нов објект

Скопје | пред 1 седмица

media-librarymk61ii5qa4ui3W1fBRy

(Фото) Големи пукнатини на патот кон Теферич – затворен за сообраќај

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања