Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

APPLE

Apple-iPhone-14-iPhone-14-Plus-hero-220907_Full-Bleed-Image.jpg.large_

Нова опција на iPhone и iPad ги штити корисниците од следење

Apple воведе нова функција за приватност која им овозможува на корисниците значително да ја ограничат прецизноста на податоците за локацијата што ги споделуваат со мобилните оператори.Технолошкиот гигант направи нов потег во насока на зголемување на безбедноста на корисниците. Новата опција наречена „Limit Precise Location“ (Ограничи прецизна локација) им овозможува на сопствениците на iPhone и iPad уреди да ја сокријат точната локација од мобилните оператори.Досега операторите можеле прилично прецизно да ја определат вашата локација користејќи податоци од базните станици. Со новата опција, која доаѓа со iOS 26.3, операторот ќе ја види само приближната локација. На пример, ќе знае во кое сте населено место, но не и на која улица или во која зграда.Важно е да се нагласат две работи:Служби за итни случаи: Оваа опција автоматски се исклучува ако повикате итна помош, за да можат спасувачите полесно да ве пронајдат.Вашите апликации: Ова не влијае на Google Maps, Instagram или функцијата „Find My“. На нив сè уште можете да им дозволите (или забраните) прецизна локација независно од операторот.Иако Apple официјално не открива за мотивите, индустриските аналитичари укажуваат на огромните казни што операторите ги плаќале во минатото поради продажба на податоци за движењето на корисниците. Потсетуваме, американскиот FCC ги казни водечките оператори со речиси 200 милиони долари токму поради злоупотреба на овие информации.За сега листата на поддржани уреди и мрежи е делумно ограничена. Функцијата е достапна за iPhone Air и iPhone 16e, како и за iPad Pro (M5) (Wi-Fi + Cellular модели).Исто така, потребно е мобилниот оператор исто така да ја поддржува оваа технологија. За сега на листата се големите светски играчи како германскиот Telekom и британскиот EE, а се очекува листата да расте со следните ажурирања.Ако имате поддржан уред и соодветна верзија на софтверот, опцијата можете да ја најдете на: Settings > Cellular > Cellular Data Options > Limit Precise Location.Откако ќе ја вклучите, телефонот веројатно ќе побара рестарт за да ги примени новите правила за комуникација со базните станици.

Медиасет | пред 1 месец

media-libraryq93i228b82uibfAfFRs

(Видео) На денешен ден е претставен првиот Mac: реклмата влезе во историјата на највлијателните во маркетингот

На 24 јануари 1984 година, Apple го претстави Macintosh, персонален компјутер кој не ја промени само технолошката индустрија, туку и начинот на кој луѓето размислуваат за дизајнот, креативноста и односот меѓу човекот и машината. Тоа беше моментот кога компјутерот престана да биде ладна алатка резервирана за експерти и почна да влегува во културата – како предмет на желба, статус и идентитет.Макинтош не беше првиот персонален компјутер, но беше меѓу првите што радикално ја доближи технологијата до обичниот корисник. Наместо текстуални команди и сложени интерфејси, тој понуди графичко опкружување со икони, прозорци и глушец – тогаш сè уште новина за пошироката јавност. Компјутерот можеше да се користи без сложени команди: да се кликнува, отвора и влече, наместо да се учат команди напамет. Таа промена не беше само визуелна, туку суштинска пресвртница во начинот на кој луѓето воопшто се среќаваат со технологијата.На 22 јануари 1984 година, за време на Супер Боул XVIII, Apple ја емитуваше рекламата „1984“, во режија на Ридли Скот, која и денес се смета за една од највлијателните во историјата на маркетингот. Инспирирана од романот на Џорџ Орвел, рекламата го прикажа Apple како бунтовник против униформноста, додека во таа симболика IBM ја доби улогата на „Големиот брат“, симбол на корпоративната доминација. Со тоа, компјутерот доби приказна, идеологија и силен емоционален набој.Два дена подоцна, на самото претставување, Стив Џобс го изнесе Макинтош пред публиката, а уредот во демонстрацијата „проговори“ со синтетизиран глас: „Hello, I am Macintosh…“. Тој момент совршено ја сумираше визијата на Џобс – технологијата не мора да биде само функционална, туку може да биде лична, забавна и дури емотивна.Првиот Макинтош имаше вграден екран, компактно куќиште и минималистички дизајн кој свесно се разликуваше од тогашните гломазни и индустриски компјутери. Беше скап и технички ограничен во однос на дел од конкуренцијата, но носеше нешто што се покажа подолготрајно од спецификациите – јасна филозофија. Пораката беше дека компјутерите не припаѓаат само на канцеларии и инженери, туку и на креативци: дизајнери, музичари, писатели, на сите што сакаат да создаваат, а не само да „пресметуваат“.Токму затоа Макинтош брзо стана клучна алатка во графичкиот дизајн и издаваштвото, а развојот на десктоп-паблишингот во средината на осумдесеттите години во голема мера се поврзува со екосистемот што го градеа Mac компјутерите, софтверот и печатачите од тоа време. Неговото влијание и денес се гледа во начинот на кој размислуваме за визуелната комуникација и за дизајнот како составен дел од технологијата, а не како украс.Со текот на децениите, Макинтош прерасна во културен симбол. Се појавуваше во филмови, музички студија, уметнички ателјеа и редакции на медиуми. Беше алатка, но и статусен знак, често спротивставен на „здодевниот“ ПЦ. Таа поделба, иако поедноставена, ги обликуваше технолошките идентитети на цели генерации.Иако моделите, оперативните системи и технологиите се менуваа, основната идеја остана иста: компјутерот како продолжение на креативноста, а не само на продуктивноста. Денешните Mac компјутери се неспоредливо помоќни од оригиналниот Макинтош, но наследството на тој јануарски ден во 1984 година и понатаму живее во инсистирањето на едноставност, дизајн и „човечко“ корисничко искуство.Од денешна перспектива, 24 јануари 1984 година не беше само лансирање на нов производ. Тоа беше почеток на култура на технологијата во која дизајнот, емоцијата и приказната станаа подеднакво важни како и процесорската моќ. Макинтош покажа дека технологијата може да има став – и дека токму тој став понекогаш го менува светот побрзо од самите хардверски спецификации.

Магазин | пред 2 месеци

207-2072008_apple-brand-background

Големи потреси и криза во врвот на Apple

Apple се соочува со најголемите потреси во врвното раководство во последните децении, пишува Си-Ен-Ен, откако во рок од само една недела беа најавени заминувања на тројца високи функционери, клучен директор за дизајн премина во Мета, а сè погласни се и шпекулациите дека извршниот директор Тим Кук се подготвува за повлекување.Овие промени доаѓаат во критичен период, кога технолошкиот гигант — некогаш водечки во иновациите — се соочува со забелешки дека е предоцна вклучен во новата ера на вештачката интелигенција. За компанија со пазарна вредност од повеќе билиони долари, ваквите кадровски турбуленции може да значат и смена на начинот на размислување, дизајн и развој на производи кои ги користат милиони луѓе ширум светот.„Јасно е дека влегуваме во период на зголемена нестабилност за Apple“, оцени Роберт Сигел, инвеститор и професор на бизнис-школата на Универзитетот Стенфорд.И покрај тоа што акциите на Apple годинава пораснаа за околу 12 проценти, растот е значително побавен од оној лани, кој изнесуваше околу 30 проценти. Компанијата сè уште нема дадено коментар за најновите најавени промени.Кој си заминува?Само оваа недела најавени се заминувањата на три значајни фигури: Лиза Џексон, потпретседателка за екологија и општествени иницијативи; главната правничка Кејт Адамс; и Џон Џанандрија, потпретседател за машинско учење и АИ-стратегија. Во меѓувреме, Алан Дај, потпретседател за дизајн на кориснички интерфејс, преминува во Мета како главен директор за дизајн.Apple веќе ги постави и наследниците: правната директорка на Мета, Џенифер Њустед, ќе стане шефица на правниот оддел на Apple, а одделите за екологија и општествени политики ќе преминат под надлежност на оперативниот директор Сабих Кан. Новиот потпретседател за вештачка интелигенција ќе биде Амар Субраманја, кој доаѓа од Мајкрософт.Структурните промени не се својствени само за Apple — Мета ги пренасочи инвестициите од Метаверс кон АИ-наочари, Амазон отпушти 14.000 вработени во рамките на реформата за забрзување на АИ-развојот, а Гугл ги обедини хардверските и софтверските тимови за поголема интеграција на вештачката интелигенција.Но за Apple, компанија позната по тајност, дисциплина и стабилност, ваков јавен одлив на кадри е невообичаен.„Ова е спротивно на типичната култура на Apple“, вели аналитичарот Ден Ајвс. „Но мора да го ‘откинат фластерот’. Стратегијата за АИ досега беше невидлива — и токму таа ќе ја дефинира оставнината на Тим Кук.“Големите прашања пред AppleТокму кога конкурентите забрзано напредуваат, Apple се најде под притисок. Големата надградба на Siri, која требаше да ја доближи компанијата до водечките АИ-платформи како ChatGPT и Gemini, е одложена за следната година. Vision Pro, првата нова категорија на производи по повеќе од една деценија, сè уште е уред со ограничена примена.Во меѓувреме, конкурентите најавуваат драматични пробиви: Мета со Ray-Ban Display паметните наочари, Самсунг и Гугл со Geminі-погонет хедсет, а OpenAI навлезе и во интернет-пребарувањето и онлајн-трговијата.Аналитичарите предупредуваат дека Apple нема да може долго да остане надвор од „АИ трката“.iPhone и понатаму силен, но времето истекуваИ покрај турбуленциите, продажбата на новата генерација iPhone 17 е силна. Според Counterpoint Research, ова би можела да биде година во која Apple за првпат од 2011 година ќе го надмине Самсунг во вкупната продажба на смартфони.Некои експерти сметаат дека промените во раководството можат да донесат свежа перспектива и нова динамика во момент кога технолошкиот сектор се трансформира под влијание на АИ.„Не можете да ја гледате четвртата индустриска револуција низ прозорец и да останете надвор“, заклучува Ајвс. „Очигледно е дека на Apple му се потребни масивни промени во врвот.“

Магазин | пред 3 месеци

Apple-logo

Apple развива домашни роботи со вештачка интелигенција – еден од нив ќе има и роботска рака

Apple активно работи на развој на повеќе роботски проекти засновани на вештачка интелигенција, а најновиот извештај на Bloomberg открива детали што ја потврдуваат оваа насока. Според информациите, компанијата не создава само еден, туку неколку модели, од кои најинтересен за крајните корисници е уред налик на iPad со роботска рака.Овој уред ќе може природно да реагира на интеракции со луѓето, па дури и да се сврти кон оној што му се обраќа. За време на FaceTime повици, роботот ќе ја следи личноста и постојано ќе ја држи во кадар. Благодарение на надградената верзија на Siri, уредот ќе делува „живo“, вклучувајќи се повремено во разговор. На пример, кога двајца разговараат за вечера, роботот може да предложи ресторан во близина.Apple размислува да го користи препознатливиот Finder логотип од macOS за да му даде „личност“ и чувство на присуство. На проектот работат повеќе тимови – за хардвер, софтвер, AI и интерфејс дизајн, под раководство на Кевин Линч, кој претходно раководеше со Apple Watch и автомобилските иницијативи на компанијата.Покрај овој концепт, во оптек се и разговори за робот на тркала, сличен на Amazon Astro, па дури и за можен хуманоиден модел. Apple истовремено развива и голема индустриска роботска рака со кодно име T1333, наменета за фабричка употреба.Сепак, иако проектите напредуваат, нема гаранција дека некој од нив навистина ќе стигне до пазарот. Apple во минатото го стопираше Project Titan – автомобилот кој никогаш не беше претставен. Сепак, роботската рака во форма на AI таблет изгледа како проект со реални шанси да биде објавен.

Магазин | пред 7 месеци

E028110A-699C-4A82-90C2-EEC749AF3B14

Apple Pay наскоро достапен и во Македонија?

По години исчекување, дигиталната платежна услуга Apple Pay конечно би можела да стане достапна и за корисниците во Македонија. Иако сè уште нема официјална потврда од Apple или од домашна банка, веќе неколку извори од банкарскиот сектор информираат дека се финализираат техничките подготовки и преговори за воведување на оваа услуга.Според неофицијални информации, Apple Pay во Македонија би можел да стартува веќе кон крајот на 2025 година. Првите банки кои се очекува да ја понудат услугата се дел од групации што веќе работат со Apple Pay во други земји од регионот, како Србија, Хрватска и Бугарија.Apple Pay овозможува бесконтактни плаќања преку iPhone или Apple Watch, без потреба од физичка картичка. Со тоа, корисниците добиваат побрзо, посигурно и поудобно искуство при секојдневните трансакции.Во очекување на официјалната најава, граѓаните веќе го изразуваат своето задоволство на социјалните мрежи, надевајќи се дека ова ќе биде уште еден чекор кон модернизација на финансиските услуги во земјава.Доколку сè се одвива според планот, Apple Pay би можел да стане активен во Македонија до декември 2025 година.

Магазин | пред 8 месеци

iphone

Apple планира да го префрли производството на iPhone од Кина во Индија за да избегне царини: Со овие тарифи, новиот модел би чинел дури 2.300 евра

Apple планира да префрли дел од своето производство на iPhone од Кина во Индија за да го ублажи влијанието на новите американски царини наметнати на кинеските производи од страна на претседателот Доналд Трамп, објави Wall Street Journal.Извори блиски до компанијата велат дека ова е привремена мерка додека Apple се обидува да добие ослободување од царините, што веќе го постигна за време на првиот мандат на Трамп. Компанијата во моментов не бара радикално да го промени својот долгорочен синџир на снабдување, кој сè уште е во голема мера зависна од Кина.Прескокнувајќи го вообичаениот неколкумесечен законодавен процес, Трамп користеше закон од 1970-тите за брзо воведување тарифи. Ова предизвика најголем тридневен пад на вредноста на акциите на Apple во речиси 25 години.Увозот на iPhone од Кина во моментов е погоден со царини од 54 проценти, додека увозот од Индија е предмет на многу пониска стапка од 26 проценти. Како одговор на американските мерки, Кина воведе царини од 34 отсто за некои американски производи. Претседателот Трамп побара од Кина да ги укине одмаздничките тарифи до денес, во спротивно тој се заканува со дополнителни царини од 50 отсто, што штотуку предизвика пад на вредноста на акциите на Apple.Поради постоечките тарифи, цената на најновиот iPhone е зголемена за 1.000 долари, па новиот модел би можел да чини дури 2.300 долари.Администрацијата на Трамп дополнително го зголеми притисокот врз американските и странските технолошки гиганти, а Apple сега се обидува да избегне зголемување на цената на неговите производи поради дополнителните трошоци за увоз од Кина. Доколку тарифите останат на сила, Apple би можел и трајно да го зголеми своето присуство во Индија, каде што веќе има производствени капацитети. „Ова е краткорочно решение додека не се разјасни ситуацијата“, велат извори од Apple.За време на неговата прва администрација, извршниот директор на Apple, Тим Кук, лично лобираше за Трамп, а потоа успеа да добие изземање од слични мерки. Но, сегашната неизвесност и построгиот трговски тон на Белата куќа го поттикнуваат Apple да преземе дополнителни мерки на претпазливост.Тарифите се дел од пошироката трговска стратегија на актуелниот претседател, која тврди дека „Америка на прво место“ значи и „на прво место американското производство“. Трамп деновиве повтори дека САД ќе ги користат тарифите за да ги принудат странските земји да ги отворат пазарите за американските производи и да ги намалат нивните стандарди, што тој ги нарекува „немонетарни бариери“.

Свет | пред 11 месец

iPhone-14-5675

iPhone 15 наводно ќе има значително поголеми батерии

Според извори од индустријата, линијата на iPhone 15 добива значителна надградба.Според вработен во компанијата Foxconn, кој произведува делови за Apple, претстојната линија iPhone 15 ќе има значително поголеми батерии.Дојавувачот тврди дека стандардниот iPhone 15 ќе има 18% поголема батерија од сегашниот модел, iPhone 15 Plus и iPhone 15 Pro ќе имаат 14% поголема батерија, додека iPhone 15 Pro Max ќе има батерија која е 12 проценти поголема.Така, се очекува iPhone 15 да има батерија од 3.877 mAh; iPhone 15 Plus: 4.912 mAh; iPhone 15 Pro: 3.650 mAh и iPhone 15 Pro Max: 4.852 mAh.Претходно се појавија информации дека iPhone 15 Pro ќе има почетни 256 GB простор за складирање податоци, во споредба со сегашниот модел кој започнува од 128 GB.Тоа ќе биде и главната разлика помеѓу Pro и моделите што немаат Pro во името, бидејќи се очекува iPhone 15 и iPhone 15 Plus да ги имаат почетните 128 GB простор за складирање.

Магазин | пред 2 години

i-mac

Apple планира да го создаде најголемиот iMac досега

Откако Apple го повлече 27-инчниот iMac по лансирањето на Mac Studio и Studio Display минатата година, сонот за нов iMac со дисплеј поголем од 24 инчи е уништен. Но, една година подоцна има нова надеж.Според најновиот „newsletter“ на Марк Гурман, Apple не заборавил на iMac, кој сè уште го има чипот M1 и не е ажуриран повеќе од две години. Гурман известува дека Apple подготвува два нови 24-инчни iMac за објавување кон крајот на 2023 или почетокот на 2024 година, пишува Macworld, пренесува Index.hr.„Apple спроведува рана работа на iMac со дисплеј поголем од 30 инчи“Тие модели наводно ќе имаат ист дизајн како сегашниот, како и можни M3 процесори со други мали надградби, како што се Wi-Fi 6E и Bluetooth 5.3. Заедно со тие модели, Гурман известува дека Apple „исто така спроведува рана работа на iMac со дисплеј поголем од 30 инчи“.Не само што ќе биде најголемиот iMac некогаш произведен, туку ќе му конкурира на најголемиот дисплеј што Apple некогаш го испорачал, 32-инчниот Pro Display XDR. Гурман не нуди никакви специфики за тоа што би можел да има iMac со голем дисплеј, но најверојатно ќе биде поблиску до моделот iMac Pro.Во зависност од тоа кога ќе се лансира, може да има M3 Pro процесор со 5K дисплеј, Space Grey екстериер и повисок степен на складирање и неколку опции за RAM меморија. Apple го прекина iMac Pro во март 2021 година по околу три години продажба.Според Гурман, покрај новите 24-инчни iMac уреди и линијата iPhone 15 која пристигнува оваа есен, ќе бидат претставени и два модели на Apple Watch Series 9 и ажурирана верзија на часовниците Ultra.„Има неколку производи во раниот развој, вклучително и третата генерација на слушалки AirPods Pro и нова домашна опрема како што се паметни дисплеи и сет-топ кутија на Apple TV со подобрени спецификации“, напиша Гурман во својот „newsletter“.

Магазин | пред 2 години

799435

Apple ја отежнува кореспонденцијата со корисниците на Android

Испраќањето пораки или групни разговори помеѓу корисници кои имаат iPhone со iOS 17 и телефони со Android ќе биде тешко во рамките на апликацијата Messages, односно iMessage, бидејќи корисниците на уреди со Android нема да можат да видат некои дејства во кореспонденцијата, пренесува AndroidAuthority.Имено, корисниците на телефони со Android можат да се приклучат на групни разговори со луѓе кои користат iPhone и апликацијата iMessages, но сега нема да можат да користат или да видат некои основни функции овозможени со новиот софтвер iOS 17.Некои од овие функции, како што се гледа во бета верзијата на новиот оперативен систем на Apple, се размената на пораки, одговарањето на одредена порака како и квалитетот на фотографиите и видеата.Иако постојат апликации за пораки како што се Signal, Telegram или WhatsApp каде би се избегнале вакви проблеми, апликациите за пораки слични на СМС пораките преку iMessage или Google Messages се всушност многу распространети.Корисниците на уредите на Apple во некои региони, особено во САД, масовно ја користат оваа апликација, што сега го отежнува кореспонденцијата со корисниците на телефони со Android.Функции кои го отежнуваат групниот разговорПретходно, кога корисник со оперативен систем Андроид влегуваше во групен разговор на iMessage, тоа ќе „наруши“ некои од функциите на оваа апликација бидејќи ќе ги спречи корисниците на iPhone во разговорот да ги менуваат испратените пораки.Со новиот софтвер iOS 17, телефоните на iPhone во оваа ситуација повторно ја добиваат функцијата да ги менуваат испратените пораки, но, сосема неверојатно, корисниците на Android воопшто нема да можат да ги видат тие промени. Покрај тоа, тие исто така нема да имаат функција да ги менуваат своите пораки во групен разговор по испраќањето, како корисниците на телефоните на Apple.Како и во претходниот случај, оние со уреди со Android нема да можат да одговорат на одредена порака во разговорот, па повторно, дури ни да видат на која порака одговорил некој со iPhone. Наместо да примаат порака со онаа што е конкретно одговорена во низа, тие ќе добијат „обична“ порака во постојан тек без низата.iOS 17 бета: iPhone и телефони што не се iPhoneСо оглед на тоа што новиот оперативен систем на Apple е сè уште во бета фаза, постои, некои би рекле логична можност, овие проблеми да бидат решени до моментот кога ќе биде лансирана официјалната верзија. Сепак, тоа не мора да биде случај.Apple имаше такви ексцеси и претходно, а Google постојано бараше од Apple да усвои стандард за пораки наречен RCS. Кога Apple не го стори тоа, Google возврати на сличен начин.Тоа им овозможи на корисниците на уреди со Android да реагираат со емотикони на пораките што ги добиваат од апликацијата Apple iMessage, но корисниците од другата страна, односно оние со телефон на iPhone, нема да можат да го видат правилно. Во исто време, кога оние со iPhone уреди реагираа на пораката, корисниците на Android нормално ќе ја видат.Квалитетот на фотографиите и видеото сега малку ќе се подобри во групните разговори каде што се присутни и корисници на Android, но повторно само за корисниците на iPhone. Во претходната верзија на оперативниот систем iOS 16, кога корисник на „телефон кој не е iPhone“ ќе влезе во групен разговор, квалитетот на испратените медиуми ќе беше послаб за сите учесници. Сега е малку подобрен само за „погодни“.Токму поради ова, не мора да значи дека Apple ќе ги реши проблемите со новиот софтвер iOS 17 што ги засега „телефоните што не се iPhone“, за да му врати на Google, а тоа повторно ќе падне на грбот на корисниците.

Магазин | пред 2 години

Screen-Shot-2022-03-27-at-11.10.33-1200x675-1

iPhone ќе ги предупредува корисниците за експлицитни фотографии

На последната конференција WWDC, Apple воведе голем број подобрувања на iPhone, вклучувајќи опции како аудио пораки преку FaceTime и функцијата „Check In“. Сепак, iOS 17 доаѓа со повеќе нови алатки, вклучително и онаа што ги предупредува корисниците за потенцијално несакана експлицитна содржина.Според блогот на Apple, добиваме увид како ќе функционира оваа функција. Имено, кога ќе примите експлицитна фотографија, ќе се појави прозорец во кој ќе ве праша дали сакате да го видите овој чувствителен материјал. Ова може да им помогне на корисниците да се заштитат од содржината што не сакаат да ја гледаат, известува Tech Crunch.„Експлицитните фотографии покажуваат приватни делови од телото кои обично се покриени со долна облека или костими за капење“, се наведува во прозорецот. „Не сте одговорни, но сликите и видеата како ова може да се злоупотребат за да ви наштетат“. Прозорецот дополнително укажува дека лицето на фотографијата или видеото можеби не дало согласност за споделување на таква содржина.Корисниците имаат три опции: можат да ја отфрлат или прегледаат содржината или да ја изберат опцијата „ways to get help“. Со оглед на тоа што iOS 17 сè уште не е достапен, не се знае точниот опис на опцијата, но се претпоставува дека ќе им даде на корисниците информации како да реагираат во ситуации на сексуално вознемирување.Apple нагласува дека оваа функција е опционална и може да се активира или деактивира во поставките.Како и сите други функции за безбедна комуникација на iPhone, процесот на откривање на потенцијално несоодветна содржина се одвива директно на уредот. Ова значи дека ако некому испратите ваша гола фотографија (со претходна согласност, се разбира), Apple нема да има пристап до вашите приватни слики.

Магазин | пред 2 години

Vision-Pro

(ВИДЕО) Apple претстави нов уред кој чини околу 3.500 евра

По седум години развој, конечно е претставен уредот за проширена реалност на американската корпорација Apple. Vision Pro ја спојува виртуелната реалност со реалниот свет. Системот е повеќе фокусиран на зголемената реалност отколку на виртуелната реалност, а компанијата ја претстави новата парадигма како „просторно пресметување“.Според извршниот директор на компанијата Тим Кук, со уредот Vision Pro корисниците повеќе не се ограничени со екранот, а најавено е дека уредот ќе се најде во продажба на почетокот на следната година по цена од 3.499 долари (околу 3.260 евра).Vision Pro се контролира со очи, раце и глас, а беше прикажано и како функционира уредот со апликации, видеа и фотографии, нудејќи огромен екран за сите содржини. Може да се користи и за играње видео игри и гледање 3D филмови.Тоа е начин на интеракција со корисничкиот интерфејс на компјутерот – нешто што компанијата го нарекува тип на влезен уред сличен на глушец или подлога за допир. Уредот е изненадувачки сличен на претходните рендери кои беа „протечени“ во јавноста.Хардверот има нова функција EyeSight, која го користи предниот екран за да ги открие вашите очи на другите луѓе во собата. Vision pro работи безжично со Mac компјутер и со периферни уреди за Mac.Уредот се напојува со чип М2 кој е поврзан со чип R1 за да се создаде двоен процесор. Vision Pro може да прави просторни фотографии и видеа. Може да симулира и темно кино во светла просторија.Извршниот директор на компанијата Волт Дизни, Боб Ајгер се приклучи на настанот и истакна дека корисниците можат да одат во Disney World преку уредот, да спортуваат, да гледаат концерти…Vision Pro е компатибилен со сопствени оптички влошки, кои магнетно се прицврстуваат на леќите, направени за оние кои носат очила од германската компанија Zeiss. Траењето на батеријата е до два часа со надворешна батерија или цел ден кога е приклучена.Екранот користи microLED и вклучува 23 милиони пиксели на два панели. Vision Pro работи со специјален оперативен систем visionOS, а уредот создава дигитален аватар кој изгледа човечки и реално. Што се однесува до апликациите, Microsoft и Zoom се веќе оптимизирани за visinOS. Стотици апликации за iPad и Mac ќе бидат автоматски достапни при стартување.Vision Pro има и нов биометриски безбедносен метод, Optic ID. Како и Touch ID за препознавање отпечатоци од прст и Face ID за препознавање лице, уредот ги препознава очите.

Магазин | пред 2 години

app-store

Apple ги зголемува цените на апликациите во App Store

Apple одлучи да им понуди на девелоперите повеќе опции за одредеување на цените на апликациите почнувајќи од напролет 2023 година.Според новиот план, најниската поддржана цена ќе биде 0,29 долари, додека највисоката цена ќе биде 10.000 долари.Девелоперите ќе добијат и можност да ги дефинираат цените во продавницата за апликации и ќе имаат достапни 45 валути на 175 територии.Цените на апликациите и претплатите сега ќе може да се зголемат за 0,10 долари за оние што чинат до 10 долари и 0,50 долари за оние меѓу 10 и 50 долари.Дополнително, девелоперите со апликации со претплата ќе можат да управуваат со валути и даноци/такси низ продавниците и ќе имаат опција да изберат локална продавница за апликации и автоматски да генерираат цени врз основа на земјата и валутата.За програмерите кои ги дистрибуираат своите апликации ширум светот, глобалната алатка за изедначување на App Store ќе им обезбеди лесен начин за управување со цените на меѓународните пазари.Друга нова функција ќе биде можноста да се постават цени на апликациите и претплати кои се надвор од стандардот од (на пример) 0,99 долари, што сега може да биде 0,90 или 1,00 долари. Ова ќе овозможи полесно креирање на пакети и годишни планови за претплата.

Магазин | пред 3 години

799435

Голем редизајн на iPhone 15

Според наводите на дојавувачот, кој е специјализиран за совети за уредите на Apple, компанијата од Купертино планира голем редизајн за својата линија iPhone 15.Како што се истакнува, телефоните iPhone 15 ќе имаат ново куќиште кое ќе биде создадено од титаниум, додека панелот на задната страна ќе има заоблени рабови.Предниот дел најверојатно ќе остане рамен, но може да личи на iPhone 5C. Се очекува пофлуиден премин помеѓу рамки на страните на телефонот со стаклена задна страна.Најверојатната цел на овој дизајн е моделите на iPhone 15 да се држат подобро во рака, додека титаниумската конструкција ќе ја намали тежината на уредот.Дојавувачот напоменува дека сè уште е рано да се потврдат споменатите промени во дизајнот, бидејќи внатрешните дебати во Apple сè уште се во тек кога станува збор за дизајнот и сè уште ништо не е конечно.

Магазин | пред 3 години

Screenshot-2022-11-19-083813

Epic Games и Apple ја продолжуваат својата правна битка

Epic Games ќе се обиде да поништи делови од судската одлука од минатогодишното судење против Apple.Креаторот на „Fortnite“ го тужеше „Apple“ во 2020 година, тврдејќи дека правилата на „App Store“, кои бараат од програмерите на софтвер да плаќаат провизии до 30 проценти за купување во апликација, го прекршиле американскиот антимонополски закон.По тринеделното судење минатата година, судот во голема мера застана на страната на „Apple“. Судот не ја нарече компанијата „незаконски монополист“, туку дури и го потврди нејзиното право да наплатува провизии.Сепак, судијата утврди дека „Apple“ го прекршил законот за нелојална конкуренција во нејзината матична држава Калифорнија. Потоа и нареди на компанијата да им дозволи на програмерите да им кажат на корисниците како да купуваат апликации надвор од нивниот платен систем. „Apple“ ја обжали одлуката.„Epic“ го обжали наодот во кој е наведено дека „Apple“ не ги прекршил антимонополските закони. Двете компании ќе имаат сослушување за овој случај пред Апелациониот суд во Сан Франциско. Претставници од американското Министерство за правда и од државата Калифорнија, исто така, ќе се појават за да ги опишат релевантните закони.Според своите судски поднесоци, „Epic“ тврди дека судијата погрешно ги протолкувал американските антимонополски закони. Поточно, судијата пресуди дека договорите на „Apple“ со програмерите за користење на „App Store“ не ги прекршуваат антимонополските закони бидејќи тие се договори за кои не може да се преговара. Имено, програмерите се согласиле со правилата, во спротивно не можеле да го користат „App Store“. „Epic“ тврди дека таквите стандардни договори сè уште се предмет на антимонополски закони.

Магазин | пред 3 години

Нема фотографија

Apple ги отфрли основните елементи од дизајнот на iPhone 15

Apple постојано работи на својата линија iPhone, па компанијата веќе размислува за серијата iPhone 15, која се очекува во септември 2023 година.Според аналитичарот на Apple, Минг-Чи Куо, една од промените што ќе бидат имплементирани во iPhone 15 се однесува на дизајнот на копчињата за јачина на звук и вклучување на уредот.Компанијата наводно, планира да ги отфрли физичките копчиња што моментално ги користи iPhone и да користи дизајн сличен на оној кој го имаше iPhone 7.Како резултат на оваа промена, компанијата треба да користи нов Taptic Engine, кој е создаден со цел притискањето на тастатурата да се чувствува природно како и притискањето на физичките копчиња.Технологијата Taptic Engine ќе биде поставена на левата и десната страна на рамката, со цел да се формира тактилен одговор кој кај корисникот ќе создаде чувство како да притиска физичко копче.Покрај ова, аналитичарот верува дека Apple повторно ќе биде двигател на трендовите во светот на телефоните и дека производителите на Android уреди најверојатно масовно ќе копираат сличен дизајн на копчиња за нивните телефони.

Магазин | пред 3 години

Apple-logo

Бразилскиот суд го казни Apple со 19 милиони долари

Apple продолжува да ги губи судските битки во Бразил поради одлуката целосно да ги отстрани полначите од пакувањето на новите iPhone-и. Државниот суд во Сао Паоло пресуди против Apple и ја казни компанијата со 19 милиони долари по тужба поднесена од бразилското здружение за заштита на потрошувачите. Исто така, судот му наложи на Apple да обезбеди полнач за сите клиенти кои купиле iPhone 12 или iPhone 14 во изминатите две години, како и да обезбеди полначи со купениот iPhone во иднина. Apple најави жалба на оваа одлука.Судот утврди дека Apple користи „навредлива практика“ која „бара од потрошувачите да купат друг производ за да функционира првиот“.Apple веќе подолго време е во конфликт со бразилските власти во врска со овој проблем, а компанијата беше казнета и со 2 милиони долари во 2021 година бидејќи купениот iPhone 12 не доаѓаше со полнач. Пресудата се заснова на кодот за заштита на потрошувачите. Во септември, бразилското Министерство за правда му забрани на Apple да продава iPhone-и без полначи.Исто така, изречена е казна од 2,38 милиони долари, а наредено е и откажување на регистрацијата на iPhone 12 во бразилската телекомуникациска агенција. Apple ја обжали и оваа одлука.Инаку, Apple престана да испорачува полначи со новите модели на iPhone уште во 2020 година, кога се појави iPhone 12. Компанијата како аргумент ја наведе грижата за животната средина, тврдејќи дека оваа политика ќе заштеди 861.000 тони бакар, цинк и калај. Бразилското Министерство за правда не ги прифати тие аргументи и му порача на Apple дека може да и помогне на животната средина на други начини, како што е префрлување на USB-C.Во Европа, Apple исто така мора да се префрли на USB-C што станува вообичаен стандард за полнење откако одлуката беше изгласана од Европскиот парламент. Затоа, iPhone ќе мора да добие USB-C порта до крајот на 2024 година.

Магазин | пред 3 години

iphone-6

Apple го категоризира iPhone 6 како олдтајмер

Кога беше објавен во 2014 година, iPhone 6 беше огромен успех. Тоа беше првиот iPhone кој имаше Плус верзија, а на многу луѓе им се допадна поради поголемата површина на екранот.Интересно е што iPhone 6 сè уште се користи денес, и покрај тоа што не добива ажурирања од 2018 година. Објавувањето на софтверот iOS 13 во 2019 година го означи крајот за iPhone 6 во областа на софтверските надградби, а сега Apple го наметнува крајот на поддршката за уредот и во хардверскиот сегмент.Apple сега го категоризира iPhone 6 како олдтајмер, односно застарен производ, така што компанијата повеќе нема да обезбедува делови или услуги за овој уред.„Сопствениците на производите на iPhone, iPad, iPod, Mac или Apple TV можат да примаат услуги или делови од давателите на Apple, вклучително и Apple Stores или независни даватели на услуги, најмалку 5 години од последната дистрибуција на производот за продажба“, Apple посочува компанијата.Од друга страна, користењето на моделот iPhone 6 веќе нема ни многу смисла. Бидејќи уредот користи стара верзија на iOS, ниту повеќето апликации веќе не добиваат ажурирања. Најновата верзија, објавена во септември (iOS 16) на софтверот, бара iPhone 8 или понова верзија.

Магазин | пред 3 години

Нема фотографија

Какви промени носи iPhone 15

Иако Apple само што ја претстави серијата iPhone 14, веќе има гласини за iPhone 15.Моделите на iPhone 15 носат неколку големи промени. Како прво, сите модели од оваа серија ќе го отфрлат Lightning портот во корист на USB-C порта, и тоа воопшто не е изненадување бидејќи USB-C ќе стане задолжителен во ЕУ само неколку месеци откако ќе се појави серијата iPhone 15 на пазарот.Аналитичарите очекуваат дека ќе има промени во самата понуда и дека моделот Pro Max ќе го смени името во Ultra. Познатите аналитичари Минг-Чи Куо и Марк Груман веќе зборуваа за тоа, а промената има смисла бидејќи подобро би одговарала на номенклатурата на Apple M1 чипот и часовникот.iPhone 15 Ultra на Apple ќе може да снима 8K видео, но и iPhone 15 Pro би можел да ја добие истата можност. Kuo тврди дека моделот Ultra ќе има исклучиво леќи за перископ (6x или 5x), како и подобра батерија која ќе трае три до четири часа подолго.Поради гореспоменатите подобрувања, се очекува цената да се зголеми во однос на iPhone 14 Pro Max и основниот модел да чини 1.200 долари, но тоа се уште не е одлучено.Што се однесува до остатокот од серијата, сите четири модели ќе го усвојат дизајнот на Dynamic Island, меѓутоа, два пара сепак ќе користат различни процесори бидејќи моделите Pro и Ultra ќе се преселат во новиот Apple A17, додека iPhone 15 и 15 Plus најверојатно ќе користете го тековниот A16.Се шпекулира и дека технологијата FaceID би можела да биде поставена под екранот, така што во дупката би останала само предната камера, но развојот се уште е во тек.Исто така, прерано е да се каже дали основните и Plus моделите ќе имаат повисока стапка на освежување на екранот и режимите Always On.

Магазин | пред 3 години

Screenshot-2022-09-24-083859

(ВИДЕО) Јутубер тестираше колку е издржлив iPhone 14

Најновиот iPhone 14 се најде во рацете на Зак, од популарниот YouTube канал JerryRigEverything, кој ја тестираше издржливоста на овој телефон.Дизајнот на моделот iPhone 14 во голема мера е копиран од минатогодишната варијанта на iPhone 13, но има многу подобрувања во областа на хардверот.Една од главните разлики е што Apple сега го олесни раздвојувањето на задното стакло, а трошоците за поправка се намалени.Вообичаено, тестот за издржливост започнува со тестот за гребење на екранот, кој покажува помали гребнатини и гребнатини на шестото ниво на скалата на Мос, со подлабоки резови од седмото ниво.Камерите на задната страна на моделите на iPhone 14 користат леќи од кристал од сафир според маркетингот на Apple, но тестот покажува дека тоа не е точно бидејќи белезите од гребење почнуваат да се појавуваат на шестото ниво на скалата на Мос.Нешто подолг тест за изгорување на екранот резултираше со неколку мртви пиксели, кои не се опоравуваат, што беше и очекувано.Конечно, тестот за свиткување под притисок на раката покажа дека iPhone 14 има многу цврста конструкција и не се забележува свиткување или пукање однадвор или во едното тело на куќиштето.

Магазин | пред 3 години

apple-5

Apple го реши проблемот со камерата

Помалку од една недела откако Apple ја објави серијата iPhone 14, корисниците пријавуваат проблеми со вибрирање на камерата при користење на некои надворешни апликации.Споменатиот проблем сега е решен како дел од ажурирањето на iOS 16.0.2, кое пристигнува до корисниците на iPhone вон планираниот распоред.Според извештаите, проблемот со вибрациите на камерата е предизвикан од втората генерација на iOS системот со поместување на сензорот на главната камера во моделите iPhone 14 Pro и 14 Pro Max. Некои корисници пријавија гласни звуци на гребење и вибрации кои доаѓаат од камерата по отворањето на апликациите на екосистемот што не се на Apple, што ја прави камерата неупотреблива за овие апликации.Новото ажурирање носи уште некои поправки. Корисниците се пожалија и на новата нотификација за copy/paste во верзијата iOS 16. Од корисниците беше побарана дозвола за copy/paste на содржини меѓу апликациите, а корисниците беа изнервирани од тоа колку често се појавува оваа нотификација.Ажурирањето на iOS 16.0.2 сега пристигнува на сите поддржани модели на iPhone. За да го примените ажурирањето, одете во Settings > General > Software Update.https://twitter.com/ExpressTechie/status/1573205825992429568?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1573205825992429568%7Ctwgr%5E99aa46ecad20946bfe9716ed73d64a944e5b5c17%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fkajgana.com%2Fapple-go-reshi-problemot-so-kamerata-so-novo-azhurirane

Магазин | пред 3 години

appstore-3ec2tcp793qgtt2cblyl1c

Apple повторно ги зголемува цените - овој пат за апликациите

Apple неодамна ја претстави серијата iPhone 14, чија цена надвор од САД е значително повисока од претходната серија. Apple сега најави зголемување на цената на апликациите во App Store.Apple најави дека цените на апликациите, како и купувањата во рамките на Apple Store, ќе бидат зголемени во неколку земји во светот, како и во сите земји кои го користат еврото како валута. Новите цени стапуваат на сила од 5 октомври годинава.Apple не им дозволува на програмерите директно да ја одредуваат цената на нивните апликации, наместо тоа тие треба да изберат од едно од понудените нивоа. На овој начин се диктираат глобалните цени на апликациите, а тоа помага и во избегнување на постојани промени на флуктуирачките вредности на валутите.Apple исто така објави PDF документ кој содржи ревидирани нивоа на цени за апликации, кој е достапен овде.Програмерите имаат опција да ги задржат тековните цени за постоечките претплатници, што значи дека нема да бидат засегнати претплатите со автоматско обновување. Дополнително, програмерите можат да ги намалат цените на нивните апликации за да компензираат за зголемените трошоци, а таа одлука зависи од нив.

Магазин | пред 3 години

Apple-iPhone-14-iPhone-14-Plus-hero-220907_Full-Bleed-Image.jpg.large_

Сите модели на iPhone 15 би можеле да добијат интересен новитет во екранот

Целата линија на iPhone 15, наводно, ќе ја добие функцијата Dynamic Island што дебитираше на моделот iPhone 14 Pro.Твитот, објавен од аналитичарот Рос Јанг, истакнува дека се очекува Apple да го направи засекот на екранот стандардна карактеристика на сите модели на iPhone 2023.Дополнително, компанијата наводно ќе ја задржи технологијата на екранот ProMotion 120Hz, која ќе остане ексклузивна за Pro варијантите на iPhone. Причината е синџирот на снабдување, кој не може да ја поддржи функцијата на подостапни модели.Apple дефинитивно ќе сака да го направи Dynamic Island стандарден на секој модел на iPhone, особено за да ги охрабри програмерите да ја искористат оваа функција.Кога iOS 16.1 ќе пристигне подоцна оваа година, Dynamic Island ќе работи и со Apple Live Activities API.

Магазин | пред 3 години

iphone-14-iphone-14plus

(ВИДЕО) Корисниците на iPhone 14 наидоа на проблем

Apple пред неколку дена ја претстави серијата iPhone 14. Серијата iPhone 14 вклучува четири модели - iPhone 14, iPhone 14 Plus, iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max. Сите модели, освен iPhone 14 Plus, веќе се пуштени во продажба. Сепак, раните усвојувачи на iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max наидоа на проблем.Имено, според извештаите на некои корисници, проблемот е поврзан со камерата на iPhone.Конкретно, камерата е матна и поради тоа корисникот не може да ја креира фотографијата што ја сака. Неколку корисници веќе објавија видеа за тоа како всушност изгледа на TikTok. Овој проблем во моментов се јавува кај верзиите Pro - iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max. Проблемот е поврзан со употребата на камерата на апликации од трети страни. Некои корисници покажаа како изгледа користењето на камерите на Snapchat и TikTok.Во нивните видео клипови, овие корисници им препорачуваат на другите да не го ажурираат нивниот модел на iPhone 14. Се разбира, не за сега. Се очекува Apple наскоро да го реши овој проблем со нова надградба.Токму iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max забележаа голем број на нарачки однапред, барем судејќи според извештајот на аналитичарот Минг-Чи Куо. Тој изјави дека најмногу нарачки се забележани за најсилниот и најскапиот модел – iPhone 14 Pro Max. Куо истакнува дека овој телефон забележал поголем број на преднарачки од iPhone 13 Pro Max минатата година.Се вели дека iPhone 14 Pro добил „неутрална“ оцена, што значи дека нема големи или помали отстапувања од првичната продажба на телефонот iPhone 13 Pro.

Магазин | пред 3 години

iphone-14-iphone-14plus

Сите модели на iPhone 14 имаат иста количина на меморија

Во текот на изминатите две години, еден од многуте начини на кои Apple ги разликуваше стандардните модели на iPhone од Pro верзиите беше капацитетот на меморијата (RAM).Така, iPhone 12 и 12 mini имаа по 4 GB RAM, додека 12 Pro и 12 Pro Max имаа по 6 GB. Истото сценарио беше применето и минатата година, кога iPhone 13 и 13 mini користеа 4GB меморија, додека 13 Pro и 13 Pro Max добија по 6GB RAM.Сега Xcode 14 бета потврдува дека сите модели на iPhone 14 пристигнуваат со 6GB простор. Ова е прв пат од серијата iPhone 11 сите нови модели да добијат иста количина на RAM меморија.Претходните гласини сугерираа дека моделите на iPhone 14 Pro ќе добијат побрза LPDDR5 RAM, додека стандардните iPhone 14 и iPhone 14 Plus ќе користат LPDDR4X RAM. Сепак, извештајот на Xcode засега не го потврдува ова.

Магазин | пред 3 години

apple-5

Apple ја претстави серијата на телефони iPhone 14 - еве што има ново

После неколкумесечното следење на бројните гласини и шпекулации за новата генерација телефони, „Епл“ (Apple) конечно официјално претстави четири модели од серијата iPhone 14. Новата генерација донесе нови и големи промени, како и некои нови услуги фокусирани на безбедноста и изненадување во од Dynamic Iceland на моделите iPhone Pro.Како што се навестуваше, мини моделот на iPhone влезе во историјата и своето место го отстапи на режимот Plus, за кој, без сомнение, побарувачката ќе биде многу поголема и покрај повисоката цена. iPhone 14 и iPhone 14 Plus се разликуваат само по големината на екранот и, се разбира, цената, пишува Зимо.Класичниот ајфон ја задржа дијагоналата од 6,1 инчи, додека поголемиот модел има екран од 6,7 инчи. Тие се напојуваат од чипсетот A15 Bionic на „Епл“, кој исто така е инсталиран во моделот iPhone 13 Pro. Телефоните имаат две камери кои сега доаѓаат со поголем сензор, а за време на конференцијата особено беше истакнато подобрувањето во фотографирањето во услови на слаба осветленост. Истото подобрување го има и ултра широката камера, како и предната камера за фотографирање селфи, која има и автофокус.Како што беше најавено, новите модели на iPhone имаат поддршка и за eSIM картички.Воведени се и две опции фокусирани на безбедноста кои се достапни на сите 4 модели на ајфон. Едната се однесува на сателитска комуникација преку опцијата Emergency SOS, за која „Епл“ има специјално дизајнирани компоненти и софтвер за телефонот да може да се поврзе со сателити. Првично, оваа опција ќе биде достапна само во САД и Канада. Нова опција е препознавање судир, која со помош на различни сензори може да препознае 4 типа на несреќи (преден судир, заден удар, страничен удар и превртување) и во овој случај контактира со службите за итни случаи.Цената на обичниот модел остана иста (799 долари), додека моделот Plus е поскап за 100 долари. Двата модели ќе бидат достапни за нарачка за два дена, а продажбата ќе започне на 16 септември за iPhone 14 и 7 октомври за iPhone 14 Plus.Двата модели на iPhone 14 Pro го донесоа она што се очекуваше – уште посилен и помоќен хардвер (A16 Bionic, кој е за 40 проценти побрз во однос на конкуренцијата, нагласија од „Епл“) и подобрени камери, но и новина во форма на она што го нарекоа Dynamic Island. Тоа е дупка во екранот во форма на пилула во кој се сместени селфи камерата и сензорите, но претставува уникатна интеграција на хардвер и софтвер затоа што може да се прошири (софтвер) и во рамките на тој динамичен остров се прикажуваат известувања, анимации и слично. Со опцијата Dynamic Island, Apple овозможи сосема нов начин на интеракција со прикажување на содржини на екранот, како музика за навигација, спортски резултати и слично. Атрактивна и иновативна, оценува Зимо.Посебно внимание е посветено на системот на камери. Со овие телефони започна „нова ера на фотографирање со ајфон“, нагласија при презентацијата. Новиот главен сензор од 48 мегапиксели е дури 65 проценти поголем во споредба со сензорот iPhone 13 Pro со бројни новитети, опции и подобрувања кои овозможуваат голема количина на детали, помалку шум, подобри бои и снимаат поквалитетни фотографии во услови на слаба осветленост. Ајфонот има нова ултра широка камера и телефото камера, а блицот е целосно редизајниран.Фотографиите и видеата направени од овие модели, кои беа прикажани за време на презентацијата, изгледаат навистина импресивно.Она што е важно да се напомене е дека нивните цени останаа исти – 999 долари за iPhone 14 Pro и 1.099 долари за iPhone 14 Pro Max. Преднарачките може да се направат за два дена, додека продажбата започнува на 16 септември.Подобрувањата на Apple Watch 8 не се однесуваат толку на хардверот колку на софтверот и сензорите. Овој уред сега има посебен сензор за температура кој ќе овозможи следење на овулацијата, но и предупредување за одредени здравствени проблеми со циклусот. Како и новите телефони, така и новиот модел на Apple Watch има можност за откривање судир. Цената е 399 долари за моделот со GPS или сто долари повеќе за моделот со GPS и поддршка за мобилни мрежи.Беше претставена и новата генерација SE модел кој не носи никакви револуционерни подобрувања, но во однос на претходникот е за 20 отсто побрз и има 30 отсто поголем екран во однос на моделот Серија 3.Најголемата ѕвезда меѓу часовниците, сепак, е сосема новиот модел на Apple Watch Ultra. Најголемиот (49мм) и најиздржлив модел досега е наменет за екстремни услови и авантуристи – маратонци, нуркачи, алпинисти итн. Има понапреден GPS и компас, може да се користи за нуркање со специјална апликација за нуркачи, може да издржи голема топлина и екстремен студ. Цената, секако, не е мала и изнесува 799 долари.Беше претставен и нов модел на слушалки AirPods Pro, кои доаѓаат со чип H2 кој овозможува фантастичен квалитет на звукот и уште поголемо ниво на детали. Батеријата може да издржи 6 часа, односно 30 часа во комбинација со куќиштето за полнење, а нивната цена е 249 долари.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања