Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Опозицијата обвинува: Намалени субвенции, зголемени сомнежи за тендери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library4qm31b5r4falfNrLvzI

СДСМ обвини дека Владата предводена од Христијан Мицкоски им одзела 40 милиони евра на земјоделците, намалувајќи ги субвенциите од 140 на 100 милиони евра. Според партијата, станува збор за директен удар врз илјадници земјоделски семејства кои егзистираат од производството на храна и го одржуваат домашното стопанство.

— реклама —

Од СДСМ оценуваат дека во услови на зголемени производствени трошоци, високи цени на нафтата, ѓубривата и механизацијата, кратењето на субвенциите претставува сериозен товар за земјоделците. Тие наведуваат дека наместо поддршка за секторот, Владата, како што велат, ги намалува средствата токму таму каде што последиците ќе бидат најсилно почувствувани.

— реклама —

„40 милиони евра помалку за земјоделците значат 40 милиони евра повеќе за милионски тендери за фирми блиски до власта“, наведуваат од СДСМ, додавајќи дека јавните набавки се спроведуваат нетранспарентно и со однапред договорени услови.

— реклама —

Опозициската партија ја спомена и суспензијата на ИПАРД програмата, тврдејќи дека европските средства биле загрозени поради неправилности, за што ја обвинува актуелната власт.

Според СДСМ, приоритет на Владата не се земјоделците и работниците, туку тендерите и распределбата на јавните средства. Оттаму порачуваат дека ќе продолжат со критиките и ќе бараат одговорност за, како што велат, штетните политики во земјоделството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 12 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 16 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања