Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Одбраната на Крешник Бектеши тврди дека дозволите за „Пулс“ биле издавани без негов потпис: „Факсимил, а не рачен потпис“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-05-15-at-14.37.45

Во продолжението на судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“, одбраната на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши излезе со сериозни забелешки за начинoт на кој биле издавани лиценците за работа на објектот. Бранителот Еленко Миланов пред судот истакна дека Бектеши воопшто не ги потпишувал документите, тврдејќи дека сите дозволи во неговиот мандат биле издадени со факсимил.

— реклама —

„Издадените лиценци во периодот од 2018 до 2022 година се издадени со факсимил на Крешник Бектеши. Ова значи дека не постои ниту еден потпис на лиценца од него. Најмалку за една од овие лиценци ќе докажеме дека е издадена на датум кога тој не се наоѓа во Република Македонија,“ рече Миланов, најавувајќи дека доказите ќе го поткрепат ова тврдење.

— реклама —

Одбраната дополнително објасни дека во Министерството за економија имало овластени службени лица кои го користеле факсимилот во редовни постапки, а министерот не ги проверувал документите лично. Според Миланов, Бектеши неправедно се врзува со правниот тек на процесот: „Крешник Бектеши стои во ова како дел од каузалитет, но без конкретни дејствија.“

— реклама —

Покрај тоа, адвокатот ја оспори тезата дека дискотеката не смеела да работи, наведувајќи дека законската регулатива ја дозволува угостителската дејност во деловни, а не само во станбени објекти.

„Законот е дециден – угостителска дејност може да се врши во деловни објекти. Единственото ограничување за кабаре или дискотека е тоа да не биде во станбен објект. Овој објект не е станбен,“ додаде Миланов, упатувајќи дека формално-правните услови биле исполнети.

Одбраната го насочи фокусот и кон Државниот пазарен инспекторат, нагласувајќи дека токму ДПИ е надлежната институција која проверува минимално-технички услови, а не Министерството за економија. „Министерството за економија нема ниту инспекциска служба, ниту овластување за надзор. ДПИ е тој што проверува дали се исполнети минимално-техничките услови,“ рече Миланов.

Крешник Бектеши, кој ја водеше економијата од февруари 2018 до февруари 2022 година, се соочува со обвинение за „Тешки дела против општата сигурност“ во рамки на процесот за трагичниот пожар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryal1bf04gcr551aeZsrH

39-ти „Марш на ангелите“ во Кочани: Додека светот го поместува часовникот напред, за нас времето стои

Македонија | пред 4 дена

puls-12

Сведок на судењето за „Пулс“: Општината навремено реагирала и побарала да не се издаде лиценца за работа на објектот

Македонија | пред 5 дена

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Тројца нови сведоци за пожарот во Кочани - продолжува судењето за случајот „Пулс“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Повторно се одложува судењето против деветте полициски службеници обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања