Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

212

zapalen-avtobus-vo-bugarija-3-324594

ДНК од семејствата на загинатите денеска ќе бидат предадени на бугарските истражни органи

ДНК анализите на примероците земени од семејствата на загинатите во тешката автобуска несреќа во Бугарија, кои се вршат на Институтот за судска медицина во Скопје, треба да бидат завршени до денеска напладне.Јавното обвинителство ги очекува истражителите од Република Бугарија денеска да ги подигнат овие примероци и извршени анализи, изјави Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески утринава во онлајн вклучувањето за бугарската телевизија „Бугарија он ер“.Тој појасни дека шпекулациите за евентуален осми преживеан патник од несреќата ќе се расчистуваат со споредба на листите од граничните премини на двете земји.Целото вклучување на следниот ЛИНК.

Македонија | пред 4 години

CARINA-GRANICNI-PRELAZ-710x400

Нема евиденција дека автобусите на „Беса транс“ излегле од државава, директорката на Царина објасни зошто

Директорката на Царинската управа, Славица Кутиров во вечерашното интервју на ТВ 24 изјави дека цариниците кои биле на смена не ги евидентирале автобусите бидејќи имало многу гужва, а системот работел бавно.-Исто како и кобниот автобус, вечерта на 18ти поминале уште три автобуси на Беса транс, и за нив немаме евиденција во системот. Имаме одредени документи како патен лист, интербус и патна листа. Тоа е уште една причина дека имало несовесно постапување. Но, тоа не значи дека не била побарана лиценца. Самата постапка налага возачот да приложи низа документи, меѓу кои и изводот од лиценцата. Врз основа на тие документи треба да се направи електронската евинденција. Колегите тврдат дека тие документи ги побарале, само недостасува електронската евиденција во системот. Најверојатно ги побарале документите, но ние не држиме копија од тие документи, рече Кутиров.

Македонија | пред 4 години

CARINA-GRANICNI-PRELAZ-710x400

Еден возач бил идентификуван при излез на автобусот, а не два, вели директорката на Царина

Директорката на Царинската управа, Славица Кутиров во вечерашното интервју на ТВ 24 изјави дека според информациите кои тие ги имаат, при од излезот на автобусот на Беса Транс од Македонија, Царината регистрирала вкупно 52 лица во автобусот, од кои едно лице било идентификувано како возач.-Според она што колегите го прибавија од внатрешната контрола во патниот лист има вкупно 50 патници, додека во листата на патници се 51 патник, плус еден возач. Така да, генерално имаме информација за 52 лица, од кои едниот е идентификуван како возач. Не можеме да утврдиме дали некое од другите 51 лице е вториот возач, рече Кутиров.

Македонија | пред 4 години

joveski-ruskovska

Обвинителствата ќе ги споредуваат листите на патници од граничните премини

Веднаш по денешната прес конференција на бугарските органи на истрагата во врска со сообраќајната несреќа што се случи завчера на автопатот „Струма“, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција издаде усна наредба до СВР Скопје за обезбедување на листи на патници кои со автобуси на БЕСА ТРАНС ја напуштиле Република Северна Македонија на 18.11.2021 година и листи на патници кои влегле во државава на 22.11.2021 година.Обезбедувањето на листите од граничните премини е со цел да се направи споредба на патниците, бидејќи според изјавата на обвинителот Сарафов недостасува еден патник од запалениот автобус.Истата постапка ја спроведува и бугарското обвинителство кое ги споредува листите од граничните премини за влез на патници од Република Северна Македонија во Република Бугарија на 18.11.2021 година и листите за влез од Република Турција во Република Бугарија на 22.11.2021 година и излез од Република Бугарија кон нашата земја наредниот ден.

Македонија | пред 4 години

zapalen-avtobus-vo-bugarija-3-324594

Двајца полицајци и нивните семејства меѓу жртвите во автобуската трагедија

Двајца полициски службеници се меѓу жртвите во сообраќајната несреќа која се случи во Бугарија на автопатот „Струма“. Ова го потврди министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој додаде дека и членови на семејствата на вработените во МВР, се меѓу жртвите.„Колегите од МВР беа во Бугарија имаа контакти со тамошните колеги и се договорија како понатаму да продолжат. Од Институтот за судска медицина работат со колегите од Бугарија. Со обвинителите е договорен начинот на комуникација, за полесно да се обезбедат материјали и докази“, кажа Спасовски.Спасовски кажа дека сѐ што ќе биде побарано од бугарските истражители, ќе биде доставено од Македонија, а до тогаш, се останува во постојана комуникација со тамошните тимови.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-25-at-19.22.04

„Љупчо беше намачена душа. Срце планина“, пријател за загинатиот шофер во автобуската трагедија

Љупчо Зафиров е еден од загинатите во страшната авботуска несреќа во Бугарија, во која покрај него, животот го загубија уште 44 лица, а седуммина се повредени.Зафиров беше шофер, кој сигурно многу ќе недостасува на планинарската фела, со оглед на тоа дека долго време соработувал со планинарските друштва при организацијата на планинарски тури.Зафиров најмногу соработуваше со еколошката групација „Грун Пауер“, а долгогодишниот планинар Игор Смилев со голема тага раскажува за неговото пријателство.„Љупчо беше намачена душа. Срце планина, личност што знаеше да помогне и во најтешките мигови. Сопругата го напушти, му зеде се, а тој почна од „нула“ повторно да се издига од пепелта. Планинарската фела изгуби еден огромен другар, врвен професионалец. Љупчо ми ѕвонеше пред четири-пет дена, но јас не успеав да му се јавам. Обично тоа го правеше штом дојдеше во Велес, па пиевме кафе во некој локал. Сега ми е многу криво што не му се јавив. Никогаш нема да дознаам зошто ме барал. Премногу сум тажен, бар да му се јавев, можеби ќе променев многу работи“, раскажува Смилев за „Фокус“.Повеќе

Македонија | пред 4 години

nesreata-na-avtobusot-vo-bugarija-snimena-od-visoko-750x430-1

Патник успеал да се спаси качувајќи се во погрешен автобус

Патник од Македонија со голема среќа успеал да се спаси од изгорениот автобус, откако се качил во погрешен автобус.Ова го информираше неговиот татко, за ТВ Сител, како што вели, во целата несреќна трагедија, неговиот син го следела среќа.-Во целата несреќа за мене излезе голема среќа. Дали така судбината сакала не знам. Во кобниот автобус требаше да биде и мојот син, кој беше дел од групата. Дошло до грешка со багажите, па наместо во тој автобус, багажот бил префрлен од хотелските служби во друг автобус. Кога се качил син ми, се пожалил дека му се префрлени работите во погрешен автобус. Му рекле дека има место во првиот и да се качи во тој каде што му е багажот. Така се качил и за мене е тоа голема среќа, ако може да се каже така, изјави таткото на Џафер Долек за ТВ Сител.

Македонија | пред 4 години

fb4861396155ea57737ccf8655ebbf49

Синот на вториот возач на автобусот за БНТ открива: Татко ми спиеше во кабината, бев во Софија и го препознав телото

Репортерите на Бугарската национална телевизија БНТ го пронајдоа синот на вториот возач на автобусот кој во моментот на трагичната сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“ спиел во специјалната кабина за одмор на возачите, во средишниот дел на автобусот.Телевизијата открива дека Кадрим Мемеди е името на вториот возач, а неговиот син Бесар ексклузивно за БНТ изјави дека телото на неговиот татко било пронајдено во кабината за спиење. Не возел, но не е потврдено. Синот бил во Бугарија за да го препознае телото и се вратил дома.Неговиот татко имал 54 години, со над 20 години искуство. Често патувал во Германија и Турција и ги знаел рутите. Автобусот бил технички исправен, вели неговиот син.Бесар тврди дека „Беса Транс“ има сервис и во Турција. Неговиот татко заминал во четвртокот, а во петокот веќе бил во Турција.Кадрим во петокот оттаму му се јави на синот. Во автобусот не дозволувал патници со опасен багаж – ниту со пиротехнички средства, ниту со гориво.Автобусите беа стари 3 години и технички исправни.Од списокот на преживеани во несреќата, според Бесар, кој не е на списокот за патници на „Беса транс“ има еден – со име Шади Науф ал Салех.

Македонија | пред 4 години

stankov

„Видов 44 целосни тела и делови од 45 тело“, директорот на судска медицина контра бугарските обвинители

Директорот на институтот за судска медицина доктор Александар Станков во телефонска изјава за „Слободен печат“ вели дека завршени се 44 обдукции на целосни тела, но и делови од 45 тело. Станков децидно тврди дека видел делови од 45-то тело.Неговото тврдење е спротивно на тврдењето на бугарското обвинителство дека на местото на трагедијата се пронајдени 44 тела, а дека 8 лица с еспасиле од несреќата.Можно е некој од туристите да се качил на територијата на Бугарија во некој од другите автобуси на туристичката група и затоа патниците се еден помалку, изјави шефот на тимот истражители што го истражува случајот Маријан Маринов.Според него, има сведоштва од бензинската пумпа каде одмарале автобусите, дека патниците биле разменети во возила.

Македонија | пред 4 години

danela-5289

Градот Скопје ќе додели парична помош за семејствата на загинатите во автобуската несреќа

Градот Скопје ќе додели два милиона денари за семејствата на починатите од Скопје во автобуската несреќа што пред два дена се случи во соседна Бугарија.На предлог на градоначалничката Данела Арсовска, Советот на Град Скопје на својата наредна седница ќе одлучува за доделување на парична помош во знак на солидарност кон семејствата и почит кон настраданите.Градот Скопје уште еднаш изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите, а на повредените им пожелува побрзо закрепнување.

Скопје | пред 4 години

makedonski-avtobus-bugarija

Соопштена првичната можна причина за автобуската трагедија и палењето на возилото

Се работи на сите верзии кои можат да бидат причина за палење на автобусот во кој изгореа 44 патници, но засега, не е утврдена точната причина. Борислав Сарафов, заменик на главниот бугарски обвинител, посочи дека првичното и непотврдено сомневање е дека пожарот настанал по ударот на автобусот во една од банките.Според неговото објаснување, по ударот на автобусот во една од банкините на патот, тој подолго време се движел покрај неа, поради што е можно да настанал, како што рече „ефект на шмирглање“. Тоа значи дека се исфрлале искри, кои пак, предизвикале течностите во автобусот, а тоа се масла и нафта, да се запалат и лесно да горат. Според неговото објаснување, автобусот имал делови кои лесно се загреале, помогнале брзо да се запали и изгори.За точните причини, од бугарското обвинителство посочија дека треба да се почека крајот на истрагата.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-25-at-10.05.30

Се прават распити, тубите за гориво биле празни - бугарското обвинителството со детали за несреќата

Главниот сомнеж на бугарските обвинители е дека човечка грешка е причината за автобуската несреќа на автопатот „Струма“ каде загинаа 45 македонски државјани. До овој момент, иако во јавност говорат десетици сведоци, во Обвинителството не се јавил никој од нив да даде изјава, ниту бил затекнат. Се прават и распити на патниците кои се лекуваат во бугарската болница.„До овој момент нема ниту еден очевидец, а по медиумите ги има по 15-20 лица. Затоа сакаме објективно и коректно да ве информираме, за истрагата до овој момент. Направен а распит на двајца патници кои се во болница, кои дадоа релевантни информации, и биле будни во моментот на несреќата. Сега се прави распит уште на двајца патници. Аутопсијата е завршена и покажа дека сите загинале од задушување од пожарот во автобусот. Во моментот на пожарот, тие биле живи. Работиме со најдобрите можни авто-техничарски експерти. До сега и од нив добивме стручни мислења. Се консултиравме со пожаро-техничарски експерти, кои треба да дадат одговор зошто настанал пожарот. Главниот обвинител на Бугарија утре заедно со екипа, ќе одат во Скопје, каде ќе побараат меѓународна правна помош. Со ДНК ќе се идентификуваат жртвите, за да се вратат телата на семејствата и да се погребат на достоен начин“, кажаа од бугарското обвинителство.Тој отфрли и други верзии за тоа како настанал пожарот во автобусот.„Верзијата за пренос на гориво не е точна. Имало три туби, со остатоци од нафта. Не биле полни. Пожарот не настанал од тоа. Нема туби со бензин или други материјали кои можат да се запалат, освен тоа што има во автобусот. Уште во првите часови од инцидентот, за да нема шпекулации дека станува збор за терористички напад, тоа го демантирав. Земавме и честички од автобусот, проверивме, по што констатиравме дека тоа не е терористички акт. Денеска продолжуваат распити, се гледаат и анализираат остатоците од автобусот, се проверува дали можеби пожарот настанал поради дефект. Ќе треба да ја расчистиме таа верзија. Засега, се сомневаме во човечка грешка. Во однос на патот, таа делница е страшна. Ако имало човечка грешка, таа била помогната од лоша организација на движењето и сигнализацијата“, додаде заменик-главниот обвинител на Бугарија.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-25-093431

Превозник од Бугарија: Новите автобуси имат вградени сигурносни системи, апсурдно е да изгори за толку кратко време

Себахтин Исмаил, превозник од Бугарија, кој поседува нови автобуси од марката „мерцедес“ на новинарка од бугарски портал ѝ објаснува дека такво возило, какво што е и возилото на „Беса транс“ кое настрада на автопатот „Струма“ во Бугарија, едноставно не може да се запали на таков начин како што објаснуваат некои самонаречени експерти и да изгори за толку кратко време и при тоа да има толкав број жртви.Исмаил тврди дека сите автобуси произведени по 2018 година, а посебно од марката „мерцедес“, имаат вградени сигурносни системи, кои вклучуваат и противпожарна инсталација.– Овој автобус нема како да се запали. При инцидент, оваа инсталација го запира автобусот и се отвораат сите сигурносни излези. Автобусот преминува во екстремен режим. Нема начин автобусот да продолжи – категоричен е превозникот.При тоа, тој ја покажува противпоажрната инсталација во моторот, сигурносните излези внатре во автобусот, камерите и т.н. црна кутија, кои служат за препознавање на ознаките на патот, за електронско следење на автобусот и на сите параметри, како и за собирање податоци кои можат да се прегледаат во вакви ситуации.– Ова нe e тежок, ова е средно тежок инцидент и нема начин да се случи вакво нешто. Апсурдно е автобусот да изгори за толку кратко време – категоричен е Исмаил.

Македонија | пред 4 години

joveski

Тезата за тубите со гориво во автобусот кој изгоре е шпекулација за Јовески

Македонските власти земаат биолошки материјал од роднините за ДНК анализи. Тезата за тубите е шпекулација, бугарските обвинители работат на истрагата, изјави за БТВ државниот обвинител на Република Северна Македонија Лубомир Јовески и објасни дека при увидот на опожарениот автобус на автопатот Струма, видел пластични туби кои не изгореле.Јовески објасни дека во моментов се зема биолошки материјал од роднините на загинатите во С Македонија за да се направат ДНК тестови и да се идентификуваат телата. Тој рече дека македонското обвинителство ќе се активира дури откако случајот ќе биде истражен од бугарските обвинители, бидејќи тие нема да најдат ништо паралелно.Во моментов македонското и бугарското обвинителство добро соработуваат, додаде Јовески. Засега не е познато дали причината за несреќата е човечка грешка или дефект на автобусот. Тој кажа дека автобусот бил речиси нов, само три години, а во октомври поминал на технички преглед во Северна Македонија.

Македонија | пред 4 години

mkd-531854

„Не може со 13 инспектори да се врши контрола на 2.000 фирми“, директорот Хусеини не правел контрола на автобусот кој изгоре

Директорот на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини вечерва во гостувањето на 24 Анализа рече дека не чувствува вина за трагедијата во која 46 патници загинаа откако автобус се запали кај „Струма" во Бугарија. Тој вели дека иако не била направена контрола врз автобусот, трагедијата сепак ќе се случела. Признава дека има пропусти, но се пожали и дека институцијата со која раководи немала доволно кадар за да може да прави контроли на автобусите. За оставка, вели дека не знае дали ќе си замине од функцијата.„Нема ние што да одговориме зошто не сме го контрирале овој автобус, ние не можеме да ги контролираме сите автобуси. Немаме толку инспектори и за тоа сме алармирале. Мислите ли дека да имаше извод од лиценца, немаше да се случи трагедијата? Контролата не можеме да ја правиме 24 часа на граничните премини. „Беса транс" се меѓународни превозници, а ние во фирмите влегуваме еднаш во 2 години. Има 2.000 фирми, а ние имаме 13 инспектори. Не можеме да вршиме надзор на 2.000 компанија со 13 инспектори. Сто пати сме кажале во секоја годишна програма и ништо не е сторено. И на Министерот за транспорт и врски и на Министерство за финансии сме им побарале кадри, ама ништо", вели Хусеини.За тоа дали е точно дека има блиски релации со одговорните на „Беса транс" , Хусеини вели дека се тоа само шпекулации.

Македонија | пред 4 години

CARINA-GRANICNI-PRELAZ-710x400

Царници се суспендирани, автобусот кој не смеел да ја напушти границата не бил евидентиран

Возилото на „Беса транс“ кое било без лиценца, поминувало на четири гранични премини низ државава во период од една година. Ова го констатираше Царинската управа, по направените проверки. Во овој период, се превезувале и патници. Последниот излез на автобусот кога со патниците заминал за Турција, не бил евидентиран, а извршена била само заверка на евидентниот лист за превоз на патниците.„Првичните наоди од внатрешната контрола покажуваат дека на 18.11.2021 година, од страна на царинските службеници елелектронски не е евидентиран излезот на возилото со регистарски таблички СК0284БА на превозникот БЕСА Транс од Скопје, извршена е само заверка на евидентентиот лист за превоз на патници. За досега утврдените неправилности во постапувањето, за двајца царински службеници кои биле на смена кога возилото излегло од државата, ќе бидат преземени мерки суспендирање од работното место, а за нивниот непосреден раководител ќе следи мерка за санкционирање“, велат од Царинската управа.Оттаму, велат дека се проверува и веродостојноста на документите кои „Беса Транс“ ги приложила при влез и излез на автобусот кој е без лиценца, од земјава.„За возилото со регистарски таблички СК 0284 БА на превозникот БЕСА Транс од Скопје, во периодот од 15.10.2020 година до 11.11.2021 година, Царинската управа има евидентирано повеќе преминувања, преку граничните премини: ГЦИ Деве Баир, ГЦИ Блаце, ГЦИ Ќафасан и ГЦИ Делчево, за различни видови на превоз, вклучувајќи и евиденција на бројот на Изводот од Лиценцата за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај – слободен превоз на патници. Веродостојноста на овие приложени документи од превозникот дополнително ќе се проверува“,

Македонија | пред 4 години

nesreata-na-avtobusot-vo-bugarija-snimena-od-visoko-750x430-2

(ВИДЕО) Очевидци зборуваат за несреќата: „Стигнав прв, видов маж кој ја носи девојката на раце и татко чијшто син останал во автобусот“

За тоа што се случувало трагичната ноќ раскажуваат двајца од очевидците на несреќата со автобусот, во која 45 лица загинаа, а 7 беа спасени.Во понеделник вечерта Валентин Георгиев патувал од Софија до Благоевград. Работи како курир, пишува Нова.бг.„Најпрво мислев дека шумата гори. Пламените јазици беа огромни. Ако не се лажам сигурно беа 2-3 метри. Силен пожар“, вели Валентин Георгиев.Кога се приближил, видел автобус како гори. Тој е и првиот очевидец на трагедијата. По него дошле полицајците и пожарникарите.„Камионот ми беше на околу стотина метри. Јас бев првиот. И за околу 5-10 минути дојдоа второто, третото, четвртото возило. Кога излегов од камионот слушнав вресоци. Преживеаните кои успеале да излезат врескаа и плачеа. Нивните лица беа облеани во крв и црни“, вели Валентин Георгиев.Човекот побрзал да помогне. Првото нешто што го здогледал е маж кој се обидува да ја спаси својата девојка.„Викаше: „Полиција, полиција“. Ја носеше девојката во раце. Мислам дека имаше повреда на ногата бидејќи куцаше. И ја испушти на патот. Ја преместив девојката до крајот на автопатот. Мислам дека и беа скршени нозете. Мажот беше без чорапи, бос. На другата девојка и беше ладно, и дадов јакна да се стопли. Им дадов вода“, вели Валентин Георгиев.Тој раскажува и за татко кој се обидел да го спаси својот син од пламенот.„Велеше дека неговиот син е внатре. Отиде до автобусот за во пожарот да го спаси синот. Се обидов да го спречам да оди таму“, вели Валентин Георгиев.Раскажа дека полицијата и пожарникарите дошле за околу 20 минути, а потоа стигнала и брзата помош.„Од автобусот се слушало само како од пожарот се кршат стаклата.„Несреќата очигледно се случи 10-15 минути пред да стигнам таму. Веројатно сите беа веќе или задушени или мртви. Трчав до камионот по вода, по цигари, по јакни, постојано трчав“, вели Валентин Георгиев.Се обидел да помогне и Емил Методиев кој постојано се јавувал на 112. Тој чувал градилиште во близина на местото на несреќата. Методиев е првиот што се јавил на бројот за итни случаи.„Мислам дека предната гума пукна. Неколку секунди по ударот се појавија пламените јазици. И додека автобусот се лизгаше, зад него имаше трага од тие мали пламени јазици. Кога застана, тој беше во пламен. Не само напред или позади, насекаде. Кога дојдоа од противпожарната станица веќе беше видлива конструкцијата на автобусот. Тие во автобусот, мислам дека немаа шанса да излезат од него. Ова не се заборава“, вели Емил Методиев.

Македонија | пред 4 години

ABCC2D1A-D7A8-44E1-8C44-74605EBFB838

Тинејџерка сведочеше за несреќата: пробав да го скршам прозорецот…не успеав, кога се разбудив бев падната надвор

Зулејха Јашаровска е 16- годишна тинејџерка која ја преживеа кобната автобуска несреќа на автопатот Струма во вторникот рано утрото кога загинаа 46 патници, меѓу кои 12 деца. Автобусот ги враќал патниците од викенд екскурзија во Истанбул, преку Бугарија кон Скопје.-Нешто паметам, нешто не, вели таа од болничкиот кревет во болницата Пирогов во Софија каде по несреќата е на лекување заедно со уште шест патници кои ја преживеаја несреќата.Таа вели дека седела на последното седиште од автобусот.-Јас спиев и кога се разбудив, сите викаа, пискаа и сакав да го земам тоа за кршење на џамот, но не успеав и со рака пробав и потоа не паметам што се случи. Кога се разбудив бев падната надвор, вели Зулејха.Таа од пожарот има изгореници на рацете. Во моментов во Софија во посета кај неа е нејзиниот татко Аднан Јашаровски.Според сведоштвата на другите преживеани, во спасувањето помогнале патниците Орхан Алити и Љуљзим Сулејмани кои исто така се згрижени во болницата во Софија.Страотната несреќа ја преживеаја седум патници: Ебип Пајазитовски, Ѓула Јашаровска, Зулејха Јашаровска, Минир Јашаровски, Медина Љутвиј , Љуљзим Сулејмани, кој е државјанин на Србија и Орхан Алити, белгиски државјанин.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-24-at-11.40.03

(ВИДЕО) Ќерката и зетот му загинале, тој трага по телата во Бугарија

Асим Селмани од скопско Количани денеска во изјава за медиумите истакна дека ги изгубил ќерката и зетот во страшната несреќа која се случи вчера на автопатот во Бугарија.Вели дека пристигнале во Бугарија за идентификација на телата на загинатите, но се уште немаат информации за тоа каде се.„Ќерка ми и зетот беа во автобусот. Кај треба да ги чекаме ни ние не знаеме. Имаме информација дека не се тука. Само тие починатите каде се однесени не знаеме, чекаме министерот Бујар Османи да дојде да ни каже информации“, рече Селами.Селмани вели дека на синот во Скопје му е земен ДНК материјал.Инаку, вчера во Бугарија на автопатот Струма во пожарот на автобусот „Беса транс“ загинаа 45 лица, а 7 се повредени.Патниците се враќале од екскурзија во Истанбул – Турција.

Македонија | пред 4 години

avtobus-zapalen

(ВИДЕО) Запалениот автобус отстранет од автопатот

Со силно полициско обезбедување, попладнево беше отстранет запалениот автобус од автопатот Струма во Бугарија,пренесе ТВ21.Автобус на „Беса транс“ од се уште не утврдени причини, околу 3 часот рано изутрина се превртел и потоа се запалил, а животот го загубија 45 патници, додека пак седуммина беа хоспитализирани во Бугарија. 

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-23-214954

(ВИДЕО) И Бугарите имаа што да видат: Известуваа за несреќа со снимка од шофер на ЈСП кој збори на телефон и вози

Бугарската национална телевизија BNT за време на посетата на Скопје сними автобус на ЈСП, а видео снимката ја прикажуваше за време на вестите додека известуваше за трагичната несреќа.На видеото може да се забележи возачот на ЈСП кој не ги почитува ковид-протоколите. На возачот маската му е под брада, а исто така за време на возењето зборува на телефон.„Кога ќе почнете да ги казнувате овие што возат и зборат на телефон, твитаат, гледаат ФБ?“, „Точно лице на државава. Се дешава автобуска несреќа, око не им трепнува на нашиов народ!“, „Ова е секојдневие во сите автобуси. Не само на тие од ЈСП, туку на превозниците низ цела држава“, „Тунгузија не ни е рамна!“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Скопје | пред 4 години

zname

Втор ден на жалост за жртвите од автобуската несреќа

Денеска во земјава е втор ден на жалост по сообраќајната несреќа на македонскиот автобус во која вчера на автопатот „Струма“ во Бугарија загинаа 45 патници, а седум се повредени.Вчера Владата прогласи тридневна жалост на територијата на целата држава за жртвите од трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија.За време на деновите на жалост државното знаме на сите институции, како и на дипломатските претставништва на земјава во странство, се истакнати на половина копје, а одложени се сите јавни настани.Ден на жалост за настраданите во автобуската несреќа денеска е прогласен и во Бугарија и во Косово.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-24-085456

Видео од местото на несреќата: Во еден момент двете ленти стануваат три без никакви вертикални ознаки, корупцијата убива!

На социјалните мрежи беше објавено видео од местото на несреќата каде загинаа 45 македонски граѓани по сообраќајна незгода со автобус. Многу шофери веќе го изразија своето мислење дека самиот начин на кој што е изградено ова раздвојување на патот може да е причина за трагедијата, бидејќи знакот не е поставен на соодветно место, туку токму на местото каде што се дели патот.„Вака изгледаше делницата од автопатот Струма ден пред трагедијата. Ставете се на местото на возач на автобус: возите ноќе, по експресен пат со две ленти, една лента за итни случаи. Во еден момент, двете ленти стануваат три без никакви вертикални ознаки што укажуваат дека „третата лента“ има некоја друга цел. Како професионален и совесен возач одговорен за 50 судбини, „останувате“ на безбедната лента по која што возите со вашето возилото, на крајната десна лента. По кривината, сфаќате дека обележувањето ве изневерило, но веќе е доцна. Правите се што е во ваша моќ, но вашата судбина и на уште 50 невини луѓе е веќе предодредена. Корупцијата убива.“ стои во описот на видеото.Според авторот на видеото, на местото воопшто нема вертикално обележување.

Македонија | пред 4 години

ljuljzim-960x567-1

(ВИДЕО) Сведоштво на патникот од Прешево: Тркалата пукнаа, избувна пожар, имаше многу чад

Љуљзим Сулејмани од Прешево и неговата свршеничка, Медина Љутфи (25) од кумановски Сопот, од софиската Клиничка болница за ТВ Клан го раскажаа пеколот што го доживеале на автопатот, кога рано утрово изгоре автобусот на туристичката агенција „Беса Транс“ и животот го загубија 45 луѓе.„Автобусот во движење удри од десната страна во тротоарот. Тркалата пукнаа и почна да избувнува пожар и имаше многу чад. Потоа автобусот се движеше 20 метри лево. И сам застана. Луѓето почнаа да повраќаат, да врескаат како во хорор филмови. Го зедов чеканот во автобусот и го скршив стаклото. Ја извадив свршеницата и уште пет лица, изјави Сулејмани за ТВ Клан.

Македонија | пред 4 години

356

Матеничарски: Изводот од лиценца е 3000 денари, не знам зошто превозникот не побарал

Јован Матеничарски од здружението на транспортери „Легис“, во емисијата „24 анализа“ изјави дека за фирмите доволно е да имаат возачи, со сертификати за меѓународен превоз.-Изводот од лиценца не е многу скап, околу 3000 денари. Не знам зошто превозникот не побара извод од лиценца. Ако има лиценца, изводи ќе може да земе за колку сака возила. Нема ограничувања. Единствено треба да имаат толку возачи за колку ќе побара изводи од лиценца, рече Матеничарски.Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски вчера информираше дека фирмата „Беса Транс“ немала извод од лиценца и поради тоа, покрената е постапка за одземање на лиценцата за превоз на патници во внатрешен и меѓународен сообраќај.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања