Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Одбраната на Сараќини: „Во 2012 година е издадена лиценца за сосема друг објект – обвинението е правно неосновано“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryqb2elrbs0f9jcftZbUA

Одбраната на поранешниот министер за економија Ваљон Сараќини денеска пред Судот оцени дека обвинението за неговата наводна одговорност во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ е поставено врз погрешни претпоставки и дека не се потпира на факти, туку на конструкција. Според бранителите, клучните околности околу локацијата, временскиот период и надлежностите на министерот биле целосно игнорирани при составување на обвинението.

— реклама —

Адвокатот Даниел Георгиевски потсети дека лиценцата што ја издал министерството во 2012 година воопшто не се однесувала на локацијата каде подоцна функционирала дискотеката „Пулс“, туку на објект на сосема друга адреса.

— реклама —

„Во 2012 година во Министерството за економија врз основа на барање е издадена лиценца за угостителска дејност кабаре кое се наоѓа на улицата Димитар Влахов бб во Кочани, која е сосема различна од адресата на дискотеката ‘Пулс’ која е на улица Крижевска во Кочани. Тоа ќе се презентира и во вештачењето. Се работи за две сосема различни локации и за различни правни лица“, рече Георгиевски.

— реклама —

Тој додаде дека обвинението не нуди ниту правна ниту логичка врска меѓу издадената лиценца од 2012 година и трагедијата што се случи 13 години подоцна, во период кога објектот ниту имал активна лиценца, ниту бил под надлежност на министерот за економија.

„Како е можно тогашниот министер, кој издава лиценца со рок на важност од една година да гарантира и да одговара за друг објект 13 години подоцна, во време кога објектот воопшто нема активна лиценца?“, праша Георгиевски, оценувајќи дека обвинението ја заобиколува законската рамка и ги проширува обврските на министерот надвор од неговите реални надлежности.

Според него, Јавното обвинителство во воведниот говор „ја избегнало вистината“ и оставило погрешен впечаток кај јавноста за тоа кој е изворот на одговорноста.

„Фрапира креативниот пристап на Јавното обвинителство во воведниот говор, скроен за задоволување на јавноста, при што се избегнати клучни факти,“ рече бранителот.

Во однос на постапката за издавање на лиценците, Георгиевски нагласи дека министерот одлучува само врз основа на формално поднесена документација, а проверките на условите за работа се исклучиво во надлежност на Државниот пазарен инспекторат.

Неговата колешка, адвокатката Татијана Поповски Буловски, посочи дека одбраната ќе покаже дека Сараќини нема никаква каузална врска со настанот.

„Издавачот на лиценца, во овој случај Министерството за економија, не испитува исполнетост на материјални услови за добивање лиценца, туку испитува постоење на формални услови, односно дали е поднесена бараната документација,“ рече таа, додавајќи дека инспекторите се тие што се произнесуваат за фактичката состојба на терен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryal1bf04gcr551aeZsrH

39-ти „Марш на ангелите“ во Кочани: Додека светот го поместува часовникот напред, за нас времето стои

Македонија | пред 4 дена

puls-12

Сведок на судењето за „Пулс“: Општината навремено реагирала и побарала да не се издаде лиценца за работа на објектот

Македонија | пред 5 дена

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Тројца нови сведоци за пожарот во Кочани - продолжува судењето за случајот „Пулс“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Повторно се одложува судењето против деветте полициски службеници обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања