Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

27 АПРИЛ

jane-cento

(Видео) Ченто за годишнината од пресудата за „27 април“: „Вие нѐ осудивте, историјата ќе нѐ ослободи, бараме правда“

Осудениот за настаните од 27 април 2017 во Собранието на Македонија, Јане Ченто, со објава на социјалните мрежи се осврна на 15 март 2019 година, денот кога беа изречени пресудите за овој случај.Според него, процесот не бил вистинско судење, туку политичка пресметка, во која, како што тврди, правдата била заменета со однапред подготвена пресуда.„Тоа не беше судење во вистинска смисла на зборот. Тоа беше политичка пресметка, маскирана како правда. Судење во кое вистината беше заменета со наратив, а правдата со однапред напишана пресуда“, напиша Ченто.Тој во објавата тврди дека сите учесници во процесот подоцна биле наградени со функции и унапредувања, што, според него, говори за природата на судскиот процес.Ченто наведува дека случајот „27 април“ ќе остане запишан како едно од најмрачните поглавја во независна Македонија, обвинувајќи дека власта се пресметувала со политички неистомисленици преку притисоци, тортура и злоупотреба на институциите.Во објавата тој истакнува дека, според него, пресудата резултирала со повеќе од 200 години затворски казни за обвинетите.„Вие нѐ осудивте. Историјата ќе нѐ ослободи. Бараме правда“, напиша Ченто, додавајќи дека борбата за вистината ќе продолжи.

Коментари | пред 2 седмици

media-library0u5e0tvp3lac8BjyYZs

Дејан Давидовски-Дешо кој беше во бегство е ослободен за „27 април“

Обвинетиот Дејан Давидовски-Дешо, кој се бараше за настаните од „27 април“, е ослободен од обвинение откако Основниот кривичен суд Скопје донел одбивателна пресуда со примена на Законот за амнестија, дознава „Скопје1“. Потврдата за одлуката е добиена од Кривичниот суд.Давидовски седум години беше во бегство, а во август минатата година ѝ се предаде на полицијата. Во април 2019 година беше уапсен во Шведска, но шведските власти тогаш го одбија барањето за негова екстрадиција во Македонија.Тој беше гонет за кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, поврзано со случувањата во Собранието на 27 април 2017 година. Со примената на Законот за амнестија, судот ја отфрлил обвинителната постапка против него.

Македонија | пред 1 месец

jane-cento

Судењата беа наптревар за издржливост, системот беше вклучен, а одлуките беа синхронизирани, вели Ченто за 27 април

Јане Ченто, осуден во предметот за настаните од 27 април, повторно излезе со јавна реакција во која го оспорува начинот на кој се водел судскиот процес и улогата на судијката Добрила Кацарска. Во објава на социјалните мрежи, Ченто наведува дека се обидува да се создаде впечаток дека постапката била целосно законита и потврдена од повисоките судови, но, според него, постојат сериозни сомнежи во текот и исходот на процесот.Тој посочува дека рочиштата траеле по 12 до 15 часа дневно, што, според него, директно влијаело врз правото на ефективна одбрана. Ченто тврди дека правично судење не смее да се претвори во „натпревар во издржливост“ и дека долготрајните и исцрпувачки рочишта оставиле сериозни последици врз обвинетите.Во својата реакција, Ченто обвинува и за селективна оценка на доказите, наведувајќи дека судот прифаќал само докази што, како што тврди, одговарале на однапред изградена теза, додека другите биле игнорирани или минимизирани.Како проблематичен го наведува и темпото на постапката, посочувајќи дека процесот се одвивал во период на значајни политички промени во државата. Според него, брзината на донесување на пресудата не била случајна, туку синхронизирана со политички рокови.Ченто реагира и на ставот дека евентуалните пропусти би биле коригирани во повисоките судски инстанци. Тој потсетува дека, додека обвинетите биле во притвор повеќе од 28 месеци, барањата за одбрана од слобода биле одбивани со, како што наведува, идентични образложенија. Според него, дел од судиите кои одлучувале во втор степен подоцна биле унапредени во Врховниот суд, каде што ја потврдиле пресудата.Во објавата се прави и споредба со настаните во американскиот Конгрес, при што Ченто тврди дека казнената политика во македонскиот случај била максималистичка и имала за цел да испрати порака за одвраќање од протести.Тој посочува дека довербата во судството е исклучително ниска и дека јавноста препознава шема на притисоци, брзање во постапките и последователни унапредувања на вклучени лица.„Ова е приказна за човечки судбини. Системот беше вклучен. Одлуките беа синхронизирани. А унапредувањата дојдоа потоа“, наведува Ченто во својата реакција.

Коментари | пред 1 месец

media-libraryva0e1shba2au1KM5w7q

(🔴ВО ЖИВО) Претрес на Јовановски: како им пресудија на 27 април, проституцијата и силувањата во затвор, УЧК во 2001, кризите

Човекот што бил поротник-судија во предметите за 27 април, рамо до рамо со Кацарска, a денес е директор на најголемиот затвор во државата – Идризово. Вечерва, Зоран Јовановски зборува јавно за судењето, за (не)правдата), одговара на прашања од осудените...Во „Идризово“ зборуваме за „силувањата“ и проституцијата, Диво Насеље и вклучувањето во живо на косовски телевизии... но и за првпат, за најдениот параглајдер на кровот од затвореното одделение, ексклузивно!Јовановски – човек што минал низ најжешките години на безбедносниот систем. Ќе прашуваме за посебната единица“ и немирите, преку 2001 и кризите, до граничната полиција, „Сејф сити“ пред 15 години, криминалните групи, судските процеси и тоа што се случува „внатре“ кога институциите молчат.Ќе отвори теми за кои ретко кој зборува јавно: операции на терен, одлуки во секунди, пропусти што чинеле животи, притисоци, молк, и како изгледа државата кога се води „од сенка“.СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО:

Студио | пред 1 месец

media-libraryrtunvs14cr7q776I3EC

(Видео) „Овој народ не заслужува да има држава, не би излегол пак да го бранам“, вели бранителот Трајковски, осуден за 27 април

Осудениот за настаните од 27 април, Влатко Трајковски, кој во 2001 година учествувал како бранител во конфликтот, гостуваше во „Претрес со Ландов“, каде упати една од своите најостри и најразочарани јавни пораки досега.На директното прашање на водителот Кристијан Ландов дали повторно би излегол да ја брани татковината доколку се појави таква потреба, Трајковски одговори:„Kога, ќе погледнам вака од времеска дистанца за ова што ми се случува, не. Овој народ не заслужува да има држава. Додека ние јадевме песок во конзерви, луѓето се сончаа во Грчка на плажите. После завршувањето на оваа казна, ќе ја напуштам Македонија“.Првото појавување во јавност на Трајковски гледајте го тука:

Македонија | пред 1 месец

media-libraryh8pgmcnu4luvczlcr1n

На слобода излегува уште еден осуденик за 27 април: Вили Гајда најавува враќање на сцената

Уште еден осуденик за настаните од 27 април 2017 година доби условен отпуст од судот, откако одлежа две третини од изречената затворска казна за упадот во Собранието. Станува збор за Вилијам Михајловски – Вили, кој преку објава на социјалните мрежи информира дека од 1 јануари е на условна слобода и дека планира постепено да се врати на јавниот и професионалниот живот.Во пораката до јавноста, Михајловски најави дека од 2026 година повторно ќе настапува како музичар, со фокус на традиционалната македонска музика и инструменти. Тој порача дека музиката за него претставува „лек за душата“ и дека има намера преку настапи да го промовира македонскиот мелос, културата и јазикот, притоа потенцирајќи дека политиката ја остава настрана.Според судските одлуки, условниот отпуст на Михајловски формално започнува од 31 декември 2025 година. Во изминатиот период, условна слобода добија и други осуденици за 27 април. Пред околу еден месец условен отпуст им беше одобрен на Мунир Пепиќ, Оливер Поповски, Влатко Трајковски, Душко Лазаров, Јане Ченто, Митко Пешов, Горан Ѓошевски и Никола Митревски, додека Младен Додевски и Горан Ангелов исто така се најдоа на списокот на лица кои излегоа од затвор под услов.Оливер Радулов, пак, условен отпуст доби пред околу шест месеци. Со тоа, бројот на осуденици за упадот во Собранието кои се пуштени на условна слобода континуирано се зголемува, по одлежување на законски предвидениот дел од казните.Според информации со кои располага медиумот, паралелно со овие постапки е поднесено и барање за повторување на судската постапка за случајот „27 април“, што повторно ја отвора дебатата во јавноста за судските пресуди, одговорноста и правните последици од еден од најконтроверзните настани во поновата политичка историја на државата.Бонус видео:

Настани | пред 3 месеци

media-libraryvuh6a6edf5j42rv293T

„Скопје1“ дознава: Уште осум осудени за 27 април излегуваат на слобода ден пред Нова година, по години поминати зад решетки

Повеќето од осудените за настаните од 27 април 2017 година добиле условен отпуст, откако издржале повеќе од две третини од затворските казни, дознава „Скопје1“ од извори во Кривичниот суд. Одлуките ги донел Кривичниот совет, кој оценил дека се исполнети законските услови за да се донесе ваква одлука.На слобода ден пред Новата година треба да излезат Мунир Пепиќ, Оливер Поповски, Влатко Трајковски, Душко Лазаров, Јане Ченто, Митко Пешов, Горан Ѓошевски и Никола Митревски. Досега отпуст добија Младен Додевски и Горан Ангелов-Ќосето кои меѓу првите го напуштија затворот.Според нашите информации, Оливер Радулов доби условен отпуст пред 6 месеци.„Скопје1“ дознава дека до Кривичниот суд е испорачано и барањето за повторно судење, поради тоа што постојат нови докази, кои би влијаеле на исходот на постапката. Ова барање беше очекувано дека ќе се поднесе, и најавувано од страна на осудените години наназад. Уште од стартот на судската постапка, по поднесеното обвинение од Вилма Русковска, тие беа децидни дека одговараат за дело кое не го сториле, а за кое им беа изречени високи затоврски казни.Инаку, институтот условен отпуст претставува т.н. „круна“ на ресоцијализацијата, односно „награда“ за доброто поведение при издржувањето на казната. Кога ќе се поднесе молба за овој институт, се подготвува извештај за осуденото лице. Условен отпуст одредува исклучиво Судот и согласно закон може да се состои во посебни мерки на помош, грижа, надзор или заштита кои ги спроведува надлежен орган согласно со закон.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryne9an54d7n0n7RdDH7P

(Видео) Јани Бојаџи: 27 април е нечистата совест на македонскиот народ, советите да се заборави минатото е како да ти дадат револвер за да се стрелаш

Режисерот и директор на Алфа телевизија, Јани Бојаџи, во гостување во подкастот „Претрес со Ландов“, остро проговори за настаните од 27 април 2017 година, нарекувајќи ги „нечистата совест на македонскиот народ“.„Дваесет седми април и уставобранителите се нечистата совест на македонскиот народ. Не постои Македонец кој не треба да застане пред огледалото и да си ја види сопствената нечиста совест. И тоа нема врска со партии, нема врска со функции, нема врска со никого,“ рече Бојаџи во емисијата.Тој додаде дека секој граѓанин, без исклучок, ја носи тежината на тој ден, и дека дури и „неродените деца ќе ја наследат таа вина“.„Сите до еден имаме нечиста совест. За жал, дури и нашите неродени деца ќе имаат нечиста совест заради тој проклет настан. Треба да учиме од грешките – а учиме ли? Многу малку,“ изјави Бојаџи.Во продолжение тој остро ја коментираше и, како што ја нарече, „европската логика за потиснување на минатото“, оценувајќи ја како чин на самоуништување.„Идејата на оние кои ни велат: ‘Не се занимавајте со историјата, гледајте во иднината’ – е чин да ти дадат револвер за да сам си стрелаш во слепочницата,“ рече Бојаџи.Одговарајќи на прашањето на Кристијан Ландов околу неговата позната изјава дека „Македонија е детето кое секогаш го лажат“, Бојаџи потврди дека зад неа стои целосно.„Апсолутно. Само оној кој го познава минатото може да ја поднесе сегашноста и да ја предвиди иднината,“ додаде тој.

Студио | пред 4 месеци

media-library6luptdtmvsbe4u2JdsB

Сопругата на Игор Југ со емотивна порака по смртта на Кире Ѓорѓиевски: „Истата неправда, истата тишина зад затворските ѕидови“

Ивана Југ, сопругата на починатиот Игор Југ — осуден за настаните во Собранието на 27 април — упати емотивна порака на социјалните мрежи по веста за смртта на Кире Ѓорѓиевски, уште еден од осудените во истиот предмет, кој почина во штипскиот затвор.„Со длабока болка и искрено сочувство. Ноќеска не напушти Кире — уште еден од осудените во истото политичко дело во кое беше осуден и мојот сопруг. Судбината, за жал, повторно ја отвори раната. Истата приказна, истата неправда, истата тишина зад затворските ѕидови што зема животи пред вистината да излезе на виделина,“ напиша Југ.Таа потсети дека и нејзиниот сопруг Игор не ја дочекал правдата, додавајќи дека заминал „со вера дека еден ден вистината ќе победи“.„Сега, кога слушам дека и Кире го заврши својот живот во истите околности, срцето ми се кине — затоа што знам што значи тоа. Знам што значи да изгубиш човек зад решетки, во тишина, без правда, без мир,“ напиша таа.Југ упати и искрено сочувство до семејството на Ѓорѓиевски:„На семејството на Кире им упатувам најдлабоко сочувство. Нека Господ им даде сила да издржат во овие тешки моменти, како што секој ден ние се бориме да го носиме споменот за нашите најмили. Нека почива во мир, а вистината нека најде пат до светлината. Зашто вистината не умира — само чека некој да ја чуе. Почивај во мир, Кире! Во вечен спомен на Игор — и на сите кои неправдата ги одзеде предвреме.“

Коментари | пред 4 месеци

media-libraryoai9mgmlqcuuaWlGPDH

Почина осуденик од 27 април за претепувањето на Села, Ќосето прашува: Уште колку треба да умреме за да се наситите?

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден во предметот за „27 април“. Тој доби 13 години затвор за претепување на Зијадин Села, дело кое го негираше. Веста ја објави осудениот Горан Ангелов-Ќосето. Ѓорѓиевски бил и бранител од 2001 година.„Почивај во Мир Кире. И ти не дочека како братот Игор Југ да ја видиш слободата! Уште колку треба да умреме од 27 за да се наситите, уште колку додека ја чекаме правдата!!!“, напиша Ќосето.Ѓорѓиевски беше обвинет и осуден како човек кој што му ги задал најтешките удари на Села. Во 2017 година, кога издржуваше притвор, Ѓорѓиевски беше претепан од група затвореници. Иако се жалеше на казната од Кривичен, Апелација му ги потврди 13-те години робија.Пред Ѓорѓиевски, во февруари годинава, почина Игор Југ на 54 годишна возраст. Двајцата бараа слобода, откако повеќе од осум години ги минаа зад решетки.Од него, се простуваат пријатели преку социјалните мрежи.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-02-08-at-02.55.48

Горан Ангелов-Ќосето со скршени три ребра е вратен во затвор, не му дадоа да се лекува дома што е препорака од лекари, обзнани адвокатот Пешевски

Горан Ангелов-Ќосето со скршени три ребра бил вратен во затворот во Прилеп од велешкиот суд, обзнани адвокатот Драган Пешевски. Ќосето има проблеми со дишењето и движењето, а неговата состојба не може да се санира во затвор, бидејќи нема услови.Целата објава на адвокатот:„Како што во затворот Прилеп се дознало за смртта на Игор Југ, директорот на затворот го повикал Горан Ангелов-Ќосето кој беше негов најдобар другар, затворски сомаченик, соборец за Македонија уште од војната 2001 и му дал можност да искористи годишен одмор како би можел да го испрати својот најблизок!!! Ова не е спорно и е за поздравување!!!Спорно е што Горан, пред кратко време крши три ребра во затворот по што е хоспитализиран на хирургија. Пуштил молба за прекин на извршувањето на казната до одреден судија за извршување санкции до Велешки Суд како би ја санирал состојбата. Замислете ОДБИЕН Е!!! Со цел памет и на цела мака е ОДБИЕН. По препорака на хирурзи, специјалисти за домашно лекување ОДБИЕН Е!!! Истиот има проблеми со дишењето, со спиењето, со движењето и без срам ке ви кажам со одењето во ВЦ. Во затворот има исклучително чучавци, со скршени 3 ребра човекот треба да го држат тројца да изврши нужда!!! Тој човек е ОДБИЕН!!!Сабајлево како го ослободиле иако во тешка состојба не отиде ни до дома, ми се јави ми вика брат неможам да дишам ама морам да одам до кај фамилијата на Игор, да не им треба нешто да помогнам и така стори!!! Тој човек е ОДБИЕН!!!Пред некој ден од моја страна беше пуштено официјално барање за прекин на издржувањето на затворската казна додека се санира последицата. Сега е на ред управата и нејзиниот директор Александар Пандов. Они се на потег да го исправат овој СРАМ!!!Денеска изгубивме еден голем човек заради неправди, сплетки и ујдурми. Нека му е лесна земјата, утре во Куманово ке го исратиме, уште неможам да си дојдам на себе... Да не изгубиме уште еден на срамен начин!!!“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-07-at-19.44.43

Револт, гнев и тага: Пријателите се простуваат од Игор Југ, згрозени се што не дочека слобода и правда

Осудените за „27 април“ со кои ја делеше судницата, адвокати, пријатели се простуваат од Игор Југ, кој почина на 52 години. Тој и неговиот правен тим подготвуваа барање за повторување на постапката. Почина како осуденик, покрај тврдењата дека не сторил ниту тероризам, ниту терористичко загрозување на уставниот поредок.Горан Ангелов-Ќосето, со кого делеа затворска ќелија во прилепскиот затвор напиша: „Почивај во мир Игор ...Не дочека синот да го видиш ,не дочека слобода ...не изедоа по затвори!“[caption id="attachment_321315" align="alignnone" width="1526"] Screenshot[/caption]Митко Чавков, исто така осуден за „27 април“, напиша: „Почивај во мир Игор. Чесен и исклучителен патриот, едноставен, директен и правдољубив, таков те запознав во мојот живот и таков ќе останеш засекогаш. Како што повеќе пати сум пишал, речиси сите се запознавме во судската сала во КУЌАТА на НЕПРАВДАТА. СУДБИНАТА наша и на нашите семејства ни ја определија безобзирни КРИМИНАЛЦИ кои во нас гледаа само СРЕДСТВА за постигнување криминално-политички цели! Длабоко го разбирав твојот јад, гнев од неправда, гнев заради чувството на отфрленост, само пред неколку дена зборевме и се охрабрувававме да издржиме со надеж да дочекаме правда. Игор, за мене во моментот кога ја чув веста, СМИСЛАТА за молење за правда, престана. Најди го мирот во царството небесно“.[caption id="attachment_321316" align="alignnone" width="1544"] Screenshot[/caption]И Зорица Чавкова, адвокатка и ќерка на Митко Чавков, се прости од Југ.„Од денес… ништо нема смисла. Почина Игор Југ… Носете го на душа сите прозвани во неговите статуси! Душата му страдаше заради неправдата, страдаше од предавници, кодоши, јуди, лицемери, ѓубриња, измамници, преваранти, болесници….ги презираше, срце му пукна.Сега почивај мирно легендо! Оставаш ќеркичка, бебенце уште неродено… нема да бидат сами“, напиша Чавкова.[caption id="attachment_321315" align="alignnone" width="1526"] Screenshot[/caption][caption id="attachment_321317" align="alignnone" width="1524"] Screenshot[/caption]Драган Пешевски, адвокатот кој го бранеше Југ изминатите години во случајот „27 април“, ја карактеризираше државата како убиец на Југ.„Игор Југ не дочека да го види светлото на денот, а да не е преку решетки. Неправилно осуден, фамилијарен човек, сопруг татко, мој другар. За нешто што не направил (ова одговорно го тврдам) коските му скапаа по зандани а неговиот цврст карактер и неговата пркос не му дозволија да се помири со неправдата. Државата и политиката го затворија и убија а неговото семејство го оставија на милост и немилост!!! За жал не издржа и неговото срце застана утрово... Нека му е лесна земјата и светол патот. Поздрав Игор!!!“, напиша Пешевски.Никола Димитриевски, осуден за обидот за убиство на Зијадин Села на 27 април исто така се прости од Југ.Ако некој беше најреален тоа беше ти,ако некој беше најборбен тоа беше ти,ако некој ја кажуваше вистината во лице тоа беше ти!!!! Летај во височините Бате мој и Херој на Македонија!!! Бог да те прости и Вечна ти слава Игор Југ“, напиша Димитриевски.[caption id="attachment_321319" align="alignnone" width="1532"] Screenshot[/caption]Адвокатот Јанаки Митревски, напиша дека на душа ќе го носат тие што го искористија и оставија во затвор.„Игор Југ починал утрово од срцев удар. Не доживеа да види слобода. Бог да го прости и на душа нека го носат оние кои прво го искористија па го оставија да изгние во зандана!!! А и оние кои го затворија сто години за “носење на пиштол” кој никој не го видел!“, напиша Митревски.Од Југ се прости и Вилијам Михајловски, друг осуден за „27 април“.„Вечна ти слава Брат мој. Реферати нема да пишувам, само ќе кажам дека чест ми беше што те познавам. Сочувство до семејството“, напиша тој.[caption id="attachment_321322" align="alignnone" width="1534"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-23-at-20.38.05

Важи аменстијата: Трајко Вељановски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски ослободени од гонење за организирање на 27 април

Прекинат е кривичниот прогон на Трајко Вељановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и Владимир Атанасовски кои беа гонети како организатори на упадот во Собранието на 27 април. Судот донесе решение, со кое посочува дека амнестијата важи за нив.„Јавното обвинителство како подносител на обвинението, по укинувањето на решението од овој суд, имаше неколку неодредени произнесување до амнестијата, се додека на минатото рочиште не даде јасен предлог дека Трајко Вељановски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски не треба да се амнестираат, бидејќи за нив важел законот. Лично и како совет, се уште сме на ставот дека интенцијата на законодавецот беше во никој случај организаторите да не се амнестираат. Но во Законот за амнестија во одредбите, има сврзник според кој Јавното обвинителство и Апелација сметаат дека овие обвинети не се лица кои постапувале спротивно на службените овластувања при вршење на кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок“, рече судијата Илија Трпков.Судијата додаде: „Имајќи во предвид на наведеното, на крајот ќе произлезе дека осудените лица за настаните од 27 април, сами се организирале, сами размислиле дека треба да влезат во Собранието, кршат и тепаат. На сите ни е јасно, а и на осудените лица во затворите – дека тоа не е така, дека некој ги организирал да влезат во Собранието. Инаку тоа не може да се случи. Не може да се пробие полициски кордон на кошаркарски натпревар, а не во Собранието“.Тој кажа дека не е патриотски да се упадне во Собранието.„Некои овие осудени лица ги нарекува патриоти, ги тапка по рамо. Тие можеби се патриоти, но не може да каже дека патриотски псотапиле. Тие што ги организирале и овие лица (осудениците), треба да се срамат. За тепање на народни претставници и кршење - не може да се каже дека се патриоти. Сигурно одлуката (за амнестија) ќе побуди различни емоции и чувства. За конкретните настани во Собранието, за кривичните дела кои се случија таму, наведнете ја главата и побарајте прошка од државата, како што обвинетите побараа“, додаде судијата Илија Трпков.

Македонија | пред 1 година

27-april-dafina

(Видео) „27 април“: Ќе се бара ново судење, најавено дека јавноста ќе се згрози од тоа како се обезбедувале лажни докази и сведочења

Барање за повторување постапка поради нови докази кои можат да го сменат текот на постапката ќе биде поднесено до Кривичен суд од осудените за „27 април“ кои веќе седум години лежат низ затворите, дознава „Скопје1“. Собрани се списи и веројатно, до крајот на месецот, тие ќе бидат поднесени и постапката ќе биде почната. Засега за ова нема официјална потврда, но со оглед на реакциите по дадената амнестија во предметот „Организатори на 27 април“ – очекувано е сѐ да тече уште побрзо.Во поткрепа на ова оди и ставот кој пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска го кажа во поткастот „Претрес со Ландов“. Таа посочи дека наскоро целата јавност ќе биде згрозена од тоа што се правело во предметот „27 април“. Стојаноска секогаш била во одбрана на осудените кои за неа се уставобранители, а и не го криела контактот со истите.„Се работи на тоа да се соберат докази, и мислам дека многу скоро, ние и целата јавност ќе бидеме згрозени од тоа што ќе се откријат многу вистини како се обезбедувале лажни докази и како се обезбедувале лажни сведочења и тука не мислам само на Нинџа туку и за многу други“, рече Стојаноска, ексклузивно во „Претрес“.По одлуката да се амнестираат организаторите за 27 април и процесот против нив да биде прекинат, премиерот Мицкоски вели ако нема организатори, не може да има и терористи.?t=6272„Факт е дека ако нема организатори не може да има терористи. Никој не вели дека тие луѓе не згрешиле, никој не вели дека тие луѓе не направиле престап, но тие луѓе за тој престап доволно време поминале таму и треба тие кои водеа политички монтиран процес за коишто сто пати сме кажале во минатото, да си стават прстот на чело и да размислат што прават и што направиле“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-24-at-11.51.17

Паѓа случајот за нарачката на упадот во Собранието: Обвинителството смета дека обвинетите не можат да бидат гонети

Обвинителството смета дека не може случајот „Организатори на 27 април“ да се води понатаму, бидејќи има правна пречка. Овој случај требаше да го одгатне прашањето: Кој го нарача и кој го спроведе насилниот упад во Собранието на 27 април?Обвинителството, мислењето го достави до Кривичниот суд, кој треба да донесе одлука дали ќе ја запре постапката. Според Обвинителството, треба да се запре постапката, но одлуката е во рацете на судот и треба да ја донесе идниот месец. Ако постапката се запре, сите обвинети ќе бидат ослободени. Потегот на Обвинителството доаѓа по напатствија од Апелација, кои ја укинаа првата пресуда на Кривичен суд„Обвинителството достави мислење до судот дека во конкретнниот случај постои правна пречка за поднесување на обвинение за што треба да се донесат решенија за запирање на постапката. Јасно и прецизно посочуваат дека има правна пречка за таа постапка да може да се води поради примена на законот за амнестија примената“, вели Еленко Миланов за „Скопје1“, адвокат на Миле Јанакиески во овој предмет.Предметот го покрена ОЈО-ГОКК, а истрагата ја водеше ексобвинителката Вилма Русковска.Обвинети беа поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот министер за образование Спиро Ристовски, поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски.Дванаесет обвинети, меѓу кои и тогашните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов, добија амнестија. Дел од нив подоцна гласаа за промена на името во Северна Македонија.

Македонија | пред 1 година

igor-jug

Игор Југ: Изборите ги добивте на основа на емпатијата и почитта која народот ја има кон нас и нашата мака

Игор Југ, осуденик во случајот „27 април“, потсетува дека тој е се уште во затвор, а откако, пред доаѓањето на власт, претседателката Гордана Силјановска-Давкова вети помилување. Тој смета дека за сегашната Владата излегле на гласање 50% од лицата кои верувале во заложбата дека политичките осуденици ќе бидат надвор од решетките.„Денес 2 пати им ги исчистив лајната на кучињата, 4 пати им сменив вода, ги исчешлав сите, со Мали и со Били направив тренинг од по 30 минути, им сварив храна на кучињата, ги нахранив. Се прибрав во 22 часот, а да, уште сум во затвор, сее заборавив...Ова се моите работни успеси со кои можам да се пофалам. Не објавувам на ‘Фејсбук’ слики со странски дипломати, со домашни високи политичари и министри од Владата, немам слики кај што седам на скапи работни бироа и за сликање, да глумам дека нешто многу важно работам.Работам по дожд, по кал, по сонце, во прашина, мене никој важен не ме посетува, затоа и не морам да напишам "Голема благодарност до "Рајко и Трајко" кои денес беа во посета на дрн, дрн, мрн, а јас ги пречекав...Не можам да се пофалам со цифри кои ресорот кој го водам ги постигнал, со спроведени акции и исполнети рокови, ниту пак дека сум ги платил моите вработени, моите работници и јас работиме гратис. Може само да кажам дека Бета е скучна и имаме мали кутриња.Тоа е поради фактот што јас и ден денес уште сум затвореник, а тие што се фалат со успеси се функционери, раководни органи на високи функции.Но има уште еден факт!Тие ќе станеа функционери кога ќе си го видев тилот, да не ја добија половината од гласовите на народот заради тоа што народот гласаше за нас од ‘27 Април’, гласаше за наша слобода, не за нив, за нив добри 50% што ги гласаа немаше ни да излезат на гласање!Не го заборавајте овој факт, господа тазе функционери!!!Изборите ги добивте на основа на емпатијата и почитта која народот ја има кон нас и нашата мака!Не ги добивте на основа на вашите големи заслуги и "орање на теренот", не ги добивте од страна на матуфите, партиските принцези и членовите на вашите семејства кои ги изначукавте по управни одбори, ги направивте локални директори, советници, ги унапредивте на повисоки и подобро платени функции, ги изначукавте по министерства...И немојте да мислите дека ви верував кога ми раскажувавте приказни, како вие ништо не знаете, како немате појма дури ни за вашата иднина и вашиот статус.Знаевте се, месеци однапред, знаевте дури и кои ќе ви бидат чистачки, портири и шофери, имавте се договорено и поделено, само јас не требаше да знам, зошто јас сум робијаш, вечното лошо момче, терсен карактер, немам влакна на јазикот, за мене немаше место во вашите однапред направени дилови, ви беше страв дека нешто ćе ви барам, ćе ви ги расипам долгорочните планови.Лоши глумци сте "господа", провидни!А јас нема да ве оставам на мира, не спијте на тоа уво. Не одлежав јас 7 години за да ви ќутам!!!А ќе одлежам и уште 10 ако треба, ама по своето ќе дојдам, заслуженото ќе го добијам, јас го заслужив!За разлика од вас, на мене никогаш ништо не ми е подарено, секогаш и заслуженото ми е ускратувано, но овој пат нема да биде така!“, напиша Игор Југ.БОНУС ВИДЕО

Коментари | пред 1 година

IMG_0086

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, осомничен за „27 април“ кој седум години бил во бегство

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, осомничен за „27 април“ кој седум години бил во бегство. Тој се предаде на граничниот премин “Деве Баир” на влез во Македонија од Бугарија на македонските власти, објави Канал 5.Тој беше осомничен за злосторничко здружување и загрозување на уставниот поредок и безбедноста. По него беше распишана меѓународна потерница од страна на МВР за упадот во Собранието на 27 април.Давидовски пред пет години беше уапсен во Шведска, но Врховниот суд на земјата, поради толкувањето на нивните закони го одби барањето на Македонија за екстрадиција.На сајтот на МВР сѐ уште стои меѓународната потерница.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-22-at-19.09.57

Вили од „27 април“: Гневен сум на гнасите комуњарски кои нѐ затворија, но ќе бидам погневен на „нашите“ доколку лежиме затвор во време на ВМРО

На профилот „Слобода за Вили“, формиран за поддршка на Вилијам Михајловски осуденик за 27 април, се упати јавен аларм дека е време приоритет да биде ослободување на политичките затвореници. Михајловски посочува и на сомнежи дека во прашање е игра, наместо вистински намери за нивно повторно судење.„Приоритет беше слобода за политичките затвореници односно правда и праведно судење!!! Се надевам дека од Септември ќе земете сериозно во предвид да го решите овој политички прогон кој не шета од институција до институција и ни ги потврдува казните и не прогласува за ТЕРОРИСТИ !!! Господа пред избори се збореше се за наша слобода сега се убедуваме дека да се стрпиме и да лежиме да се вратиме у затвор??? Ако немавме трпение во овие 7 години навистина не ви ја разбирам дефиницијата за трпение!! Истрпевме 7 години тортура и, психичка и физичка од страна на комуњарите,ДА за мене тоа е големо трпение!!!“, пишува на „Слобода за Вили“.Потоа се додава: „Гневен сум на гнасите комуњарски кои не затворија но уште погневен ќе бидам на “нашите” доколку лежиме затвор во време кога ВМРО има апсолутно мнозинство а ние во затвор!. Народот е свесен дека неправедно сме осудени и сите очекуваат правда за осудените од 27 АПРИЛ‼️ДАЈ ОДЛУЧЕТЕ СЕ ДАЛИ СТЕ ЗА ПРАВДАТА ДА ВЛАДЕЕ ИЛИ ДА ЛЕЖИМЕ?!?!? Народот е нашата сила. Нешто ми мириса на некоја игра која ќе видиме какви резултати ќе даде“.Во предизборието, претседателката Гордана Силјановска-Давкова упати ветување дека ќе ги амнестира сите осудени за 27 април.[caption id="attachment_300373" align="alignnone" width="688"] Screenshot[/caption]

Коментари | пред 1 година

Screenshot-2024-05-25-at-10.00.44

(Видео) Осудните за 27 април во штипскиот затвор биле оставани да смрзнуваат: Трпат дупла казна, судска и нечовечка

Различен пристап кон различни затвореници има низ затворите во Македонија, а пример за тоа е и затворот во Штип. Има привилигирани, но и лица кои издржуваат затворска казна, а ги немаат основните услови. Осудените за 27 април, среде зима, беа оставани да седат во ладна просторија, без греење, бидејќи директорот на затворот не им дозволуваше да внесат поради свои изговори. Истовремено, во соседни простории, не беше проблем да се донесат и по повеќе грејни тела.„Имав прилика да разговарам со нив во зимските месеци, да, ги видов условите какви се каде што се. Тоа е втор пример, каде трпат дупла казна, судската и нечовечката. Голема е веројатноста дека станува збор за политички мотиви. Кај нас најголемата тензија расте при секоја промена на власт и очекувањата на граѓаните се да видиме кој ќе биде следен притворен, осуден.. И веројатно тоа им е мотивот зошто секој што е на власт не се зафаќа да ги промени условите. Смета дека владеењето ќе трае вечно, него нема да го фати да заврши таму, таа рака нема да го допре..“, рече заменик-народниот правобранител Јован Андоновски.?t=4893

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-16-at-14.07.09

(Видео) Игор Југ ексклузивно: Реформаторите ми дадоа безобразна понуда да го наместам Груевски за да излезам од затвор

За првпат, Игор Југ, осуденик за „27 април“ во „Претрес со Ландов“ одговори на многу непоставени прашања и даде нечуени одговори! Ексклузивни детали, истовремено и фрапирачки!Еден од нив е за понудата која ја добил за да го намести Никола Груевски во замена за неговата слобода.„Добив безобразна понуда, да го наместам Никола Груевски за командна одговорност, а да добијам слобода“, рече Југ по што откри кој му го понудил ова.

Македонија | пред 1 година

438799157_982829463213993_1327974799992688998_n

Спасовски се обидува да прави капитал на настаните од 27 април, нека каже дали спие мирно знаејќи дека луѓето издржуваат драконски казни за дела кои не ги направиле, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„На 8 мај оваа криминална влада ќе се соочи со пораз, а кога веќе Спасовски се обидува да прави капитал на настаните од 27 април, нека каже дали спие мирно знаејќи дека луѓето издржуваат драконски казни за дела кои не ги направиле“, реагира ВМРО-ДПМНЕ и додава:На изборите на 8 мај се одлучува дали оваа криминална влада ќе биде поразена и истата банда ќе се соочи со одговорност, или ќе продолжи да кради и распродава.А кога веќе Спасовски се одлучи давенички да прави капитал со настаните 27 април, тогаш нека одговори на едноставното прашање кој највеќе искористи со настаните на 27 април?Кој направи влада после овие настани?Дали за монтираниот судски процес не беше наградена Русковска и Кацарска?Како Русковска пред време ги знаела пресудите за 27 ми април според јавните сведоштва изнесени во јавноста?Дали мирно спие Спасовски со сознанието дека има драконски казни за дела кои не ги направиле?Луѓето од 27 април не бараат милостина, ниту пак амнестија, туку правда, да не одговараат за делата кои не ги направиле, а им ги товарија и препишаа.

Македонија | пред 1 година

438799157_982829463213993_1327974799992688998_n

Спасовски со сценографија на прес: На 27 април 2017 година се случи напад на Собранието, со план да се убијат пратеници

„Денешниот ден 27 април не смее да биде заборавен - најцрниот ден во историјата на македонската демократија“, објави ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, а сегашен кандидат за пратеник и носител на листа од СДСМ.„На 27 април 2017 година се случи напад на Собранието, со план да се убијат пратеници, новинари и не дозволуваме никако насилниците да се нарекуваат уставобранители или да бидат помилувани и да им простено за стореното.Многу е важно да разбереме сите дека овој десничарски режим во тоа време направи удар врз Уставот, државата и демократијата. Важно е да знаеме дека ваквиот пристап на една политичка партија може да ја сруши демократијата и слободата на граѓани и државата.Затоа, треба да излеземе масовно на изборите и да гласаме за СДСМ и коалиција, затоа што на 8 мај треба да се одлучи да не се вратат настаните од 27 април.Како што не се откажавме тогаш, не се откажуваме ни сега!“, додава Спасовски.

Македонија | пред 1 година

20170524092354

(Видео) Која е вистината за 27 април: осудените најавуваат дека имаат што да кажат, протекуваат нови информации

Седум години поминаа од крвавите случувања од „27 април“, осудените и натаму бараат правични судења и одговорност според тоа што го сториле, за СДСМ правдата е дојдена, а ВМРО-ДПМНЕ ветува дека кога ќе дојдат на власт ќе се суди според закон. За тоа време, 16 лица издржуваат казни од шест до 16 години. Сите се сместени во различни затвори - од Скопје, до Штип, па и Прилеп.Последен во низата кој излезе во јавност со порака е Јане Ченто кој доби 13-годишна затворска казна. Кажа дека не сака милост, туку правда. Да одговара за тоа што го сторил, а не за тероризам.„Ќе ги скршиме канџите за неправдата од 27 април, кога и да е, за брзо и да е. Има многу што да кажеме. Седум години ве лажеа сите, имаме многу што да кажеме. 7 години СДС тераа лажна пропаганда, за брзо ќе дојде вистината. Сонцето на слободата изгрева. Седум години под окупација, седум години лаги и пропаганда. Седум години лаги, за брзо време ќе ја чуеме сите вистината за 27 април“, кажа Ченто. Горан Ангелов-Ќосето, пак, сподели фотографија од неговата ќерка која во рацете држи натпис „Слобода за тато“.И Игор Дурловски кој доби ослободителна пресуда, смета дека владее неправда. Кога СДСМ го изгубија првиот круг од претседателските избори, напиша: „Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат помирно да спијат. Слава ти Господе!“.Осудениот Митко Пешов, по првиот круг од претседателските избори, напиша: „Седум години го чекавме овој момент. Фала ви Македонијо“.Најново, поврзано со овој случај се пораките кои Боки 13 ги читаше пораки за 27-април, а за кои тврди дека ги разменувал со обвинителката Вилма Русковска.Потоа, посочи дека на 13.03. бил во комуникација со Русковска, на два дена пред пресудата за 27-април.„Таа ги знаеше пресудите за 27-април пред судот да ги изрече и да донесе пресуда. Јас ѝ пишувам: ‘Утре ќе ја пренесуваме пресудата за 27, цела’, Вилма враќа: ‘Ќе биде интересно, највисоки казни, после ќе давам изјава’. Јас враќам: ‘Значи Кацарска ќе направи лом’, Вилма вели: ‘Лом, лом, ќе видиш’. Јас ѝ викам: ‘Дај некоја ексклузива’, јас ѝ барам ексклузива на телевизијата. Она ми одговара: ‘Само една ослободителна, другите сите високи’. Русковска: ‘После пресудата ќе ја бараме Кацарска да гостува’ и точно, дојде кај Гордана Дувњак да гостува во емисија. Таа ми изнесува пресуда пред пресудата да биде изнесена. Потоа ми зборува за директори кои што ќе бидат ексклузивно апсени за две недели итн“, рече Јовановски.Во меѓувреме, се појави уште една нова информација во јавноста. Покрај обвинението дека ВМРО-ДПМНЕ го организирале упадот, новинарот Кристијан Ландов, во подкастот „Без лимит“ кај јутуберот Стефан Лазаров, кажа дека вмровец го спасил Зијадин Села, а подоцна и го евакуирал. За настаните во Собранието беа обвинети 33 лица. Тие се гонеа за терористичко загрозување на уставниот поредок. 15 од обвинетите беа амнестирани со Законот за амнестија. Обвинетите во судскиот процес за „27 април“ во текот на постапката ја негираа својата вина.Предметот „27 април“ и маратонските рочишта беа нотирани и во месечните извештаи за состојбата со човековите права на невладините организации. Дел од граѓанските организации кои го следат правосудството нагласија дека во судскиот процес се постапува на штета на обвинетите, особено во делот на динамиката на судскиот процес и неможноста за адекватна подготовка на сите учесници во постапката.

Македонија | пред 1 година

Capture-2

Силјановска за „27 април“: Тие би требало да добијат помилување, но најголемиот број од нив сакаат да докажат дека се невини

Гордана Силјановска-Давкова која е дел од претседателската трка, смета дека осудените за „27 април“ би требало да добијат помилување. Таа кажа дека шведскиот и грчкиот суд веќе посочиле дека тие не сториле кривично дело - тероризам, туку можеле да одговараат за учество во толпа. Додаде дека законот за амнестија мора да важи или за сите или за никој.„Тие би требало да добијат помилување и одличен чекор ќе беше ако тоа го стореше претседателот. Бидејќи во една прилика се одважи да го критикува кривичното дело за кое тие се осудени“, ка Силјановска-Давкова во гостување на „Лазаров поткаст“.Таа додаде дека со сигурност ќе се потврди дека и во Стразбур ќе паднат некои од предметите.„Најголемиот број од луѓето не сакаат да бидат амнестирани бидејќи веруваат дека се невини и сакаат тоа да го докажат“, додаде таа во гостувањето на „Лазаров поткаст“.

Македонија | пред 2 години

sud

„27 април“ шест години потоа: Нинџа преку ден е надвор, а за спиење во затвор, Чавков зад решетки во Штип

За едни уставобранители и чесни луѓе, за други терористи и убијци. Правосилно осудените за настаните од 27 април од првата постапка, кои судијката Добрила Кацарска ги осуди на вкупно 211 години, шест години по настанот се зад решетки. Најголем дел од осудените се во затворот во Штип, дел се во Идризово, дел во Прилеп, а само Нинџа, иако е осуден на казна затвор од 7 години е во Истражниот затвор во Шутка. Нинџа е единствениот од вкупно 16 осудени што е во отворено одделение, односно оди на работа преку ден, а само за спиење е во затворската ќелија. Платата што ја заработува оди на сметката на затворот, објави МКД.мкНо Нинџа не се издвојува од другите само по третманот во затворот, туку се издвојува во предметот по исказот и по затворската казна. Тој на 6 декември 2018 година на рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје ги откри тајни релации што ги имал со УБК, релацијата со Сашо Мијалков, како и од каде доаѓале наредбите за тоа како да се делува во Собранието на 27 април. Во својот исказ тогаш Нинџа рече дека ја открива вистината за 27 април од своја гледна точка и дека она што го кажал било само дел од она што се случувало, дека наредбите и координацијата за тоа што да се прави и да се презема во Собранието на 27 април стасувале токму од споменатите лица, кои биле дел од командно-оперативниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, а тој ден издавале наредби од осмиот кат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Нинџа тогаш посочи дека е убеден дека никој освен него не видел од каде доаѓаат наредбите.„Сето тоа што се случи на 27 април беше координирано, а како што масата се движеше кон Собранието, наредбите беа сѐ подиректни“, рече тогаш Нинџа.Шест години потоа, 17 лица осудени за 27 април (заедно со Сашо Марковски, за кого постапката беше одвоена) се во неколку затвори во земјава. Митко Чавков, носителот на златната команда и раководител на оперативниот штаб, е во затворот во Штип. Таму се и полицаецот Митко Пешов, Душко Лазаров, полициски службеник со долгогодишно искуство, полицаецот Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Младен Додевски, Јане Ченто, Влатко Трајковски и Никола Митровски – Кољо.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања