Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Опозицијата со споредба: Хрватска, Словенија и Црна Гора имаат постари владини авиони

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library0mqu9voku8bq8ihODBh

СДСМ реагираше на изјавите на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во врска со староста на владиниот авион, наведувајќи дека леталото не е најстаро во регионот и дека споредбите покажуваат поинаква слика.

— реклама —

Од партијата посочуваат дека македонскиот владин авион е стар околу 20 години, додека владиниот авион на Хрватска е стар 27 години, словенечкиот 23 години, а црногорскиот исто така 27 години. Сите овие земји, наведуваат од СДСМ, редовно ги користат своите летала за службени патувања.

— реклама —

Во реакцијата се наведува и пример од Соединетите Американски Држави, каде што, според достапни податоци, просечната старост на флотата на „Јунајтед ерлајнс“ изнесува 15,4 години, при што дел од авионите се стари и до 35 години и секојдневно извршуваат комерцијални летови.

— реклама —

СДСМ оценува дека отворањето на темата за набавка на нов и поголем авион е несоодветно во услови кога, според нив, минималната плата во земјата е меѓу најниските во регионот и Европа. Според партијата, фокусот треба да биде ставен на економската состојба на граѓаните, а не на прашања поврзани со луксуз и комфор на функционерите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 11 час

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 15 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања