Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Осуденик од Штип со тешки повреди откако го натепале во кумановскиот затвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryi7u3pngd9sfe27C8Lrh

Осуденик во Казнено-поправната установа Затвор К’шање во Куманово пријавил дека бил брутално физички нападнат од друг затвореник, при што се здобил со тешки телесни повреди, информира Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Според пријавата поднесена на 2 јануари 2026 година во 11:30 часот во СВР Куманово, З.С. (54) од Штип навел дека инцидентот се случил на 11 декември 2025 година околу 14:00 часот, во просторија во рамки на затворот, каде во тој момент се наоѓал заедно со уште четири лица. Според неговото сведоштво, осуденикот Д.А. физички го нападнал, по што тој паднал на подот и ја изгубил свеста.

— реклама —

Во пријавата се наведува дека нападите продолжиле и по губењето на свеста, а биле прекинати дури откако З.С. бил спроведен во Општата болница во Куманово. Таму, лекарите му констатирале тешки телесни повреди.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава против осомничениот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

izletal-od-patoto

Трагедија во Куманово: Му се слошило зад волан, па со автомобилот излетал од патот

Македонија | пред 1 седмица

media-library5m158u8af9ph2HtR04D

Деца од Куманово се затруле со земјоделска течност, интно пренесени на клиника

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryl50dgrosuqlg4vjb85B

Докторот што констатирал природна смрт кај жртва на серискиот убиец повикан на распит

Македонија | пред 3 седмици

media-library2pkioh35m7jn3aqVYuQ

Почина Бајрам Сулејмани, поранешен градоначалник на Куманово

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања