Инспекциските служби на Општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ Буњаковец.
На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомните лица, затекнати во руинираниот објект, по што започна расчистување на сметот во и околу куќата.
Интервенцијата е извршена по пријава и барање на жителите од околните згради, поради страв од пожари, кражби и загрозување на безбедноста и здравјето.
На втората локација во Буњаковец, поради присуство на малолетни бездомни лица, во акцијата е вклучена и социјалната служба. По завршување на постапката, ќе се пристапи кон целосно расчистување на просторот кој е претворен во мини депонија.
Ова не е првпат инспекциските служби на Општина Центар да интервенираат на овие локации по барање на жителите. И покрај претходните интервенции, бездомни лица повторно се вселуваат во напуштени објекти, користејќи го фактот дека станува збор за куќи со
нерешени имотно-правни односи. Иако сопствениците се контактирани, поради недостиг на соодветна реакција, општината е принудена постојано да интервенира со цел заштита на јавната безбедност.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски посочи дека ваквите објекти во кои се собираат бездомници и се создаваат диви депонии, не се само лоша слика за централното градско подрачје, туку и реална опасност за околината.
„Ги повикувам сопствениците да бидат одговорни, а граѓаните навремено да пријавуваат, за да можеме навреме и ефикасно да реагираме“, порача Герасимовски.
Општина Центар започна расчистување на напуштените објекти и иселување на бездомните лица
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 1 месец -
Скопје
Поврзани содржини
„Пајак“ крена 103 возила за една недела во Центар
Скопје | пред 11 час
Општина Центар ја спроведе пролетната дератизација, опфатени 2 000 шахти на целата територија
Скопје | пред 3 дена
Центар ќе ја слави гастрономијата: распишан повик за „Нож и виљушка на европска чинија“
Скопје | пред 5 дена
Герасимовски: Исчистена дива депонија во Маџир Маало, собрани 12 тони отпад
Скопје | пред 5 дена