Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Опозицијата со тешки обвинувања: „РЕК управуван од нестручни кадри, цената ја плаќаат граѓаните“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Македонија
media-libraryf6cs3thmmjjddZLmLR5

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Драган Крајовски, обвини дека граѓаните на Битола се „колатерална штета“ на, како што наведе, бизнис интересите на власта и побара итна истрага за наводното труење на вработени во РЕК Битола.

— реклама —

„Денес Битола е на колена“, изјави Крајовски, посочувајќи на, според него, сериозни инфраструктурни проблеми, поплави, диви депонии и зголемени комунални трошоци кои дополнително го оптоваруваат животниот стандард на граѓаните.

— реклама —

Тој обвини дека управувањето со институциите е партизирано, со поставување нестручни кадри, што, како што рече, довело до нефункционалност на системот. Како пример го наведе раководењето со РЕК Битола, оценувајќи дека изборот на директор не бил во согласност со стручноста што ја бара позицијата.

— реклама —

Крајовски изнесе и сериозни обвинувања за здравствената состојба на вработените, тврдејќи дека „стотици“ лица завршиле на лекување поради труење, дел на Инфективното одделение, а дел со компликации на други клиники.

Според него, првичните реакции на надлежните биле несоодветни, со што, како што тврди, наместо да се охрабрат вработените да побараат медицинска помош, тие биле обвинети за злоупотреба.

„Со лошо менаџирање, цената секогаш ја плаќаат граѓаните“, изјави Крајовски, додавајќи дека е потребно итно да се утврди одговорност.

Од СДСМ бараат целосна истрага, преиспитување на сите одлуки кои, според нив, имаат директно влијание врз здравјето и животниот стандард на битолчани, како и санкции за одговорните лица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 3 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 8 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања