Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Орбан за војната во Украина: Наполеон и Хитлер не успеаја, ниту ќе успее Каи Калас

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на предизборен собир во Бекешчаба повторно ја критикуваше западната стратегија кон војната во Украина, споредувајќи ја политиката на Европската унија со неуспесите на Наполеон и Хитлер. „Војната сè уште трае затоа што европските лидери сакаат да продолжи“, рече Орбан, без да ја спомне одговорноста на Русите кои ја започнаа војната. Минатата недела, во годишното обраќање кон нацијата, тој објасни дека „путизирањето“ е примитивно и неодговорно и дека вистинската опасност за слободата на Унгарците доаѓа од Брисел, а не од Москва.

— реклама —

Според него, европските лидери сакаат да ја продолжат војната со надеж дека, ако ја поразат Русија на територијата на Украина, ќе ја принудат да плати отштета и така ќе го врати паричниот кредит кој ЕУ ѝ го дала на Украина. „Тоа го обиделе и Наполеон и Хитлер. На нив не им успеа, а дали ќе успее Каи Калас?“ изјави Орбан. Тој го критикува стратегијата да се очекува Русија економски да се исцрпи од санкциите на ЕУ, тврдејќи дека „на крајот, црвеното знаме обично се виори на берлинските кули“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски најави нова ера: Украина потпиша 10-годишни воени договори со заливските држави

Свет | пред 7 часа

ukraina-kiev-1

Смртоносни напади меѓу Русија и Украина: загинати цивили од двете страни

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски: Нема услови за трипартитен состанок со САД и Русија

Свет | пред 2 дена

media-libraryj56fg38ofer7dCxtOxW

Девојката од Украина која барала помош пред маркети во Скопје, ги одбила сите видови понудена помош, објави украинското здружение во земјава

Скопје | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања