Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Сопругата на Игор Југ со емотивна порака по смртта на Кире Ѓорѓиевски: „Истата неправда, истата тишина зад затворските ѕидови“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Коментари
media-library6luptdtmvsbe4u2JdsB

Ивана Југ, сопругата на починатиот Игор Југ — осуден за настаните во Собранието на 27 април — упати емотивна порака на социјалните мрежи по веста за смртта на Кире Ѓорѓиевски, уште еден од осудените во истиот предмет, кој почина во штипскиот затвор.

„Со длабока болка и искрено сочувство. Ноќеска не напушти Кире — уште еден од осудените во истото политичко дело во кое беше осуден и мојот сопруг. Судбината, за жал, повторно ја отвори раната. Истата приказна, истата неправда, истата тишина зад затворските ѕидови што зема животи пред вистината да излезе на виделина,“ напиша Југ.

— реклама —

Таа потсети дека и нејзиниот сопруг Игор не ја дочекал правдата, додавајќи дека заминал „со вера дека еден ден вистината ќе победи“.
„Сега, кога слушам дека и Кире го заврши својот живот во истите околности, срцето ми се кине — затоа што знам што значи тоа. Знам што значи да изгубиш човек зад решетки, во тишина, без правда, без мир,“ напиша таа.

Југ упати и искрено сочувство до семејството на Ѓорѓиевски:
„На семејството на Кире им упатувам најдлабоко сочувство. Нека Господ им даде сила да издржат во овие тешки моменти, како што секој ден ние се бориме да го носиме споменот за нашите најмили. Нека почива во мир, а вистината нека најде пат до светлината. Зашто вистината не умира — само чека некој да ја чуе. Почивај во мир, Кире! Во вечен спомен на Игор — и на сите кои неправдата ги одзеде предвреме.“

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

jane-cento

Јане Ченто: Апелација одби повторно судење на „27 април“, но правдата ќе се бара

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library0u5e0tvp3lac8BjyYZs

Дејан Давидовски-Дешо кој беше во бегство е ослободен за „27 април“

Македонија | пред 2 месеци

jane-cento

Судењата беа наптревар за издржливост, системот беше вклучен, а одлуките беа синхронизирани, вели Ченто за 27 април

Коментари | пред 2 месеци

media-libraryva0e1shba2au1KM5w7q

(🔴ВО ЖИВО) Претрес на Јовановски: како им пресудија на 27 април, проституцијата и силувањата во затвор, УЧК во 2001, кризите

Студио | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања