Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

212

Нема фотографија

Пиргов: Ако кај резервната гума имало бензин, тоа било кобно

Секретарот на Регионалниот совет за безбедност на Перник, Васко Пиргов, кој меѓу првите пристигнал на местото на настанот, смета дека возачот на опожарениот автобус возел со несоодветна брзина, повеќе од 100 километри на час, а се движел по десната коловозна лента.-Првото што ми падна во очи беше дека шоферот не кочел. Нема шанса ниту да заспал, а бидејќи автобусот е нов, оставам само 10% за можна техничка неисправност, евентуално да откажале сопирачките, но искрено не верувам, вели Пиргов за nova.bg.Тој појасни и дека автобусот удрил со предната десна гума во знак што летнал 5 метри. Според него, пожарот избил од предниот дел од автобусот, а според полицијата кај резервната гума имало туби со бензин.– Во автобусот имало доста гориво, па мислам дека бил продупчен резервоарот, по што истекла нафта. Нафтата е тешко запавлива течност, но од искрите кои се појавиле од триењето на железо со железо, односно на автобусот од банкината, се создава пареа, како магла. Навлегувајќи во внатрешноста на автобусот се сомневам дека тоа најпрвин ги задушило, или ги зашеметило патниците. Вториот удар, кога запрел автобусот, некои велат, јас не сум видел, дека автобусот се запалил од напред, а наводно имало туби со бензин. Тоа многу лесно може да се докаже и верувам дека тоа ќе го направат истражните органи. Резревната гума се наоѓа точно напред. Ако таму имало бензин, тогаш тој гори многу брзо и за пет минути и затоа немале време да се спасат, единствено оние кои седеле на задните седишта, изјави утринава Пиргов.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-23-at-15.59.20

Двајца од седумте повредени патници се оперирани во Бугарија

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, утрово разговараше со д-р Иван Поромански, директор на болницата Пирогов во Софија, каде се хоспитализирани седумте пациетни кои ја преживаеја страотната сообраќајка која се случи вчера утрото на магистралниот пат „Струма“ на потегот Софија – Благоевград. Сите пациенти се стабилни и се под постојан лекарски надзор, а дадена им е и психолошка поддршка. На двајца пациенти им е извршен хируршки зафат, еден е опериран на ногата, а помал хируршки зафат е извршен кај девојка, на која и е оперирано коленото, тие се чувствуваат добро. Сите седум пациенти ќе останат на болничко лекување до петок, а потоа ќе се направи план за нивен транспорт во Скопје.

Македонија | пред 4 години

skrinbtv

(ВИДЕО) Роднини на преживеаните во Бугарија: Имаат трауми

Еден од роднините на четворица од преживеаните, во изјава за медиумите бара од надлежните институции што побрзо да завршат сите процедурални работи во врска со телата, но и трансферот на преживеаните на скопските клиники.Али Селмани, роднината на четворица преживеани додава дека, докторите ги информирале дека се добро, но не им дозволувале да ги видат.„Дојдовме поддршка да им дадеме на преживеаните, од вчера сме тука, но ги нема… Немаме увид, не можеме да ги видиме. Ни кажуваат докторите дека тие се добро, во траума се, но вака не ги имаме видено“, вели тој.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања