Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Осум години затвор за негувателка која тепала и малтретирала бебиња во градинка во Лондон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
sudenje

Воспитувачката Роксана Лецка (22) е осудена на осум години затвор поради „садистичко“ малтертирање на 21 бебе во градинки во западен Лондон. Таа е прогласена за виновна за повеќекратно тепање, штипење и туркање на деца, а во еден од инцидентите удрила дете со нога по лицето и му застанала на рамото.

Лецка призна вина за седум точки од обвинението за суровост кон лице помладо од 16 години, а судот во Кингстон во јуни ја прогласи виновна и за уште 14 точки, пренесе „Гардијан“.

— реклама —

Според видео-снимките, во два различни објекти во Лондон таа ги малтретирала децата, предизвикувајќи кај нив страв и плачење. Снимките покажуваат како ги штипела, ги гребела и ги туркала, а во еден случај неколкупати удрила момче по лицето и грубо го нагазила.

Во изјави до полицијата, Лецка признала дека консумирала канабис пред да дојде на работа, а во еден момент е снимена како пуши електронска цигара во близина на едно бебе. Лондонската полиција соопшти дека злоставувањата се случувале во два градинки помеѓу октомври 2023 и јуни 2024 година.

— реклама —

Лецка била вработена во градинката „Риверсајд“ од јануари до јуни 2024 година. Неколку родители уште во март и мај истата година пријавиле дека нивните деца се враќале дома со необични повреди и модринки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarya0a59r6qbdna3aR9V4L

10. седница на Уставен суд: укина одредби од правилник и колективен договор на МО

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryp9ro8oceu4e47Pij6PW

(Видео) На 79-годишен маж ќе му се суди за убивањето на жената која е најдена закопана во двор во Штип

Настани | пред 1 месец

IMG_4929

Здружението на судии бара одмрзнување на платите и нови вработувања во судовите

Македонија | пред 1 месец

media-libraryk26rk79e27ch1hZZ1NI

Одобрени обвиненијата за 13 полицајци за пожарот во „Пулс“ и злоупотребите на ИПАРД фондовите

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања