Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Осум случаи под лупа – се испитуваат кардиохируршки интервенции без потреба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
Mickoski-Carina

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека сериозно ги прифаќа констатациите на академикот и кардиохирург д-р Сашко Кедев, кој пред јавноста алармираше дека во дел од приватните болници во земјава се правеле кардиохируршки интервенции без медицински основани причини.

— реклама —

„Моето мислење за академикот Кедев и неговите констатации е дека тие се врвна индикација за веднаш да се преземат чекори и да се открие што е правено и дали е правено“, рече Мицкоски по посетата на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија.

— реклама —

Тој нагласи дека институциите нема да остават ништо на случајност:

— реклама —

„Кога еден светски стручњак тоа го кажува, тука мора да има заднина и мора да ја откриеме. Секој што се богател на грбот на граѓаните и нивното здравје – ќе сноси одговорност“.

Министерството за здравство веќе формира комисија која работи на осум случаи за кои постојат сомнежи за непотребни интервенции. Паралелно, Лекарската комора спроведува ад-хок проверки на пациентски досиеја, а конечни препораки ќе даде комисија од странски експерти.

Министерот за здравство Азир Алиу, кој денеска беше заедно со премиерот, порача дека нема да се изнесуваат делумни информации, туку јавноста ќе добие целосен извештај откако ќе заврши експертизата. Според него, досега се завршени осум предмети, а во Фондот за здравство пристигнале уште пет нови случаи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 13 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 17 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 1 ден

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања