Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЗАТВОР

idrizovo-ambulanta

Затвореник од Идризово ја доби Македонија пред Стразбур: судот утврдил дека бил тепан од чувар пред кантина, а истрагата била неефикасна

Затвореникот Фатим Муслиу е првиот кој ја доби Македонија пред Европскиот суд за човекови права за нечовечко постапување во Идризово. Ова доаѓа откако во Македонија биле поминати сите судски истнаци, без да се лоцира вина.Станува збор за настан од 3 август 2020 година, кога осудено лице било физички нападнато и тепано од припадник на затворската полиција пред кантината во КПД Идризово, при што се здобило со телесни повреди. Тој се жалеше дека бил изложен на нечовечко постапување и дека домашните власти не спровеле ефективна истрага.По неуспешен обид за спогодбено решавање, Владата доставила унилатерална декларација до Судот, во која признала повреда на правата гарантирани со член 3 од Конвенцијата и понудила обештетување од 11.295 евра за нематеријална штета, плус евентуален данок.Иако апликантот не бил задоволен од декларацијата, укажувајќи дека не се конкретизирани мерки за надминување на структурните проблеми, Судот оцени дека повеќе не е оправдано да продолжи со испитување на предметот и го избриша од листата согласноКонвенцијата.Во одлуката се нагласува дека таа не ја ослободува државата од обврската да спроведе истрага во согласност со барањата на Конвенцијата, имајќи го предвид признанието за повреда на член 3.Предметот го застапувал адвокатот Диме Ѓорчевски од Скопје, во рамки на проекти на Македонското здружение на млади правници и Хелсиншкиот комитет за човекови права.Одлуката претставува прва ваква пресуда против Македонија во затворски предмет по основ на член 3 од ЕКЧП и дополнително ги отвора прашањата за системските слабости во затворскиот систем и неефикасноста на механизмите за истрага на наводи за тортура и нечовечко постапување.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryth2ecknbhv387bhWagR

Газдата на „Дурмо Турс“ конечно се појави во затвор да издржи 10 години по трагедијата кај Ласкарци и низа одлагања

По две операции на тестиси и неколкумесечни одложувања поради здравствена состојба, сопственикот на превозната компанија Дурмо турс, Дурмиш Белули денеска се јави на издржување на затворската казна во КПУ Идризово.Белули треба да издржи 10 години затвор, казна изречена за тешката сообраќајна несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а повеќе од 30 патници беа повредени, откако се преврте технички неисправен автобус на компанијата.Извршувањето на казната беше одложувано повеќепати поради здравствени причини. Последното одложување беше одобрено на почетокот на декември 2025 година, кога Белули достави медицинска документација за потреба од дополнителна хируршка интервенција, по претходна операција извршена во октомври истата година. Одлуката важеше до средината на декември.Во меѓувреме, второосомничениот за истата несреќа, Ремзи Мифтари, одговорен за возниот парк на компанијата, не се јави на издржување на казната и е во бегство. По неговото исчезнување е распишана потерница. И Белули и Мифтари добија правосилни пресуди на 9 мај 2025 година, кога Апелациониот суд Скопје им ги зголеми затворските казни — на Белули од четири на 10 години, а на Мифтари од шест на 10 години затвор.Судијата што го водеше предметот претходно изјави дека лично извршил проверка во здравствената установа каде што бил лекуван Белули и разговарал со лекарот што ја извршил интервенцијата, при што било потврдено дека операцијата била медицински неопходна.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryi7u3pngd9sfe27C8Lrh

Осуденик од Штип со тешки повреди откако го натепале во кумановскиот затвор

Осуденик во Казнено-поправната установа Затвор К’шање во Куманово пријавил дека бил брутално физички нападнат од друг затвореник, при што се здобил со тешки телесни повреди, информира Министерството за внатрешни работи.Според пријавата поднесена на 2 јануари 2026 година во 11:30 часот во СВР Куманово, З.С. (54) од Штип навел дека инцидентот се случил на 11 декември 2025 година околу 14:00 часот, во просторија во рамки на затворот, каде во тој момент се наоѓал заедно со уште четири лица. Според неговото сведоштво, осуденикот Д.А. физички го нападнал, по што тој паднал на подот и ја изгубил свеста.Во пријавата се наведува дека нападите продолжиле и по губењето на свеста, а биле прекинати дури откако З.С. бил спроведен во Општата болница во Куманово. Таму, лекарите му констатирале тешки телесни повреди.Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава против осомничениот.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarypttrn4til086cc9x41v

Фатон Љури е казнет со 11 години затвор за смртта на Југослав Николовски на кејот на Вардар

За сообраќајната трагедија што на 1 јули годинава се случи на пешачката патека на кејот на Вардар во Скопје, Основниот кривичен суд – Скопје му изрече казна затвор од 11 години на Фатон Љури.Тој со мотор „Кавасаки“, при тоа без возачка дозвола и без заштитна кацига, удрил во 68-годишниот Југослав Николовски, кој почина од здобиените повреди. По ударот, Љури не застанал да помогне, туку го напуштил местото на несреќата и два дена бил во бегство.По неговото пронаоѓање беше поведена постапка, која заврши со денешната пресуда — 11 години ефективен затвор.

Македонија | пред 3 месеци

vasil-j

Апелација пресече, 13 години затвор за Јованов, кој ја прегази Фросина

Апелациониот суд му ја зголеми казната на 13 години на возачот Васил Јованов, кој смртно ја прегази младата Фросина Кулакова во центарот на Скопје, кого Кривичниот суд го осуди на 12 години затворска казна.„Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-696/25, по одржана јавна седница на 06.10.2025 година, а по спроведено советување и гласање на нејавен дел од седницата на ден 27.10.2025 година, донесе пресуда со која ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје и ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот В.Ј. Пресудата на Основниот кривичен суд Скопје ја преиначи во делот на кривичната санкција, на начин што обвинетиот В.Ј. од С. кој со првостепената пресуда е огласен виновен за кривично дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став2 в.в со член 297 став 1 од Кривилниот законик, се осудува на казна затвор во траење од 13-тринаесет години. Во останатиот дел првостепената пресуда се потврдува”, соопшти Апелација.Кривичниот суд пред седум месеци го осуди Јованов на 12 години затвор за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. За ова дело предвидена е казна затвор од најмалку четири години до максимум 20 години затвор.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarylt8r0dobpfn7bmRZYVp

Таткото што нападна двајца малолетни фудбалери во Штип доби затворска казна од 11 месеци

Родителот кој во август, за време на натпревар меѓу младинските екипи на „Брегалница“ и „Шкупи“, физички нападна двајца 15-годишни фудбалери, е осуден на казна затвор од 11 месеци.Како што информира портпаролот на Основниот суд – Штип, обвинетиот Авни Абгулиј од Скопје, е прогласен за виновен за сторено кривично дело – насилство, по член 386 став 4 од Кривичниот законик. Пресудата сè уште не е правосилна и следи периодот за жалба до Апелациониот суд во Штип.Инцидентот се случи на 24 август годинава на игралиштето „Бело брдо“ во Штип, за време на младински натпревар меѓу екипите на „Брегалница“ и „Шкупи“. Основното јавно обвинителство Штип веднаш поведе итна постапка против 43-годишниот родител, поради грубо насилство со кое ја загрозил сигурноста на две деца родени во 2010 година — играчи на домашниот тим.Според истрагата, насилството започнало откако синот на обвинетиот, незадоволен од одлуката на судијата, реагирал со удари кон еден од играчите на „Брегалница“. Во тој момент на теренот влегол таткото, кој со тупаници и клоци ги нападнал двете деца, нанесувајќи им повеќе повреди, меѓу кои и скршеница на нос без дислокација. Скопје1 објави и видео снимка од насилниот инцидент.

Македонија | пред 5 месеци

51982135_761934034192496_3837100924430450688_n-696x462-1

Поради кила на тестистите, обвинетите за Ласкарци и по пет месеци уште не стапнале во затворската ќелија

Пет месеци по правосилната пресуда за автобуската несреќа кај Ласкарци, двајца од осудените – сопственикот на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули и транспортниот менаџер Ремзи Мифтари – сè уште не ја започнале десетгодишната затворска казна.Од Основниот суд во Тетово за „Сакам да кажам“ потврдиле дека и двајцата доставиле медицинска документација поради здравствени проблеми. Белули имал хернија на еден тестис и неодамна бил опериран, додека Мифтари имал исти тегоби на двата тестиси и треба да биде подложен на хируршка интервенција.Во меѓувреме, возачот на автобусот Мануел Трифуновски, кој беше осуден поради управување со неисправно возило и невнимание што доведе до удар во заштитната ограда, веќе ја издржува својата казна.За време на судскиот процес, одбраната на Белули и Мифтари се обидуваше да ја префрли вината исклучиво на возачот, но судот ја отфрли таа аргументација и ги прогласи сите тројца за одговорни за несреќата.

Македонија | пред 5 месеци

lidija-dimova

Лидија Димова осудена на две години затвор за злоупотреба на службена положба

Основниот кривичен суд во Скопје ја прогласи за виновна поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување. Таа е осудена на казна затвор од две години.Пресудата предвидува и парична обврска – Димова треба да плати судски паушал од 10 илјади денари, како и да ги покрие судските трошоци. Во рок од шест месеци таа е задолжена да ја врати и штетата настаната врз Националната агенција, во износ од 22,7 милиони денари.Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска ја ослободи Димова од обвинението за измама, а третата обвинета, Ана Павлиду, одговорна за „несовесно работење во службата“.Во образложението беше наведено дека со несовесно и нестручно постапување Димова овозможила противправна корист за трети лица, што резултирало со штета од 2,818 илјади денари на европските фондови. „Кога станува збор за делото измама, недостига опис за тоа како конкретно е извршено и со кои лажни податоци е предизвикана штетата. Без вакви елементи нема основа за обвинение за измама, поради што судот мораше да донесе ослободителна одлука,“ појасни судијката.Обвинителката Сузана Мирческа Кузмановска го застапуваше обвинението, поднесено во јуни 2022 година.Според Обвинителството, во периодот од 2018 до 2020 година, како директорка на Агенцијата, Димова ја злоупотребила функцијата и овозможила значителна имотна корист за други лица. Таа постапувала спротивно на Законот за јавни набавки и на Законот за основање на Агенцијата, кршејќи ги принципите на законитост, еднаквост и јавност. Без да објави јавен конкурс, склучувала договори со надворешни лица кои ги ангажирала како експерти, обучувачи и соработници, при што ги дискриминирала потенцијалните кандидати.

Македонија | пред 6 месеци

8029060-e1677742791659-1000x560-1

Затвор и високи казни за мигранти со одбиен азил во Грција

Парламентот во Грција изгласа нов закон со кој лицата чијашто апликација за азил е одбиена, а не ја напуштаат земјата во рок од две недели, ќе се соочат со кривични санкции – казна затвор од две до пет години.Министерот за миграции Танос Плеврис изјави дека државата и понатаму ќе обезбедува азил за оние што ги исполнуваат критериумите за меѓународна заштита, но најави и засилени казни за нелегален престој и влез. Според новите одредби, за илегално влегување во Грција се предвидува парична казна до 10.000 евра и затвор до две години.Овој законски пакет предизвика бројни реакции. Судии го оценија како претерано репресивен, додека здруженијата за мигранти го нарекоа расистички и нелогичен, посочувајќи дека земјата се соочува со сериозен недостаток на работници во земјоделството, градежништвото и туризмот.Истовремено, економисти и експерти за демократија предупредуваат дека мерките за одвраќање на нелегалната миграција мора да бидат проследени со отворање легални канали за работна миграција, бидејќи без тоа грчката економија ќе се соочи со уште поголеми предизвици.

Свет | пред 6 месеци

300806025_5548677575178409_2960506694749295287_n

Кривичен суд: Напаѓачот на Данела Арсовска останува во притвор до правосилност на пресудата

Основен кривичен суд Скопје ја известува јавноста и медиумите дека судот на 02.09.2025 година ја донесе и јавно ја објави пресудата по предметот К.бр.1338/25, со која обвинетиот С.Љ. го огласи за виновен за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 3 вв со став 1 од Кривичниот законик, по што му изрече казна затвор во траење од 2 – две години, а заради тоа што на 11.07.2025 година извршил грубо насилство врз градоначалничката на Град Скопје,Согласно член 47 од Кривичниот законик, во изречената казна затвор на обвинетиот С.Љ. му се засметува и времето поминато во куќен притвор, преиначена во мерка притвор.Против ваквата пресудата странките имаат право на жалба во рок од 8 – осум дена по приемот на пресудата, преку овој суд до Апелациониот суд Скопје.По однос на мерката притвор, судот одлучи да се продолжи до правосилност на пресудата, односно до започнување со издржување на казната затвор, но не подолго од 60 – шеесет дена.

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-09-01-at-09.35.34

Смрт во притвор: институциите со спротивставени информации, семејството со тешки обвинувања

Смртта на притвореникот Мирсад Пушка во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари повторно го отвори прашањето за условите и здравствената заштита во казнено-поправните установи. Иако Министерството за внатрешни работи информираше дека тој побарал медицинска помош и дека лекарите се обиделе да го реанимираат, семејството тврди дека Пушка со месеци бил оставен без потребната терапија за неговите сериозни заболувања, меѓу кои и канцер.Адвокатот и роднина на починатиот, Асмир Алиспахиќ, јавно обвини дека системот не обезбедува ни основни услови за живот, а камо ли за соодветен третман на болни лица.Директорот на КПУ „Скопје“, Бобан Утковски, изјави дека Пушка бил носен на медицински прегледи, но никогаш не бил хоспитализиран. Од Кривичниот суд, пак, потврдуваат дека имале податоци за неговите дијагнози, но не и за канцер, а токму ден пред смртта бил поднесен предлог за измена на притворот.Пушка беше обвинет во предметот „Синдром“ за злоупотреби при издавање инвалидски пензии. Неговата смрт ја отвора дилемата: дали државата е способна да обезбеди човекови услови и права за најранливите – дури и кога се обвинети?

Македонија | пред 6 месеци

sutka-zatvor

Притвореник почина во затворот во Шутка

На 30 август 2025 година околу 15:30 часот во СВР Скопје, вработен во КПУ Затвор Скопје пријавил дека притвореното лице М.П. (54) од селото Долно Коњари побарал лекарска помош.На местото интервенирала екипа од Итната медицинска помош, а во 15:58 часот лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство.

Скопје | пред 6 месеци

ivo-sanader

Иво Санадер излезе од затвор по 11 години – доби условна слобода под строги мерки

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер е условно пуштен на слобода, откако Окружниот суд во Сисак го прифати неговото барање. Одлуката била донесена во четвртокот, а утрово е доставена до затворот во Липовица, каде што Санадер ја издржуваше казната.Со оваа мерка, Санадер добива можност да биде надвор од затвор, но под строго утврдени услови. Доколку ги прекрши, следува повторно враќање зад решетки.Тој беше осуден на вкупна казна од 18 години затвор во врска со три случаи – „Фими медиа“, „Планинска“ и „ИНА-МОЛ“. Од вкупната казна, досега има отслужено приближно 11 години.Според важечките прописи во Хрватска, затвореник може да поднесе барање за условен отпуст по издржани 50 отсто од казната – што во случајот на Санадер е исполнето.Судот во Сисак во образложението наведува дека казната досега ја извршувал уредно, а дури бил оценет и како особено успешен во одредени области.

Свет | пред 7 месеци

siljanovska-davkova-2

Илинденски помилувања: Претседателката Сиљановска Давкова ослободи четворица осуденици, на уште четворица им ја намали казната

По повод одбележувањето на националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за помилување на неколку осудени лица.Со актот на помилување, четворица затвореници се целосно ослободени од понатамошно издржување на казната затвор. Станува збор за:Раде Здравко Јовановиќ од село Криволак, општина НеготиноАлберт Тарзан Алиевски од КавадарциНиколче Љубе Костадиновски од КумановоЗејадин Сали Мифтари од село ЧеркезеПокрај нив, делумно помилување – односно намалување на изречената казна – добија уште четворица осуденици:Емир Надир Јонузи од село Слатино, Тетово – казната му е намалена за 3 месециКоле Петре Талевски од Битола – намалување за 3 месециЧушков Јордан Сашо од Велес – помалена казна за 3 месециИсмаили Џелал Јетмире од Гостивар – намалување на затворската казна за 6 месециОваа одлука е донесена во согласност со член 84 од Уставот на Република Северна Македонија и Законот за помилување. Таа веднаш стапува во сила и ќе биде објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Македонија | пред 7 месеци

vasil-jovanov

Апелација повторно го осуди Васил Јованов на 3 години и 10 месеци затвор за трговија со дрога

Апелациониот суд во Скопје донесе нова одлука со која го осудува Васил Јованов на единствена казна затвор од три години и десет месеци за кривичното дело поврзано со неовластено производство и продажба на наркотични дроги, откако Врховниот суд во мај годинава ја укина претходната второстепена пресуда и го врати предметот на повторно одлучување.Како што информира судот, решението е донесено на јавна седница што се одржа на 11 јуни 2025 година, по предмет со ознака КЖ-481/25. Притоа, Апелација ја отфрли жалбата на обвинетиот како неоснована и го преиначи делот од пресудата на Основниот кривичен суд Скопје во однос на изречената казна – наместо мерка упатување во воспитно-поправен дом, му е изречена ефективна затворска казна.Јованов е осуден на една година затвор за едно дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик и на три години за друго дело според истиот член во врска со член 22, по што му е изречена збирна казна затвор од три години и десет месеци, согласно член 44 став 2 точка 2 од КЗ.Одлуката ќе биде јавно објавена на веб страницата на судот, во согласност со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.Апелациониот суд веќе еднаш донесе иста пресуда во февруари годинава, отфрлајќи ја жалбата на Јованов, а прифаќајќи ја жалбата на скопското Обвинителство, со што наместо заводска мерка, беше определена затворска казна. Меѓутоа, Врховниот суд на 7 мај ја укина тогашната пресуда и наложи повторно судење.Освен оваа пресуда, Јованов на 13 мај годинава доби 12 години затвор поради признание на вина за тешко дело против безбедноста во сообраќајот – случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова во јануари на булеварот Партизански одреди во Скопје.

Скопје | пред 8 месеци

MixCollage-16-Jul-2025-10-09-AM-2315

„Мисија на морони“ - Англичаните кои со моторна пила го исекоа „дрвото на Робин Худ“се осудени на 4 години затвор

Двајца мажи се осудени на затвор поради сечењето на познатото британско дрво наречено „Sycamore Gap“ – сакана и светски позната природна знаменитост, чие драматично присуство беше прикажано и во холивудски филм. Тие беа осудени на четири години затвор, објави Ројтерс.Јаворот, за кој се проценува дека е стар речиси 200 години, се издигнувал во средината на живописна долина во близина на историскиот Хадријанов ѕид во северна Англија, што го правело популарна дестинација за фотографи, планинари, па дури и за парови кои таму се свршувале.Даниел Греам (39) и Адам Карутерс (32) беа прогласени за виновни минатиот месец за патување со цел намерно да сечат дрво со моторна пила во септември 2023 година.„Мисија на морони“Тие го снимале целиот чин со мобилниот телефон на Греам, а обвинителството го опишало како „мисија на морони“, со кој подоцна и се пофалиле, пред нивното пријателство да се распадне поради јавната осуда за тоа што го направиле.Иако двајцата првично негирале вмешаност во сечењето на дрвото – кое беше прикажано во филмот од 1991 година „Робин Худ: Принцот одметник“ – тие, исто така, оштетиле дел од Хадријановиот ѕид, римско утврдување старо речиси 2.000 години, кое денес е под заштита на УНЕСКО како светско културно наследство. Сепак, според нивните адвокати, Греам и Карутерс ја признале одговорноста за време на разговорите со службеници за условна казна. Адвокатот на Карутерс, Ендру Гурни, нивниот чин го опишал како „пијана глупост“.Осудувајќи ги на четири години и три месеци затвор, судијката Кристина Ламберт изјавила дека тие го исекле дрвото од „чиста глупост“.Националниот фонд – фондацијата што се грижи за културното и природното наследство во областа – минатиот август соопшти дека во основата на дрвото се забележани знаци на живот, што ги зголеми надежите дека можеби ќе може да се оживее.Минатата недела, Националниот парк Нортамберленд објави дека најголемиот дел од исеченото дрво ќе биде претставен во инсталација недалеку од местото каде што претходно стоело.фото: Х

Свет | пред 8 месеци

sud-krivicen

Членовите на криминалната група од Грчец добија вкупно 50 години затворска казна

Вкупно 50 и пол години затвор им пресуди Кривичниот суд на шестмина членови на криминалната група Грчец, од кои четворица за неовластено купување на 15 килограми наркотична дрога – кокаин, нејзино пренесување и пуштање во промет во државава, а двајца за злосторничко здружување за вршење на двојно убиство од одмазда и по порачка. Дилерите добија по 5 односно 6 години затвор, а убијците по 14 години затвор, за две убиства.Судот ги прогласи Фадил Бајрамовски, Севди Азири, Неџати Исени и Бесим Асани за виновни за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори од член 215 став 3 од Кривичниот законик. Бајрамовски, Азири и Исени се осудени на казна затвор од 5 години, додека Бесим Асани доби 6 години.Останатите двајца, Фати Сулејмановски и Шулејб Сулејмановски, Судот ги прогласи за виновни дека сториле кривични дела Злосторничко здружување од член 394, став 3 и Убиство од член 123 став 2, точка 5 од Кривичниот законик.Фати Сулејмановски судот го осуди на казна затвор од 14 години за делото Убиство и една година и шест месеци за делото Злосторничко здружување, односно на единствена казна затвор од 14 години и шест месеци.Шулејб Сулејмановски судот го осуди на казна затвор од 14 години за делото Убиств и на 2 години за Злосторничко здружување, односно на единствена казна затвор од 15 години.Групата не дејствувала инцидентно, туку континуирано и тоа најмалку од јуни 2019 до март 2021 година. Во групата учествувале 15 лица, од кои дел се починати, а дел се недостапни на органите на прогон.

Македонија | пред 8 месеци

Feliks

За убиецот на кучето Феликс е изречена затворска казна - Прв пат во историјата на Македонија!

По првпат во историјата на Македонија, изречена е ефективна затворска казна за убиство на куче. Основниот кривичен суд во Скопје денес го осуди Љубе Крстевски на три месеци затвор за грозоморното убиство на кучето Феликс – пресуда што активистите за заштита на животни ја оценуваат како историска.Во продолжение следува реакцијата на организациите „Анима Мунди“ и „Хуман зелен град“:Денес е голем ден! Денес монструозниот убиец Љубе Крстевски доби првостепена пресуда со ефективна затворска казна од 3 месеци за грозоморното убиство на Феликс! Ефективна затворска казна е изречена првпат во историјата на Македонија!Активистите за заштита на животни повторно испишаа историја! Пресудата е жив доказ дека да се биде активен граѓанин се исплати, промените се случуваат! Кога се бориме против неправда тоа има ефект!Судијката Лидија Петровска при изрекувањето на пресудата рече:„Изрекувањето на ефективна казна затвор има значење за заштита на јавниот интерес и ќе превенира слични постапки во иднина. Се работи за дело што предизвика висока јавна чувствителност и морална загриженост особено во контекст на зголемениот број на случаи на суровост кон животните. Со изрекувањето затворска казна се испраќа порака дека ваквите постапки нема да се толерираат и дека секој граѓанин има обврска за хуман однос кон животните“.Адвокатот на убијците, Горан Колев кој не ни знаел дека постои Законот за заштита и благосостојба на животните, во својот завршен збор изјави„Сепак не е човек, сепак е куче“. Горан, од убиство на куче до убиство на човек има само еден чекор! Тоа е непобитен факт!Ќе се жалат, ама ќе се жалиме и ние! Но денес ќе славиме и ќе се сеќаваме на милиот Феликс! Ќе се сеќаваме на секое друго животно што настрадало од човечка рака! Ниедно не е заборавено! Нема да се откажеме и ќе се бориме до крај! Додека и последното живо суштество не го добие правото што му припаѓа по раѓање – да живее живот во слобода!

Македонија | пред 8 месеци

sudenje

Наместо во строгото КПУ Идризово, судија пратил осуденик во Гевгелија, сега му се суди нему

Судија од Основниот суд во Кавадарци се соочува со обвинение за несовесно постапување, откако со своите одлуки свесно овозможил осудено лице да ја избегне издршката на затворската казна речиси цела година. Обвинението го поднесе Основното јавно обвинителство Велес.Како што информираат од Обвинителството, станува збор за судија за извршување санкции, кој во текот на 2024 година намерно постапувал спротивно на законот во предмет што се однесува на извршување казна затвор од 3 години и 8 месеци. Казната била изречена со правосилна пресуда на Основниот суд во Гевгелија, а осудениот требало да биде упатен во КПУ Идризово – Скопје, со оглед на висината на изречената казна.Сепак, судијата, иако навреме ја примил пресудата – на 5 април 2024 година, не постапил во законскиот рок и дури по доцнење го изготвил упатниот акт, со кој осуденото лице било погрешно насочено кон затворот во Гевгелија. Оттаму било вратено известување дека установата нема надлежност за ваква казна.Наместо веднаш да го коригира пропустот и да го упати лицето во соодветната установа, судијата продолжил со одолговлекување – пробивајќи ги роковите при секоја наредна одлука во предметот.Дури на 4 јуни 2024 година добил известување дека осудениот не се појавил во КПУ Идризово. Иако бил обврзан да издаде наредба до полицијата во рок од 24 часа за приведување, тој го направил тоа дури на 7 јуни. Централна потерница била распишана, по што осуденото лице било пронајдено и лишено од слобода.Казната започнал да ја издржува дури на 11 март 2025 година – скоро една година подоцна од првично предвидениот термин во април 2024 година.Сега судијата се соочува со обвинение за несовесно вршење на службата, при што, според Обвинителството, неговите дејствија биле свесни и со намера да му обезбедат поволности на осуденото лице.

Македонија | пред 8 месеци

IMG_5168

Затвор за водачот на ,, Локумадес” мафијата

Познатите грчки локумадес – крофни, кој се главна посластица на грчите плажи се вносен бизнис, па за превласт се борат и со уцени,42-годишник доби 16 години затвор од Апелациониот кривичен суд во Солун, под обвинение дека е водач на криминална група, која вршела изнуда и уцена за контрола на продажбата на крофни на прометните плажи на Ситонија, на вториот крак на Халкидики.Судот го прогласи за виновен за бандитско рекетирање.Тој беше ослободен од обвинението за обид за убиство против ситен трговец и трговија со луѓе, поврзани со условите за работа на странските ситни трговци.Во истрагата било утврдено дека криминалната група, која броела 12 члена, спроведувала вистинска кампања на заплашување и насилство за да воспостави монопол врз продажбата на крофни на плажите.Полициската истрага за активностите на таканаречената „Локумадес мафија“ започна по откривањето на обид за убиство на продавач на крофни во Никити, но за ова обвинетиот беше ослободен.Тој пред судот ги негираше сите дела.Грчката полиција во 2021 година разби криминална група во која освен водачот, учествувале уште 11 други лица. Дел од нив се ослободени, а дел добиле парична казна.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-12-at-15.30.17

Осудениот врховен судија Георгиев се вработи како магационер: сега излегува денски, навечер се враќа во затворот

Осудениот поранешен врховен судија, Наќе Георгиев, кој е осуден за земање на мито, сега се вработи како магационер, дознава „Скопје1“. Ова пак, му овозможува денот да го поминува излезен од зад решетките, но треба да се враќа таму и да преспива. Погодноста му е овозможена бидејќи тој издржа нешто повеќе една година од тригодишната затворска казна. Од затворот „Скопје“, беше префрлен во струмичкиот затвор.„Осуденикот редовно користи погодности, викенд од три дена, излез од седум часа. Од денес е работно ангажиран во приватна фирма, со дадена согласност од директорот на Управата за извршување санкции“, вели директорот на затворот, Зоран Ристов за „Скопје1“.Но, и изминатата година, тој користел поволности. Според информациите на „Скопје1“, Георгиев излегувал на викенди, кои му се давани согласно правилникот на затворот. Сите привилегии ги уживал, благодарение на доброто поведение.Инаку, Георгиев се спогоди со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција по случајот за земање мито од синот на ексградончалникот на Ново Село, Боро Стојчев и прифати да му биде изречена казна затвор во траење од три години, како и Забрана за вршење професија, дејност или должност на службено лице во период од три години.

Македонија | пред 10 месеци

zelezarski

Осудениот Железарски за низа кривични дела е затвореникот со дрогата, часовникот и кучката Цеца

Осудениот Жан Железарски е затвореникот кој зборувајќи на мобилен телефон ја барал дрогата префрлена во дворот на затворот „Штип“, а затворските полицајци наводно трагале по скап часовник кој кучката Цеца му го зела додека играле. За него, директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, рече дека е познато лице од подземјето. На македонските затвори им се врати пред речиси четири години, а претходно беше во двегодишно бегство.Железарски е осуден во случајот „Детонатор“. Овој случај се водеше за обид за убиство, злосторничко здружување, лихварство и измама. Железарски доби 14,5 години затвор, а по закани упатени кон судијката Весна Димишкова, имаше дополнителни две години затвор.Но „Детонатор“ не е единствен случај. Бројни се пресудите против него. Го гонеле за телесни повреди, насилство, оштетување туѓи предмети, давање лажен исказ, предизвикување општа опасност, загрозување на сигурноста.Скандалот со дрогата, часовникот и кучката Цеца е последен во низата за затворскиот систем, како и за Железарски. Сега, поради тоа што го оставиле со мобилен и наместо да му го одземат си се поздравиле – ќе одговараат полицајците кои му помагале за дрогата односно за да го најде часовникот земен од Цеца. За полициските службеници се води дисциплинска постапка, а ќе се достави и кривична пријава, најави Пандов.

Македонија | пред 11 месец

snimka-ceca-stip

(Видео) Снимка од барањето на часовникот кој го зела кучката Цеца од затвореник во Штип

Снимка од моментот кога во КПУ Штип се префрла дрогата преку ѕидот, а затвореникот за кој Пандов рече дека е дел од подземјето ја бара, додека полицајците наводно му го барале скапиот часовник кој му го зела кучката Цеца со која играле на шеталиштето...На снимката се гледа токму тоа што директорот на Управата за извршување на санкции го презентираше на прес-конференцијата.

Македонија | пред 11 месец

MASKI-DEL-MONTAZA.00_08_32_14.Still001

Осуденик натепал затворски полицаец, го удрил со чаша оти му го одзел телефонот

На 19.03.2025 година во 09.32 часот во СВР Штип било пријавено дека во КПУ Затвор-Штип било нападнато службено лице, кое што потоа дошло во просториите на СВР-Штип и пријавило кривично дело по чл.144 ст.4 од КЗ на РСМ.Според пријавеното, истиот ден околу 09.00 часот, додека пријавителот бил на своето работно место во КПУ Затвор-Штип заедно со други затворски полицајци, откако на осуденик му издал наредба да го предаде мобилниот телефон, бил вербално нападнат од истиот со закани по неговиот живот и животот на неговото семејство, по што со стаклена чаша осуденикот го удрил пријавителот во пределот на главата нанесувајќи му телесна повреда-посекотина.За настанот е запознат Јавен обвинител од ОЈО-Штип и се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

Sokol

Приведени вработени од затворската полиција и поранешен директор на затворот Шутка

Полицијата презеде голема акција во која утрово е приведен Филип Андонов Сокол, поранешен директор на КПУ Затворот во Шуто Оризари и Сашко Крстевски Ѕверот, заповедник во истиот затвор.Приведени се и повеќе поранешни и сегашни вработени во затворите кои, според сознанијата, работеле незаконски и биле дел од криминална мрежа, потврдуваат од Управата за спроведување санкции.Од Обвинителството за гонење органииран криминал и корупција, известуваат дека акцијата е во тек.„Под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по Наредба на судија на претходна постапка полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при МВР извршуваат претреси на локации во Скопје. Подетални информации во текот на денот“, велат од ОЈО ГОКК.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања