Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

АВИОН

media-libraryo94pl9ro06597KLIHDv

Се урна приватен авион во САД, седум загинати

Седум лица го загубија животот, а еден член на екипажот е тешко повреден откако приватен авион се урна на аеродромот Бангор во американската сојузна држава Мејн. Несреќата се случила во неделата навечер, во време кога регионот бил погоден од исклучително силна снежна бура која предизвика сериозни нарушувања низ САД.Според Федералната администрација за воздухопловство, деловен авион од типот „Бомбардиер Челинџер 600“ се урнал при полетување и веднаш се запалил. Директорот на аеродромот Бангор, Хозе Сааведра, изјави дека на аудио-снимката од контролата на летање се слушнал силен удар околу 45 секунди откако авионот добил дозвола за полетување, по што службите за итни интервенции пристигнале на местото на несреќата за помалку од една минута.Аеродромот Бангор ќе остане затворен најмалку до среда, додека истражителите од Националниот одбор за безбедност во сообраќајот спроведуваат увид на терен, и покрај екстремните зимски услови. Во меѓувреме, снежната бура предизвика откажување на повеќе од 12.000 летови низ САД и остави стотици илјади домаќинства без електрична енергија.

Свет | пред 2 месеци

avion

Приватен авион со 8 лица се урна на аеродром во Мејн

Приватен бизнис-авион „Bombardier Challenger 650“ со осум лица се урна денеска за време на полетување во американската држава Мејн, соопшти американската Федерална управа за авијација (FAA).Според CNN, степенот на повредите на патниците и членовите на екипажот засега не е познат. На местото на настанот веднаш интервенирале спасувачки екипи, а аеродромот ги затворил сите писти и овозможил движење само на возилата за итни случаи.Уште пред падот, контролорите на летови и пилотите разговарале за многу ниска видливост и одмрзнување на леталото, бидејќи по регионот минувала силна снежна бура. Авионскиот сообраќај бил прекинат само два минути по полетувањето, а очевидци известуваат дека авионот се превртел наопаку на пистата.Според информациите, во авионот имало три лица од екипажот и веројатно пет патници. Утре се очекуваат дополнителни детали и информации за здравствената состојба на повредените.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryq4c1m6th85u8acMWg6o

Непланирано слетување над Кина: Руски авион со 238 патници безбедно приземјен во Ланџоу

Руски патнички авион со 238 патници, кој сообраќал на релација Пукет–Барнаул, безбедно слета на аеродромот во Ланџоу, Кина, соопшти авио-компанијата, пренесува ТАЊУГ.„Во авионот што се подготвуваше за непланирано слетување во Ланџоу, Кина, се наоѓаа 238 патници“, претходно изјави портпарол на компанијата „Азур Ер“ за агенцијата РИА Новости.„Азур Ер“ е руска авио-компанија со седиште во Москва. Компанијата соопшти дека е во постојан контакт со руските воздухопловни власти, како и со свој претставник во Кина, со цел целосно да се координира постапката околу слетувањето и безбедноста на патниците.

Свет | пред 2 месеци

avion-poletanje-let

Драма на аеродром во Русија: Авион со 335 патници излета од пистата при полетување

Авион на релација Магадан–Москва со 335 патници денеска излета од пистата при полетување поради технички дефект, соопшти Далекоисточното транспортно обвинителство на Русија.Како што се наведува во соопштението, во инцидентот нема повредени, пренесува РИА Новости.„Денес, авион кој на пистата забрзуваше и се подготвуваше за полетување на линијата Магадан–Москва, излета од пистата поради технички дефект. Во авионот имало 335 патници. Ниту еден член на екипажот, ниту патник не е повреден“, стои во соопштението објавено на Телеграм.Поради инцидентот, аеродромот во Магадан е привремено затворен, а летот за Москва е презакажан за утре. Канцеларијата на транспортниот обвинител во Магадан започна инспекција за почитување на законите за безбедност и за функционирањето на воздушниот сообраќај.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryq4c1m6th85u8acMWg6o

Авинот на Трамп тргна за Давос, па се врати поради дефект

Претседателскиот авион кој летал кон Давос, Швајцарија, со американскиот претседател Доналд Трамп, се вратил изминатата ноќ во Мериленд, помалку од еден час по полетувањето, поради „помал проблем со електричната инсталација“, соопшти денеска портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.Како што пренесува телевизијата Си-Би-Ес, Трамп отпатувал за Давос со друг авион околу еден час подоцна.Ливит им изјави на новинарите во претседателскиот авион дека по полетувањето од заедничката база „Ендрјус“, екипажот идентификувал „помал електричен проблем“ и, од претпазливост, одлучил авионот да се врати во базата.Авионот слетал назад во базата во 23:07 часот по локално време, по што Трамп се префрлил во друг авион, кој полетал кон Давос околу полноќ.Новинарите што се наоѓале во авионот изјавиле дека светлата во кабината за медиуми накратко се изгаснале веднаш по полетувањето.Трамп во Давос треба да учествува на Светскиот економски форум, каде што се очекува да се обрати денеска, кратко по слетувањето.

Свет | пред 2 месеци

aerodrom-skopje-1

Тепачка во авион што слетал од Германија на аеродромот во Скопје

На 14.01.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, од Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје е пријавено дека околу 16:40 часот во авион кој слетал од Германија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Ф.(49) од Германија и 45-годишната Г.Ф. од Скопје од една страна и Ш.С.(38) од с.Лопате, кумановско, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryjstb4j4npjgd4WSTYzO

Авион на „Туркиш ерлајнс“ принудно слета во Барселона поради закана

Авион на Туркиш ерлајнс, кој летал од Истанбул, принудно слетал на аеродромот Барселона-Ел Прат поради неодредена закана, соопшти шпанскиот управител на аеродромите АЕНА, додавајќи дека сообраќајот на аеродромот се одвива нормално.Шпанската полиција информираше дека го истражува инцидентот, но засега не изнесе дополнителни детали. Претставници на Туркиш ерлајнс во моментот на објавувањето не биле достапни за коментар, пренесува Ројтерс.

Свет | пред 2 месеци

media-librarya8rsujnem1l9enn8AOA

Стјуардеса откри кои се најдобрите седишта во авион за долги летови

Долгите летови во економска класа можат да бидат вистински предизвик, особено кога патникот пред вас ќе го спушти седиштето во текот на целиот лет. Но, според искусна стјуардеса од „Вирџин Атлантик“, изборот на вистинско седиште може значително да го олесни патувањето.Најмирно е над крилатаЗа оние што се плашат од турбуленции, најдобар избор се седиштата сместени над крилата. Таму се чувствуваат најмалку вибрации, бидејќи тоа е делот најблиску до тежиштето на авионот. Во задниот дел турбуленциите се чувствуваат посилно.Каде се спие најдобро?Квалитетот на сон на долг лет зависи од бучавата, местоположбата и движењето на патниците. Затоа, најдобро е да се избере седиште што е подалеку од тоалетите и од кујната, каде што бучавата и светлото почесто пречат.Идеална позиција за побрза услуга и излезЗа патниците кои сакаат побрза услуга и полесно симнување од авионот, стјуардесата препорачува седишта што се наоѓаат околу пет редови од почетокот или пет редови од крајот на кабината.Оние што седат напред почесто го добиваат посакуваниот оброк и побрзо излегуваат по слетувањето. Слична предност имаат и седиштата во задниот дел, бидејќи екипажот најчесто служи од двата краја на кабината.Сепак, треба да се има предвид дека токму во задниот дел турбуленциите се чувствуваат поизразено.

Магазин | пред 2 месеци

media-libraryam720069j4c5c6Gm0yQ

Шок на лет од Малага до Лондон: патници тврдат дека жена била качена мртва во авион

Шокантен настан го одбележал летот на easyJet од Малага до Лондон, откако патници тврдат дека 89-годишна Британка била внесена во авионот со инвалидска количка кога веќе била почината.Според сведоштвата, роднини ѝ помогнале на жената да се качи во авионот и при тоа му соопштиле на персоналот дека таа не се чувствува добро и дека заспала. Патниците раскажуваат дека телото било донесено до задниот дел од авионот, поставено на седиштето, а семејството се однесувало како таа да е жива, обидувајќи се да комуницира со неа.Авионот веќе се движел кон крајот на пистата кога, непосредно пред полетувањето, екипажот добил информација дека жената починала. Леталото било итно запрено и вратено, по што летот бил одложен за 12 часа.„Од првиот момент кога ја видов жената знаев дека не е жива. Нејзиното семејство зборуваше со неа како да е жива“, изјавила 19-годишната патничка Елизабет Роуланд, опишувајќи ја сцената како вознемирувачка и шокантна.Од „Изиџет“, пак, ги отфрлаат тврдењата на патниците. Авиокомпанијата соопшти дека патничката имала валидна медицинска потврда дека е способна за летање и дека била жива во моментот кога се качила во авионот, инсистирајќи дека процедурите биле почитувани.Случајот предизвика бројни реакции и отвори прашања за контролите и одговорноста при качување на патници со сериозни здравствени проблеми, додека спротивставените верзии на настанот дополнително ја зголемуваат јавната вознемиреност.

Свет | пред 3 месеци

media-library6noarse0qm4r6RZJLQc

Детали: Авионот кој заврши во Мавровско Езеро е стар повеќе од 60 години

Авионот кој вчера принудно слета во водите на Мавровското Езеро е идентификуван како Piper PA-28-160 Cherokee, мал спортски авион произведен пред повеќе од шест децении. Според официјалните документи од Федералната управа за авијација на САД (FAA), леталото е регистрирано под американски ознаки и го носи регистарскиот број N5005W, што значи дека формално припаѓа на американскиот цивилен воздухопловен регистар, иако летало над македонското небо.Увидот во јавниот регистар на цивилни воздухоплови во САД покажува дека официјален сопственик на авионот е Дукаѓин Манџука, регистриран со адреса на живеење во Риџфилд Парк, односно сојузната држава Њу Џерси. Сертификатот за регистрација на леталото на ова име е издаден на 21 мај 2021 година и, според податоците на FAA, важи до 2028 година. Американската регистрација со буквата „N“ е вообичаена практика за голем број приватни авиони кои летаат и над европскиот воздушен простор.Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“ со историска и колекционерска вредност. Авионот е произведен во 1961 година, а неговиот сериски број е 28-6, што претставува исклучително низок број и укажува дека овој примерок е еден од првите воопшто произведени модели од серијата PA-28. Опремен е со клипен мотор од серијата Lycoming O-320, еден од најпознатите и најдокажани мотори во лесната авијација. Иако е стар повеќе од 60 години, во американскиот регистар леталото има статус „Valid“, што значи дека ги поседувало сите потребни административни дозволи за летање согласно американските прописи.Несреќата во водите на Мавровското Езеро, која за среќа заврши без човечки жртви, повторно го сврте вниманието на јавноста кон моделот Piper Cherokee, кој со децении важи за еден од најраспространетите и најкористените авиони во светот. Според техничките податоци и кодот на транспондерот Mode S (A63D0C), станува збор токму за Piper PA-28-160 Cherokee, модел што е особено популарен за обука на пилоти и за приватно, рекреативно летање.Овој авион, произведен од американската компанија Piper Aircraft, првпат полетал во раните 1960-ти години и често се нарекува „работен коњ“ на спортската авијација. За разлика од Cessna 172, кој е висококрилец, Piper Cherokee е нискокрилец, со крила поставени под кабината, што му обезбедува стабилност во лет и добар ефект при слетување. Неговата едноставна конструкција и робусност го направиле омилен меѓу пилотите, особено во авио-школите.Авионот е придвижуван од четирицилиндричен мотор Lycoming O-320 со 160 коњски сили, кој важи за еден од најсигурните клипни мотори во авијацијата. Целосно металната конструкција е дизајнирана да издржи груби слетувања и интензивна употреба, а во случај на отказ на моторот, Piper Cherokee има солидни едриличарски способности, што му овозможува на пилотот контролирано да го насочи леталото кон принудно слетување.Според првичните информации, токму откажувањето на моторот е причината поради која авионот завршил во водите на Мавровското Езеро. Фактот што пилотот и патникот успеале безбедно да го напуштат леталото укажува дека слетувањето било контролирано. Иако нискокрилната конфигурација може да претставува дополнителен предизвик при слетување на вода, цврстата структура на кабината очигледно одиграла значајна улога во заштитата на лицата во авионот.Истрагата за точните причини за инцидентот продолжува, но засега е јасно дека во несреќата учествувал редок и историски примерок на еден од најпознатите модели на „Piper“, авион со кој израснале генерации пилоти и кој, кога е соодветно одржуван, важи за безбедно и доверливо летало.

Македонија | пред 3 месеци

media-library6noarse0qm4r6RZJLQc

Пад на мал авион во Мавровско Езеро, повредени две лица

Две лица се хоспитализирани во гостиварската болница по пад на мал спортски авион во водите на Мавровското Езеро, информираа од СВР Тетово.Според портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, денеска околу 12:35 часот било пријавено дека во близина на браната „Белички канал“ во Мавровско Езеро се урнал мал авион.„Од леталото на копното успеале да излезат двајца косовски државјани, Џ.П. (41) и Д.М. (64), кој го управувал авионот. Тие се здобиле со повреди и се пренесени во Медицинскиот центар во Гостивар“, изјави Реџепи.Полициски екипи од Полициското одделение Маврово веднаш излегле на терен. Во разговор со полицијата, пилотот Д.М. изјавил дека бил принуден да слета во езерото поради проблем со моторот.Повеќе детали се најавени по завршување на увидот.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryts907fngp8ap6KkQfmT

Агресивни и пијани навивачи правеле хаос во лет кон Македонија: еден приведен, десет вратени назад

Приведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно и недолично однесување во авион за време на лет и по слетувањетоНа 10.12.2025 околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи Север е пријавено дека во воздухоплов кој пристигнал од Словачка, повеќе лица под дејство на алкохол, кои се дел од навивачка група, за време на летот и по слетувањето не ги почитувале правилата, агресивно се однесувале и ги вознемирувале останатите патници и екипажот.Полициски службеници веднаш пристигнале на местото и по преземени мерки го приведоа Л.Т.(38) од Словачка, а на 10 други лица, исто така, од Словачка, не им беше дозволен влез во државата од безбедносни причини. По целосно документирање на случајот, против Л.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryd5q3gv47kvmb4v32JUE

Авио-хаос на повидок: Ербас привремено приземјува 6.000 авиони од серијата А320

Ербас донесе една од најдраматичните одлуки во својата 55-годишна историја, откако компанијата наложи привремено приземјување и итни проверки на околу 6.000 авиони од семејството А320. Мерката следува по откриениот софтверски проблем што може да влијае врз податоците од контролата на летот, а реакцијата доаѓа само неколку недели откако моделот А320 стана најиспорачуваниот авион во светот, надминувајќи го „Боинг 737“. Во моментот кога е издадена директивата, околу 3.000 авиони А320 се наоѓале во воздух.Поправката вклучува враќање на претходна верзија на софтверот и, според билтенот што го објави Ројтерс, потребни се околу два часа по авион. Неколку големи авиокомпании најавија можни доцнења и откажувања на летови за време на најпрометниот викенд за патувања во САД. Американ ерлајнс, најголемиот оператор на А320, соопшти дека 340 од неговите 480 авиони ќе мора да поминат низ итна интервенција. Слични мерки најавија и Луфтханза, ИндиГо и ИзиЏет, кои накратко ќе ги повлечат авионите од сообраќај.Во светот се користат околу 11.300 авиони од семејството А320, меѓу нив и 6.440 од основниот модел, кој лета од 1987 година. Четири од десетте најголеми оператори се американски компании – Американ, Делта, ЏетБлу и Јунајтед. Според извори од индустријата, кај околу две третини од погодените авиони приземјувањето ќе биде краткотрајно, додека се враќаат на стара софтверска конфигурација.Проблемот е откриен по инцидент со лет на „ЏетБлу“ од Канкун до Њу Џерси на 30 октомври, кога авионот нагло изгубил висина и неколку патници биле повредени. Летот принудно слетал во Тампа, а првичните анализи покажале дека соларни блесоци можат да ги нарушат податоците неопходни за контролата на летот. Настанот ја активираше истрагата на Федералната управа за воздухопловство (FAA) и ја забрза реакцијата на европската Агенција за безбедност на воздухопловството (EASA), која веќе издаде итна директива за поправка. Очекувањата се дека FAA ќе го следи истиот пример.Одлуката доаѓа во чувствителен момент за глобалниот авиосообраќај и би можела да предизвика сериозни нарушувања во наредните денови, додека авиокомпаниите се обидуваат да ги завршат сите потребни интервенции и повторно да го нормализираат летачкиот распоред.

Свет | пред 4 месеци

media-library7kei8i47m7j0d60Kfvn

(Видео) Се урна „Боинг 747“ во Хонг Конг, има загинати

На најголемиот каргоаеродром во светот, Хонг Конг, раноутринава се урнал товарен авион од Дубаи во моментот кога се обидувал да слета. Авионот, практично од пистата излетал во морето.Сите членови на екипажот се живи, но според наводите на локалните медиуми две лица загинале.Станува збор за двајца службеници за безбедност на аеродромот, на возраст од 30 и 41 година. Товарниот авион го турнал нивниот патролен автомобил во морето.„Членовите на екипажот беа спасени и немаше товар во авионот“, се вели во соопштението на Емиратите.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryec9l24qcovt10XrvI1R

(Видео) Тревога во воздухот: Патнички авион премногу блиску до „Air Force One“ на Трамп

Над Њујорк, патнички авион на „Спирит ерлајнс“ доби итни инструкции од контролата на летање да го промени курсот, откако се најде премногу блиску до претседателскиот авион „Air Force One“, со кој Доналд Трамп патуваше кон Велика Британија.Аудио-снимка објавена од Би-Би-Си открива како контролорите постојано му наредуваат на екипажот на Ербас А321 да сврти надесно и да одржува растојание. „Спирит 1300, свртете 20 степени надесно, веднаш! Внимавајте!“, се слуша на комуникацијата меѓу кулата и пилотите.Во еден момент контролорот дури саркастично порача: „Оддалечи се од твојот iPad“, алудирајќи дека пилотот не внимавал доволно.AIR FORCE ONE and Spirit Airlines flt NK1300 got too close over Long Island, New York for Air Traffic Control and get’s yelled at including getting told “GET OFF THE IPAD”! 😂 Tip via @xJonNYC Audio via @liveatc & Tracking via @ADSBex pic.twitter.com/sLJ0rip8sG— Thenewarea51 (@thenewarea51) September 17, 2025Иако ситуацијата технички не се смета за небезбедна според правилата на Федералната администрација за воздухопловство (FAA), сепак блискоста на леталата беше доволна за да предизвика загриженост. Контролорот им појаснил на пилотите: „Осум милји од вашето лево крило е Боинг 747. Сигурен сум дека знаете кој е – бело и сино.“Летот 1300 на „Спирит“ летал од Флорида кон Масачусетс. Од авиокомпанијата велат дека безбедноста секогаш е нивен врвен приоритет: „Летот ги следеше сите процедури и упатства и без проблеми слета во Бостон,“ соопшти портпарол за Си-Би-Ес.

Свет | пред 6 месеци

bujar-osmani

И авионот во кој патувал Бујар Османи во 2023 останал без ГПС сигнал над Бугарија

Инцидентот со авионот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, кој неодамна беше принуден да слета во Пловдив откако изгуби сигнал за навигација, не е единствен случај од ваков вид.Албанскиот портал „Јавањуз“ потсетува дека во февруари 2023 година, сличен проблем имал и службениот авион со кој патувал тогашниот министер за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи.Леталото, додека минувало низ бугарскиот воздушен простор, целосно останало без ГПС-сигнал. Поради тоа, пилотите морале да преминат на рачни навигациски уреди и печатени мапи, следејќи пропишани процедури за вакви итни ситуации.

Македонија | пред 6 месеци

avion-boing

(Видео) Избегната трагедија над Крф – авион со 273 патници принудно слета со запален мотор во Бриндизи

Воздухопловна драма се одвивала синоќа над грчкиот остров Крф, кога на „Боинг 757-300“ на германската авиокомпанија „Кондор ервејс“ му откажал десниот мотор непосредно по полетувањето кон Дизелдорф. Во авионот имало 273 патници и осум членови на екипажот, јави „Фикенњуз“.Откажувањето на моторот се случило на надморска височина од околу 450 метри, додека авионот сè уште бил во фаза на искачување. Од десната страна избувнал оган, што било регистрирано и од жителите и туристите на островот, кои слушнале и силен звук налик на експлозија. На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа на кои јасно се гледа пламенот. На аеродромот во Крф биле активирани сите протоколи за итна состојба, но пилотите одлучиле да продолжат со летот користејќи го само левиот мотор и да се пренасочат кон италијанскиот град Бриндизи, лоциран наспроти островот.Германската телевизија RTL пренесува дека поради дефектот немало можност да се продолжи кон првичната дестинација – Дизелдорф, па затоа летот бил пренасочен.Авионот безбедно слета во Бриндизи, без повредени меѓу патниците и екипажот, објави весникот „Вима“. Патниците биле сместени во хотел, каде ќе чекаат замена и продолжување на патувањето.

Свет | пред 7 месеци

avion-t

Драматична сцена на аеродромот во Анталија: Патници евакуирани од авион кој чадел

Патници од авион на Turkish Airlines беа итно евакуирани преку тобогани откако во авионот се појавил чад по слетувањето на аеродромот во Анталија, Турција.Инцидентот се случил кога „Боинг 777“, кој полетал од Истанбул, се движел по пистата во туристичкото летувалиште Анталија. Тимовите за итни интервенции препорачале итна евакуација како мерка на претпазливост, со цел заштита на безбедноста на патниците, потврди портпаролот на авиокомпанијата, Јахја Устун. Според него, сите патници биле навреме евакуирани, без повредени. Точниот број на патници и членови на екипажот не е соопштен.Првичниот технички преглед покажал дека чадот настанал поради дефект на хидраулична цевка. Во тек се дополнителни технички проверки на леталото.

Свет | пред 8 месеци

patnik-srbinnn

(Видео) Македонец од Скопје - херој во авион на Изиџет, совлада екстремист кој се заканува со бомба и извикува „Алаху акбар“

На летот на авиокомпанијата „easyJet“ од аеродромот Лутон (Лондон) кон Глазгов се случил сериозен инцидент. За среќа скопјанецот Зоран Настески, како што објавија повеќе медиуми, кој живее и работи во Англија, храбро интервенирал откако еден патник, околу еден час по полетувањето, почнал гласно да извикува заканувачки пароли, вклучувајќи и закани дека ќе го „дигне авионот во воздух“, како и повици: „Смрт за Америка“, „Смрт за Трамп“ и „Алаху Акбар“.Настанот се случил утрото на 27 јули, а видеоснимките од инцидентот бргу се проширија на социјалните мрежи, предизвикувајќи реакции од јавноста и медиумите, меѓу кои и „Њујорк пост“.На снимката може да се чуе како Настески извикува: „Пи**а ти материна“, додека го држи мажот до пристигнувањето на персоналот и му наредува да „седи мирно“.Очевидци изјавиле дека вознемирениот патник почнал со заканите по враќањето од тоалетот. Екипажот и патниците останале во состојба на паника, но успеале да го задржат додека авионот безбедно не слетал во Глазгов.По слетувањето, полицијата веднаш го уапсила мажот. По детална проверка на авионот, не биле пронајдени експлозивни средства, а властите потврдија дека се работи за поединец кој делувал сам.Авиокомпанијата „easyJet“ изјави дека безбедноста на патниците и екипажот е нивен апсолутен приоритет, и дека инцидентот бил навремено решен со интервенција на полицијата.Скопјанецот кој реагирал прв и го спречил потенцијалниот напад доби бројни пофалби на социјалните мрежи за неговата брза и храбра реакција.

Свет | пред 8 месеци

tepacka-avion

Драма, крв и тепачка на летот Загреб-Малме

Вистински хаос се случил на летот на „Рајанер“ од Загреб до Малме.Според порталот „Афтонбладет“, дошло до жестока тепачка меѓу двајца мажи кои се тепале до крв.„Непосредно пред слетувањето, светлата се изгаснаа. Одеднаш, двајца мажи почнаа жестоко да се тепаат. Се тепаа и паѓаа врз другите патници“, изјави една патничка за шведските медиуми. Во кабината владееше целосен хаос.„Имаше многу деца и жени кои плачеа. Луѓето беа во паника и се обидуваа да трчаат кон задниот дел од авионот за засолниште. Имаше крв насекаде.По слетувањето, обезбедувањето веднаш влегло во авионот за да ги совлада насилниците кои се шведски државјани. Едниот од нив добил пријава за напад.

Балкан | пред 8 месеци

avion-rusija

(Видео) Пронајдени запалени остатоци од рускиот авион, се урнал пред да слета, бараат преживеани

Контролата на воздушниот сообраќај во Русија изгубила контакт со патнички авион Ан-24, кој според првичните информации пренесувал околу 50 лица. Леталото, во сопственост на авиокомпанијата „Ангара“, било на пат кон градот Тинда, во регионот Амур на крајниот исток на Русија, во близина на границата со Кина, пренесе 4NEWS.mk.Како што објави порталот SHOT, авионот исчезнал само неколку километри пред слетување. Гувернерот на регионот, Василиј Орлов, информираше преку Телеграм дека во авионот имало 43 патници, меѓу кои и пет деца, како и шест членови на екипажот. Тој нагласи дека сите достапни служби се мобилизирани и се веќе на терен.Руското Министерство за вонредни ситуации потврди дека хеликоптер Ми-8 на Федералната агенција за воздушен транспорт лоцирал остатоци од авионот кои биле во пламен. Првичните воздушни снимки ја прикажуваат опожарената фузелажа, додека спасувачките екипи се подготвуваат да пристапат до локацијата на несреќата.Сѐ уште нема официјални информации за евентуални жртви или преживеани. Министерството го ревидираше бројот на патници, наведувајќи дека се претпоставува оти во авионот имало околу 40 лица. Потрагата и спасувачката операција се во тек.

Свет | пред 8 месеци

avion

Исчезна од радарите руски патнички авион, во него имало 50 луѓе, меѓу кои и пет деца

Патничкиот авион Ан-24, кој летал утрово на релацијата Хабаровск-Благовешченск-Тинда, ја изгубил комуникацијата на неколку километри од аеродромот во Тинда, во Амурската област, која граничи со Кина, на крајниот исток од Русија, соопштија службите за итни случаи.Авионот е во сопственост на авиокомпанијата „Ангара ерлајнс“, а во него имало 49 лица, вклучувајќи шест членови на екипажот и пет деца, јави ТАСС.Гувернерот на Амурската област изјави дека во потрагата по исчезнатиот авион Ан-24 се користат сите потребни сили и ресурси, објави РИА Новости.Потрагата е во тек.Како што објави новинската агенција РИА, повикувајќи се на соопштение од Центарот за цивилна одбрана и противпожарна безбедност, спасувачите отишле во округот Тиндински во Амурската област за да го бараат авионот.Според првичните информации, авионот немал пријавени технички проблеми пред да го изгуби контактот, пишува Ројтерс.

Свет | пред 8 месеци

lekar-germanija

Лекар и медицинска сестра загинаа во авионска несреќа, авионот полетал од Пула

Четири лица загинаа во падот и експлозијата на мал авион што се урна веднаш по полетувањето од лондонскиот аеродром. Авионот бил на пат кон Холандија, откако претходно пристигнал од Пула.Меѓу загинатите во несреќата биле германскиот лекар од итната помош д-р Матијас Ејл (46), кој со години работел за германскиот Црвен крст, двајца холандски пилоти и 31-годишната медицинска сестра со германски пасош од Чиле, Марија Фернанда Рохас.Тоа и бил прв работен ден.Братот на починатиот доктор, Маркус, за „Билд“ изјавил колку било важно спасувањето животи за неговиот брат.„Беше најдобар. Спасуваше животи секој ден, само минатата недела спаси тројца од нив“, рече шокираниот Маркус Ејл. Истрагата за несреќата е во тек.Авион „Бичкрафт Б200 Супер Кинг Ер“ управуван од холандската компанија „Зиуш Авиејшн“, специјализирана за медицински евакуации итранспорт на пациенти и органи, слета во Пула од Атина, Грција, во неделата, а потоа продолжи кон Саутенд.Кратко по полетувањето, авионот се навали на едната страна, се урна и експлодираше.Британскиот одбор за истрага на воздушни несреќи (AAIB) воспостави зона на забрана на аеродромот и започна со извлекување на остатоците. Портпаролката на аеродромот изјави дека е прерано да се шпекулира за причината за несреќата.

Свет | пред 8 месеци

7b1e3bd8-9d23-410c-9398-0aa45fdef390

(Видео) Судир на два авиона на аеродромот во Ханој – „Боинг“ му го распарал крилото на „Ербас“

На меѓународниот аеродром Нои Бај во главниот град на Виетнам, Ханој, во петокот попладне се случи необичен авиоинцидент, кога патнички авион од типот „Боинг 787“ удрил со крилото во задниот дел на авион „Ербас A321“, обајцата во сопственост на компанијата Vietnam Airlines.Според извештаите, „Боингот“ се движел кон пистата за полетување кога со десниот крај на крилото го закачил репот на „Ербасот“, кој стоел неподвижно, чекајќи дозвола за полетување. Ударот бил доволно силен за да предизвика сериозно оштетување – дел од репот на „Ербасот“ буквално бил распарен.Иако на двата авиони имало вкупно 380 патници, за среќа, никој не е повреден. Патниците биле пренасочени на други летови, додека двата оштетени авиона се приземјени и испратени на технички преглед.Авиокомпанијата Vietnam Airlines соопшти дека четворица пилоти се суспендирани и дека е отворена внатрешна истрага. Според првичните наоди, можно е „Ербасот“ да не бил правилно паркиран, што придонело за несреќата.Истрагата ќе ја води независна комисија во соработка со Виетнамската управа за цивилно воздухопловство (CAAV). Инцидентот е класифициран како сериозен безбедносен пропуст.

Свет | пред 9 месеци

IMG_6727

Авионот од Базел кружи над Скопје – невреме го одложува слетувањето

Патнички авион на лет од Базел кон Скопје веќе извесно време кружи над македонскиот главен град, откако поради нестабилни временски услови не може да слета на скопскиот аеродром.Според најновите податоци од метеоролошката станица на аеродромот „Меѓународен Аеродром Скопје“, во 15:20 часот е регистрирано нестабилно време со појава на грмежи, засилен северен ветер и локален дожд. Ветерот дува со брзина од 11 јазли од северен правец (340°), а повремено достигнува и 15 јазли со променлива насока.Иако видливоста е оценета како добра, на 3.000 стапки се бележат грмежливи облаци, додека на 6.500 стапки има расеани облаци, што дополнително ја отежнува ситуацијата.Поради овие метеоролошки услови, авионот моментално е во воздушен кружен режим и чека дозвола за безбедно слетување штом се подобрат условите.

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања