Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Трајановски ветува крај на сообраќајниот хаос во Аеродром, кандидатот на СДСМ најави бројни проекти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
media-libraryut6dd98vhlsda0Xaake
YouTube Print Screen

Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од СДСМ, Александар Трајановски, денеска на прес-конференција изјави дека неговата програма нуди конкретни решенија за сообраќајните и инфраструктурните проблеми во општината.

— реклама —

Тој посочи дека Аеродром се соочува со сообраќаен метеж, недостиг од паркинг-простор и небезбедни пешачки и велосипедски патеки. „Нашата програма нуди решенија, а не празни зборови,“ рече Трајановски.

— реклама —

Според него, во соработка со Град Скопје ќе се заврши изградбата на булеварот АСНОМ, ќе се обезбедат нови коридори за поврзување со соседните општини и ќе се изгради нова сообраќајница меѓу Аеродром и Кисела Вода. Исто така, е предвидена реконструкција на улицата „Фрањо Клуз“ и нејзините краци.

— реклама —

Во програмата е вклучена и целосна реконструкција на споредните улици во Горно и Долно Лисиче, како и уредување на паркинг-просторите зад трговските центри „Скопјанка“ и „Бисер“, како и во Ново Лисиче.

„Ќе реконструираме сите сервисни улици со воведување на ‘зона 30’, што ќе значи поголема безбедност за пешаците и велосипедистите. Ќе изградиме нови велосипедски патеки и ќе воспоставиме нулта толеранција за паркирање на тротоари и пешачки патеки,“ најави кандидатот на СДСМ.

Дополнително, Трајановски најави поставување нови семафори кај сите училишта за поголема заштита на децата, како и изградба на паметни паркиралишта и катни гаражи, согласно принципите на одржлива урбана мобилност.

„Ова се решенија што директно ќе влијаат врз секојдневието на граѓаните – побезбеден сообраќај, поуредени улици и поголема мобилност за сите. Заедно ќе ставиме крај на сообраќајниот хаос и ќе изградиме модерна, европска општина Аеродром – општина по мерка на граѓаните,“ изјави Трајановски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

parking-1

Апел до градоначалниците од жителите на Ново Лисиче: Без селективно паркирање, или ќе има протести

Скопје | пред 11 час

parking

Селективното зонско паркирање во Аеродром носи најави за блокади, жителите гневни: Ќе има хаос ако зонското важи само за Реонски центар

Скопје | пред 1 ден

media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

(Видео) Николоски: Следната година таргет – 4 милиони патници од двата аеродрома

Настани | пред 1 ден

media-libraryp364elttt356fnwRykB

Ристески: Општина Аеродром незаконски ги скрати за 50% надоместоците за избирачките одбори

Скопје | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања