Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Забрана за сообраќај кај Форино поради излевање на Вардар, блокиран и патот кон Герман

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryb65ut8bi435o1LjxGMj

Од синоќа е воведена целосна забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 на делницата меѓу Гостивар и селото Чегране, поточно во селото Форино, поради излевање на реката Вардар. Сообраќајот се пренасочува по алтернативна рута од селото Чајле кон Старо Чајле и понатаму кон Форино.

Дополнително, патот кон селото Герман е целосно блокиран кај селото Станча поради паднато дрво и во моментов не е прооден за возила.

— реклама —

Според информациите од АМСМ, сообраќајот на државните патишта низ земјава се одвива по влажни коловози. Слаб снег врне во реонот на Крива Паланка кон граничниот премин Деве Баир, како и кај Делчево, Страцин и на Пониква, но засега не претставува пречка за нормално одвивање на сообраќајот.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

— реклама —

Надлежните потсетуваат дека од 15 ноември 2025 година е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталните временски услови. Оваа обврска ќе важи до 15 март 2026 година.

Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината на движење кон условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на делниците низ клисури, речни долини и котлини каде е можна појава на одрони. Посебна претпазливост се препорачува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во рамки на сезонскиот режим, патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица останува затворен за сообраќај за сите видови возила во периодот од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

magla

Влажни коловози и магла во Крушево – АМСМ апелира за внимателно возење

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
Rabota-na-pat

Рехабилитација на регионалниот пат Велес – Градско, се воведува изменет режим на сообраќај

Македонија | пред 3 седмици

media-library11eup84q6v8c2MivoIw

Снег на повеќе планински премини – возете внимателно

Македонија | пред 3 седмици

49140137_1046149632257509_3415473575644102656_n

Слаб снег на Попова Шапка, сообраќајот се одвива непречено

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања