Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Осум часа испрашување на вештакот за „Онкологија“ – судир околу терапијата на пациентите со карцином на јајници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
nino-vasev

Вештото лице Маја Равник од Медицинскиот факултет во Марибор повеќе од осум часа одговараше на вкрстени прашања од одбраната на поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, во судскиот процес за наводно несовесно лекување пациенти.

— реклама —

Во фокусот на расправата беше лекот „капецетабин“ и неговата примена кај пациенти со карцином на јајници. Во своето вештачење, Равник навела дека овој лек нема индикација за лекување на рак на јајници според современите онколошки протоколи. Васев, пак, посочи дека во Македонија, врз основа на национални протоколи и клиничка студија објавена во реномирано европско списание, „капецетабин“ се користи како терапија од втора и трета линија и кај гинеколошки карциноми, како и кај уште 11 други индикации.

— реклама —

Равник изјави дека при изготвувањето на мислењето се повикувала на меѓународни и европски протоколи и дека не направила поширока анализа на домашната литература. Доколку постојат национални протоколи поткрепени со докази, рече таа, не може да ги коментира.

— реклама —

Одбраната ја оспори и оценката на вештакот дека одредени терапии биле неиндицирани и довеле до влошување на здравствената состојба кај конкретни пациенти. Васев посочи пример со пациентка која живеела 52 месеци, иако просечниот период на преживување за таа болест изнесува 17 месеци. Равник одговори дека ја радува долгото преживување, но останува на ставот дека дел од терапиите отстапувале од протоколите, посочувајќи го и лекувањето со „цетуксимаб“ како несоодветно за карцином на јајници.

Судир имаше и околу комбинираната терапија со „перзотумап“ и „херцептин“. Равник нагласи дека давање само на еден од лековите не е оправдано, дури и во услови на недостиг, бидејќи самостојно нема соодветен ефект.

На прашање од одбраната, Равник потврди дека не ги анализирала македонските национални протоколи пред да го изготви вештачењето, но оцени дека тие не би требало суштински да се разликуваат од меѓународните насоки. Таа исто така изјави дека во своите наоди не навела кој конкретен лекар го спровел третманот кај одделни пациенти, бидејќи не ја утврдувала индивидуалната одговорност.

Бранителот Боби Спирковски изјави дека вештачењето нема правна валидност и дека покажува непознавање на македонските протоколи, нагласувајќи дека лекарите имаат можност, со образложение, да отстапат од нив во интерес на пациентот.

Во предметот, покрај Васев, обвинети се уште двајца онколози. Судењето продолжува со сослушување на дополнителни вешти лица од Словенија, а најавено е и вклучување на експерти од Србија во наредната фаза од доказната постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

Најдено решение за две од терапиите кои се потрошија на Онкологија, за други две ќе се чека завршување на тендер - нема рок кога ќе има и тумор маркери

Македонија | пред 5 дена

onkologija-4142

Пациентка со рак на дојка алармира: „Нема терапија, нема тумор маркери – кој си игра со нашите животи?“

Македонија | пред 6 дена

media-libraryrgji68prph4ac9IZZES

Пропадна обидот со 350.000 евра да добијат слобода, онкологот Васев и директорот остануваат во притвор

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvguvavm0h61idIMe95y

Докторот Нино Васев ја оспорува стручноста и документацијата на словенечката вештачка, таа пак не ја оправдуав терапијата која е давана

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања