Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Одбраната на поранешниот директор на ДЗС, Аднан Џаферовски: Обвинението за „Пулс“ е поставено на погрешна правна основа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library2bhr9llnj04heZYiCmq
YouTube/Print Screen

На денешното рочиште за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, одбраната на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Аднан Џаферовски, остро ја оспори правната конструкција на обвинението, тврдејќи дека обвинителството не го утврдило причинскиот контекст меѓу неговата функција и несреќата.

— реклама —

Адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска оцени дека обвинението против нејзиниот клиент се темели на погрешен пристап и дека истрагата е водена со однапред определен резултат.

— реклама —

Во своето обраќање пред судот, таа истакна:

— реклама —

„Мојата единствена порака до вас денеска е дека јас и Аднан Џаферовски не сме ви непријатели. Ова обвинение вака конструирано ни става замка во која сите – ние, вие, судот, јавноста – мораме да се снаоѓаме во хаос кој не е создаден од факти, туку од погрешна правна рамка.Обвинителството меѓу обвинетите како Аднан не бара кривична одговорност, туку системска грижа. Не прибирале докази кои би оделе нанапред кон резултатот, туку од списокот се одело наназад. Непристрасна истрага дозволува доказите да водат кон резултатот, но овде резултатот е прво поставен, па после се барало како да се состави приказната. Тоа не е правна логика, тоа е попис претворен во обвинителен акт.“

Јошевска посочи дека според одбраната, клучниот елемент за кој обвинението го поврзува Џаферовски со настанот е фактички и правно погрешно поставен:

„Правниот објект кој изгоре во 2025 година во правна смисла не постоел во времето кога на функција бил Аднан Џаферовски. Објектот бил реконструиран, што значи дека е нов објект. Што точно требал да преземе Аднан Џаферовски од 2017 до 2020 година за да спречи пожар во објект кој изгорел во 2025 година, а настанал во 2024 година? Не можете да обвинете некого за пропуст, ако не можете да докажете што пропуштил.“

Одбраната тврди дека директорот нема надлежности да следи нелегални градби, не учествува во изработка или оценување на планови и не може да наредува вонредни инспекции без официјални информации од други институции.

Џаферовски, пак, во своето излагање нагласи дека трагедијата не смее да се користи за наметнување вина врз поединци без факти. Тој посочи дека неговата совест е „апсолутно чиста“ и дека верува дека доказната постапка ќе ја потврди неговата невиност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryal1bf04gcr551aeZsrH

39-ти „Марш на ангелите“ во Кочани: Додека светот го поместува часовникот напред, за нас времето стои

Македонија | пред 4 дена

puls-12

Сведок на судењето за „Пулс“: Општината навремено реагирала и побарала да не се издаде лиценца за работа на објектот

Македонија | пред 5 дена

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Тројца нови сведоци за пожарот во Кочани - продолжува судењето за случајот „Пулс“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Повторно се одложува судењето против деветте полициски службеници обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања