Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ

media-libraryrjmm7v0to4p56pmdkHZ

„Во моите два мандати како советник, ВМРО-ДПМНЕ ниту еднаш не гласаше ЗА отпочнување на БРТ“: Трајановски вели „сега е негов реализатор“

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на Скопје од ГРОМ, обвини дека проектот за брз автобуски превоз (БРТ) бил блокиран пет години поради политички причини, наместо поради реални слабости.Во објава на социјалните мрежи, Трајановски посочува дека отпочнувањето на проектот во 2026 година, наместо во 2021, е доказ дека политиката не се води во интерес на граѓаните.„Отпочнувањето на БРТ проектот во 2026, наместо во 2021 година е уште еден доказ колку политиката кај нас не е во интерес на граѓаните и општеството. Дополнителна поткрепа на ова е што токму „душманот“ на БРТ сега е негов реализатор.Дали сте слушнале или прочитале еден добар збор за овој проект од ВМРО-ДПМНЕ? Јас не!И не само тоа, во моите два мандати како советник во Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ ниту еднаш нема гласано ЗА отпочнување на овој проект. Ниту еднаш!Сега, најголемиот проблем и „душман “за отпочнување на БРТ-то е реализатор на истот. Значи, не бил проблем проектот. Проблем било кој го предложил или уште потрагично, во чие време на власт ќе се тендерира. Овие пет години кои ВМРО-ДПМНЕ ги потроши во блокирање на БРТ, не беа само инат. Овие пет години, инатот на ВМРО-ДПМНЕ скопјани ги чинеше пари за нешто што не го добиле, ниту го користат, а мора да плаќаат.Инаку ниту Владата, ниту Мицкоски го одврале ќесето за да ги „частат“ скопјани брз автобуски превоз. Тоа се пари од кредит од Европската банка за обнова и развој кои стојат на наменска сметка пет години затоа што некој водел инат со Град Скопје.За кредитот од 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) кој е земен 2021 година, се плаќа годишна камата од околу 330.000 евра. За пет години тоа се 1.650.000 евра. Во автобуси тоа се 6 нови електрични или 9 обични.Ете толку ги чини скопјани „само“ овој пет годишен инат на ВМРО-ДПМНЕ за БРТ“ наведува Трајановски.

Скопје | пред 3 дена

media-libraryt938mk5g06pj2zVh9XL

Филипче го зајакнува тимот, д-р Александар Трајановски е предлог за нов потпретседател на СДСМ

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од редовите на СДСМ, трауматологот д-р Александар Трајановски, ќе биде номиниран за нов потпретседател на партијата, најави денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче.Филипче ја соопшти оваа одлука пред вечерашниот состанок на Извршниот одбор, на кој, како што истакна, ќе бидат презентирани дел од плановите за кадровски и политички промени во рамките на партијата. Тој повика на трпение и разбирање од членовите и симпатизерите, нагласувајќи дека процесот се спроведува внимателно и со јасна стратегија.– Д-р Трајановски е човек исклучително посветен на партијата, имаше одлична и препознатлива кампања и привлече големо внимание во јавноста. Сметам дека ова е значајно кадровско зајакнување на раководното ниво на СДСМ – изјави Филипче.Александар Трајановски е специјалист ортопед и трауматолог, поранешен директор на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ). Тој е актуелен член на Извршниот одбор на СДСМ и долги години активен во партиските структури.Оваа кадровска промена следува по оставката на дотогашната потпретседателка Ана Чупеска, која ја поднесе пред вториот круг од локалните избори.На денешната прес-конференција, Филипче ги отфрли шпекулациите дека нудел функции на поранешни градоначалници и бил одбиен, нарекувајќи ги „кафански муабети“ без основа.– Во партијата нема никакво раслојување. Напротив, постои силно чувство на единство и заедничка цел – нагласи лидерот на СДСМ.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryt938mk5g06pj2zVh9XL

Д-р Трајановски ветува капитални проекти за Аеродром: Кино, театар, затворен базен, катни гаражи...

Изградба на две градинки, катни гаражи, кино и театар, како и затворен базен и општинска зграда се дел од капиталните проекти кои ќе го направат Аеродром подобро и модерно место за живеење, истакна денеска во гостување во утринската програма на Сител телевизија кандидатот за градоначалник на Аеродром од СДСМ, Д-р Александар Трајановски.- „Има неколку капитални проекти кои ги планираме за Аеродором, на пример изградба на две градинки, една во Лисиче, една во Мичурин. Претходната година имаше повеќе од 600 деца на листа на чекање за упис во градинка, замислете каков притисок имаат родителите.Втор капитален проект е изградба на мултифункционален центар, нешто што Општина со 100.000 жители не е дозволено да нема, кино и театар.Трета работа е зградата на Општината, не може да немате општинска зграда, ние плаќаме месечни кирии околу 10.000 евра, тоа се 120.000 евра на годишно ниво, пари на граѓаните. Зошто да нема  имаме општинска зграда во која би можеле да се сместат и други деловни објекти, која ќе генерира приход.На Аеродром му фали затворен базен, затворен пазар, знаеме на што личи пазарот зад Бисер. Тоа се проекти на кои ќе дадеме фокус“, истакна Трајановски.Според него, Општината мора да се фокусира на Лисиче, бидејќи граѓаните таму се соочуваат со проблеми кои не доликуваат на 21 век.- „Аеродром е урбанистички средена Општина, фокусот треба да го дадеме на Лисиче. Сите претходни избори Лисиче се користи за црпење гласови за ВМРО-ДПМНЕ, а што добија лисичани? Секој дожд им тече во подрумите, затоа Лисиче мора да се урбанизира, а делот кој е среден треба да се одржува. Треба да запре изградбата на згради, каде може да се изградат катни гаражи, имаме план за изградба на две катни гаражи, да се види каде може да се изградат монтажни паркинзи, објасни Трајановски.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryut6dd98vhlsda0Xaake

(Видео) Трајановски ветува крај на сообраќајниот хаос во Аеродром, кандидатот на СДСМ најави бројни проекти

Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од СДСМ, Александар Трајановски, денеска на прес-конференција изјави дека неговата програма нуди конкретни решенија за сообраќајните и инфраструктурните проблеми во општината.Тој посочи дека Аеродром се соочува со сообраќаен метеж, недостиг од паркинг-простор и небезбедни пешачки и велосипедски патеки. „Нашата програма нуди решенија, а не празни зборови,“ рече Трајановски.Според него, во соработка со Град Скопје ќе се заврши изградбата на булеварот АСНОМ, ќе се обезбедат нови коридори за поврзување со соседните општини и ќе се изгради нова сообраќајница меѓу Аеродром и Кисела Вода. Исто така, е предвидена реконструкција на улицата „Фрањо Клуз“ и нејзините краци.Во програмата е вклучена и целосна реконструкција на споредните улици во Горно и Долно Лисиче, како и уредување на паркинг-просторите зад трговските центри „Скопјанка“ и „Бисер“, како и во Ново Лисиче.„Ќе реконструираме сите сервисни улици со воведување на ‘зона 30’, што ќе значи поголема безбедност за пешаците и велосипедистите. Ќе изградиме нови велосипедски патеки и ќе воспоставиме нулта толеранција за паркирање на тротоари и пешачки патеки,“ најави кандидатот на СДСМ.Дополнително, Трајановски најави поставување нови семафори кај сите училишта за поголема заштита на децата, како и изградба на паметни паркиралишта и катни гаражи, согласно принципите на одржлива урбана мобилност.„Ова се решенија што директно ќе влијаат врз секојдневието на граѓаните – побезбеден сообраќај, поуредени улици и поголема мобилност за сите. Заедно ќе ставиме крај на сообраќајниот хаос и ќе изградиме модерна, европска општина Аеродром – општина по мерка на граѓаните,“ изјави Трајановски.

Скопје | пред 5 месеци

aleksandar-trajanovski1

Александар Трајановски е кандидат на ГРОМ за градоначалник на Град Скопје, Ристо Пенов носител на коалиционата листа

Кандидатот за градоначалник на Скопје од коалицијата ГРОМ, ЛДП, Интегра и ПЦЕР ја објави својата кандидатура, истакнувајќи дека по осум години работа во Советот на Градот е подготвен да понуди конкретни решенија за проблемите на граѓаните, со визија за современо и одговорно Скопје и со Ристо Пенов како носител на листата.Со голема чест и чувство на одговорност ја прифаќам кандидатурата за градоначалник на Скопје, од коалицијата ГРОМ, ЛДП, Интегра и ПЦЕР.По 8 години активно работење во Советот на Град Скопје – со бројни иницијативи, предлози и проекти, со средби и размена на искуства со градоначалници од повеќе од 30 европски градови, како и со учество на обуки и семинари за развој и унапредување на локалната самоуправа – денес сум подготвен да понудам конкретни решенија за проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните, градот и јавните претпријатија.Особено ми е чест што како носител на нашата листа ќе биде господинот Ристо Пенов, човек кој веќе остави длабок белег на овој град. Заедно ќе понудиме конкретни и ефикасни решенија за подобар живот во главниот град.Нашата визија е:✔️ Современо и одговорно Скопје✔️ Отворен град за граѓаните✔️ Ефикасен јавен превоз✔️ Модерно управување со отпадот✔️ Почит и соработка со сите општини✔️ Решавање на реалните проблеми на сите граѓаниЗаедно можеме да изградиме Скопје какво што заслужуваме – модерен, функционален и жив град за сите нас!

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања