Снег на повеќе планински премини – возете внимателно
Сообраќајот на државните патишта низ земјава се одвива непречено, по влажни коловози, информираат надлежните служби. Врнежи од снег се бележат на повеќе планински премини, меѓу кои Стража, Буково, Ѓавато, Пресека, Маврово, Крушево и Попова Шапка, каде по интервенција на дежурните екипи на коловозите има само мали остатоци од кашеста маса.Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, не се евидентирани подолги задржувања за влез и излез од државата.Од Авто-мото сојузот на Македонија апелираат возачите да се движат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно со возилата. Посебна претпазливост се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони, особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Поради сезонски режим, патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица останува затворен за сообраќај за сите видови возила до 31 март 2026 година.
Македонија | пред 3 дена